Величко АНДРЕЕВСКИ

ВИДУВАЊАТА И ПОРАКИТЕ ОД СВЕТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ОДРЖАНА ВО САЛАМАНКА-ЗНАЧАЕН ПРИЛОГ КОН СОВЕСТА НА ЧОВЕШТВОТО



Од 7 до 10 јуни 1994 година во Саламанка-Шпанија, во организација на Вла­дата на Шпанија, а со соработка на УНЕСКО се одржа СВЕТСКА КОН­ФЕ­­РЕНЦИЈА за потребите од специјално образование: достапност и квали­тет. На Конференцијата присуствуваа над 300 учесници од 92 земји и 25 интер­национални организации.
На Конференцијата беа усвоени два исклучително значајни докумен­ти што ги детерминираат современите фундаментални претпоставки за организирање и градење на соодветен систем на специјалното образование во сите земји на светот. Имено тие документи се Извештајот од Саламанка за принципи­те, политиката и практиката во специјалното образование и нацрт активности за специјалното образование.
Во извештајот е даден повик до сите влади како и Меѓународната заедница и нејзините организации и сите други невладини организации, да го поддржат развојот на специјалното образование како интегрален дел на сите обра­зовни програми, апелирајќи на соработка и соодветен придонес на специјал­ното образование.
Нацрт активностите за специјалното образование има мошне широко значење гледано од политички, правен, организационен и стручен аспект. Нацртот се состои од три дела и тоа:

 

  1. Нови размислувања за специјалното образование
  2. Упатства за активности на национално ниво (политика и органи­за­ци­ја; училишни фактори; вработување и обука на образовен персо­нал; служби за помош од надвор; приоритетни области; можности на заедницата; потребни средства)
  3. Упатства за активности на регионално и меѓународно ниво

                Од содржината на овие документи пред сî и над сî извира потре­бата за акција односно за реализација, бидејќи во нив нема многу простор за дилеми и енигми. Во таа смисла присутните надежи ќе се покажат како реални со евалуацијата на резултатите од нив што ќе бидат презентирани на една наредна ваква СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА.

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in