JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 6631
М. ГОЛУБОВИЌ-АРСОВСКА, В. НИКОЛОВСКА,
Т. ЈОСИФОВА, К. БУЖАРОВСКА, Д. СТАВРИЌ
ВОСПАЛИТЕЛНИТЕ ЗАБОЛУВАЊА НА СРЕДНАТА ОЧНА ОБВИВКА
КАЈ ДЕЦАТА И НИВНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ
Воспалителните процеси на средната очна обвивка, увеитисите, заземаат значително место во очната патологија.
Според Vadot E. 1984, годишната инциденца, односно појава на нови случаи на заболувањето изнесува 8,2% за предните и 3 за задните увеити на 100.000 жители. Податоците корелираат со податоците на Opremcak M. 1995. Спрема Smith R. 1983, застапеноста на увеитите во детската возраст до 15 години, секаде изнесува од 1-10% од сите воспаленија на увеата.
Карактерот на заболувањето што е често хроничен и рецидивантен, неефикасноста на терапеутскиот пристап, односно на појавата на рефрактерност последично доведува до анатомски и функционални нарушувања на органот на видот. Социо-медицинскиот интерес за оваа проблематика е нагласен и од фактот дека увеитисите главно се заболувања на помлади, работно способни луге и на деца и може да биде причина за значително намалување на видната функција. Кај особено тешките форми на увеит слепилото достигнува 10%, додека инвалидност 30% (Зајцева N. Kacnelson L. 1984). Според соопштението на American Nacional Advisory Eye Council 1983 околу 10% од вкупното слепило во САД е резултат на компликации од увеитисите.
Во детската возраст слепило како последица на увеитот достигнува до 25% (Гејмос, Ковалевскиј 1978).
Воспалението на средната очна обвивка се манифестира со карактеристична клиничка слика. Кај предните увеити тоа се силна болка во пределот на окото и околината, изразена инјекција на окото-синдром на црвено око, ексудација во предната комора. Но, предниот увеит може да се јави и со подмолен, тивок тек без изразени знаци на инфламација, наод кој токму е чест кај деца заради што се потребни редовни контролни офталмолошки прегледи за ризичната група. Обично главната манифестација на интермедиарните и задните увеити се појава на летечки мушички, крпици, заматувања во стаклестото тело придружено со намалување на видната острина.
Предните и задните увеити дефинитивно се засебни ентитети (Forrester J. 1990).
На табелата 1 е дадена класификација на увеитисите врз база на анатомските критериуми, предложена во 1987 од Интернационалната Студиска Група за Увеитис за евалуација на интраокуларните инфламоторни заболувања.
Комплексноста на проблемот на увеитисите произлегува од голем број на етиопатогенетски фактори и вплетеноста на многубројните системски механизми. Opremcak M. во 1995, според етиопатогенетските фактори, окуларните инфламации ги сврстува во четири групи:
- асоцирани со траума;
- асоцирани со инфективни заболувања;
- асоцирани со имунолошки заболувања;
- асоцирани со таканаречени “masquerade syndrom“.
Мегутоа без оглед на почетниот етиолошки фактор, во развојот и исходот на инфламацијата значајна улога имаат надоврзаните имунолошки механизми (Forrester J. 1990).
И покрај многубројните етиопатогенетски фактори, за детската возраст постојат специфични ентитети на кои би требало да се обрне внимание.Таб. 2.
Хроничниот и рецидивантен тек на заболувањето консекутивно доведува до оштетување на окото, намалување на видната функција, па дури и слепило, поради компликациите на болеста. Овие тешко се решаваат, па дури и покрај софистицираната оперативна техника исходот е често неповолен. Тука спаѓаат дегенеративните промени на рожницата, појава на секундарен глауком од создадените предни и задни синехии или пак неоваскуларизацијата, атрофичните промени на увеата, појавата на комплицирана катаракта, мембранозните промени, неоваскуларизацијата и крвавење во стаклестото тело, цистоидниот едем во макула лутеата, ексудативната или траклциона аблација, атрофијата на ретината и од оптичкиот нерв или дури фтиза на булбусот.
Цел на трудот е на клиничкиот материјал во период од 5 години да направи евалуација на застапеноста на увеитите кај децата до 15 години возраст во однос на другата патологија, да утврди етиопатогенетскиот механизам и саеквелите од заболувањето на самиот орган и на видната функција.
Материјал и метод
Обработена е група од 45 пациенти со воспаление на увеалниот тракт лечени во периодот 1991-1996 год. Кај сите пациенти е направена биомикроскопија, офталмоскопија, ехографија, каде што било можно тонометрија и е определувана видната острина. Покрај офталмолошката егзаминација се направени потребните лабораториски анализи и консултативни педијатриски прегледи.
Анализа на материјалот
Егзаминирани се 45 пациенти, што изнесува 0,5% од вкупно хоспитализирани во тој период, односно % од увеални болни.
36 пациенти од 45 се од машки, а 9 од женски пол. На табелата 3 е дадена поделба на ендогени и егзогени увеити, каде што е траумата егзогениот фактор кај 10 случаји додека кај еден пациент се работи за комбустиа. На табелата е дадена и застапеноста на половите кај двета групи. Преовладуваат ендогените увеити.
На табелата 4 е дадена анатомската поделба на увеитот во корелација со возраста и просечната возраст. Најзастапени се предните и интермедијалните увеити.
На табелата 5 е дадена формата на увеитот во корелација со етиопатогенетски фактор. Херпесот е најчеста причина за кератоувеитите. Кај предните увеити преовладуваат фокалозите. Интермедијарните се најчесто идиопатски, додека кај задните преовладува токсоплазмоза.
На табелата 6 се дадени поединечно формите на увеитот и видната функција кај секој пациент. Подвлечените пациенти се со наведените компликации .
Заклучок
Комплексноста на проблемот на увеитисите од дијагностички и терапевтски аспект и можните дилеми, големиот социо-медицински интерес индицира мултидисциплинарен пристап. Особено е важна соработка помегу офталмологот, педијатарот, клиничката лабораторија и другите медицински гранки. За да се спречат секвелите од заболувањето и визуелниот хендикеп е потребно терапевтскиот пристап да биде специфичен за секој случај.
ЛИТЕРАТУРА
1. |
Станојевић-Паовић А. :Увеитиси-атофизиологија и терапија Медицински факултет универзитета, Београд 1992. |
2. |
Smith, R.E.:Uveitis : a clinical approach to diagnosis and management, William & Wilkins, 1983. |
3. |
Kanski J.:Screening for uveitis in juvenile chronic arthritis, Br.J. Ophthal.1989;73:225-228 |
4. |
Opremcak E.M.: A Clinical manuel for ocular inflammation, Springer Verlag 1995 |
5. |
Зајцева Н.С.,Kacnelson L.A.: Увеитиси, Медицина, Москва , 1984. |
6. |
Forrester J.V.: Endogenous posterior uveitis, Br.J.Ophthal.1990;74:620-623. |
7. |
Zierhut M.:Uveitis, W.Kohlhammer GmbH , 1994. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE