JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 5814
Анета АНДОНАКИС
ОПРАВДАНОСТА ЗА ПОСТОЕЊЕ НА ПОДГОТВИТЕЛНИ ГРУПИ ПРИ
ПОСЕБНИТЕ УЧИЛИШТА ЗА ДЕЦА СО ЛЕСНИ ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ
Предучилишната едукација е темел на една комплицирана зграда на човековата личност, период во кој може многу да се постигне во подготовката на човекот за живот, а исто така може многу да се изгуби ако детето се препушти само на себе.
Да тргнеме од една од многуте дефиниции за интелигенцијата (english & english) според која интелигенцијата е способност за преземање на активности што се окарактеризирани со тешкотија, прилагоденост кон една цел, општествена вредност и појава на нови наоди.
Секое однесување на човекот, било да е во прашање дејство што се одвива однадвор или постои како мисла, се претставува како адаптација или подобро кажано повторна адаптација. Човекот дејствува само ако чувстува потреба, т.е. ако рамнотежата меѓу средината и организмот е моментално нарушена, а акцијата се стреми повторно да ја воспостави оваа рамнотежа, односно повторно да го адаптира организмот.
Спротивно од физиолошките размени што се од материјална природа, однесувањата што ги проучува психологијата се од функционална природа и се вршат од сî поголеми и поголеми растојанија во просторот (перцепцијата, итн.) и во времето (помнењето, итн.) како и посложени и посложени патишта (враќања, обиколувања итн.).
Вака сфатено, однесувањето во рамките на функционалните размени и самото претпоставува два битни и меѓусебно тесно поврзани вида: афективен и сознаен.
Понекогаш за жал доаѓа до нарушување на една или повеќе од овие компоненти и во таквите случаи велиме дека се работи за ментална ретардација. Таа најшироко може да се согледа како несразмерност помеѓу способностите на човекот и барањата кои пред него ги поставува средината во која човекот живее. Во најголем број на случаи овие нарушувања се согледуваат уште во развојниот период на човекот; односно во најраното детство. Кај таквите растројства, зачестеноста и степенот варираат. Развојните пречки се манифестираат во вид на:
- недостаток на моторна контрола и слаба координација;
- сензорни пречки од различен степен;
- забавен развиток на јазикот и говорот;
- оштетување на сознајните функции.
Ментално ретардираното дете се соочува со чести неуспеси, понекогаш уште од најраното детство, што ја зголемува анксиозноста, стравот од идните неуспеси, ја смалува самостојноста во иницијативата за нови видови активности. Детето не е во состојба да задоволи голем број на барања од страна на социјалната средина и често реагира со повлекување, несигурност, депресија, агресивно или деструктивно или пасивно-зависно однесување.
Со оглед на сето ова определени форми на однесување на ментално ретардираното дете, треба да се согледаат во контекст на семејно социјалните околности во кои детето расте.
Сознанието дека интелектуалниот развиток на детето е забавен, предизвикува стрес, недоверба, збунетост и кризи во многу семејства. Чувството на вина, одрекувањето, агресијата, долготрајните фази на агресии и конфликти на родителите се чести во текот на прилагодувањето на семејството кон детето со пречки во развитокот.
Со самата дијагностичка процена на менталната ретардација се определува текот на испитувањата, инструментите што ке се применат, должината на испитувањата итн. со тоа се врши класификација според тежината на оштетувањето, а детето се упатува во посебно училиште или установа и се проценуваат можностите за едукација во рамките на адекватната институција и се проценува потребата од упатување на детето на некои од посебните форми на рехабилитациониот третман како што се :
- логопедски
- физиатриски
- невролошки
- невропсихолошки
- психијатриски
- психотерапевтски
Во посебните училишта резултатите од испитувањата треба да се користат за дефектолошко-педагошка работа со детето, со изработка на прилагодени индивидуални планови и програми како основа за тимска работа со детето.
На овој начин се остварува и правото на детето за едукација. Иако во нашата земја веќе четириесет години постојат институции за едукација на деца со пречки во развојот, законот не предвидел подготвување за едукација на овие деца, со што не се исполнува основната концепција од меѓународната конвенција за правата на децата која е донесена од УНИЦЕФ.
Врз основа на моето долгогодишно искуство во работата со овој вид на хендикеп, од психолошки аспект дојдов до заклучок дека овие деца имаат двојно поголема потреба од подготовка за вклучување во процесот на едукацијата од децата кои немаат ваков вид на проблеми и во ниеден случај не би можеле да бидат интегрирани ниту во подготвителниот, ниту во образовниот процес со нив.
Со правилна тимска работа детето би се насочило кон развивање на преостанатите способности, со што во определена мера би се влијаело врз развитокот и на глобалниот коефициент на интелигенција. Децата со пречки во развојот се упатуваат во посебните училишта од страна на соодветните институции со некомплетирани интелектуално социјални податоци. Со тоа се создава потреба од определување на состојбите во рамките на училиштето. Таа проценка се врши според -wisk- при приемот на детето. Истата постапка се повторува по неколку години на школување. При тоа се утврдува промената во новата состојба.
Со постоење на подготвителна група се определува текот на рехабилитациониот третман и со примена на адекветни постапки би се влијаело врз подобрувањето на:
- моториката
- координацијата
- говорот
- перцепцијата
- социјално емоционалниот развиток, а со тоа во голема мерка и на интелигенцијата.
Рехабилитациониот третман би се одвивал во рамките на групи од по 4-5 (четири до пет) деца, со индивидуален пристап, со тимска работа (дефектолог, логопед, психолог, социјален работник) и семејството како основна клетка во развојот на детето.
Со оваков приод би се добиле определени резултати и тоа би влијаело врз покачувањето на глобалниот коефициент на интелигенција, кои во голема мера би го подобриле понатамошниот тек на едукативниот процес.
Не би се постигнале резултати доколку децата со ваков вид на хендикеп би биле вклучени во редовните предучилишни институции, од причини кои на сите вас ви се добро познати.
Создавањето на ваков вид едукативни форми би било од големо значење во развитокот на личноста на хендикепираното дете.
ЛИТЕРАТУРА
- Бојанин Светомир: “Неуропсихологија развојног доба”
- Група на автори: “Ометено дете”
- Јакулић Слободан: “Ментална заосталост”
- Медић Снежана: “Предшколско дете”
- Пијаже Жан: “Психологија интелигенције”
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE