Владимир РАДУЛОВ

 

ИНТЕГРИРАНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ФРАНЦИЈА ЗА ДЕЦА СО СПЕЦИФИЧНИ ЕДУКАТИВНИ ПОТРЕБИ

 

Вовед

                Надвор од секое сомневање е фактот што денеска интегрираното образование се претвора во најголемиот предизвик на современата специјална педагогија. Независно од нашите либерални, умерени, или конзервативни сфаќања, не можеме да не се сообразиме со состојбата, бидејќи во светски размери се извршува премин од традиционалните специјални училишта, кон интегрирана едукација.
Ако беше тоа до скоро образовен приоритет главно на Соединетите Држави, сега мнозинството земји, веќе практички го извршуват тој премин придодавајќи им нови функции и отворен карактер на старите специјални училишта како приврзаници на интеграцијата. На фонот на бурниот развој на интегрираната едукација во скандинавските земји и целосното затворање на сите специјални училишта во Италија, логично е да си го зададеме прашањето, како реагира Франција-татковината на специјалната педагогија. Таа земја, особено последните неколку години, решително го изоставуваше традиционализмот и го даде својот достоен позитивен одговор. Сега со сета убедливост можеме да говориме за сопствено место на Франција во училишната интеграција. За да можеме да ја сфатиме суштината на францускиот модел, пред сî, неопходно е да се повикаме на некои општи обработки на францускиот образовен систем.             

Образовна структура
Мошне специфично во структурата на образованието на таа земја е постоењето на таканареченото “Мајчино училиште”-од 2 до 5-годишна возраст, што нема задолжителен карактер и е соодветно на нашите детски градинки. Следува “Елементарно училиште”-од 6 до 11 години, Лицеј од 12 до 15 години со три профили: општообразовен, технички и хуманитарен. Средното образование завршува со колеџ од 15 до 10-годишна возраст со матура. Следниот степен се универзитетите.
Општиот број на колеџите во Франција е 6100, бидејќи во таа група спаѓаат и таканаречените професионални колеџи, во кои учениците можат да бидат примени на 12-13 годишна возраст. Тоа се извршува преку насочување од страна на месната регионална комисија, во која решавачки збор има семејството. Професионалната подготовка во тој тип колеџи е на ниво на лицеј.
Франција воведува задолжителна едукација во 1882 година. Денеска задолжителноста ја опфаќа групата на возраст од 6 до 16 години. 80% од училиштата во таа земја се државни и 20% приватни, Министерството за образование еднакво ги контролира и двата вида. За целосната слика на образованието е важно да се нагласи дека уште од времето на Француската револуција земјата ја зачувува својата административна структура, изразена во постоењето на 23 региони и 100 департмани.
На прв поглед францускиот образовен систем создава впечаток на централизам, но треба да се потцрта дека всушност се реални условите за послободно интерпретирање и Законот за образование. Така на пример, границите на групите на возраст во соодветните образовни степени можат да се поместуваат во некои случаи со една година. Освен тоа, за учителската квалификација можат да се кандидираат и лица без никаква учителска подготовка како: архитекти, инженери, економисти, сликари и други.

Особеностите на специјалното образование
Како и другите развиени земји, така и во Франција терминот “специјална педагогија” е усвоен. Педагозите во таа земја го поддржуваат сфаќањето дека специјалната педагогија всушност е обична едукација, адаптирана кон децата со пречки во психофизичкиот развој. Направен е значаен чекор напред по однос на дефинирањето на основните групи на хендикепираност. Како во повеќето западни земји тие се делат на: физички, сензорни и умствени. За жал кај нас сî уште се користи старата класификација на две основни групи-физички и умствени.
Во своите области специјалната педагогија во таа земја ги забележува разликите од другите земји. Како што е познато и во Франција логопедијата е вклучена во системот на здравствената заштита. Најтипично нешто е една нова за нас група деца во специјалната педагогија, која е различна од групата на деца со невросоматска попреченост во развојот. Станува збор за таканаречените “Болни деца”. Кон таа група припаѓаат следните категории:
а) деца настрадани од различни катастрофи и инциденти;
б) болни од рак;
в) хронично болни.
Структурата на француското специјално образование има своја специфика, што ја одразува силната соработка меѓу Министерството за образование и Министерството за здравствена заштита, кое во минатото применувале заштита врз старите специјални училишта. Ете зошто и денес, сите алки, се поврзани со специјалното образование, се определуваат како медико-педагошки структури.
Тие се наведуваат по следниот редослед:

