Петер СКУБЕР

 

СМИСЛАТА НА РАНИОТ ПОЧЕТОК
(ДОБРИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА РАНИОТ ПОЧЕТОК)

                    
Кога се работи за ризична бременост, жената мора да биде под посебна контрола. Нејзиниот гинеколог ја испраќа во амбуланта за ризична бременост во која работат посебно оспособени стручњаци за тоа. Со помош на знаењето, искуствата, современите медицински апарати, тие внимаваат бремената жена и плодот да имаат најпогодни услови за растеж и развој. Овие стручњаци одлучуваат на кој начин и во кое време ќе биде породот и подготвуваат сî да не биде породот опасен за детето. Ако на детето му е потребна интензивна терапија и внимание, тоа веднаш се преместува во интензивна нега и терапија во Детското одделение во болницата. Со детето е и мајката за да не се прекине нежната поврзаност меѓу мајката и детето.
На новороденчињата кои биле или се болни со природена мана, загрозени од ризичната бременост или породот, посебно се внимава и тогаш кога ќе ги отпуштат од болница. До навршената една година се контролираат во посебно за нив отворено советувалиште. На тој начин во најраната возраст, групата на стручни лица се грижат за растењето и развојот на тие деца и мошне рано ги откриваат пречките за нормален развој и правилно помагаат.
Секое раѓање родителите го очекуваат со желба детето да биде здраво. Сознанието дека детето не е здраво претставува за родителите шок, и наеднаш се во ситуација за која не се подготвени и немаат никакво искуство. Пред родителите стои тешка задача како одново да го уредат својот живот во кој ќе има место и за детето. Тоа зависи од особините на родителите, сфаќањето на околината и квалитетот на стручната помош. Важно значење за квалитетот на животот е и тоа на каков начин им е кажано на родителите дека нивното дете е со пречки во развојот.
Обично тоа на родителите им го кажува докторот. Сигурно е тоа за него задача затоа што на родителите им кажува нешто што го менува нивното очекување. Докторот мошне често не се снаоѓа во неочекуваните чувствени промени што настануваат од разговорот со родителите. Затоа е потребно таквите разговори да се планираат.
Првите зборови упатени на родителите се: “Развојот на вашето дете веројатно нема да е таков како што е кај другите деца и како што вие го очекувате”! Со тие зборови искажуваме сочувствување со родителите и ги охрабруваме дека и нивното дете е вредно како и другите деца и има можност да стане човек. Во разговорот се даваат информации за причините, можностите за развој на детето, литературата, соработката меѓу родителите. На родителите треба да им се помогне да дојдат до сознание дека нивното дете може да расте во семејството и да биде сакано, дека ќе има пријатели и ќе се вклучи во околината. Подоцна, во раната терапија се вклучуваат и другите соработници. Поврзаноста меѓу стручњаците добро влијане врз родителите да се чувствуваат сигурни.
На семејството многу му помага организирана рана терапија во домашниот амбиент или во близината. Сега, покрај педијатриската мошне е важна ментално-хигиенската служба во која соработуваат различни стручњаци. Таа служба е важна не само за детето туку и за родителите, а исто така претставува стручна помош за другите институции кои на локално или на регионално ниво се вклучуваат во организираната мрежа за помош на децата.
Во третата година од животот, а може и порано, детето го вклучуваме во градинка. Тоа е мала група од 6 до 8 деца во редовната градинка. Тие имаат своја воспитувачка и специјален педагог. Еднаш во неделата во градинката доаѓа логопед и физиотерапевт. Со таквата организираност можеме да вклучиме деца со разни пречки во развојот. На ваков начин кај нас веќе 25 години се вклучени повеќе од илјада деца. Паралелно со тоа некои деца ги вклучуваме и во нормални групи. При тоа внимаваме да не го намалиме стручниот стандард.
Таа група мора да е поврзана со ментално-хигиенската служба. Центарот е детето со семејството околу кои се здружуваат различни институции. На таков начин сите придобиваат и се добива нов квалитет. Ако развојната терапија е поставена рано и тече непрекинато од раѓањето, се регистрираат позитивни резултати во развојот на детето и во способноста за неговото адаптирање.
Од голема помош на семејствата се семинарите за родителите и децата. Тие се организираат преку викендот, а уште подобро преку целата недела. Семинарот го дава вистинскиот одговор на многубројните прашања, дури и на тоа, зошто во нашето семејство се роди такво дете. Ако семинарот се одржи правовремено ги мотивира родителите за конструктивна соработка. Семинарот помага да се регулираат затегнатите односи меѓу партнерите, роднините, околината и терапевтот. Семинарите сигурно се нов квалитет не само кај нас, туку и во цела Европа.
Сигурно е дека родителите на таквите деца се оптоварени натпросечно, затоа бараат ист квалитет на животот како и другите. Очекуваат повеќе можности каде ќе ги водат децата: или да останат дома или да ги дадат во заводот. Сега заводот нема веќе предности. Дома, во домашен амбиент треба да се развие служба за стручна помош и растоварување на семејството.
Животот со дефектното дете не е само товар туку е исто така задоволство и среќа. Дефектното дете му дава смисла на животот на целото општество. Во сите наши напори мораме повторно да се вратиме на изворот, а тоа е детето и со чувство да му се обраќаме.
Убеден сум дека тие деца можат да ни кажат нам повеќе отколку ние ним.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in