Бојка ТАТАРЕВА, Олијана КРСТЕВА

 

МЕСТОТО НА НА ГЕСТОВНИОТ ЈАЗИК НА СИСТЕМОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ГЛУВИТЕ ДЕЦА ВО ДАНСКА, САД И ВО ШВЕДСКА

(СОВРЕМЕНИ ПОГЛЕДИ)
                                

Според Г. Л. Зајцева и Н. Ф. Слезина мимикогестовиот јазик (МГЈ) се појавува како еден вид на компензација на говорниот недостаток, како средство што овозможува елементарна комуникација. Детето со длабоко оштетен слух го совладува говорот само во услови на социјална едукација и воспитување, а принудено  да користи гест придружен со изразна мимика (“Психологий глухих детеи‘, Москва, 1971 под редакцие‘ - И. М. Соловева, Ж. И. Шиф, Н. В. Јашиково‘, Т. В. Розановој, страна 240).
Charl de I'Epee го дефинирал гестовиот јазик како “природна основа”, по која е возможен развојот на познавачката дејност на глувиот и неговото мислење.
За изразување на определени односи во МГЈ се користат не само општо примените гестови, што се редат еден по друг во времето, но има и начин за едновремено користење на гестовите, како резулат на што се појавуваат определени гестовни структури. Разговорниот знаков јазик во САД е ALS (American Sing Language) и ја одредува граматичката структура на англискиот јазик. Секој знак во ALS е едноставен по родовата комбинација од неколку различни аспекти на видното восприемно дејство, кое само по себе не означува ништо.
Stokoe (1980) определува три структурни елемнти на гестовите: местото каде што се користи гестот (до телото или околу него), конфигурацијата (со една или со две раце),  движењето (или промената на конфигурацијата на раката).
Конфигурацијата со помош на гест кај глувите е полуфункционална. Јасно се одделуваат две класи комуникативни функции. Секоја од нив опслужува одделна разновидност на гестовен говор. Рачниот гестовен јазик се усвојува одделно во процесот на комуникацијата-пред сî, во семејството со глуви родители се користи атмосферата на принудно комунцирање и се одликува со лексика, граматика и друго.
Втората форма-калкирачкиот гестовен јазик се создава како втор знаковен систем во процесот на совладувањето на говорот што преставува самиот пред себе некаква “КАЛКА” од усно искажување и се користи првенствено во официјален стил.
Кога ќе тргне глувото дете во училиште, тоа е подложено на систематска засилена обука во говорниот јазик, но неговиот знаковен (гестовен) јазичен систем исто така продолжува да се развива. Глувите ученици, не е тајна, разговараат помеѓу себе  пред се со помош на гестови. Во тој процес на мануелна комуникација, гестовите се уточнуваат, зајакнуваат, стануваат општо примени во микросоциумот. Под влијание на поголемите ученици и поради ширењето на социјалните контакти, гестовниот јазик на децата се повеќе заличува на "нормалниот" знаковен јазик, т.е. на распространетиот меѓу писмените возрасни глуви.
Според  Ж.И. Шиф и Т.В. Розанова општо значење на гестот кај глувите покажува дека знаковниот јазик е едно од срествата за мислење за глувиот ученик. Истражувајки ги способностите на паметта кај глувите ученици, Т.В. Розанова дошла до сознание дека помнењето на гестовите се остварува поуспешно од сите глуви на возраст од 10-16 години, отколку помнењето на зборови. Изгледа кај глувите деца, врските меѓу гестовните знаци се потесни, отколку меѓу зборовите.
Прашањето за улогата на гесовниот јазик во педагошкиот процес се решава врз база на различните методолошки погледи и цели на едукацијата.
Многу прашања по однос на развојот и функционирањето на гестовниот јазик  на глувите се уште не се проучени. Објект на многу истражувања е структурата на знаковно-јазичните системи, изразните можности, заедничкиот однос меѓу таа јазична форма и мислењето на глувите во различни етапи на развојот. Сето тоа дава можност за подлабоко разбирање на општите закони за развој на психологијата на глувите и на нивното поусовршено обучување.

 

 

Данска-Гестомимичниот јазик како прв јазик во училиштето.
На конгресот на Светската федерација на глувите во Јапонија 1991 Кристен Елмер поднесе извештај, во кој по краток историски увод за создавање на училиштата за глувите во Данска, укажува на разликите меѓу редовните и специјалните училишта.
Разработена е програма за настава на гестомимичниот јазик, што гласи: “Целта на програмата е да го зголеми разбирањето на учениците и да се развиваат нивните способности. Со помош на МГЈ  на наставата учениците ќе се здобијат со запознавања за способностите и разновидноста на МГЈ и на неговото значење во животот и дејноста на глувите”.
Во извештајот се одбележува како голем напредок во детскиот образовен систем воведувањето на гореспоменатата програма. Два пати неделно настава на МГЈ, така што програмата е разделена на три курса:
Првиот курс ја опфаќа детската градинка, прво и второ одделение.
Вториот курс-трето, четврто пето и шесто одделение.
Третиот курс-седмо, осмо, девето и десетто одделение.
Во сите нивоа присуствуваат три основни елементи од програмата-јазичен, комуникативен и културен.
Во тек е создавањето на центар по МГЈ, зборник и видеотека, спроведување на нов курс по МГЈ за учители, создавање на кабинети за настава по МГЈ со специјална техника и јазична лабараторија за ученици и учители.

 

САД-Гестомимичниот јазик е основен во обучување на глувите.  
Во САД гестовниот јазик е донесен од  Франција во почетокот на 19 век. Во 1815 година група учители од Хардфорт, покажуваат интерес кон можностите за оптимална ефикасност во обучувањето на глувите ученици. Еден од нив д-р Мејсон Когсвел, бил особено заинтересиран затоа што неговата ќерка била глува. Таа била обучувана од свештеникот д-р Томас Хопкинс Галаудет.
Иницијаторите за создавање на првото постојано училиште за глуви д-р Галаудет и неговите истомисленици решаваат да ја реализираат својата идеја со создавање на колеџ за глуви. Таа идеја била остварена од синот на д-р Галаудет-Едвард Мајнер Галаудет. Тој колеџ, прв и единствен во светот е во Вашингтон. Во него се предавало предимно со користење на дактилната азбука, но постепено предавачите со нормален слух и глувите воведуваат билингвистично обучување.
Во извештајот на Рос Стаклес од Техничкиот универзитет и Дојн Хикс од Галаудет Јуниверси-”Насоки во обуката на глувите на меѓународно ниво”, подвлекува дека билингвистичното обучување во општи црти означува “прифаќање на месниот МГЈ за основен јазик на обука, а учењето на националниот говорен и писмен јазик за втор”. Освен тоа тие го воведуваат терминот mainsteaming-интегрирано обучување. Тој начин на обучување се применува во многу земји, најмногу во САД, каде што 80% од глувите ученици се насочени кон редовните училишта.

 

Шведска-Местото на гестовниот јазик во едукацијата на глувите деца.
Во почетокот на овој век методот на обука бил пред сî орален, но во 50-те години преминува во строго слушно-орален со индивидуално обучување во говор и слушање. Се мисли дека сите глуви деца можат да се научат да зборуваат. Целта е тие да се научат да зборуваат  и да “читат” од усни, така што им се дава можност да спроведуваат разговори како со глуви така и со лица со нормален слух. Резултатите покажуваат дека многу малку од децата го достигнуваат тоа ниво.
Кон крајот на 60-те години е направена проценка на јазичниот развој на глувите деца во Шведска што покажува дека кај нив има големо заостанување во споредба со децата со нормален слух на истата возраст. Освен тоа говорот на глувите деца останува неразбирлив за непросветените. Тој факт предизвикал дискусии во однос на методите на обучување.
Во 1983 година шведските училишта за глуви се двојазични. Во нив шведскиот гестовен јазик е примен за наставен јазик, а шведскиот национален јазик се користи во писмена форма. Обучувањето во говорот е прилагодено кон индивидуалните можности на секое дете. Се изведува во специјални говорни клиники и трае по 40 мин. неделно. За време на секојдневните лекции не се спроведува говорна обука. А целта на обуката во говор е децата да можат да искажуваат основни желби или потреби, а не толку да комуницираат.
Меѓународната конференција по билингвистична обука на глувите деца-Москва, Април 1996 година ја заврши својата работа со следнава теза:
“........... сметаме дека користењето на гестовниот јазик во обуката на глувите деца е позитивен момент. Со гестовниот јазик обуката може да стане поефективна и подостапна за децата”.

ЛИТЕРАТУРА

  1. “Психологий глухих детеи”, под ред. И. М. Соловева, Ж. И. Шиф, Н. В. Јашково‘, Т. В. Розановои, М., 1971.
  2. Profound deafines and speech communication, Edited by G. Plant and K. E. Spens, London, U.K., 1995.
  3. Sign Language, J. G. Kyle and B. Woll, Cambridge University Press, 1994.

         

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in