  1. Медико-педагошки институции до 14-годишна возраст.
  2. Медико-професионални институции до 18-20 годишна возраст и повеќе.
  3. Служби за специјализирана едукација и грижа по домовите.
  4. Врски за заштитниот труд (специјални за претпријатија), вклучително и трудот во обичната работна средина-над 18-20-годишна возраст.

                Од краткиот опис на горната структура се гледа дека никаде во францускиот образовен систем веќе не се говори директно за специјални училишта, не дека не постојат, туку зашто радикално се променети со нови основни функции.
Во моментов француското образование се раководи од Законот, публикуван на 10.07.1989 година, под наслов “За системот на едукација, насочена кон детето”. Тој претставува законска рамка, бидејќи ги регулира сите аспекти на образованието во земјата.
Според тој Закон 100% од француските ученици треба да добијат општо призната квалификација, независно од нивната социјална положба, од семејната средина, од некаква оштетеност или болест. Овој текст сосема јасно го определува рамноправното и полноважно учество на децата со специјални педагошки потреби и на возрасните инвалиди во животот на општеството. Законот предвидува три комплексни оценувања на детето: на 8, на 11 и на 15-годишна возраст, со цел истражување на индивидуалниот развој. Правило е дека при разработката на индивидуалните учебни планови, активно учество треба да земат самите ученици и нивните родители.
Во Франција е институционализирано и учеството на доброволните организации, што создава солидна и активна општествена база на образованието. Во секое училиште се формирани таканаречените “училишни совети”, во кои влегуваат родители, политичари и граѓани со различна професија.



 

Појава на интегрираната едукација
Бидејќи интегрираната едукација во Франција е плод на еден долг и сложен процес, неопходно е да направите краток и историски преглед на основните моменти во развојот на специјалното образование, надвор од неговата класична структура.
Уште во 1903 г. во редовните училишта на земјата се создаваат специјални одделенија за деца со пречки во психофизичкиот развој, што се озаконуваат во 1906 г. под називот “Одделенија за усовршување”. Јасно е дека во тој вид, тие не би можеле да претендираат за современи, створени, педагошки структури. Нов, повратен миг во развојот на социјалното образование во Франција се смета 1958 година, кога сите образовни звања преминуваат од Министерството за здравствена заштита кон Министерството за образование. Во периодот од 1958 до 1970, одделенијата за усовршување постепено започнуваат да се упатуваат кон редовното училиште. Нивната основна цел станува напореден развој на хендикепираните заедно со здравите деца. Специјалните училишта се зачувуваат во својот класичен вид, појавувајќи се истовремено доброволни организации и силни асоцијации на родителите на децата попречени во психофизичкиот развој. Во 1957 г. се донесува “Закон за насочување и ориентација на инвалидите”.
Официјално училишната интеграција во Франција започнува мошне доцна, во споредба со скандинавските земји и особено со Соединетите Американски Држави. Тоа настанува во 1981 г. кога Министерството за образование ги издава првите специјални прописи во таа област. По две години-до 1983 се донесуваат мноштво законски акти. Со “Законот за организирање на инвалидите, интегрирани во обичните претпријатија и заштитениот труд” í се дава силен поттик на професионалната интеграција.
Во 1989 година беше донесен “Закон за ориентација и насочување во системот на образованието”-познат како законот Жуспен. Во истата година основно се преработуваат распоредбите за специјалните училишта, бидејќи тие добиваат нови функции, насочени кон поддршка на интегралната едукација. Тој Закон регламентира и создавање на служби за едукација по домовите на деца со специјални педагошки потреби, за кои се излага тоа.
Од 1991 година во Франција започнува бурен развој на интегрираната едукација. Беа публикувани специјални распоредби за координација меѓу Министерството за образование и други министерства определувајќи го со циркуларно писмо функционирањето на одделенијата за училишна интеграција. Во 1995 година конечно беше регламентирана интегрираната едукација во лицеите, колеџите и техникумите. Во таа година се создаваат и педагошките врски за интеграција. Особено силен развој добива интегрираната едукација во департментот Делом со центар во гр. Клермон-Феран, каде што во 1993 година беше публикувана повелба за интеграција на инвалидите, за која ќе стане збор подолу.

Францускиот модел
За разлика од САД, Франција не предлага голема разнообразност од модели за интегрирана едукација, но натрупаното досега искуство, дава достатно основа да се говори за специфичен француски модел. Најопшто, анализата на француското искуство може да се изврши во 4 главни области:

  • Организација и администрирање на интегрираната едукација;
  • Структурата на училишната интеграција;
  • Потпомагање и грижи за различни групи деца;
  • Општествена поддршка на интегрираната едукација.

                Мошне типично за организацијата и администрирањето на интегративната едукација е назначениот во секој случај департмент постојан специјален инспектор за адаптација и интеграција на деца за специјални педагошки потреби кој целосно ја координира училишната интеграција. Службите за интегрирана едукација во Франција се изразуваат во создавање на центри за интеграција, што ја покриваат целата интеграција на земјата и непосредно ја раководат и ја опслужуваат интеграцијата на местно ниво. Тие центри можат да бидат сместени во редовните училишта или во специјалните. Тие се финансираат од Министерството за социјална заштита, што дава средства за нагледни помагала и материјални на интегрираните ученици и го плаќа бензинот за ресурсните учители што патуват. Центрите го едуцират раководството на вториот вид служби-специјалните одделенија за интеграција, кои задолжително функционираат во сите видови и степени на редовните училишта.
Тие одделенија се диференцирани врз основа на групите деца со различна попреченост во психофизичкиот развој, работејќи во нив професионалци во соодветните области на специјалната педагогија. Како во многу западни земји, така и во Франција училишната едукација изведува претпладне и попладне. Тоа им дава возможност на хендикепираните ученици првите неколку часови или половината од учебниот дел да поминуваат во специјалното одделение, а за другите учебни часови да бидат интегрирани во редовните паралелки на истото училиште. Во едно посебно одделение можат да се примат максимум до осум ученици.
Јасно е дека за разлика од некои неуспешни искуства во Бугарија, тие специјални одделенија се отворени училишни структури, што ја комбинираат специјалната подготовка со интегрираната едукација. Програмата во тие класови го става акцентот главно врз едукацијата според специјалните програми, кои редовното училиште не може да го предложи. На пример, ако имаат децата потреба од типично описменување како освојувањето на браиловото писмо за оние што не гледаат, тоа се извршува во специјалното одделение. Тука се усвојува и искористувањето на некои специјални технички средства. Тие одделенија ја потпомагаат наставата и по општообразовните дисциплини. Распрснувањето на учениците од редовното одделение во останатиот дел од денот не значи дека сите тие ги изучуваат сите дисциплини во редовното одделение. На тој начин се осигурува возможноста за сообразување со програмските разлики при едукацијата на некои категории хендикепирани деца.
Во последните години распространетиот модел на “Интегрираното одделение”, опишано од Рут (1991) во Бугарија од Радулов (1997), наоѓа примена и во Франција. Како што е познато, тој предвидува мала група деца со попреченост во менталниот развој заедно со својот учител да се присоедини кон редовното одделение, кога за време на лекцијата независно од програмските разлики и двајцата ученици треба да планират заеднички дејности за ефективна комуникација меѓу двете групи деца.
Веќе одбележавме дека една од особеностите на интегративната настава во Франција е опслужувањто на мошне различни групи деца со специјални потреби. Во тој поглед е натрупано богато искуство и во специјалните одделенија за таканаречените “Болни деца”.
Кон формираните специјални одделенија за хендикепирани децата се насочуваат од психијатриските клиники. Тука се примаат аутистични деца и деца со неврози. Во тие одделенија учениците можат да останат до две години. Природно, не може секој од нив да се интегрира во редовното училиште. До пладне учениците престојуваат во специјалното одделение, а попладне во специјалните медицински центри, каде што добиваат дополнителна терапевтска помош и ако е неопходна едукација по логопедија. Едукацијата во специјалното одделение се фокусира врз корекцијата на поведението, јазичниот развој и формирањето на поими. Секој понеделник или друг ден од седмицата, учителите од тие одделенија и специјалистите од медицинските центри се среќаваат за да ги дискутираат индивидуалните проблеми на секое дете.
Други врски во тие структури се одделенијата за афазици организирани врз истите принципи, како сите специјални одделенија за интеграција во Франција. Едукацијата во тој тип одделенија го стават акцентот врз јазичниот развој и овладувањето на читањето, како и комуницирањето со мимико-гестовиот говор, ако е тоа неопходно. Попладне некои од тие деца се интегрираат во редовното одделение, а други одат во медицинските центри.
Во Франција беа превземени решавачки чекори за интегрирање во редовното училиште и на децата со карактерепатии и антиопштествени постапки.
Во тие посебни училишта се примаат деца од 6 до 16-годишна возраст, што се распоредуваат во одделни групи за момчиња и девојчиња со големина до 11 лица. Првиот дел од денот децата го поминуваат во специјалното училиште, каде што се едуцираат од специјални педагози. Тие училишта се финансираат од Министерството за социјална заштита, но платите за специјалистите се добиваат од Министерството за образование. Педагозите се водат на работното место во специјалното училиште, а практично тие се поставени во редовните училишта за да ја остварат интеграцијата на таа категорија деца.
Попладне хендикепираните не само што се вклучуваат во заедничката едукација со другите деца од редовното одделение, туку учествуваат во општите дејности како различните клубови, издавање на училишни весници и друго. Широко внимание и се посветува и на работата со родителите на тие деца. Според мислењето на француските стручњаци, успешната работа со таа група многу зависи од добрата координација на 4 министерства: за здравствена заштита, за образование, за социјална заштита и министерството за правосудство.
Кога расправаме за улогата на центрите за интеграција и на специјалните одделенија, во никој случај не треба да оставаме впечаток дека индивидуалната интеграција не се користи со широка популарност. Преку тој модел се интегрирани еден значителен дел на деца со оштетен вид. Многумина од интегрираните ученици во таа земја никогаш не посетувале специјални училишта.
Како што споменавме, неодамна специјалните училишта во Франција претрпеа промени, изразени во прифаќањето на нови функции, поврзани со интегрираната едукација. Денес тие се преименувани во “Центри за помагање и за специјална едукација”. Подготовката на децата во нив се комбинира со рехабилитацијата на возрасни инвалиди со истите оштетувања што го пополнува слободниот капацитет и материјалната база, ослободена поради интегрирањето на голем дел од учениците.
Мнозинството од нив, што ги користат интернатите, се интегрирани преку денот во редовното училиште. Така на пример, бившото училиште за слепи во гр. Клермон-Феран, што го посетив, ги прима оние што учат на возраст од 5 до 50 години. Децата со оштетен вид тука добиваат подготовка само по специјалните програми, а другото време го поминуваат во редовното училиште. За момчињата и возрасните луѓе е организирана различна професионална подготовка, според техничките можности и желби. Тука се организираат курсеви за компјутерска подготовка во специјално екипиран центар со 40 работни места, Брајл, со зголемени печатни букви и синтетички говор. Нема сомневање дека француските специјални училишта се еден добар пример за обновување на специјалното образование.
Подготовката на специјалните учители во земјата исто така е свртена кон интегрираната едукација. При француските универзитети се создадени специјални “Секции за адаптација и училишна интеграција на децата со специјални педагошки потреби”. Нивната основна цел е да ја подготват иднината на учителите-стручњаци за опслужување на интеграцијата.
Основниот базичен модул на подготовката на таа група стручњаци ги вклучува општите проблеми на училишната адаптација и интеграција, по што студентите можат да се разделуваат на профили според одделните области на специјалната педагогија. Целта на современите учители е да ја сфатат интеграционата едукација како основен начин за едукација на децата со специјални педагошки потреби. Подготовката завршува со 5-седмична државна практика во редовните училишта, за да се запознаат со интеграциона едукација.

Општествена поддршка на интеграцијата

                Еден од најважните аспекти на францускиот модел за интегрирана едукација не е на последното место неговата општествена поддршка. Освен споменатите училишни совети, за интегрираната едукација непосредно се грижат мноштво доброволни општествени организации. Тука ќе посочиме две од најпознатите.
Асоцијацијата “Питомци на општественото образование” (РЕП) има свои клонови на целата земја, развивајќи ја својата дејност во 4 главни насоки:

  • Солидарност. Тука нејзината дејност е поврзана со купувањето на неопходните средства, апарати и материјали за едукацијата на децата со специјални потреби. На тој начин, на интегрираната едукација и се осигурува голема материјална поддршка.
  • Одмор. Во двата центри на асоцијацијата се примаат за одмор годишно по 230 деца со различни оштетувања.
  • Поддршка на интегрираната едукација. Специјалната формулација на таа важна насока од дејноста на организацијата се извршува во големото помагање на посебните одделенија во редовните училишта.

Медикосоцијална помош.
Асоцијацијата има центар за болни деца и дополнителна служба кон него, што осигурува едукација дома на оние болни што лежат по 6 часови седмично. Таа служба се нарекува “Патувачко училиште”.
Годишниот буџет на таа организација изнесува 26 милиони франци, како дополнителни постапки доаѓаат од Министерството за социјална заштита.
Друга слична организација е социјално-економскиот совет. Тој се ангажира со интеграцијата на инвалидите-деца и возрасни во поширок план. Се занимава со подобрувањто на околната средина за нив, го помага отворањето на специјалните претпријатија за инвалиди и помага за целосната интеграција на тие луѓе.
Сериозна поддршка за професионалната интеграција на млади и возрасни инвалиди може да се открие во гореспоменатата “Положба за интеграција на инвалидите” на департментот на Дедом. Во неа се повикува да се поттикнат усилбите за организирање на тие луѓе во обична работна средина. Во услови на заштитената работа (се има предвид работата во специјалните претпријатија) треба да бидат создадени сите услови за зголемување на квалификацијата и образованието. “Во претпријатијата за заштитен труд треба да се поттикнува преминувањето кон обичната работна средина со здрави луѓе, кога ќе биде тоа возможно”. Во документот се потцртува дека зоните за живеење, општествените места и социјалните дејности, треба да бидат достапни за сите. Во прилагодувањето на околната средина треба да се вклучат самите инвалиди и нивните организации.
Тоа е добра основа за размислување на нашите организации за инвалидите. По поднесените од страна на Сојузот на слепите на Бугарија 10 барања кон градителите на Софиското метро во 1988 година никој не се сети да проконтролира што е направено во таа област. Претстои изградба на нов аеродром во Софија и реконструкција на градскиот центар, што налага активен однос на оние што се поврзани со судбината на инвалидите.
Во Повелбата за интеграција на инвалидите се визираат различни хуманитарни и правни аспекти на интеграцијата. Повикувајќи се на “Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот” од 1789 година и на францускиот парламент од 1968 година во Повелбата се вели: “Интеграцијта на луѓето со пречки во психофизичкиот развој има потреба од решавачко и јасно примање на одговорност од страна на управувачите, различните општествени организации и субјектите на социјалниот живот на општеството”. Во документот се потцртува дека на детето и на неговото семејство треба да им биде дадена материјална, социјална, психолошка и педагошка помош, уште во најраниот стадиум, за да бидат олеснети и да се избегнат можните секундарни ефекти и доколку е можно да се ограничат и компензираат сите вознемирувања што произлегуваат во функциите.
Во заклучокот треба да истакнеме дека интегрираната едукација во Франција за децата попречени во психофиичкиот развој претставува еден современо изграден систем за сестрано помагање, основан врз единството меѓу семејството, училиштето и општетвото. Не може да е каже дека францускиот модел или кој и да било друг модел е најдобриот во светската практика. По принцип нема најдобар модел, но има еден што е најдобар за конкретно дете.

Заклучоци
Врз основа на сето изложено дотука, можат да се направат следните заклучоци, што го засегаат специјалното образование и училишната интеграција во Бугарија:

  1. Независно од навлегувањето на интегрираната едукација, специјалните училишта ќе го зачуваат своето постоење, но при услови што ќе се променат основно, примајќи нови функции, поврзани со поддршката на интеграцијата, пошироко клинички и рехабилитациони програми, едукација на деца со мноштво оштетувања. Во спротивен случај тие училишта ќе се самозатворат, бидејќи никој нема да има потреба од нив во нивниот стар вид.
  2. Вистинско интегрирана едукација во Бугарија постои, засега, само за деца со оштетен вид-експериментално од 1984, навистина по неколку години подоцна. Крајно време е интеграцијата да ги опфати и другите области на специјалната педагогија. Вистина е дека има многу тешкотии, но сепак некогаш треба да се почне.
  3. Освен постојните ресурсни служби за интегрирана едукација во двете училишта за деца со оштетен вид во Софија и во Варна, со цел нарастувачките потреби и желбите на родителите, треба да се создадат такви структури и кај регионалните инспектори, за да може да се создаде мрежа од служби во близина и до други големи населени места. Кај идниот развој на интегрираната едукација, тие служби ќе бидат диференцирани за сите групи деца со специјални потреби. Оптимистички е дека тој наш предлог е зафрлен во плановите на МОНТ.
  4. Искористувајќи го францускиот модел кај нас без особени тешкотии можат да се откријат специјални одделенија за интеграција на деца попречени во психофизичкиот развој.
  5. Целесообразно е во групата на деца со невросоматични заболувања да се вклучат и болните деца според француските дефиниции, за да бидат опфатени од специјални педагошки грижи.
  6. Како за образование, така и законот за “Заштита, рехабилитација и социјална интеграција на инвалидите” создаваат солидна основа за развој на интегралната едукација кај нас. Веќе двајцата министри даваат позитивна резолуција на претставените од авторот извештаи во таа област, што означува дека МОНТ има правилно политика кон новите промени во областа на специјалното образование. За да не се дозволат грешки и избрзани решенија, особено е важно да се оствари добра координација меѓу МОНТ, катедрите по специјална педагогија при универзитетите и доброволните организации поврзани со едукацијата на децата со специфични едукативни потреби. Ако навистина сме се насочиле кон Европа, па и специјалното образование треба да го преодолее својот оставен, затворен и конзервативен карактер.

ЛИТЕРАТУРА

  1. Радулов В., Интегрираното образование во специјалните училишта, издателство “Аксиос”, Шумен, 1995.
  2. Радулов В., Децата со специфичните педагошки потреби во училиштето и општеството, рекламна-типографска куќа “ДАРС”, 1996.
  3. Charte pour ITintegration des personnes handicpees, Clermont-Ferrand, PUY-DE-DOME, Janvier 1993.
  4. L`Integration scolaire et le systeme educatif francais, Inspection de I`Education Nationale, Adaptation et Integration Scolaires (Puy-de-Dome), Stage ARION 1997, Socrates, Clermont-Ferrand, 12-17 mai.
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in