С. ФИЛИПОВА, Р. ЈАНКОВА, Н. ИКАДИНОВИЌ-ТАЛЕСКА

 

ЗНАЧЕЊЕТО НА ТИМСКАТА РАБОТА ПРИ ПОСТАВУВАЊЕТО
НА ЛОГОПЕДСКАТА ДИЈАГНОЗА

 

Вовед

                Вербалната комуникација претставува интеракција, размена на информации, мислења, емоции и потреби меѓу луѓето. Се остварува низ процесот на емитување, пренос и прием на пораките. Таа е значајно средство за вклучување на детето во светот на возрасните, за совладување на достигањата до кои дошле претходните генерации, претставува кодифицирана норма за стекнување на нови сознанија и вербализација на афективните доживувања на личноста. Процесот на говорната комуникација е сложен и недоволно познат. За да се оствари нормална вербална комуникација потребно е функционирање на целокупниот ЦНС, како и на говорните органи. Интеграција на толку сложен систем и совршенство во неговото функционирање е најголемо достигнување на човекот. Поради тоа очигледно е дека овој систем е многу чувствителен и можат да го нарушат разни надворешни и внатрешни фактори.

Предмет на излагањето
Предмет на ова излагање е значењето на тимската логопедска дијагностика во третманот на говорните проблеми.
Детето со патологија во вербалната комуникација претставува комплексен проблем што мора да се посматра од повеќе аспекти: логопедски, медицински, психолошки, социјален, педагошки и дава директни реперкусии на личноста, на семејството, на општеството и само по себе се наметнува комплексен пристап.
Задачата на тимската логопедска дијагностика се состои во тоа што  нарушувањата на вербалната комуникација да ги открие, идентификува, обработи, опише и да ги поврзе со биолошката, менталната и социјалната состојба на пациентите со патологија на вербалната комуникација и на основа на добиените податоци да ја утврди точната логопедска дијагноза што претставува основа за утврдување на планот на логопедскиот третман.
Логопедската дијагноза е основна компонента на клиничката логопедија, зашто од неа зависи успехот на логопедската превенција и логопедскиот третман. Таа не е посебна целина, туку претставува сегмент од единствениот и целовит процес на рехабилитацијата. Поради тоа таа не може концептуално и практично да се одвои од целовитиот процес на рехабилитацијата.
Целта на ова излагање е да ги покаже основните задачи, како и важноста на тимската работа при поставувањето на логопедската дијагноза.
Основна задача на современата логопедска дијагностика е да утврди дали патолошката состојба на вербалната комуникација предизвикува хендикеп и дали хендикепираноста предизвикува патологија во вербалната комуникација која ја вклучува и состојбата на дезинтегрираност на личноста и пречките во комуникацијата.
Втора задача е да ја утврди етиологијата на проблемот бидејќи без утврдување на етиологијата не би можело да се комплетира логопедско-дијагностичката процедура, да се утврди дијагнозата, да се даде прогноза и да се одреди програма за логопедски третман.
Трета задача е да се даде почетно клиничко насочување на рехабилитацијата на проблемите со говорот. Логопедската дијагностика открива и идентификува нарушувањето, дава почетни усмерувања за клиничка работа, ги идентификува етиолошките фактори кои го предизвикуваат пореметувањето, ги одредува најприкладните методи за работа и го определува нивото на мотивација за работа кај пациентот.

Дискусија
Поради комплексноста на процесот на вербалната комуникација која бара набљудување од повеќе спекти при поставување на дефинитивната дијагноза потребна е тимска работа.
Секој член од стручниот тим дава свое мислење кое е добредојдено како при поставување на дијагнозата, така и при определувањето на самата терапија. Тимската работа во логопедската дијагностика има голема предност бидејќи овозможува поголема објективност, комплетност и прецизност на целокупната дијагностичка процедура.
Само тимски поставената дијагноза ги исклучува сите фактори кои можат да го попречат логопедскиот третман. Кога во поставувањето на дијагнозата учествувал цел тим наспецијалисти логопедот е сигурен во својата работа, знае што може да очекува и може ефикасно да го направи својот план на работа, да ги определи методите и средствата кои треба да се вклучат во спроведувањето на логопедскиот третман.
Така на пример на третман поради проблем во говорот доаѓа девојче на 5,5 годишна возраст, наизглед психофизички слабо со дивергентен страбизам, со присутна дислалија, со изразен аграматизам во говорот. Самиот изглед и состојбата на говорот наведуваа на помислата дека се работи за забавен ментален и говорен развој. Но тимски поставената дијагноза покажа дека девојчето има нормални интелектуални способности, нормален слух, а единствено постојат проблеми во говорот кои со примена на соодветни методи се надминаа и девојчето сега посетува редовно училиште.
Исто така на третман се јави дете на возраст од 5,5 години.  Наизглед напредно без фацијални стигми со присутна дислалија и аграматизам во говорот. Тимското дијагностицирање покажаа дека детето е со подпросечна интелигенција, со присутен патолошки ЕЕГ и присутни проблеми во говорот. Овде покрај логопедскиот третман е вклучена и медицинската терапија. Овие два примера го покажуваат и практичното значење на тимски поставената дијагноза.
Во логопедската амбуланта во Неготино која е под патронат на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас-Скопје во склоп на систематските прегледи кои се спроведуваат секоја година од страна на стручен дијагностички тим од логопед, ортодонт, аудиометрист и специјалист по ОРЛ во учебната 96/97 година на тимско дијагностицирање билке подложни 350 деца од предучилишна возраст. Кај децата е испитуван говорот, слухот, евентуалните ортодонтски аномалии како и присутноста на штетните навики. Проблеми во говорот имало кај 157 деца, со аудиолошки оштетувања 18 деца, со ортодонтски аномалии 44 деца. Податоците се прикажани на следната табела:

               
Заклучок
Поставувањето на логопедската дијагноза како што се гледа од досегашното излагање претставува мошне сложена и одговорна работа која бара голема стручност, професионалност, одговорност и пред с#, тимска работа. Сите наоди кои ќе се добијат при проценувањето на говорното оштетување мораат да се синхронизираат и синтетизираат во својата конечна проценка. Ода саамата ангажираност на стручните лица во дијагностичката процедура и од нивната соработка, многу ќе зависи и рехабилитациониот процес. Сите стручни знаења и квалитети во дијагностичката постапка ќе се обединат со успех во еден целовит пристап на личноста само ако постои добра тимска работа. Без добра соработка изостанува очекуваниот успех.

ЛИТЕРАТУРА

  1. С. Голубовић: Клиничка логопедија I, Дефектолошки факултет, Београд 1997
  2. С. Голубовић: Афазиологија, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд 1990
  3. С. Керамитчиевски: Општа логопедија, Научна книга, Београд 1990
  4. С. Владисављевић: Афазије и развојне дисфазије, Нучна книга, Београд 1987
  5. С. Владисављевић: Дислехија и дисграфија, Завод за у™бенике и наставна средства, Београд 1991
  6. Д Павловић: Неуропсихолошка дијагностика неуробихејвиорална процена
  7. Д. Стефановић: Методологија ране дијагностике и рехабилитације деце ометене у психофизиолошком развоју, Институт за документацију заштите на раду, Ниш
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in