JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 12718
Горан АЈДИНСКИ,
Љупчо АЈДИНСКИ
ТЕРМИНОЛОГИЈА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП
Вовед
Актуелноста и значењето на овој стручен проблем е многукратен од неколку аспекти:
прво зашто уедначеноста во употребата на терминологијата има големо значење во третманот на лицата и
второ, поради шаренилото во примената на термините, кај нас и во светот, што создава дилеми и проблеми во облиците и правата на остварување на општествената грижа за овие лица.
Исто така во почетокот сакаме да нагласиме дека во овој труд: прво, условно ќе го употребуваме терминот “лица со хендикеп” кој сега најчесто се употребува, независно дали е тоа најсоодветно решение или не, с¢ додека не се заземе заеднички став кој термин да се употребува во иднина, второ, со оглед што тој проблем не е разрешен и во светски рамки, ќе настојуваме во излагањето автентично и објективно да ја изложиме употребата на термините во практиката, комуникацијата и во законодавната регулатива кај нас и во светот и трето, во излагањето ќе се задржиме само на терминологијата што се однесува на лицата со хендикеп, односно со инвалидитет според утврдените класифиции.
I |
Лица со хендикеп |
За да можеме полесно и поедноставно да ги усогласиме ставовите околу терминологијата треба да кажеме кои се лицата со хендикеп, односно лицата попречени во развојот за кои ќе направиме напори да го изнајдеме вистинскиот термин.
Во различни земји постојат различни дефиниции за поимот на попреченост. Основно во сфаќањето на попреченоста е дека на човекот се гледа како на биопсихосоциолошка целост која за жал од многубројни и разновидни причини може да биде нарушена. Затоа лицето попречено во развојот, не е ниту “случај”, ниту “збир на дијагнози”. Според барањата на секојдневниот живот, човекот е принуден да се владее како целост, а не како мозаик од фрагменти. Тоа, пред с¢, поради фактот што попреченоста во развојот без сомневање може да предизвика ограничување на способноста за стопанисување и прилагодување.
Се поставува прашањето за поблиска детерминација на поимот “попреченост во физичкиот или психичкиот развој”, што треба да се изрази со соодветна класификација на овие лица, бидејќи таа претставува важен фактор во заштитата и рехабилитацијата. Од неа многу зависи правилното насочување во заштитата и рехабилитацијата на овие лица.
Во досегашниот период се објавени и применувани голем број класификации. Кај нас прва официјална класификација е објавена и започната да се применува од 1960 година. Денес се применува класификацијата објавена во Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или во психичкиот развој, а што се потпира врз најновата класификација на Светската здравствена организација.
Според овој Правилник лица со пречки во физичкиот или психичкиот развој што имаат специфични потреби се:
- Лицата со оштетен вид (слабовидни и слепи);
- Лицата со оштетен слух (наглуви и глуви);
- Лицата со пречки во гласот, говорот и јазикот;
- Телесно инвалидните лица;
- Ментално ретардираните лица (лесно, умерено, тешко и длабоко);
- Аутистичните лица;
- Хронично болните лица; и
- Лицата со повеќе видови на пречки (комбинирани пречки).
Потребно беше да се изложи оваа класификација, бидејќи кога ќе расправаме за терминологијата ќе зборуваме за лицата што £ припаѓаат на оваа групација.
II |
Термини и поими што се однесуваат на лицата со хендикеп, |
Денес во литературата во различни земји и говорни подрачја се употребуваат повеќе термини и поими што се однесуваат на лицата со хендикеп, односно со тешкотии во социјалната интеграција.
Досега се среќаваме со повеќе термини што биле користени, или се користат, а се однесуваат на овие лица. Најмногу употребувани термини се: дефект, инвалид, хендикеп, соматопсихичко оштетување, абнормалност, тешкотии во социјалната интеграција, пречки во психофизичкиот развој, пречки во развојот, лица со специјални потреби и други. Со еден збор ги има над 30-на термини.
По овој повод прилика ќе направиме, поради времето, дескрипција само на некои од споменатите термини за кои сметаме дека заслужуваат посебно внимание.
Дефект (најстар употребуван термин)
Овој термин најмногу е експлоатиран во руската научна и стручна литература. Во минатото овој термин бил употребуван и кај нас, но денес во стручната литература и во законската регулатива се избегнува употребата на овој термин поради негативните синтагми и конотации. Во земјите од англиското јазично подрачје споменатиот термин воопшто не се користи така што во стручната литература не можеме да го сретнеме.
Според речникот на English H. B. and English A. C. како што цитираат загрепските автори Ковачевиќ, Станчиќ и Мејовшек (1986) “дефект е неуспех во конформирањето на некој стандард поради недостатокот на функции или структури”. (3)
Како што наведуваат В. Ковачевиќ, В. Станчиќ и М. Мејовшек (1986) овој термин не се употребува ниту во англиско-американската ниту во фрацуската терминологија во изданијата за специјална едукација на УНЕСКО, но се среќава во шпанската и во руската терминологија на истото издание. Во објаснувањето на споменатиот термин во руската и во шпанската литература тој се идентификува, односно се распоредува во групата со следните термини. (3)
Во Русија со овој термин биле означувани дефектни лицата со недостатоци и таквата синтагма упатувала на тоа дека некоја личност е дефектна во целост. Сите лица што имале некое оштетување се третирале како дефектни што не морало да значи дека тие се такви, бидејќи дефектот се однесува на одделни органи (за вид, слух и слично). Таквите лица можат да имаат некои способности и особини со кои можат да бидат еднакви, а понекогаш и подобри од нормалната популација, по ефикасниот третман што овозможува вклучување на таквите лица во сите сфери на општественото живеење. Значењето на дефектот кај секоја личност зависи од биопсихосоцијалната структура на личноста. Две лица можат различно да го доживуват дефектот или со други зборови кажано за една личност губењето на слухот може да има многу големо значење додека за друга личност без разлика што се работи за ист интензитет на оштетување да има помало значење.
Аномалија и дефициентност
Како што наведуват загрепските автори, споменатиот речник укажува на тоа дека терминот дефект треба да се разликува од терминот дефициентност бидејќи последниот значи специфичен недостаток, а не неуспех во конформирање на некој стандард.
Хендикеп
Овој термин е доста употребуван во секојдневниот живот. Поретко се користи во научната и во стручната литература, додека во службената терминологија, т.е. во законската регулатива со која се регулираат прашањата од проблематиката на овие лица не се употребува.
Како што наведуваат споменатите загрепски автори во поширока смисла на зборот, овој термин според Енциклопедијата на Лексикографскиот завод-Загреб означува тешкотија, или пречка што оневозможува некоја активност (3).
Во потесна смисла на зборот за хендикепирани се сметаат оние лица кои поради некоја болест, оштетување, инавалидитет или пречки во развојот имаат тешкотии во вклучувањето во општествената средина.
Хендикепот со други зборови претставува наполно негативен ефект во состојбата на личноста што вклучува:
- пречки што произлегуваат од некои оштетувања на личноста;
- ограничувања утврдени од самото општество;
- негативни ставови на социјалната средина и
- како се доживува самиот себе (самоперцепција).
Хендикепот може да се јави и како последица на отфрлање или неприфаќање на лицата со пречки во развојот и тоа особено ако тоа е сторено на осетлив и недискретен начин.
Исто така хендикепот може да се јави како резултат на неможноста на овие лица да се вклучат во активности во кои би сакале да учествуват (3).
Од психолошки аспект Д. Крстиќ (1996) наведува дека под овој термин се подразбира состојба на намалени телесни или ментални можности поради што индивидуата, односно личноста се наоѓа во нерамноправна положба во однос на лицата што немаат пречки во развојот. Често пати со овој термин се опфаќаат неадекватните социјални околности како и културната неразвиеност. Терминот се употребува за означување како на децата така и на возрасните што имаат пречки во развојот и учењето, односно во преквалификацијата што треба да им овозможи социјална егзистенција.
Абнормалност
Овој термин исто така се употребува за означување на состојбата на лицата со пречки во развојот. Како термин се применува и од страна на Светската здравствена организација во дефиницијата на оштетувањата.
