JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 1163
ДИЈАГНОСТИКА И ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОСПИТАНИЕ
НА ДЕЦАТА СО ПСИХОФИЗИЧКИ НЕДОСТАТОЦИ
Основа на секој законски акт, на дефектолошко, педагошко, социолошко
и секакво друго мислење е децата со психофизички недостатоци да се
ставаат на исто рамниште како дугите деца.
Тие не се виновни за својот хендикеп.
Здравите и моќните својата великодушност и величина ја потврдуваат со
тоа што се во можност да го менуваат светот, но само кон подобро, тоа е
нивно оправдување за тоа што се “величини”.
На хендикепирани деца треба да им се овозможи да играат и да се
згрижуваат во градинките со своите другарчиња, а нивните родители да се
ослободат од грижата дака имаат болно дете.
При приемот во градинката родителите не можат да достават “медицинска
потврда” дека детето е здраво и затоа не може да се прими во градинка
со другите деца.
Лекарите на мајката не можат да и даваат боледување до бесконечност,
таа мора да оди на работа, па така е судрена со проблемот да нема кој
да се грижи за нејзиното дете.
Проблемите се надоврзуваат како на синџир, а сî е решливо ако сите
компетентни лица за овој проблем ја вршат работата професионално и
хумано. Односот кон децата попречени во развојот и нивните родители
треба да е реален, хуман, но не претерано заштитнички што се одразува
негативно врз развојот на детето.
Честопати манипулираме со изразот “социјализација” на овие деца. Од
досегашното дефектолошко искуство од 15 години би рекле дека треба да
се акцентира потребта од “социјализација на средината и луѓето околу
хендикепираните деца”.
За да живеат луѓето во добро општество, во добра психичка, физичка и
социјална благосостојба да живеат здраво, кратко кажано, важна е
материјалната основа на една држава, но пресудна е хуманоста и
прогресивноста на луѓето во неа.
За работата на хендикипираните лица би нагласила дека треба во
едукацијата и рехабилитацијата на овие деца директно да работат лица
образовани и остручени за оваа работа-дефектолози.
Ова го велам од аспект што практиката покажува дека многу наставници и
педагози го наоѓаат своето вработување во овие установи, а во подобра
прилика се вработуваат веднаш во друга установа, а за вистинското
вработување подоцна не зборуваат со драго срце.
Со еден збор оние кои првично се определиле за оваа професија ги
научиле и методите за работа со овие деца и се определиле да се дружат
и живеат со нив.
За поздравување е идејата на Министерството за образование- кадрите што
работат во овие установи, а немаат соодветно дефектолошко образование
тоа да го надополнат со едногодишни студии за Дефектологија во Скопје.
Од друга страна дефектолозите не смеат да бидат инкапсулирани во
својата работа и своето работно место, односно нивна секојдневна задача
би била редовна соработка со училишниот педагог, психолог, логопед и
други со цел за осовременување и хуманизација на наставата.
Ова е неопходна потреба за да се унапреди дефектолошката практика и
рехабилитација како и едукацијата на децата попречени во развојот да се
осовремени и да се следат сите позитивни промени во општеството.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE