JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 73105
ВРСНИЧКО ТУТОРСТВО КАКО ИНТЕРВЕНЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА
1Универзитет „A&M“ во Тексас |
|
PEER TUTORING INTERVENTIONS FOR STUDENT WITH AUTISM SPECTRUM DISORDERS:
Brittany L. HOTT1
1Texas A&M University - Commerce |
Примено: 17. 12. 2013 |
|
Recived: 17.12.2013 |
|
|
|
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Аутистичниот спектар на нарушување е доживотна попреченост што влијае на повеќе функционални полиња, вклучувајќи ги јазикот, социјалниот и емоционалниот развој (1). Затоа се потребни квалитетни интервенции како поддршка на образовните потфати. Во Актот според кој ниедно дете не треба да се стави на заден план од 2011 година, 111 пати се спомнува „научно базирано истражување“ коешто го дефинира како истражување што користи строги, систематски и објективни процедури за да се добијат веродостојни и валидни резултати (2). Во претходните десет години, концептот опишан со комбинација на термините истражување, емпириско, или научно со базирано, поддржано или прифатливо, а се однесува на третмани, практики, инструкции или интервенции, стана распространет во психологијата, образованието, медицината и во други хуманистички професии што даваат услуги (3). Значајно е важните одлуки за интервенцијата да се засноваат на практика базирана на докази, а не на убедувања и мислења (4). |
|
Autism Spectrum Disorder (ASD) is a lifelong disability that affects multiple areas of functioning including language, social, and emotional development (1). Therefore, quality interventions are needed to support educational endeavors. The No Child Left Behind Act of 2001 mentions “scientifically based research” 111 times and defines it as a research that uses strict, systematic, and objective procedures to obtain reliable and valid results (2). Over the past ten years, the concept described by combinations of the terms research- empirically- or scientifically - with based, supported or validated applied to treatments, practices, instruction or interventions has become widespread in psychology, education, medicine, and other human service professions (3). It is beneficial to base important decisions about intervention on evidence - based practices rather than on beliefs and opinions (4). |
|
|
|
Методологија |
|
Method |
|
|
|
Беше спроведен сеопфатен преглед на литературата фокусирајќи се на користењето на врсничкото туторство кај деца со аутистичен спектар на нарушување (АСН). Употребени беа следниве бази на податоци: (а) Educational Resources Information Center (ERIC), (б) PsycINFO, (в) ProQuest Education Journals, (г) Education Research Complete, (д) Academic Search Complete, (ѓ) Wiley Online Library, (е) Taylor & Francis Online, (ж) Sage Journals Online, (з) ScienceDirect, и (ѕ) SpringerLink. |
|
A comprehensive review of the literature focusing on the use of peer tutoring with children with Autism Spectrum Disorder (ASD) was conducted. The following databases were utilized: (a) Educational Resources Information Center (ERIC), (b) PsycINFO, (c) ProQuest Education Journals, (d) Education Research Complete, (e) Academic Search Complete, (f) Wiley Online Library, (g) Taylor & Francis Online, (h) Sage Journals Online, (i) ScienceDirect, and (j) SpringerLink. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
|
|
|
Почетното пребарување даде 517 статии. Повеќето од статиите не беа земени в предвид зашто не беа дизајнирани за еден предмет, не го вклучуваа врсничкото туторство како интервенција, учесниците не беа деца или не беа дијагностицирани со аутизам. По исклучувањето на ирелевантните статии, селекцијата обезбеди 460 статии. Многу од нив (N = 316) се дуплираа и беа исклучени. На крајот беа избрани 144. По завршувањето на почетната проверка, 123 статии не ги опфаќаа критериумите за селекција и беа отфрлени. Повеќето од нив не содржеа доволно податоци и графикони, некои се однесуваа на истражувања извршени со возрасни, некои не беа дизајнирани за еден предмет, а некои опфаќаа голем број деца. 17-те статии избрани за ова истражување беа објавени од 1989 до 2012 година. Повеќето студии вклучени во оваа метасинтеза беа објавени последните пет години. |
|
The initial search resulted in 517 articles. The majority of articles were excluded because they were not single - subject designs, they did not include peer tutoring as an intervention, the participants were not children, or the participants were not diagnosed with autism. After excluding the irrelevant articles, the selection provided 460 articles. Many of the articles (N = 316) were duplicates and they were also excluded. The resulting number of selected articles was 144. After this initial inspection was completed, 123 articles did not meet the selection criteria and were excluded. The majority did not contain enough data and graphs, some were studies conducted with adults, some were not single - subject designs, and some included a large number of target children. The 17 articles that were selected in this study were published from 1989 to 2012. The majority of the studies included in this meta - synthesis were published within the last five years. |
|
|
|
Табела 1. Ефектите од врсничкото туторство на социјалните перформанси |
|
Table 1. Effects of Peer-Tutoring Interventions on Social Performance |
Само две истражувања се однесуваат на користењето на врсничкото туторство како академска интервенција. Сепак, двете истражувања посочуваат дека врсничкото туторство е ефикасно. Табелата 2 ги илустрира севкупните ефекти на врсничкото туторство на академските перформанси за двете евалуирани истражувања. |
|
Only two studies addressed the use of peer tutoring as an academic intervention. However, both studies indicated that peer tutoring was effective. Table 2 illustrates the overall effects of peer tutoring interventions in the academic performance for the two studies evaluated. |
|
|
|
Табела 2. Севкупните ефекти од врсничкото туторство на академските перформанси на децата со аутизам |
|
Table 2. Overall Effects of Peer-Tutoring Interventions in the Academic Performance of Children with Autism |
Интервенциите вклучуваат пет категории на врсничко туторство. Повеќето истражувања беа спроведени во училишта со примена на моделот на врсничко туторство на иста возраст. Спроведените истражувања во училиштата покажуваат PND од 67.98%, што дава дискутабилен ефект. Единственото истражување спроведено дома покажува PND од 64%, што исто така покажува дискутабилен ефект. |
|
The interventions included five categories of peer tutoring. The majority of studies were conducted in schools using the same - age peer tutoring model. The interventions implemented in schools show a PND of 67.98%, which reflects a questionable effect. The only study implemented at home showed a PND of 64%, which also reflects a questionable effect. |
|
|
|
Табела 3. Услови и модели на интервенција |
|
Table 3. Intervention Setting and Model |
|
||
|
Р-2: Дали ефектите од врсничкото туторство се разликуваат според условите, учениците и одделенијата? Процентот на истражувањата за секоја категорија е пресметан за учениците на кои се однесуваат, учесници што имаат потреба од интервенција. 17 истражувања претежно беа извршени во училишта и вклучуваат вкупно 192 учесника, со просек од 9.14 учесници по истражување. Поголемиот дел од учесниците беа момчиња со аутизам во основно училиште. |
|
R-2: Do the effects of peer tutoring interventions differ across settings, students, and grades? The percentage of studies in each category was calculated for target students, participants in need of an intervention. The 17 studies were mostly conducted in school settings and included a total of 192 participants, with a mean of 9.14 participants per study. The majority of participants were elementary school males with autism. |
|
|
|
Табела 4. Дескриптивни податоци на карактеристиките на испитаниците |
|
Table 4. Descriptive Data of Target Children Characteristics |
Р-3: Дали ефектите од врсничкото туторство се разликуваат кај различни ученици кај кои е изведена оваа интервенција? Беше даден извештај за процентот меѓу нивоата на одделенијата, полот и односите. Вршителите на интервенцијата беа врснички тутори. Во повеќето истражувања беше употребен односот меѓу испитаниците, училишните другарчиња. Четиринаесет такви истражувања покажаа PND од 68.03%, што укажува на дискутабилна ефикасност. Во две истражувања беа опфатени ученици од други одделенија. PND во овие истражувања изнесува 76.54%. Овој PND укажува на релативно ефикасен третман. Само едно истражување опфаќа браќа или сестри како вршители на интервенцијата. PND е 57.77%, што укажува на дискутабилна ефикасност. |
|
R-3 Do the effects of peer tutoring interventions differ across interveners? Percentages across grade levels, gender, and relationships were reported. Interveners served as peer tutors. The relationship of the interveners to the target children, classmates were used in the majority of the studies. Fourteen such studies showed a PND of 68.03%, which reflects questionable effectiveness. In two studies students from other classrooms were used. The PND of these studies was 76.54%. This PND reflects a fairly effective treatment. Only one study used siblings as interveners. The PND was 57.77%, showing questionable effectiveness. |
Табела 5. Карактеристики на вршителите на интервенцијата |
|
Table 5.Interventionists Characteristics |
Дискусија |
|
Discussion | ||
Оваа синтеза евидентира дека стратегиите за врсничко туторство се валидна интервенција за учениците со АСН. Интервенциите за врсничко туторство за подобрување на социјалната интеракција меѓу учениците со АСН, се релативно ефикасни. Генерално, колку што се помали децата толку е поефикасен третманот. Овие резултати го потврдуваат убедувањето за значењето на раната интервенција за децата со аутизам (31). За жал, се чини дека интервенциите со врсничко туторство се помалку ефикасни за повозрасните ученици. Поголемиот дел од испитаниците во истражувањата за врсничкото туторство се дијагностицирани со аутизам, многу повеќе отколку со други состојби или комбинација на состојби, вклучувајќи други со аутистичен спектар (на пр. Аспергеров синдром, ПРН-НДН). Вообичаено, поголемиот дел од најчестите резултати за однесувањето поставени за цел во истражувањата се однесуваа на интеракцијата со врсниците, иницирајќи и одговарајќи на социјалната интеракција меѓу врсниците. Однесувањето беше поставено како цел во 15 од 17 евалуирани истражувања. Други најчести однесувања поставени како цел во истражувањата беа однесувањето во комуникацијата и привлекувањето внимание. Воопшто, децата со аутизам имаат значаен дефицит во социјалната интеракција. Со други зборови, децата со аутизам најчесто не го разбираат невербалното однесување, развивање врски или делење заеднички интереси. Најчеста грижа е недостатокот на емоционален реципроцитет. Споредбата на ефикасноста според различни варијабли сугерира дека интервенциите се поефикасни кога се вклучени следниве варијабли: (а) академски вештини, (б) испитаници на предучилишна возраст, (в) врсничко туторство во рамките на одделението, (г) интервенции за кооперативни групи за учење, (ѓ) другарски систем на интервенции, (е) врсничка обука, (ж) заеднички распоред на активности со текст за интервенции, (з) момчиња како испитаници, (ѕ) вршители на интервенциите од други одделенија и (и) деца и вршители на интервенции од различни полови како целна група на испитаници. Ограничувања: Едно од ограничувањата е фактот дека оваа синтеза е ограничена на дизајни со единствен предмет. Исклучувањето на групните истражувања го ограничува резултатот на истражувањето бидејќи не се вклучени сите достапни информации за ефектите од врсничкото туторство како интервенција. Другото ограничување се однесува на критериумите за инклузија. За секој вид врсничко туторство, достапни беа ограничен број истражувања. Според тоа, резултатите од анализите се ограничени. Беа забележани тешкотии во претставување на најдобрите интервенции, бидејќи хетерогеноста на децата со аутизам го отежнува давањето генерализирани заклучоци. Дополнително, во некои истражувања неколку деца одговорија многу добро на интервенцијата, но многу нискиот исход на еден од субјектите влијаеше на севкупниот резултат за истражувањето. Поради овие ограничувања, треба да се биде внимателен при интерпретација на резултатите од оваа метасинтеза. И, PND-методот не го опфаќа присуството на останатите и тенденцијата. Во некоја инстанца, истражувањата ги опфаќаат и оние што се надвор од групата, а тоа влијае на севкупните резултати. Кога добиените податоци во основа се многу високи, многу добиени податоци во фазата на интервенција нема да се земат предвид бидејќи ја преминуваат основната линија. Тоа се случува дури и кога игнорираните добиени податоци укажуваат на позитивен интервенциски ефект. Како последица на тоа ефикасните интервенции се сметаат за неефикасни (10). И покрај гореспоменатото, оваа синтеза укажува на присуството создавање база на литература што ја поддржува употребата на врсничкото туторство како интервенција за учениците со АСН. Сепак, ова истражување обезбедува некаква евиденција дека врсничкото туторство ги подобрува академските перформанси и, во некои случаи, социјалната интеракција во училишни услови. Потребни се дополнителни и поголеми истражувања за да се востанови јасна база на докази. |
This synthesis provides evidence that peer tutoring strategies are viable interventions for students with ASD. Peer tutoring interventions for enhancing social interactions among children with ASD are fairly effective. Generally, the younger the target children are the more effective the intervention is. This result corroborated the belief of the importance of early intervention for children with autism (31). Unfortunately, peer tutoring interventions seem to be less effective with older students. The majority of the participants in the peer tutoring studies were diagnosed with autism more often than other conditions or combinations of conditions, including others on the autism spectrum (i.e., Asperger Syndrome, PDD-NOS). Naturally, the most common behavioural outcomes targeted by the studies wereinteracting with peers, initiating and responding to social interaction with peers. These behaviours were targeted in 15 of the 17 studies evaluated. Other common targeted behaviours were communicative behaviours and gaining attention. Children who are diagnosed with autism have a significant deficit in social interaction in general. In other words, children with autism usually have deficits in understanding nonverbal behaviour, developing relationships, or sharing enjoyment interests. Lack of emotional reciprocity is often a concern. Comparison of the effectiveness by different variables suggested that interventions were more effective when the following variables were included: (a) academic skills, (b) preschool - aged target children, (c) class - wide peer tutoring, (d) cooperative learning groups interventions, (e) buddy System interventions, (f) peer training, (g) joint activity schedule with Scripts interventions, (h) male target children, (i) interventionists from other classrooms, and, (j) target children and interventionists of different genders. Limitations: One of the limitations was the fact that the synthesis was limited to single subject designs. The exclusion of group studies limits the scope of the investigation because not all available information about the effects of peer tutoring interventions was included. Another limitation was caused by the inclusion criteria. A limited amount of studies were available for each type of peer tutoring intervention. Consequently, the results of the analysis are limited. Difficulties in presenting the best interventions because of the heterogeneous nature of children with autism make it difficult to provide generalizable findings (32). Additionally, in some studies several of the children responded very well to the intervention but the very low performance of one of the subjects affected the overall score for the study. Because of these limitations, one should be careful when interpreting the results of this meta - synthesis. Additionally, the PND method does not take into account the presence of outliers and trend. In some instances the studies included outliers and this affected the overall results. When a data point in the baseline is abnormally high, many data points in the intervention phase will not be counted because they overlap with the baseline. This will happen even when the ignored data points reflect positive intervention effects. The consequence of this situation is an effective intervention being considered ineffective (10). Despite the aforementioned limitations, this synthesis indicates the presence of an emerging literature base that supports the use of peer tutoring interventions for students with ASD. Yet, the present study does provide some evidence that peer tutoring improved academic performance and, in some cases, social interaction in school settings. Additional research and larger studies are needed to establish a clear evidence base. |
|||
Конфликт на интереси Авторите изјавуваат дека немаат конфликт на интереси. |
Conflict of interests Authors have no conflict of interests. |
|||
Citation: Hott LB, Alsresheed MF, Henry RH. Peer Tutoring Interventions for Student with Autism Spectrum Disorders: a Meta – Synthesis. J Spec Educ Rehab 2014; 15(1-2):109-121. doi: 10.2478/JSER-2014-0007 |
||||
Article Level Metrics |
||||
Литература / References |
||||
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE