JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 4629
C.M. van RIJSWIJK
( краток преглед 1 )
Вовед
Холандија е мала држава со 15 милиони жители. Таа има развиен и сложен систем на специјални училишта, кој во себе опфаќа повеќе од 1.000 училишта и повеќе од 110.000 ученици. Овој краток преглед содржи три аспекта на холандското специјално образование:
- почеток и развој на специјалното образование;
- поделба на специјалното образование на 15 типови на училишта и
- иднината на специјалното образование.
Почеток
Историјата на специјалното образование во Холандија започна во 1790 година, кога пасторот Гиот ја отвора првата установа за глуви. По дваесет години во Амстердам се отвора установа за слепи. Скоро половина век по тоа во специјалното образование ништо не се случувало. Единствено во 1855 година по иницијативата на пасторот Van Koetsveld беше отворено во Хаг првото училиште за ментално ретардирани деца. Во наредните години во другите градови се отвораат педагошки служби за ментално ретардираните деца. Бројот на тие служби во 19 век сепак останува скромен. Во почетокот на овој век помалку од 100 ментално ретардирани деца ги посетуваат специјалните училишта.
Задолжително школување
Во 1901 година во Холандија стапи во сила Законот за задолжително школување. Сите родители беа задолжени да ги праќаат своите деца во училиште. Ова послужи како поттик за развојот на специјалното образование. Законот за задолжително образование го доведе редовното образование пред фактот на опстојување на група деца кои дотогаш не ги посетувале училиштата. Ова доведе до проширување на педагошките служби за деца со пречки во развојот.
Законот од 1920 година
Во 1920 година во Холандија беше донесен Закон кој го регулираше основното образование. Овој Закон го регулираше формирањето и финансирањето на специјалните училишта. Пред сî, ова се однесуваше на обучувањето на глувите, наглувите, слепите и на ментално ретардираните деца. Во 1931 година во Законот беа вклучени правилата за формирање и финансирање на училишта за децата со телесни недостатици и со сериозни проблеми во воспитувањето.
Нарушување на процесот на диференцијација
Втората светска војна го наруши процесот на развивање на диференцијацијата во специјаното образование. Постоеше категорија на деца што се обучуваа во редовните училишта, за кои немаше место во специјалното образование: деца што не се наполно неспособни, но имаат проблеми во учењето и деца што имаат проблеми во воспитанието.
Амандманот од 1949 година
Во 1949 година, Владата отвори училишта за децата со проблеми во учењето и воспитувањето. Истовремено беа донесени законодавни мерки за финансирањето на специјалните училишта за децата болни од епилепсија и за училиштата при педагошките институти (центри, поврзани со универзитетите).
Амандманот од 1949 година имаше двојно влијание врз проширувањето на специјалното образование:
- зголемување на бројот на видовите на специјално образование и
- зголемување на бројот на учениците кои ги посетуваат специјалните училишта.
Во 1928 година специјалните училишта ги посетуваа 8.000 деца. Во 1948 година тие беа веќе 24.000: за дваесет година бројката се зголеми за 16.000 деца. Во следните дваесет години бројката се зголеми за 46.000 деца: од 24.000 во 1948 година до 70.000 во 1968 година. Голем дел од овој пораст се однесува на училиштата на децата со проблеми во учењето и воспитувањето (околу 30%).
Промена на мислењето за специјалното образование
Во текот на првите шеесет години на ова столетие скоро сите стручњаци во областа на образованието беа задоволни од развојот на специјалното образование. Сите го делеа мислењето дека специјалното образование во посебните училишта е вистинско решение за децата со специфични образовни потреби. Кон крајот на шеесетите години се јавуваат промени во мислењето за развојот на специјалното образование. Во овој период сî почесто се јавува сомнеж за функцијата и обемот на специјалното образование. Голем број на учесниците во дискусијата за иднината на специјалното образование ја критукуваа политиката на Министерството за образование, поради тоа што службите за децата со пречки во развојот беа во посебни училишта. Оваа еднонасочна ориентација доведе до раздвојување на образовната политика: од една страна редовните училишта беа без услови за децата со специфични образовни потреби, а од другата страна беше развиена мрежа на посебни училишта за децата кои заостануваат во психофизичкиот развој.
Еден од недостатоците на оваа поделба е тоа што доведе до претстава дека грижата за овие деца е обврска само на специјалните училишта. Последицата од таквиот однос беше што многу деца беа испраќани во специјалното образование.
Другите теми во дискусијата за иднината на специјалното образование беа:
- нескладноста помеѓу големиот број на специјални училишта и мислењето дека не треба да се прави разлика помеѓу луѓето;
- мислењето, дека посебните училишта за специјалното образование се јавуваат како несакан одраз на опшествената тенденција да се изолираат луѓето со проблеми во однесувањето и
- сознанието дека посебното образование на проблематичните деца почесто е препрека, отколку што овозможува интеграција на овие деца во опшеството.
Во таа дискусија беа изнеснесени различни мислења. Сепак сите учесници во дебатата беа единствени во едно: во редовното образование не постојат услови за децата со специфични образовни потреби, што придонесува повеќето деца да се испраќаат во специјални училишта.
Законот за специјално образование од 1985 година
Во 1985 година беше донесен нов Закон за специјално образование, кој предвидува 15 вида на специјални училишта. Тоа се училишта за:
- глуви деца;
- наглуви деца;
- децата со говорни проблеми;
- слепи деца;
- слабовидни деца;
- деца кои се наоѓаат во болнички стационари;
- деца со хронични заболувања;
- деца со проблеми во учењето;
- деца со сериозни проблеми во учењето;
- деца со сериозни проблеми во воспитувањето;
- деца со проблеми во учењето и воспитувањето;
- деца во училиштата при педагошките институти и
- мали деца со проблеми во психофизичкиот развој.
Поделба на специјалното образование по видови на училиштата
Историјата на специјалното образование е процес на променлива диференцијација: со време се појавуваат нови видови на специјални училишта. Во моментов има 15 видови. Во 1967 година тие беа дури 20. Наскоро, по достигањето на таа рекордна бројка, поделбата на специјалноте училишта на сî поголем број различити видови, стана предмет на интересна дискусија. Во оваа дискусија важна улога имаа два елемента:
- растење на недовербата во педагошката и дидактичката релевантност на критериумите што ги определува границите помеѓу различни видови на образование и
- практични проблеми, што произлегуваат од големата бројка на различни видови на специјално образование.
Релевантност на критериумите
На почетниот стадиум во специјалното образование главна улога имаше медицината. И тоа, не е случајно. Медицината беше прва научна дисциплина што се занимаваше со проблемите во однесувањето на децата. Таа ги разгледуваше отстапувањето во однесувањето на децата (возрасните) како резултат на вродени недостатоци. Лекувањето беше насочено кон отстранување на овие недостатоци. Последиците од ова беа големи. Овој медицински пристап остави сериозен одраз врз формирањето на специјалното образование. Тоа, пред сî, се гледа од името на секој вид специјално образование кое укажува на каузалниот признак на ученикот за кој е определен видот на училиштето.
Сега ние повеќе од порано ја земаме предвид социјалната средина и важноста на интеракцијата помеѓу личноста и социјалната средина. Сегашните критериуми на поделба на специјалното образование на различни типови, се покажаа како еднострана. Тоа пред се се однесуваа на недостатоците на децата и не го земаа предвид односот помеѓу детето и средината.
Во моментов, кај нас сî повеќе се јавува сомнеж во педагошката релевантност на поделбата на специјалното образование по видови на училишта. Образовните потреби на учениците во истото училиште не се исти. Имено, образовните потреби на ученикот А во училиштето за деца со проблеми во учењето можат да не се совпаѓаат со потребите на ученикот Б од истото одделение. Во истиот момент може да се случи децата со идентични образовни потреби да посетуваат разни видови на специјални училишта. На ученикот В од училиштето за деца со сериозни проблеми во воспитувањето може да му биде потребна корективна програма, како и на ученикот Г од училиштето за деца со проблеми во учењето и воспитувањето.
Како резултат на ова сознание сî поголем број на стручањаци работат на поинаква поделба на специјалното образование. При тоа, поделбата треба да се базира врз различни педагошки и дидактички потреби,а не врз каузални предзнаци.
Проблеми во практиката
Во Холандија секое специјално училиште има своја комисија, без чија дозвола учениците не смеат да ги посетуваат специјалните училишта.
Повеќето од овие комисии имаат проблеми, затоа што поделбата на специјалното образование е базирана врз каузалните критериуми.Тие критериуми заемно не се исклучуваат едни од други. Има деца со карактеристики за неколку вида на специјално образование: деца со проблеми во учењето и со сериозни емоциални проблеми; деца со проблеми во учењето и воспитувањето и со телесни недостатоци; деца со сериозни проблеми во воспитувањето и со оштетен слух. Често таквите деца ги упатуваат од едно училиште во друго. Ова придонесува долги и непријатни процедури. Поради тоа, фактички е невозможно да се определат јасни критериуми што се разликуваат од училиште до училиште. Критериум за прием во училиштето за деца со проблеми во учењето во градот А, може да се разликува од критериумот на истиот вид на училиште во градот Б. Тоа доведува до нејаснотии како кај родителите, така и кај наставниците во редовното образование.
Не е чудо што специјалното образование во Холандија бара нови методи на разграничување. Во некои градови има експериментални специјални училишта што обединуваат два, три или четри вида на специјално образование. Оваа новина е задоволителна. Се очекува дека овој процес на интеграција во наредните години ќе се развие уште повеќе. Пред сî, тука се зборува за интеграција на училиштето за деца со проблеми во учењето и училиштето за деца со проблеми во учењето и воспитувањето. Секој од овие два вида на училишта опфаќа околу 35% од контигентот на специјалното образование.
Иднината на специјалното образование
Централна тема во дискусијата за иднината на холандското образование е проблемот на развојот на оваа форма на образование. Секоја година се зборува за растот на бројот на учениците што ги посетуваат специјалните училишта.Тоа може да се види од следните бројки:
1928 год. - 8 000 ученици; 1948 год. - 24. 000 ученици; 1968 год. - 70.000 ученици; 1988 год. - 103.000 ученици; 1993 год. - 113.000 ученици; |
Холандија има 15 милиони жители. Повеќе од 110.000 деца добиваат образование надвор редовните училишта. Во системот на образование во Холандија децата се поделени на две категории: т.н. нормални деца што ги посетуваат редовните училишта и т.н. проблематични деца што ги посетуваат специјалните училишта. Поделбата на овие деца на две категории во себе ја содржи опасноста дека сите членови во опшеството ќе почнеме да ги делиме на две категории: луѓе корисни за опшеството и на посебни луѓе.
Сегашната политика на владата на Холандија се стреми да ја намали оваа опасност и постојаниот раст на контигентот на овие деца во одделни специјални училишта. Девизата на оваа политика гласи: “Повторно заедно во училиштето”. Главните цели на оваа политика се следните:
- создавање услови во редовното образование за децата со специфични образовни потреби и
- стабилизирање (по можност намалување) на бројот на децата во одделни специјални училишта.
Владата бара овие две задачи да се остварат по пат на формирање на соработка меѓу редовното образование и училиштата за деца со проблеми во учењето и со проблеми во учењето и воспитувањето. Остварување на овие задачи ќе има важни последици за иднината на специјалното образование. Овде се мисли на три промени.
Првата промена се однесува на функцијата на специјалното образование. Училиштата за деца со проблеми во учењето и училиштата за деца со проблеми во учењето и воспитувањето ќе исполнуваат две функции: не само да се грижат за определен број на ученици со специфични образовни потреби, туку ќе им дадат и подршка на редовните училишта во помагањето на децата со проблеми во редовното образование.
Втората промена зборува за интегрирањето на училиштата за децата со проблеми во учењето и училиштата за деца со проблеми во учењето и воспитувањето. Во принцип, новите интегрирани училишта ќе ги посетуваат само деца со сериозни проблеми во учењето. Ако политиката “Повторно заедно во училиштето" се покаже како успешна, редовните училишта ќе бидат во состојба да им овозможат адекватна помош на проблематичните деца. Редовните училишта ќе ги испраќаат во специјалните училишта само учениците со сериозни проблеми. Ова ќе доведе до третата измена: во специјалното образование ќе се опфатат само децата со сериозни проблеми.
Несомнено, развивањето на овие три измени во специјалното образование ќе доведе до значително подобрување на квалитетот. Во текот на поголемиот дел на ова столетие развивањето на специјално образование во Холандија се ориентираше кон квантитативни показатели. Последните години се бара нов прстап: главен мора да биде не квантитетот, туку квалитетот.
1Статијата е напишана во 1994 година во брошурата објавена под наслов: "Подготовка на нставниците во специјалното образование во Холандија"-по повод Холандско-руската соработка во областа на специјалното образование, како дел од програмата за соработка насочена кон развивање на образованието во двете земји што започна во 1992 година.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE