JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6253
Ивајло ПЕТРОВ
ПСИХОТЕРАПЕВТСКИ МЕТОДИ ЗА РАБОТА СО ДЕЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
За разлика од другите делови на специјалната педагогија, оние што се занимаваат со глуви, со пречки во видот (слепи) и со ретардирани деца, каде што главно се користат корекцијата, компензацијата и рехабилитацијата, во соматопедијата водечко место завзема терапијата.
Терапијата во соматопедијата секогаш се рагледува во светлината на “првичната теоретска концепција” за единството на психичкото и соматичното (неврофизиолошкото) како во генезата и пројавите на телесните и душевните страдања, така и во системот на терапевтските дејства (H. M. Van Praag, 1979). Телото и душата, физиката и психата се неделиви една од друга и претставуваат една целост. Затоа, психосоматичката зависност, што е методолошка основа на медицината, дава исклучително ефикасен и актуелен прилог за психотерапијата. Како систем за целисходни лековити дејства врз психата на болното или ретардираното дете, кај психотерапијата преку директни интервенции или индиректно се управува свесната или потсвесната дејност, преживувањата и однесувањето на оние што имаат потреба, т.е. целосната личност на болниот по патот од болест кон здравје.
Психотерапијата е особено погоден метод за работа со деца со церебрална парализа. Тоа тешко невролошко заболување кај кое се оштетени движечките зони и спроводните патишта на големиот мозок се карактеризира со значајни нарушувања во развојот на централниот нервен систем. Нивото на интелектуалниот развој на децата со церебрална парализа се колеба од нормата преку граничните состојби до ретардираност.
Се забележуваат исто така нерамномерност на психичкиот статус, висока психичка исцрпеност, стрес, фрустрација, депривација, емоционална лабилност, депресивни привиденија, во развојот на личноста и однесувањето.
Нашите истражувања, поврзани со проучувањето на искористувањето на разновидни психотерапевтски форми во санаториумските училишта за деца со церебрална парализа “Момин проход” и “Тузлата” (Балчишко) и во болничкото училиште во Софија, а исто и долгогодишните сопствени експерименти го докажаа неспорниот ефект на следните методи врз психичкото здравје на споменатите деца:
- Музикотерапијата-е една од најдобро разработените, познати и искористувани форми на психотерапија во сите соматопедски училишта. Музиката предизвикува радост и пријатни чувства кај децата со церебрална парализа, дејствува врз несигурните и потиштените, возбудените и нестабилните ослободувајќи ги и смирувајќи ги. A. Feldmann и Cl. Dutroit јасно ја потцртуваат големата улога на музиката за запознавање на пространството при формирањето на координацијата и самостојноста на децата со движечки нарушувања. Таа поттикнува кон контакт и општење, помага за развојот на говорот и го концентрира вниманието.
- Арттерапијата-се остварува со средствата на ликовната уметност и им одговара на сите форми на детската церебрална парализа. Кај арттерапијата се искористуваат разновидни цртачки и моделирачки техники-акварелот, графиката, ликовното цртање со прсти или со цела рака, работата со пластелин, со глина и друго. Самото од себе си се разбира дека таа форма на психотерапија не само што го зголемува емоционалниот тонус и го поддржува естетското воспитание, но и има важно значење за движечкиот развој на горните екстремитети.
- Терапевтскиот театар-кај малите пациенти со детска церебрална парализа од рана детска, предучилишна и основно-училишна возраст најцелосообразен е куклениот театар. Кај поголемите деца со средствата на сценската уметност, во која тие самите се учесници, се создаваат конфликтни ситуации и се корегираат неадекватни измислици.
- Културотерапијата-ги задоволува културните и естетските потреби на децата со церебрална парализа. Посетите на театарските претстави, операта, балетот, концертите, киното, слушањето на радио, гледањето на телевизија ја прават разнообразна болничката тегоба или санаториумската средина и создаваат оптимистичка оздравувачка клима во соматопедските институции.
- Библиотерапијата-искористувањето на соодветна литература и разговорите за саканите литературни херои на децата со церебрална парализа имаат несомнено психотерапевтски ефект. Библиотерапијата помага за преодолување на хипохондричкото настроение, стресот, апатијата, неспокојството и на нарушувањето на емоционално волевата сфера.
- Рационалната терапија на P. Dubois-кај тој мошне често искористуван метод, преку достапна за децата со церебрална форма на парализа се објаснува природата на заболувањето, механизмите на појавувањето на нивните симптоми и на возможностите за лекување. Elland (1987) го нагласува значењето, што го има објаснувањето за малите пациенти, што не е во ред кај нив. Правилното спроведување на рационалната психотерапија влева доверба, надеж, ги зголемува можностите за самоконтрола и е средство против хипохондријата, вознемирените и депресивните растројства.
- Сугестијата во будна состојба-сугестијата е конечен елемент во секоја форма на терапија. Вербалната или невербалната сугестија содржи позитивни сугестии за спокојство, добар сон, самочувство, влијание врз едни или врз други невротични симптоми. Позитивното дејствување на тој метод зависи многу од авторитетот на психотерапијата.
- Автогеното тренирање на J. Schultz-Основната цел на психотерапијата е постигањето на психофизичката подготовка, изразена во состојба на спокојност и отпуштеност и отстранување на излишната напрегнатост. Автогеното тренирање се спроведува 3 пати дневно-наутро по разбудувањето од сонот, на ручек и навечер пред заспивањето и има не само терапевтска, туку и психопрофилактичка и психохигиенска вредност. Методот се прилага при состојба на пренапрегање, синдром на страв и болка, растројства на сонот, нарушувања на концентрација на вниманието, зголемена раздразливост, вегетативни, функционални, органски растројства на срцето, дишењето, дигестијата, училишната главоболка и друго.
- Когнитивно-однесувачката психотерапија-методот е сосема нов, а терапијата е доста кратка и продолжува од 10 до 30 часови. Се приложуваат три методи за справување со проблемите: модификација на емоционалното влијание, на однесувањето и на ирационалните и непродуктивните мисли и убедувања. Когнитивно-однесувачката психотерапија е ефективна при депресии, панично растројство, агорафобија, социофобија, емоционални и лични растројства и кај болни деца што не можат или не сакаат да земаат лекарства (Robinson,1990; Mattic, 1990; Gelder, 1990).
- Семејната терапија-се спроведува со семејството и со другите блиски на децата со церебрална парализа. Преку неа го снемува натрупаното напрегање и тажната атмосфера во засегнатото семејство, чувството за вина и срам, безпомошноста, песимизмот, недовербата, непријателството и се стимулира односната автономија на ретардираното дете.
ЛИТЕРАТУРА:
- Мутафов, Стр., Ив. Петров. СоматопедиÔ. С., 1994.
- Петров, Ив. ВÍзде˚ствие на рехабилитациÔта вÍрху интелектуалното развитие на деца с церебрална парализа.-ПедиаттриÔ. 1990, кн. 4.
- Петров, Ив. Когнитивно развитие на ученици с цњеребрална парализа. ДисертациÔ, С., 1993.
- Петров, Ив., КорелациÔ в психичното и соматичното развитие на ученици с детска церебрална парализа.-Нервни и психични заболÔваниÔ, 1995, кн. 2.
- Петров, Ив., Форми на терапиÔ в соматопедиÔта.-Педагогика, 1996, кн. 1.
- Петров, Ив., ПсихотерапиÔ на детските страхове при заболÔваниÔ и соматични уврежданиÔ.-Специална педагогика, 2000, кн. 1.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE