JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 9689
Надица ЈОВАНОВИЌ-СИМИЌ, Славица ГОЛУБОВИЌ
ПРОЦЕНА НА КОМУНИКАТИВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ КАКО ОСНОВА ЗА ДИЈАГНОСТИКАТА И ПЛАНИРАЊЕТО НА ТРЕТМАНОТ НА НАРУШУВАЊЕТО НА КОМУНИКАЦИЈАТА КАЈ ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ
Процената на комуникативното однесување е од клучно значење за добрата дијагностика на нарушувањето на вербалната комуникација кај аутизмот. Со оглед што мал број на деца со аутизам го достигаат третото ниво на комуникација (јазично ниво), точната процена на комуникативното однесување, е значајна од две причини:
- укажува на кое ниво на комуникација се наоѓа детето;
- укажува на можните модели во третманот што е потребно да се применат за подобрување на комуникативниот статус на детето.
Независно од тоа дали процената на комуникацијата се врши низ формална процедура (стандардизирани тестови, развојна скала, структурални интервјуа) или неформална процедура (опсервации на комуникативното однесување), нивниот најдобар елемент е со процена на говорно-јазичното однесување кое пак е блиску поврзано со социјално интерактивно однесување. Ваквите два објективни наоди покрај јазично-когнитивното однесување даваат најдобра слика на состојбата на комуникацијата кај аутизмот.
Постојат неколку елементи на комуникативно однесување што се проценуваат, а тоа се:
- комуникативната потреба;
- разбирањето на јазикот;
- комуникативната намера;
- социјално-интерактивното однесување.
Согледувањето на комуникативната компетенција на децата со аутизам мора да се базира врз фокусирање на функционалните способности. Тоа се оние способности што претставуваат основа за самостоен и квалитетен живот. Во идеален случај, тоа се оние способности што овозможуваат пројавување на личните предности, донесувањето на одлуките, правењето планови за планирање на активности и активно учествување во општествената интеркомуникативна размена. Главно се применуваат два начина за определување на специфичните комуникативни потреби:
- Со набљудување на лицата во типичното окружување менувајќи ги комуникативните партнери
- Со добивањето на информации од блиски луѓе, од лицата чие комуникативно однесување го набљудувате (родители, старатели, браќа, сестри, терапевти) за можните окружувања во кои лицето се наоѓа надвор од она во кое е набљудувано како и за моменталните извори на фрустрација поради комуникативното окружување.
Процената за разбирањето на јазикот е еден од најголемите и најважни извори во работата со лицата со аутизам. Причината за тоа е неконзистентноста на одговорите на јазичната стимулација што е типична за аутизмот. Се смета дека тоа може да биде последица од недостаток на мотивација за одговарање, за проблемите за вклучување во средината со мноштво стимулации или недостатокот на разбирање на јазикот. Некои лица со аутизам развиваат металингвистички начин на предупредување со што бараат објаснување и така укажуваат дека не разбираат, вклучувајќи многу софистицирани нивоа на лингвистичка компетенција. Други лица пак развиваат коректни софистицирани нелингвистички стратегии за разбирање и можат лажно да изгледаат компетентни во лингвистичкото разбирање. Во сообразност со тоа треба да се имаат предвид обете формалната и неформалната процедура за процена на комуникативното однесување. Во секој случај, резултатите на процената секогаш треба да бидат втемелени врз основа на мострата на неконзистентното одговарање што е забележано кај определени лица.
Ако не најзначаен туку не помалку важен елемент во комуникативното однесување е комуникативната намера. Комуникативната намера се дефинира како способност на употребата на експресивни сигнали по однапред планиран ред со цел влијаење врз однесувањето на другите. Процената на некомуникативната намера треба да резултира во добивањето на три видови информации:
- варијанти на функционирањето или на пројавувањето на намерите;
- ниво на комуникативните намери поврзани со специфични функции;
- варијанти на комуникативните начини употребени за изразување на намерите.
Некои лица, најчесто мали деца или оние со сериозни когнитивни оштетувања, не покажуваат ниту еден вид на однесување што ги искажува комуникативната намера. Кај тие случаи, однесувањата што можат да ñ служат на комуникативната функција се базираат врз толкувањето на други лица во оние комуникации што е во прашање комуникативната намера и тие секогаш може да се документираат. На пример, визуелното водено дофаќање на малото дете што е протолкувано како молба може да овозможи плоден контекст за развој на однесувањето со целната молба.
- Постојат три општи функционални категории во превербалното комуникативно однесување кај децата со нормален развој:
- регулација на однесувањето;
- социјална интеракција;
- обраќање на вниманието.
Процената на нивото на пројавување на регулацијата на однесувањето е важна за планирање на третманот и како следење на напредувањето на детето.
Постојат три нивоа на комуникативни намери.
Првото ниво ја вклучува договарачката комуникација што е ненамерна и нејазична. Тоа значи дека детето се уште не упатува сигнали на другите со намера да го афектира нивното однесување на однапред планиран начин. Меѓутоа, тоа може да биде сфатено како намера од другите, вклучувајќи ја вокализацијата како одговор на физиолошката состојба, ориентирањето на визуелните и аудитивните стимуланси од околината па дури и ненамерни форми на ехолалии.
Другото ниво на комуникативните намери, на договорните комуникации, ги вклучува оние лица што почнуваат да комуницираат со намера, низ невербалните и прелингвистичките значења. Двете поднивоа на комуникација примитивни и конвенционални, ја сочинуваат разликата меѓу овие кои употребуваат повеќе конвенционални договорни комуникативни сигнали. Примерите на примитивната неговорна комуникација ја вклучуваат физичката манипулација од секое друго лице и дел на синкретична вокализација (што ја разбираат само блиските лица). Примерите на конвенционалната гестовна комуникација ги вклучуваат конвенционалните гестови што искажуваат барање, давање и покажување, со мострите на вокализација. Некои форми на ехолалии, особено на задоцнети ехолалии, можат да бидат употребени да ја изразат комуникативната намера, а сепак да се сметаат за прелингвистичко однесување ако не постојат докази прелингвистичкото однесување да ја следи продукцијата. Дали ехолаличната продукција може со примитивната или со конвенционалната договорувачка комуникација, зависи од тоа колку се “читливи# сигналите за другите лица.
Третото општо ниво, говорната комуникација, ги вклучува оние деца што го употребуваат или почнуваат да го употребуваат продуктивниот јазичен систем во комуникацијата (оралниот или знаковниот јазик) и јазичната лингвистичка комуникација ги диференцираат оние што се здобиле со јазичен речник од 5-10 зборови, но кои сî уште комуницираат превербално и оние што го употребуваат јазикот како основна комуникација и што се способни да продуцираат и да разбираат реченици од неколку зборови.
Само мал број деца со аутизам го совладуваат вистинскиот продуктивен јазик и високото когнитивно ниво на функционирање.
Неколку факти секогаш треба да се имаат на ум:
- овие нивоа не се строго разграничени и тие треба да се земат како рамки што ги карактеризираат основните нивоа на експресивната комуникација;
- ехолаличниот говор може да се забележи на сите три нивоа и не треба неизоставно да се толкува како доказ на лингвистичка комуникатвина компетенција;
- нивото на комуникативните намери може мошне да го варира пројавувањето на комуникативното функционирање.
Рамките на комуникативното однесување на децата со аутизам може да се видат во табела 1.
На сите нивоа на комуникативна компетенција на процена на социјално-интерактивното однесување исто така е од есенцијално значење за планирањето на третманот. Аутистичните деца покажуваат оштетувања во социјално-интерактивното однесување без оглед на нивното интелектуално ниво. Досега не е јасно дали социјалното оштетување може да биде во многу нешта последица на недостаток на знаење на социјалните конвенции, пред едноставно да немаат волја за учество во социјалната интеракција.
Процената го вклучува и обраќањето кон вниманието на детската стратегија на иницирање, модел на иницирање, одговор на туѓа иницијатива, употреба во поглед на комуникацијата, употреба на невербалните лингвистички стратегии (ако постојат) за одржување на интеракцијата или за повторување по комуникативниот прекин.
Задачата на овие процени е да ги утврдат факторите (било рецептивни или експресивни оштетувања) што можат да им придонесат било на комуникативната компетенција било на оштетувањето.
Процена на детските можности во рамките на општата процена на комуникативните потреби, комуникативната намера, разбирањето и на социјално-интерактивните способности и на стратегијата обезбедува вредни информации за успешноста и третманот на комуникативните проблеми.
Литература:
- Lapidus D. Developing Communication and Language Skills in Autism. J Child Psychol 1984; 12: 209-226.
- Prizant BM, wetherby A.M. International Communication Behevior of Children with Autism: Theoretical and Practical Issues. I Hum Commun Disord 1985; 13: 12-59.
- Dawson G, Galpert L.A. Developmental Model for Facilitating the Social Behaviour of Autistic Children: in: Schopler E. Mesibou G., Social Behavior in Autism; New York: Plenum Press, 1996.
- Olley J. Social Aspects of Communication in Children with Autism. New York Press, 1996.
- Kierman C. The use of Nonverbal Communication Techniques with Autistic Indivisuals; Child Psycho Psychiatry, 1983.
- N.J. Simic. Communication Assessment in Autism; The First Congress of Defectologists of Yugoslavia with International Participation; Abstarct book, Belgrade 1998.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE