JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 24360
П. ЧАКАРОВА, Д. КОМИСИЈСКА, К. КОСТОВ, Д. СИВРЕВ,
В. ЈОВЧЕВА, Р. ЧАКАРОВ, М. САИД, Р. МАРИНОВ,
М. АЛЕКСИЕВА, Хр. МИЛЧЕВА, Ат. ШИШКОВ, Г. ПЕТКОВ
СКРИНИНГ НА ПСИХИЧКИТЕ НАРУШУВАЊА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ ДЕЦАТА ОД 3-6 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
Вовед
Оформувањето на една совршена личност во однос на физичкиот и психичкиот развиток е сложен процес што зависи од многу фактори.
Нарушувањето во однесувањето на децата е објект на многу проучувања (1, 2, 3, 4, 5). Се соопштува за врска меѓу психичките нарушувања во однесувањето на децата и нивниот пол, социјално-економскиот статус и општата и здравствена култура на нивните родители (6, 7, 8).
Откривањето и принципите за промените во однесувањето има голема важност за спроведувањето на правилната и активна профилакса.
Целта за следното скрининг проучување е да се откријат повторувањата на психичките нарушувања во однесувањето кај децата од предучилишна возраст и да се анализира нивната појава во зависност од влијанието на некои биолошки фактори и социјалната средина каде што живее детето.
Материјал и методи
Објект на проучување се 490 деца на возраст од 3-6 години, од кои 242 се момчиња и 248 девојчиња разделени во 4 старосни групи.
За откривањето на психичките нарушувања во однесувањето кај децата го користевме скрининговиот тест на MC. Guire i N. Richman (9). При неговото пополнување учествуваа и педагози, при што набљудувањето беше најмалку една година.
Во зависност од негативните бодови децата беа поделени во 3 групи:
- Со лесен степен на психички нарушувања во однесувањето - од 12 до 15 бодови;
- Со средно тежок - од 16 до 19 бодови;
- Со тежок - над 20 бодови.
За оценка на развитокот на детето и социјалните услови на неговото одгледување направивме анкетен лист. Тој се пополнуваше од страна на истражувачкиот тим, при што се користеше и информација од здравствениот картон на секое дете.
Резултати и дискусија
Како што се гледа од Таб. 1 и од Графиконот 1 во проучувањето на групата од 490 деца има еднаква застапеност на двата пола.
Старост во години
Врз база на критериумите вградени во користениот од нас Скрининг тест, психички нарушувања во однесувањето откривме кај 28.57% од сите проучувани деца (Таб. 2). Почесто тие се среќаваат кај деца од машкиот пол-83 деца (59.2%) (Графикон 2) и во старосна група од 4-5 годишна возраст и при двата пола.
Старост во години
Степенот на манифестацијата на психичките нарушувања во однесувањето кај различните старосни групи е претставена на Графиконот 3. Најголем е бројот на децата со лесни психички нарушувања - 84 или 60%.
Среднотежок степен на манифестација на психичките нарушувања во однесувањето се открија кај 21 дете (15%) и тежок кај 35 деца (25%).
Старост во години
И тука е потешко засегнат машкиот пол при што најголема е разликата кај 4-годишните деца. За разлика од девојчињата, момчињата се повеќе подложни на негативните влијанија, зашто сите деца се поставени во еднакви услови. Со зголемувањето на возраста, процентот на психичките нарушувања во однесувањето се намалува.
Овој резултат се совпаѓа со резултатите од други автори Borge A. J. H. од Норвешка 1995; Edward C. Melhursh од Англија (1995) (10).
Резултатите од испитувањето на социјалните услови врз појавата на психичките растројства во однесувањето при испитуваните деца се прикажани на Графиконот 4. Децата и тука се поделени во четири старосни групи и класифицирани по пол.
Социјалните услови каде што живеат децата се поделени во 3 категории:
- Релативно добри услови (децата кои се добро материјално осигурани, добра семејна атмосфера и оптимален број на деца во семејството).
- Задоволителни социјални услови (материјално осигурување на семејството не е оптимално, има големи протекции на единственото дете).
- Незадоволителни социјални услови (разведени и разделени родители, лошо материјално осигурување и многу голем број деца).
Старост во години
Најчести психички нарушувања во однесувањето откривме кај децата што живеат при незадоволителни социјални услови, а најмалку кај децата што живеат при релативно добри услови. При направената статистичка обработка се најде слаба корелациона зависност (Р=0.282). Тоа се должи на многу факторната обусловеност на психичките растројства во однесувањето.
Негативното влијание на социјалните услови е позразено кај машкиот пол. Аналогни резултати соопштуваат и Coleman et al. 1977 (1), Jenkins et al. 1978 (2), Cornely et al. 1985 (3), Cohen et al. 1992 (4).
На Графикот 5 е покажано влијанието врз некои биолошки фактори за појавата на психолошките промени. Во категоријата биолошки фактори се вклучени патолошката бременост и раѓањето, како и соматични заболувања со подолго траење и поголеми тешкотии. И тука машкиот пол е повеќе засегнат од женскиот.
Малку парадоксално изгледа малиот број на повредени деца родени од патолошка бременост и раѓање со тешки соматични заболувања.
Можеби причината за тоа се должи на селекцијата што се врши при примањето на децата во детските градинки. Не се пуштаат со такви повреди и се упатуваат во специјализирани детски установи. Примените деца во детските градинки се без информација за физичките и психичките нарушувања и одгледувани се со многу внимание и нега.
Старост во години
Влијанието на условите во кои детето расте до 3 годишна возраст е прикажано на Графикот 6. Тука децата се поделени во две основни групи - во едната група се претставени децата што се растени само во семејство, и во друга група деца што се растени во семејство и во детски установи.
При анализа на податоците за децата од овие две групи се откриваат многу помал број на деца со психички нарушувања во однесувањето во втората група. Овие резултати се блиски до резултатите на Anderson (1987), Phillips et al. 1987 (12), Melhuish et al. 1991 (11) што го истакнуваат значењето на моделите на заемодејствување во детските установи што ги подобруваат социјалните услови и ги намалуваат нарушувањата во однесувањата.
Се смета дека тоа се должи на доброто влијание на оптималните услови што ги овозможуваат детските установи и големата одговорност на персоналот што работи таму.
Заклучок
- Висок е процентот на деца со психички нарушувања во однесувањето во испитуваните старосни и полово диференцирани групи.
- Децата од машки пол се понеотпорни на негативните влијанија.
- Се открива обратна пропорционалност меѓу возраста од една страна и повторувањето и степенот на психичките нарушувања во однесувањето, од друга страна.
- Социјалните услови во кои расте детето се важен фактор за појавата на психичките нарушувања во однесувањето.
- Добро организирана детска установа со соодветни вработени лица помага за намалување на психичките нарушувања во однесувањето.
Резиме
Овозможувањето на оптимален физички развиток на детето е првиот степен на здравствената грижа. Навременото откривање на психичките нарушувања во однесувањето како и причините од кои се предизвикани тие е предуслов за адекватен третман и профилакса.
Објектите на нашта студија се 490 деца од 3-6 годишна возраст. Ние го користевме скрининговиот тест на McCuire J. и N. Nichman.
Најдовме релативно висок процент на психички нарушувања во однесувањето. Тие беа почесто забележани кај помлади деца. За специфичните нарушувања направивме дополнителни студии.
Раното откривање на психичките нарушувања во однесувањето дава можност за навремен третман и враќање во нормалниот психички статус на детето.
Клучни зборови: скрининг, психички нарушувања во однесувањето, деца
ЛИТЕРАТУРА
- Coleman, J., Wolkind., S., and Asley L., Symptoms of behavior and adjustment to school. Journal of Psychology and Psychiatry, 1977, 18: 210-209.
- Jenkins S., Bax M., and Hart H. Behavior problems in preschool children. Journal of Child Psychology and Psychiatry, 1978, 21: 5-7.
- Cornely P. and Bromet E. Prevalence of behavior problems in three-year-old children living near Three Lile Island; A comparative analysis. Journal of Child Psychology and Psychiatry, 1985, 4: 489-498.
- Desai S., Chase-Lansdale P. L. and Michael R.T. Mother? Effects of maternal employment on the intellectual ability of 4-year-old children. Demography, 1989, 26: 545-561.
- Cohen S., Bromet E. Maternal predictors behavioral disturbance in preschool children: a research note. Journal of Child Psychology and Psychiatry, 1992, 33: 941-946.
- Hellbrogge Tr. Und Pechsteim J. Sociale Pediatrie in "Lehrvbuch der Kinder0heilkunde" Herausgegeben von K. Betke, W. Kontzer und Jurgen Schaub-1991
- Hartmann E. Effeects of day care and maternal teaching on child educability. Scandinavian Journal of Psychology, 1991; 32: 325-335.
- Petkov G. Miteva J. Poljata na detskite jasli za pravilnoto razvitie i vospitanie na decata do tri godisna vozrast. Pedijatrija, C, XVI, 1977, 4: 386-392.
- Mc Guire J. Richman N. The prevalence of behavioral problems in three types of preschool group. Journal of Child Psychology and Psychiatry, 1986, 27: 455-472.
- Borge A. I. H. Melhuish E. C. A Longitudinal Study of Childhood Behaviour Problems, Maternal Employment and Day Care a Rural Norwegian Community. International Journal of Behavioral Development, 1995, 18 (1): 23-42.
- Melhuish E. C. Money A. Martin S. and Liod E. Type childcare at 18 months: I. Differences in international experience. Journal of Child Psychology and Psychiatry, 1991, 31: 849-859.
- Phillips D. A. Mc Cartney K. and Scarr. S. Child care and children's social development. Developmental Psychology, 1987, 23: 537-543.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE