Вработувањето на лицата со инвалидност претставува многу важен фактор за животот на оваа категорија граѓани. Покрај стекнувањето на социјална сигурност, чинот на вработување на едно лице со инвалидност е проследено и со многу други позитивни ефекти. Секое лице го губи чувството на отфрленост од општествената заедница, ја повратува изгубената доверба во себе и чувството дека претставува бескорисен член на семејството и пошироката заедница, а од друга страна и самата држава ги оправдува големите финансиски средства, вложени во процесот на раехабилитација и образование на лицата со инвалидност.
Со вработувањето на инвалидните лица рамноправно со својот труд, во рамките на своите можности, самите да придонесуваат во севкупниот развој на државата престануваат да бидат на товар на социјалните фондови.
Во изминатиот период, во поранешната Југославија, вработувањето на лицата со инвалидност беше регулирано со Законот за работни односи, во кој се предвидуваа заштитни работилници за оспособување и вработување на инвалиди.
Овие заштитни работилници имаа определени финансиски ослободувања од државата. Имаше вработување и во "отвореното стопанство".
Во "oтвореното стопанство" лицата со инвалидност, односно организациите кои вработуваа инвалиди, немаа никакви погодности од општествената заедница. Иако заштитните работилници при отвореното стопанство, во тој период не беа најдобро организирани, сепак, тие претставуваа значаен фактор во процесот на вработување и рехабилитација на инвалидите.
Со менување на севкупниот политички систем во државата и со навлегување во период на транзиција, а особено по донесување на Законот за приватизација, заштитните работилници се најдоа во многу незавидна положба, затоа што веќе ја немаа поддршката од државата, а процесот на приватизацијата си го направи своето. Најголем дел од нив се ликвидираа или влегоа во стечајна постапка или пак се приватизираа. На тој начин најголемиот број на вработени инвалидни лица се најдоа на улица, а нови вработувања немаше.
Затоа се почувствува неопходна потреба од преземање соодветни мерки за надминување на оваа состојба. По иницијатива на инвалидските организации и Заедницата на заштитните работилници за вработување на инвалиди се покрена постапка за донесување закон што ќе го регулира вработувањето на лицата со инвалидност. Оваа иницијатива беше прифатена и на 25.5.2000 година, Собранието на Р. Македонија донесе "Закон за вработување на инвалидни лица" (кој е изменет и дополнет на 12 март 2004 година).1
Донесувањето на овој закон претставуваше основа за создавање услови за вработување на инвалидите. Основната интенција на законодавецот беше преку стимулативни мерки да се привлечат работодавците да вработуваат лица со инвалидност.
Врз основа на Законот се донесе и “Правилник за критериуми и начинот за доделување на средствата од Посебниот фонд за обезбедување услови за вработување и работење на инвалидните лица".
Столбовите врз кои се потпира овој закон се:
а) Создавање на услови за работење и
адаптација на работно место;
б) Ослободување од даноци и
обезбедување на средства за
придонеси;
в) Финансиска поддршка во
работењето.
1. Поконкретно, според овој закон, не се прави разлика при вработувањето на инвалидните лица во заштитно друштво или во отвореното стопанство, работодавците ги користат истите погодности и финансиски олеснувања.
Единствена разлика меѓу вработување во отворено стопанство и заштитните друштва е во тоа што во заштитните друштва, покрај лицата со инвалидност и другите лица што таму се вработени, ги користат даночните олеснувања што се предвидени со Законот, што не е случај и со отвореното стопанство.
Исто така, намалена е границата на бројот на вработени за да една фирма да се стекне со статусот на заштитно друштво. Порано за некоја организација да се стекне со статусот “zаштитна работилница" требаше да има минимум 50 вработени, од кои најмалку 40% лица со инвалидност, а со Законот за вработување инвалидни лица, заштитно друштво може да се формира ако има 5 вработени лица, од кои 40% да бидат лица со инвалидност.
2. Исто така, значајна новина што ја предвиде овој закон е тоа што и индивидуално лице со инвалидност може само да основа фирма како трговец поединец и да ги користи сите погодности што ги предвидува Законот за вработување инвалиди.
3. Со Законот за вработување инвалидни лица се предвидува:
-
Работодавецот штој ќе вработи лица со инвалидност, како стимулативна мерка добива неповратни средства во износ од 20 просечни плати, исплатени во стопанството во последниот месец, а за за потешките инвалиди (лицата со оштетен вид над 97%, и телесните инвалиди со телесно оштетување над 90%), се доделува надомест во износ од 30 просечни плати.
-
За адаптација на работно место работодавецот добива финансиски средства до 30 просечни плати, исплатени во стопанството во последниот месец.
-
За набавка на опрема се доделуваат средства во износ до 50 просечни плати, исплатени во стопанството во последниот месец.
-
За доградба и адаптација на работен простор, во зависност од техничко-технолошкиот процес, се доделуваат до 50 просечни плати, исплатени во последниот месец.
-
Покрај овие бенифиции, предвидено е и ослободување на работодавците (фирмите) кои вработуваат инвалидни лица од плаќање придонес за инвалидско-пензиско осигурување, придонес за здравствено осигурување, придонес за вработување и плаќање персонален данок од доход, а заштитните работилници се ослободуваат и од плаќање данок од добивка.
Од досегашните согледувања со вакви погодности што ги дава државата за работодавците што ќе вработаат лице или лица со инвалидност, може да се пофалат само малку земји од Европа и светот пошироко.
Со донесување на Законот за вработување инвалиди, одеднаш на пазарот на работна сила се почувствува недоволен број лица со инвалидност што може да се вработаат.
Привлечени од големиот број бенифиции што ги дава државата, работодавците почнаа да формираат голем број заштитни друштва. Одеднаш лицата со инвалидност станаа атрактивни за вработување и покрај огромната безработица што владее во државата.
За жал, голем број работодавци, примамени од големите погодности, единствено беа заинтересирани да ги искористат неповратните средства што се доделуваат од Посебниот фонд при Заводот за вработување на РМ. Тие фиктивно ги вработуваа инвалидите, ги искористуваа средствата, а потоа едноставно ги ликвидираа фирмите.
Други работодавци фиктивно ги држат на работа инвалидите, им даваат минимални и нередовни плати, едноставно ги користат привилегиите што ги дава Законот, но не ги исполнуваат и обврските.
Затоа, наместо со еден таков позитивен Закон да се реши проблемот со вработувањето на лицата со инвалидност, само се искористија инвалидите за стекнување лична материјална полза на голем број работодовци.
Согледувајќи ги многуте злоупотреби, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Заедницата на инвалидските организации, пристапи кон измени и дополнување на Законот за вработување инвалиди. Така, на 12 март 2004 година, по предлог на Министерството, Собранието на РМ донесе "Закон за измени и дополнување на Законот за вработување инвалидни лица". 2
Со овие измени се настојуваше да се коригираат сите согледани слабости на постојниот закон. Се заострија казнените одредби и се стеснија можностите за злоупотреба од работодавците.
Примената на Законот со најновите измени е во тек и очекуваме времето да покаже дали државата е на правиот пат во надминување на проблемот со вработувањето на лицата со инвалидност.
|
|
Employment of disabled persons is a very important factor for the life of this category of people. Besides acquiring a social security, the employment itself of such a disabled person is accompanied by many other positive effects. These people lose the feeling for being abandoned by the community, restore their lost self-confidence and the feeling that they are useless members of their families and the community, and on the other side the state itself justifies the financial resources invested in the process of rehabilitation and education of disabled people.
The employment of disabled people enables them, equally with their labor and their abilities, to contribute in the entire development of the state, which means that they stop being burden for the social funds.
In former Yugoslavia, the employment of disabled people was regulated by the Law for Employment, which anticipated existence of protective workshops for training and employing disabled people.
These protective workshops had certain state financial exemptions. There were employments even in the “open economy”.
In the “open economy”, disabled people, i.e., the organizations that employed disabled people had no privileges by the community. Although the workshops in the open economy in that period were not best organized, they were a significant factor in the process of employment and rehabilitation of disabled people.
During the period of transition and change of political system of the state, especially after adopting the Law on Privatization, the protective workshops found themselves in a very poor situation because they lost the state support and through the process of privatization some of them were liquidated, went bankrupt or were privatized. A great number of disabled people found themselves in the streets, and there were no new employments.
This situation needed to be overcome by certain measures. The organizations of disabled people and the association of the protective workshops for disabled people initiated a procedure for passing the Law on employment of disabled people. This initiative was accepted and on 25 May 2000, the Parliament of the Republic of Macedonia passed “the Law on Employment of Disabled People” (it was changed and annexed on 12 March, 2004). 1
Passing this law meant the base for creation of conditions for employment of disabled people. The basic intention of the legislator was through stimulating measures to attract employers to employ disabled people.
On the base of the Law, the “Rule Book for criteria and way of granting resources from the special fund for providing conditions for employment and working of disabled people” was adopted.
This law relies on:
a) Creation of working conditions and adaptation of the working post;
b) Tax releasing and providing financial resources for taxes;
c) Work financial support.
1. More precisely, according to this law, there is no difference in employment of disabled people in the protective workshops or in the open economy; the employers utilize the same benefits and financial exemptions.
The difference between employment of disabled people in the open economy and the shelter companies is only that the shelter companies, besides disabled people, employ other people and use tax exemptions regulated by the law, which is not the case with the open economy.
The limit of the number of employees was reduced for acquiring status of a shelter company. In the past, for an organization to acquire the status of a “protective workshop” it should have had at least 50 employees with 40% disabled ones, but according to the Law for employment of disabled people, the shelter company can exist with only 5 employees with 40% disabled ones.
2. Important innovation anticipated by this law is that a disabled person individually can establish a firm – as one-man businessman and to utilize the benefits regulated with the Law for employment of disabled people.
3. The law for employment of disabled people anticipates:
-
The employer who employs disabled people, as a stimulating measure, receives irretrievable funds equal to 20 average salaries paid in the economy in the last month, and the more difficult disabled people (people with damaged sight over 97%, and physically disabled people with over 90%) receive compensation equal to 30 average salaries.
-
For adaptation of the working post, the employer receives financial support up to 30 average salaries, paid in the economy for the last month.
-
For equipment procurement 50 average salaries, paid in the economy for the last month are granted.
-
For extension and adaptation of the working facilities, depending on technical and technological process, 50 average salaries, paid for the last month are granted.
-
Besides these benefits, the law anticipates exemption for the employers (firms) that employ disabled people for payment taxes for invalid and pension insurance, health insurance, employment and payment for personal income tax, and the protective workshops are exempted for payment profit tax.
Such privileges given by the state for employers who employ a disabled person or disabled people can be found only in a few countries in Europe and worldwide.
After passing the Law for employment of disabled people, the labor market lacked insufficient number of disabled people for employment.
Attracted by a great number of benefits given by the state, the employers started to establish a great number of protective workshops. The disabled people became attractive for employment, despite of the great number of unemployed people in the state.
Unfortunately, many employers attracted by the benefits were only interested in using irretrievable funds given by the Special Fund at the Bureau for employment of the Republic of Macedonia. They fictively employed disabled people, used the funds and then liquidated the firms.
Other employers fictively keep disabled people at work, giving them minimal and irregular salaries; they only use the privileges given by the law without fulfilling their obligations.
Such a positive Law, instead of solving the problem for employment of disabled people, was only used for acquiring personal and material benefits for a great number of employers.
Having recognized the number of misuses, the Ministry of Labor and Social Policy, in cooperation with the Association of Organizations for disabled people, changed and annexed the Law for employment of disabled people. So, on 12 March 2004, on suggestion by the Ministry of Labor and Social Policy, the Parliament of the Republic of Macedonia passed “the Law for changes and annexes on the Law for employment of disabled people”. 2
These changes should correct all recognized weaknesses of the existing law. Penal provisions became stricter and disabled misuses by the employers.
The implementation of the Law with the latest changes is in process and we expect to see whether the state is on its right path to overcome the problem for employment of disabled people.
|