Според Catell (1950), како што наведува групата загрепски автори, овој термин има двократна смисла. ( )
Од една смисла, с¢ она што отстапува од некој биотички или социјален просек во некоја прераспределба се смета дека е абнормално, при што за просек не се зема некоја точка на скалата за мерење туку интервал. Ваквото определување на абнормалноста е од статистички аспект. Ако се земе како пример менталната ретардација, за ментално ретардирани ќе бидат сметани сите оние кои според IQ се две стандардни девијации под аритметичката средина што е определена како 100. Од друга страна за нормални, односно за просечни ќе се сметаат оние чиј IQ изнесува од 90 до 110.
Во друга смисла загрепските автори го цитираат Catell (1950) кој смета дека “абнормално е с¢ она што е нездраво, патолошко, дефектно, што отстапува од некој стандард на можна или апсолутна ефикасност”.
Постои објаснување на терминот абнормалност од психолошки, педагошки и социолошки аспект и сите се сведуваат на тоа што абнормалност преставува отстапување од вообичаените и очекувани норми и вредности, пишани и непишани правила како и отстапување од способностите за интеграција и адаптација. (3)
Лица со пречки во развојот
Кај нас овој термин е во голема употреба и во литературата и во законската регулатива поради тоа што:
прво, на овој термин му се дава приоритет во неговото користење поради самата поставеност и системот на рехабилитацијата што со третман ги опфаќа лицата со пречки во развојот од самото раѓање, па с¢ до адолесценцијата и нивната интеграција во социјалната средина;
второ, и поради тоа што во раниот период од животот кај децата што имаат определени попречености, не може да се постави диференцијална дијагноза за состојбата и не може со сигурност да се определи и да се знае попреченоста (пример: лесна ментална ретардација, дисхармоничен развој, комбинирани пречки и сл.).
Лица со специјални потреби
Овој термин се појавува во поново време, особено по објавувањето на Извештајот на УНЕСКО од Саламанка за специјалното образование (The Salamanca Statement and framework for action on special needs education, 1994), каде што е употребен терминот специјални образовни потреби (special education needs). Но, веднаш треба да кажеме дека во тој извештај не е никаде споменат терминот лица односно деца со специјални потреби. Секаде во извештајот се спомнуваат специјални образовни потреби, па дури и насловот на Извештајот е назначен со овој термин. Значи погрешно се цитира Извештајот од оние што го употребуваат терминот “деца со специјални потреби”. Самиот термин прави забуна кога ќе се каже лица, односно деца со специјални потреби, бидејќи асоцира и за лицата со хендикеп и за лицата без хендикеп.
Тоа беше повод уште на почетокот на излагањето да нагласиме дека денес ќе зборуваме за термините што се однесуваат на лицата со хендикеп односно со инвалидитет.
Соматопсихички оштетувања, психосоматски оштетувања
и лица со пречки во психичкиот и физичкиот развој
Овие термини исто така се подложни на дискусија, бидејќи со нив се опфатени лицата што имаат телесни и психички пречки, а не се опфатени лицата што имаат тешкотии во социјалната адаптација (на пример: лица со социо-воспитни проблеми, лица со первазивни развојни растројства, заостанување во развојот, дисхармоничен развој и сл.).
Инвалидитет
Тој термин неоправдано, како содржински така и терминолошки во практиката во последно време ретко се употребува. Зошто мислиме така? Затоа што:
Прво, не му е дадено вистинското место во терминологијата како последица на лошиот превод на неговата терминолошка содржина од странската литература. Во англиското јазично подрачје за овие лица се употребува терминот “лица со инвалидитет” (people with disabilities), што точно преведено од англиски на македонски значи “лица со инвалидитет”;
Второ, кај нас со започнувањето со заштитата и рехабилитацијата на овие лица, овој термин е употребуван многу често во комуникацијата, законодавната регулатива, па дури и во највисокиот законодавен акт- во Уставот на Р. Македонија, се употребува терминот “инвалидни лица”, кога се зборува за нивните права;
Трето, многу земји го користат овој термин “инвалидитет”, како во земјите од англиското јазично подрачје, така и во земјите од источно-централна Европа (Чешка, Полска, Русија, Словенија и др.).
Четврто, во сите меѓународни документи (резолуции, декларации и др.) како и во националните законски регулативи на голем број земји на Запад се употребува овој термин “инвалидитет”.
III |
Терминологија употребена во меѓународната легислатива |
-
ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ИНВАЛИДНИТЕ ЛИЦА
(DECLARATION ON THE RIGHTS OF DISABLED PERSONS)
Во оваа Декларација веднаш на почетокот се дава дефиниција за инвалидноста, а понатаму се наведуваат правата на овие лица. Така под поимот “инвалидно лице” според оваа Декларација: е “секое лице што не е во можност да ги обезбеди за себе целосно или делумно потребите за нормален индивидуален или социјален живот, како резултат на отсуство, вродено или не, на неговите физички или ментални способности”.
- ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВОТО НА ДЕТЕТО
(Резолуција бр. 44/25 од 1989 год. на Г. С. на ОН)
Во оваа Декларација кога се зборува за правото на детето што е попречено во развојот е употребен терминот “инвалидно дете”. Така помеѓу другото е изнесено во точките втора, трета и четврта:
(2) |
Државите членки го признаваат правото на инвалидното дете на ... |
(3) |
Уважувајки ги посебните потреби на инвалидното дете, помошта во ... |
(4) |
Државите членки ја унапредуваат, во духот на меѓународната соработка и размената на соодветни информации во областа на превентивната заштита на здравјето и медицинското, психолошкото и функционалното лечење (оспособување) |
- КОНВЕНЦИЈА ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА
И во оваа Конвенција за овие лица е употребен терминот “инвалидност”. Така во точката (е) од членот 11 на оваа Конвенција е наведено: (е) Право на социјална заштита, посебно во случај на одење во пензија, болест, инвалидност, старост и др. ...
- КОНВЕНЦИЈА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ВРАБОТУВАЊЕТО И ЗАНИМАЊЕТО
Исто така и во оваа Конвенција за овие лица се употребува терминот “инвалидност”. Така во точката 2 на членот 5 е наведено ... “Треба да се води сметка за посебните потреби на лицата во поглед на кои посебната заштита или помош, е општо призната како неопходна поради полот, староста, инвалидноста, семејните обврски или социјалното или културното ниво.
-
СТАНДАРДНИ ПРАВИЛА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЕДНАКВИ ПРАВА ЗА ИНВАЛИДНИТЕ ЛИЦА
(THE STANDARD RULES ON THE EQUALIZACION OR OPPORTUNITIES FOR PERSONS WITH DISABILITIES)
Во стандардните правила, исто така, се употребува терминот “инвалидност”. Но, при преводот е направена грешка што терминот на англиски “disabilities” е преведен како “хендикеп”, што не е исто. Во сите 22 правила е употребен терминот “лица со инвалидитет”. Така на пример ќе споменеме неколку правила:
-
- Правило 6: Образование: Државата треба да го признае еднаквото право и можност за основно, средно и факултетско образование на децата, младинците и возрасните со инвалидитет...
- Правило 7: Вработување: Државата треба да го обезбеди остварувањето на човековите права на лицата со инвалидитет, особено на полето на вработувањето.
- Правило 15: Закони: Државата е одговорна да ја оформи законската основа за постигнување на целите за полно учество и еднаквост на лицата со инвалидитет.
-
ЕВРОПСКА СОЦИЈАЛНА ПОВЕЛБА
(реведирана) Стразбург, 03.05.1996
- Во точката 15 се употребува терминот “лице со инвалидитет”, па е наведено: “Секое лице со инвалидитет има право на професионална преквалификација и на социјално прилагодување без оглед на причината на неговиот инвалидитет.”
- И во членовите 9 и 10 се употребуваат истите термини.
-
ИЗВЕШТАЈ НА УНИЦЕФ ОД СВЕТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОТРЕБАТА ОД СПЕЦИЈАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, ДОСТАПНОСТ И КВАЛИТЕТ (7-10 јуни 1994)
(THE SALAMANCA STATEMENT AND FRAMEWORK FOR ACTION ON SPECIAL NEEDS EDUCATION)
Овој Извештај, често пати се цитира кога се сака да се поткрепи употребата на терминот “Деца со специјални потреби”. Ваков термин “Деца со специјални потреби” во извештајот не се спомнува. Секаде во Извештајот, па и во насловот се употребува терминот “Специјалниобразовни потреби”, а кога ќе се спомне лице, тогаш се употребува терминот “лице или дете со инвалидитет” или “Лице со хендикеп”.
Инаку овој извештај повеќе го потенцира општо правото на секој поединец на образование, како што е наведено во една од точките: “Училиштата треба да ги прифатат сите деца” или “Лицата што имаат потреба од специјално образование треба да имаат пристап во регуларните училишта”.
Во една од точките во поглавјето: “Учесниците ги повикуваат сите влади”, е наведено: “Да се охрабрува учеството на родителите, заедниците и на организациите на лицата со инвалидитет”. Значи се употребува терминот инвалидност.
Исто така и во поглавјето “Нови размислувања за специјалното образование” се употребува терминот инвалиди. Така на пример во текстот стои:
-
- “Законот треба да го признае принципот на еднаквост на можностите, инвалидите да се здобијат со образование, по можност во сеопфатни училишта или средини”.
- Образовната политика на сите нивоа, треба да се изјасни за тоа декадетето со инвалидитет треба да го посетува најблиското училиште.
- Вклучувањето на детето со инвалидитет во “регуларниот животен тек” треба да е интегрален дел на националните планови за постигнување на образование за сите.
- Треба да им се обрне особено внимание на потребите на децата и младинците со тежок илиповеќекратен инвалидитет.
- Девојчињата со инвалидитетсе двојно онеправдани...
- При изготвување на програмите за образование на возрасните е потребно да им се обрне посебно внимание на лицата со инвалидитет.
И во поглавјето: “Јавна Свест”, во една од точките е употребен терминот инвалид, па се кажува: “Медиумите можат да го подобрат и односот на работодавците кон вработувањето на лицата со инвалидитет.”
IV. Национална легислатива во одделни земји во светот
КАНАДА
-
ЗАКОН ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА
(WOCATIONAL REHABILITATION OF DISABLED PERSONS ACT)
Во една од потточките на овој Закон стои: “Канадскиот приод кон прашањата за инвалидитетот”.
- ПЕНЗИСКИ ПЛАН НА КАНАДА
И во овој документ се употребува терминот “инвалид”. Така во точката (б) стои: И лицето што ќе стане или престанало да биде инвалид...
-
ЗАКОН ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ИНВАЛИДНИТЕ ЛИЦА
(WOCATIONAL REHABILITACION OF DISABLED PERSONS ACT)
Дефиниции во овој Закон:
- “Инвалидно лице” (disabled persons) значи лице кое поради физички или ментален недостаток не е во можност да бара регуларно остварување на професијата.
- ФЕДЕРАЛНИ ПРОГРАМИ И ИСТРАЖУВАЊА
- во точката (5) стои: “Министерот може да преземе, да ги координира сојузните активности на полето на професионалната рехабилитација на инвалидните лица ...”
- Во точката 6 (1) стои: “Министерот може да преземе истражување во врска со професионалната рехабилитација на инвалидните лица ...”
- КАНАДСКИОТ ПРИОД КОН ПРАШАЊАТА ЗА ИНВАЛИДНОСТА
- Во овој документ во целиот текст се среќаваат термините како што се инвалидитет и хендикеп.
АНГЛИЈА
-
ЗАКОН ЗА РАЗЛИКУВАЊЕ НА ИНВАЛИДИТЕ
(DISABILITI DISCRIMINATION ACT 1995)
Во овој Закон се употребува терминот “инвалид”. Под инвалид се подразбира физичка, сетилна и ментална инвалидност. Карактеристично е да се нагласи, дека овој Закон, и кога се работи за едукација на децата, го употребува терминот “инвалид”. Така во дел IV образование стои:“Едукација на децата со инвалидитет”.
НОРВЕШКА
-
БЕЛА КНИГА НА ЛУЃЕТО СО ИНВАЛИДИТЕТ
(THE WHITE PAPER ON PEOPLE WITH DISABILITIES)
И во овој документ, како во насловот така и во текстот се употребува терминот “инвалидитет”. Во преводот на овој документ на македонски јазик често пати терминиот “инвалидитет”, е заменет со терминот “хендикеп”.
ИТАЛИЈА
-
НАЦИОНАЛЕН ЗАКОН ЗА ГРИЖА, СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА
И ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДИТЕТ-104/92
Во овој Закон се употребува терминот “инвалидитет”. Но, во преводот на македонски, како во насловот, така и во текстот е употребен и терминот “хендикеп”.
Мислења и сугестии
Врз основа на презентираниот материјал произлегуваат следните размислувања и согледувања за оваа проблематика.
- Во однос на правилната терминологија се има впечаток, дека се однесуваме неодговорно и многу лесно и некритички го прифаќаме секој нов термин што ќе ни се понуди без да покажеме сеопфатен интерес кон она што се нуди, или е дефинитивно кажано како прифатена алтернатива.
- При преземањето на термините не ги анализираме и почитуваме системските меѓународни декларации и резолуции, како и националното законодавство, односно Уставот и постојните законски прописи и во нив употребените термини. Така на пример се повикуваме на Стандардните правила, а не го почитуваме употребениот термин “инвалидитет”, за овие лица, па дури сме дозволиле во преводот од англиски на македонски да се употреби неточен поим, односно термин. Имено терминот “people with disabilities”, што одговара на “лица со инвалидитет”, е преведен со терминот: “лица со хендикеп”, што не е исто. Слично е и со другите документи, каде што англискиот термин “disabled”, што значи “инвалидност”, се преведува со најразлични термини, па с¢ до оној последниот што во последно време почесто се употребува “лица со специјални потреби.”
- Исто така не го почитуваме доследно и во целост употребениот термин во Уставот на Р. Македонија, како во усниот говор, во пишувањето на материјали, па и во законите, што се донесуваат врз основа на Уставот. Имено во став 3 од членот 35 на Уставот на Р. Македонија стои: “Републиката обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот”.
- Денес во постојното законодавство, во литературата и во говорната комуникација може да се сретнат повеќе од 30 термини: хендикеп, инвалид, лице со пречки во развојот, абнормалност и во најново време не само што се сугерира да се употребува, туку е предложен терминот “деца со специјални потреби” во предлог Законот за измена на Законот за основно образование, без никаква извршена расправа.
- За ваквата употреба на различни термини склони сме честопати да се покриваме зад некои меѓународни документи каде иако во нив не се употребени некои од овие термини. Без некој критички однос ги преземаме, бидејки некој рекол тој термин да се употребува. При тоа не се внимава на правилниот превод на термините во тие документи. Се преведуваат погрешно вистинските термини од оригиналните текстови. Така на пример во Извештајот на УНЕСКО од Саламанка, употребениот термин “special education needs” односно “специјални образовни потреби”е преведен како термин: “деца со специјални потреби”.
- Крајно време е да го отвориме овој проблем, да го подискутираме и да заземеме поисправен став. За да се направи тоа, треба објективно да се применат меродавните меѓународни и национални документи. Треба да се придржуваме, пред с¢, кон класификацијата на Светската здравствена организација и употребената терминологија во Стандардните правила, што н¢ обврзуваат, да ја донесеме Националната стратегија за правата на овие лица, а од националните документи, треба, пред с¢, да го почитуваме Уставот на Р. Македонија.
-
Во најновата класификација на Светската здравствена организација за оштетувањата, за инвалидитетот и за хендикепот се дадени три термини: оштетување (impairment), инвалидитет (disability) и хендикеп (handicap). Сите овие термини имаат свои поими, но произлегуваат еден од друг. Имено:
- Оштетување (impairment) ја зема предвид: “секоја загуба или неправилност во психичките, физичките или во анатомските структури и функции”.
- инвалидитет (disability) се однесува на: “какво и да било ограничување или намалување што произлегува од оштетувањето на способностите во изведувањето на некои активности на начин, или внатре во распонот што се смета за нормално за човечкото битие”.
- хендикеп (handicap), означува: “тешкотии кај поединецот што произлегуваат од некое оштетување или инвалидитет, што поединецот го ограничува или го спречува да ја оствари функцијата што е нормална во зависност од лицето, полот, социјалните и културните причини)”.
-
Во Стандардните правила за обезбедување еднакви права за инвалидните лица (the standard rules on the equalization of opportunities for persons with disabilities) во самиот наслов е употребен терминот “лица со инвалидитет”, а кај нас тоа е преведено како “лица со хендикеп” со што е направена грешка бидејќи во стандардните правила се дадени различни дефиниции за овие два термина. Имено во Стандардните правила на страна 9 се образложуваат дефинициите на двата термина: “инвалидитет” и “хендикеп”. Имено:
- Поимот “инвалидитет” (disability) содржи голем број на различни функционални ограничености кај сите популации и во сите земји во светот. Човек може да стане инвалид од физичка, интелектуална или сетилна пречка, посебна медицинска состојба или од ментална болест. Ваквите пречки, состојби или болести, по својата природа можат да бидат трајни или менливи.
- Поимот хендикеп (handicap) означува губење, или ограничување на можностите да се учествува активно во општествениот живот на исто ниво како и другиот свет.
Според изложеното, а согласно со обврските на нашата земја како потписничка на повеќето од меѓународни документи се наметнува заклучокот дека е потребно нашето законодавство, па и практиката во областа на рехабилитацијата и заштитата во однос на терминологијата да биде компатибилно со светското.
Предлози за унифицирање и подоследна примена на терминологијата за лицата со инвалидитет, односно хендикеп изнесени на стручниот собир организиран од страна на МИА на 05.03.2001 во Скопје
- Во подолг временски период употребата на унифицирана терминологија претставува постојана потреба која често создава тешкотии и недоследности особено во нормативно-правната регулатива, во теоријата, во практиката и во комуникацијата. Расправата на овој собир и искажаните ставови имаат посебно значење за елиминирање на големата разноликост во терминологијата и во целокупната комуникација.
- Дискусијата и ставовите во голем степен беа усогласени, особено во респектирањето на употребата на онаа терминологија што е застапена во бројни меѓународни документи, како и во документите на одделни земји во светот со подолга традиција.
- Расправата покажа дека многуте термини со кои се манипулираше досега (инвалидитет, хендикеп, лица со пречки во развојот, лица со психофизички недостатоци, лица со специјални потреби и др.) создаваа посебни тешкотии и забуни од суштинско значење при определувањето на содржините што одделни термини требаше да ги опфатат.
- Собирот оцени дека од големиот број термини најприкладни остануваат термините инвалидитет и хендикеп, поради содржината и долгата традиција на нивната употреба како и поради јасноста во манипулирањето со нив.
- Собирот сугерира да му се даде предност на терминот инвалидитет, имајќи ја предвид прецизноста и содржината на поимот дадена во Класификацијата на Светската задравствена организација и во Стандардните правила за еднакви можности за правата на лицата со инвалидитет.
- Кога се работи за потребата од образование на овие деца би можело да се употребува терминот “деца со посебни образовни потреби”.
ЛИТЕРАТУРА:
- Ајдински Љ., Андреевски В. “50 години заштита, рехабилитација, воспитание и образование на лицата со пречки во развојот во Република Македонија 1949-1999”, печатница “Гоце Делчев”-Скопје, 2001.
- Ајдински Љ., Ајдински Г. и Михаилив З. “Основи на дефектолошката теотија и практика”, печатница “Зоки”-Скопје,1999.
- Kovacevic V., Stancic V., Mejovsek M., “Osnovi teorije defektologije”, Zagreb, 1986.
- The Salamanca Statement and framevork for acition on special education, UNESKO, 1994.
- Устав на Р. Македонија, Скопје, 1991.
- Deklaration on the rights of disabled persons, OON, 1975.
- Декларација за правата на детето, ООН, 1990.
- Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација на жената.
- Конвенција за дискриминација во областа на вработувањето и занимањето.
- The Standard rules on the equalization or opportunities for persons with disibilities, OON, 1994.
- Европска социјална повелба, Стразбург, 1996.
- Vocational Rehabilitation of Disabled Persons Act, Canada
- Canada Pension Plan
- Канадски приод кон прашањата за инвалидноста
- Disability discrimination act, (England)
- The white paper on people with disabilities (Norvege)
- Национален закон за грижа, социјална интеграција и права на лицата со инвалидност,1992
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE