JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 3480
Станка СЛАВЕНСКА
ОД КАЖУВАЊАТА НА ПРОМОЦИЈАТА НА ПРВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО
“дефектолошка теорија и практика“
БЛАГОРОДЕН АНГАЖМАН СО ВИСОКО ПРОФЕСИОНАЛЕН ОДНОС
Чест ми е да Ви се обратам од името на Педагошкиот завод на Македонија како соиздавач, и од свое име, да изразам задоволство од излегувањето на првиот број на списанието “Дефектолошка теорија и практика” и во оваа пригода дозволете ми да истакнам:
Значајна и длабока човечка смисла се открива при секој потфат за заштита, рехабилитација, воспитување и образование на лицата со пречки во развојот, затоа што тоа е една од најблагородните и најзначајните активности. Таквата висока вредност и смисла обврзува на особен начин да се развива квалитетен систем на здравствени, социјални, рехабилитациони и воспитно-образовни установи, служби, институции, хуман однос кон оваа категорија на лица. Ние, во Република Македонија, можеме да констатираме дека ја имаме таа институционална и организациона основа врз која успешно работат подготвени дефектолошки кадри, најнепосредно ангажирани врз проблемите од животот, оспособувањето, грижата, заштитата, рехабилитацијата, воспитанието и образованието на лицата со пречки. Активностите се одвиваат како на теоретски, така и на практичен план.
Таквиот хуман и благороден ангажман, мотивиран со неопходноста од постојан напредок, следење на знаењата и искуствата на поразвиените, освојување понови и посовремени знаења и форми, обезбедување помодерни и поефикасни средства, и постигнување повисоки и позначајни резултати во работата, подразбира и постојан развој и унапредување на научната мисла и стручната подготвеност. Аксиом е дека богатата научна и стручна основа, заедно со квалитетната технологија, овозможува постигнување највредни резултати. Во тој поглед, пак, протекот на квалитетни знаења, искуства, информации и приопштување на научниот и стручниот придонес има посебно значење на унапредувањето на вкупното ангажирање и работата по овие прашања. Оттука издавањето на оваа публикација за дефектолошката теорија и практика кај нас не може а да не се смета за значајна можност во таа насока.
Со успешното реализирање на иницијативата за ова стручно-научно списание се пополнува во значителна мера една празнина во поглед на недоволната сопствена стручно-научна литература за оваа толку значајна проблематика. Би сакале ова списание да биде поттик за побогата издавачка дејност што ќе ги задоволува потребите на научната и стручната јавност во доменот на заштитата, рехабилитацијата, воспитанието и образованието на лицата со пречки во развојот.
Од своја страна, ценејќи го значењето на секој издаден стручен и научен наслов, Педагошкиот завод на Македонија, во рамките на својата дејност и активностите за унапредување на основното и средното воспитание и образование, ќе настојува да дава свој придонес кон ангажирањето и образованието на лицата со пречки во развојот. Во своите стручни и други активности врз унапредувањето на воспитанието и образованието на децата со пречки во развојот и со својата издавачка дејност, Заводот ќе вложува усилби за позначителен придонес во оваа насока и, по логиката на интерактивното работење со другите чинители, ќе се залага за поголеми постигања на ова поле.
Првиот број на списанието “Дефектолошка теорија и практика” го имаме во рацете со сета уверливост на неговата содржина, опременост и компетентниот издавачки совет и редакционен одбор. Најубавото што можеме во овој момент да му го посакаме е да ја освојува својата публика со значајна смисла, освојувајќи ја и својата иднина со несомнената функција. А на неговите творци, на чело со главниот и одговорен уредник, честитаме за успешниот резултат и им посакуваме успешна работа и доволно сили во подготовките на наредните броеви.
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE