JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 17184
ПРОЦЕНКА НА САМОСТОЈНОСТА ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ И ПОТРЕБАТА ОД ОКУПАЦИОНА ТЕРАПИЈА КАЈ ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА
Оливера РАШИЌ-ЦАНЕВСКА
Филозофски факултет Институт за дефектологија - Скопје
М-р Оливера Рашиќ-Цаневска ја одбрани својата докторска дисертација на ден 08.03. 2013 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, пред комисијата во состав: проф. д-р Наташа Чичевска -Јованова, проф. д-р Зора Јачова, проф. д-р Даниела Димитрова Радојичиќ, проф. д-р Владимир Трајковски и проф. д-р Ристо Петров. |
|
ASSESSMENT OF THE INDEPENDENCE IN PERFORMING DAILY ACTIVITIES AND THE NEED FOR OCCUPATIONAL THERAPY IN PERSONS WITH MULTIPLE SCLEROSIS
Olivera RASHIKJ-CANEVSKA
Faculty of Philosophy Institute of Special Education and Rehabilitation, Skopje
Olivera Rashikj-Canevska, M. Sc., defended her doctoral thesis on 08th March 2013 at the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of Philosophy, University “Ss. Cyril and Methodius”- Skopje, in the presence of commission consisted of: Prof. Dr. Natasha Chichevska-Jovanova, Prof. Dr. Zora Jachova, Prof. Dr. Daniela Dimitrova Radojichikj, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski and Prof. Dr.Risto Petrov. |
Примено: 11.07.2013 Прифатено: 15.07.2013
|
|
Recived:11.07.2013 Accepted:15.07.2013 Abstract from defended thesis |
|
|
|
Резиме |
|
Abstract |
|
|
|
Секој еден час некој човек ја добива дијагнозата мултиплекс склероза. Иако не е најчесто заболување, ниту пак најголема закана за човештвото, нејзиниот хроничен, варијабилен и непредвидлив тек може да има разурнувачко влијание врз сите оние што ја имаат дијагнозата или се грижат за некој што е заболен од мултиплекс склероза. Да се биде дијагностициран со мултиплекс склероза е инцидент, кој сам по себе носи големи предизвици и промени во текот на животот, особено ако станува збор за релапс и егзацербации на симптомите. Во зависност од клиничкиот тек на заболувањето, неопходно е болните да се приспособат на новонастанатата ситуација, да се подложат на целосен мултидисциплинарен рехабилитациски третман и да се направат соодветни адаптации на домот, со што во целина ќе се овозможи максимално искористување на преостанатите способности на пациентите. |
|
Every hour someone receives a diagnosis of multiple sclerosis. Although it is not most common disease, or biggest threat to the humanity, its chronic, variable and unpredictable course can have a devastating impact on all those who have it, or care about someone who does. Being diagnosed with multiple sclerosis is an incident, which brings big challenges and changes in the life course, especially if there are relapses and exacerbations of the symptoms. Depending on the clinical course of the illness, the persons with MS need to adapt to the new situation and undergo multidisciplinary rehabilitative treatment; also it is necessary to make appropriate adaptations of homes,which in general will enable maximal utilization of the remaining patient’s abilities. |
Основна цел на нашето истражување е да дадеме јасен приказ на заболувањето, утврдувајќи ги реперкусиите што ги предизвикува врз животниот тек на болните, посебно насочувајќи се на проценката на самостојноста во изведувањето на секојдневните активности и потребата од окупациона терапија кај лицата со мултиплекс склероза, знаејќи дека се соочуваат со проблеми во реализацијата на своите основни задолженија и обврски. Од основната цел на истражувањето произлегоа и основните задачи: да се детерминираат видовите на третман на кои билеподложени лицата со мултиплекс склероза во нашата република, да се утврдат секундарните и терцијарните консеквенции од заболувањето, да се детектира начинот на изведување на секојдневните активности и приспособувањата на домот, да се утврди потребата од организирање на окупациона терапија и да се направи споредба во функционирањето на лицата со стекната (лица со МС) и лицата со вродена инвалидност (лица со церебрална парализа). Примерокот на истражувањето беше пригоден, вклучувајќи ги субјектите со МС и ЦП достапни на теренот и отворени за соработка. Беа опфатени 32 испитаници со мултиплекс склероза на возраст од над 18 години, од кои 12 машки и 20 женски и 25 испитаници со церебрална парализа, на возраст од над 18 години и со сочуван интелект. Половата распределба на испитаниците од контролната група беше претставена со 11 машки и 14 женски испитаници. Методолошката поставеност се темели врз методите на структурална, дескриптивна и функционална анализа, методот на генерализација и компаративниот метод, а како техники се применети анализата на документација, скалирањето и анкетата. За собирање на податоците употребен е прашалник составен од комбинација на неколку скали и индекси на проценка, прилагодени на специфичностите и карактеристиките на примерокот: Импакт-скала за мултиплекс склероза (Multiple Sclerosis Impact Scale MSIS-29), Бартелов индекс (БИ), Скала на рамнотежа по Берг, Прашалник за функционалниот статус (Functional status questionar - FSQ), Индекс на инвалидност и Индекс на активности според Frenchay (Frenchay Activities Index - FAI). Добиените податоци беа групирани и табелирани, а потоа обработени со примена на стандарден статистички програм SPSS 11 for WindowsXP, каде природата на обележјата ја наметна примената на χ квадрат тестови (Пирсоновиот χ2 тест, Likelihood-ratio и Linear by linear асоцијација). Анализата на резултатите ја потврдува нашата претпоставка дека симптомите и текот на заболувањето влијаат врз ограничувањето на функционалните способности на заболените, притоа редуцирајќи ја нивната самостојност во реализирањето на активностите. Како резултат на зголемениот индекс на инвалидност, кој праволиниски расте со порастот на годините, кај голем број испитаници беше забележана намалена фреквенција на изведување на основните животни ангажмани од доменот на домот, работните обврски и искористувањето на слободното време. Компарирајќи ги резултатите на лицата со мултиплекс склероза и контролната група беше забележано дека лицата со МС имаат поголем проблем и тешкотии во соочувањето со заболувањето и прилагодувањетокон преостанатите способности, што доведува до психичка бариера, апатија и повлекување од културно-општествениот и социјален живот. Врз основа на структурата на добиените резултати може да се констатира дека неопходен е мултидисциплинарен третман на заболените од мултиплекс склероза, кој ќе ја опфати целокупната личност на болниот. Проблемите и тешкотиите во секојдневното функционирање, пак, ја наметнуваат потребата од организирање и имплементирање на процесот на окупациона терапија, со што ќе се зголеми степенот на самостојност и продуктивност кај лицата со МС. |
|
The main goal of our research is to provide a clear review of the disease, determining the repercussions which it causes in the life course of the patients, especially directing toward the assessment of the independence in performing daily activities and the need of occupational therapy in persons with multiple sclerosis, knowing that they are coping with problems in the realization of their basic duties and responsibilities. The main goal of the research generates the main tasks: determination of the types of treatment which persons with MS receive in our country, determination of the secondary and tertiary consequences of the disease, detection of the way of performing the daily activities and home adaptations, determination of the need for organization and implementation of the occupational therapy and comparison of the functioning of the persons with acquired (persons with MS) and persons with inborn disability (persons with cerebral palsy). The sample of the research was convenient, including subjects with MS and CP available and open for cooperation. 32 examinees with multiple sclerosis older than 18 years, 12 males and 20 females and 25 examinees with cerebral palsy, older than 18 years and with normal IQ were included. The sex distribution of the examinees in the control group was presented by 11 males and 14 female subjects. The methodological structure is based on the methods of structural, descriptive and functional analysis, method of generalization and comparison method, and documentation, scaling and the survey were used as techniques. A questionnaire composed of a combination of several assessment scales and indexes: Multiple Sclerosis Impact Scale MSIS-29, Barthel Index, Berg balance scale, Functional status questionnaire - FSQ, Disability index and Frenchay Activities Index - FAI, was used for data collection, and it was adapted to the specificities and the characteristics of the sample. Collected data were grouped and tabled, and then processed by standard statistical program SPSS 11 for WindowsHP, where the nature of the notifications imposed usage of the chi square tests (Pearson chi square test, Likelihood-ratio and Linear by linear association). The analysis of the results confirmed our assumption that the symptoms and the course of the disease influence the limitation of the functional capabilities of the persons with MS, reducing their independence in the realization of the activities. As a result of the increased disability index, which grows proportionally with the increase of the age, a number of respondents reported reduced frequency of performing basic life engagements in the domain of home activities, work and leisure. Comparing the results of the persons with multiple sclerosis and the control group, it was noted that persons with MS have bigger problems and difficulties in dealing with the disease and in the adaptation to the remaining abilities, which leads to the psychic barrier, apathy and withdrawal from the cultural-societal and social life. According to the structure of the obtained results, it can be concluded that there is a need for multidisciplinary treatment of the persons with multiple sclerosis, which will cover the complete personality of the patient. The problems and difficulties in everyday functioning impose the need for organization and implementation of the occupational therapy process, which will increase the degree of independence and productivity of persons with MS. |
|
|
|
Индексни зборови:мултиплекс склероза, церебрална парализа, окупациона терапија, мултидисциплинарен третман, самостојност, индекс на инвалидност, секојдневни активности. |
|
Index words:multiple sclerosis, cerebral palsy, occupational therapy, multidisciplinary treatment, independence, disability index, everyday activities. |
|
|
|
Адреса за кореспонденција Оливера РАШИЌ-ЦАНЕВСКА Универзитет „Св. Кирил и Методиј“- Скопје Филозофски факултет, Институт за дефектологија Бул. Гоце Делчев 9А Скопје, РМ Е-пошта: oliverarasic@fzf.ukim.edu.mk |
|
Corresponding Address: Olivera RASHIKJ-CANEVSKA University “Ss. Cyril and Methodius”- Skopje Faculty of Philosophy, Institute of Special Education and Rehabilitation Blvd. Goce Delchev 9A Skopje, RM E-mail: oliverarasic@fzf.ukim.edu.mk |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE