ПСИХОСОЦИЈАЛНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ОШТЕТУВАЊЕТО НА СЛУХОТ ВРЗ ИНТЕРПЕРСОНАЛНИТЕ ОДНОСИ НА МЛАДИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ВО ДРЖАВАТА ОЈО, НИГЕРИЈА

 

Осисанија АЈО1,

Адениј Сам ОЛУФЕМИ2,

Удо Годвин ГРЕГОРИ1

 

1Оддел за специјална едукација при Универзитетот во Ибадан, Нигерија

2Оддел за образовна психологија при Федералниот колеџ за едукација (Т) Акока

 

PSYCHOSOCIAL INFLUENCE OF HEARING IMPAIRMENT ON THE INTERPERSONAL BEHAVIOR OF YOUTHS WITH HEARING IMPAIRMENT

IN OYO STATE, NIGERIA

 

Osisanya AYO1,

Adeniyi Sam OLUFEMI2,

Udoh Godwin GREGORY1

 

1Department of special education university of ibadan, Nigeria

2Department of educational psychology federal college of education (t) akoka

 

Примено: 15.01.2013

Прифатено: 06.03.2013

UDK: 316.627:159.922.8-056.263(662.6)

 

 

 

 

Recived: 15.01.2013

Accepted: 06.03.2013

Original Article

 

 

 

 

 

 

Вовед

 

Introduction

 

 

 

Според Lisben, секоја група деца со ош­те­тен слух е хетерогена според различноста на внат­решните интерперсонални ка­рак­те­рис­ти­ки (1). Карактеристиките може да се ре­зул­тат на самомотивираноста или да произ­ле­гу­ваат од социјалното опкружување.

Ис­тражувањата постојано откриваат дека ош­те­тувањето на слухот предизвикува го­ле­ми последици кај лицата со ваков проблем. Ис­тражувањата на Mba (2), Onyilofor (3) и Hallberg и Calsson (4) откриваат дека лицата со оштетен слух, социјално и психолошки теш­ко се прилагодуваат. Тоа може да е ре­зул­тат на негативните чувства и на не­при­фа­ќа­ње од страна на општеството. Според Mba, општествената стигматизација што ја по­чувствувале луѓето со оштетен слух е за­ка­на за нивниот социјален идентитет (2). Не­дос­та­токот на социјален идентитет може да ре­зултира со психолошко распаѓање, кое, по­тоа, може да доведе до перверзни од­не­су­ва­ња. Слично, Hallberg и Calsson (4) за­бе­ле­жа­ле дека учениците со пречки во слухот ис­кус­у­ва­ат ­поголемо нарушување на егото од нив­ните врсници што слушаат (2). Според тоа, може да се јави депресија што ќе доведе до намерно повлекување. Според Hallahan и Kauffman, тоа е поради чувството на по­тчи­не­тост предизвикано од нивното ош­те­ту­ва­ње, како и по­ра­ди злоупотребата од страна на по­пу­ла­ци­ја­та што слуша (5). Освен тоа, ис­тражувањата на Garnefski,  Grol и Hamming (6) и на Monzani и др. (7) исто така пот­врдуваат дека глу­вос­та го зголемува ри­зи­кот од појава на емо­цио­нал­ни проблеми. По­ради тоа прилагодувањето за лицата со ош­тетен слух е многу тешко. Исто така, се за­бе­лежува и значајно ниво на анк­сиозност и деп­ресивно расположение кај луѓето со ош­те­тен слух, како што посочува Tombs (8). Eldredge и Davis (9) исто така укажуваат на не­га­тивното вли­ја­ние на оште­ту­ва­ње­то на слу­хот на пси­хо­со­ци­јал­на­та доб­ро­сос­тојба на младите со оштетен слух.   

Очигледно, ниту еден човек не е остров, мла­ди­те со оштетен слух мораат да живеат во одредена средина и да контактираат со раз­лични категории луѓе во нивното се­кој­дневие. Вреди да се забележи дека пси­хо­лош­ките и социјалните диспозиции на крај до­ве­дуваат до успех или неуспех на ак­тив­нос­тите изведени од поединците во оп­штес­тво­то.

Кај младите со оштетен слух постои очи­глед­на евиденција на психосоцијални про­бле­ми, забележани и во самооднесувањето и во социјално индицираните диспозиции. Ис­тра­жу­вањата на Garnefski, Grol и Hamming (6) и на Monzani и др. (7) покажуваат дека адо­лесцентите со оштетен слух често имаат по­теш­котии во социјалните врски. Понатаму (Owolawi и Eleweke) се открива дека ош­те­ту­ва­ње­то на слухот доведува до осаменост, од­би­вање и­ социјална изолација (10). Според Monzani и др., овој феномен на искривена са­мо­перцепција може да предизвика фа­та­лис­тич­ко однесување со криминални тен­ден­ции (7). Истражувањата, според Hallahan и Kauffman, понатаму откриваат дека емо­цио­налните про­блеми можат да го попречат со­ци­јалното соз­ревање на лицата со оштетен слух (11). Тоа може да ја ограничи ко­му­ни­ка­ци­јата и со­ци­јал­на­та интеракција на ли­ца­та со оштетен слух. Очигледно, вербалната ко­му­никација е ема­нентна нишка на со­ци­јал­ната интеракција и нејзиното отсуство до­ве­ду­ва до нарушен со­ци­јален и емоционален раз­вој. Kathlean и Michael сметаат дека детето што не ко­му­ни­ци­ра со луѓето што слушаат, жи­вее и расте во ре­ла­тивна изолација, а тоа до­ве­дува до пси­хо­лош­ка траума кај лич­нос­та (12).

Сепак, Akinpelu (13) спроведе истражување за самоперцепцијата и социјалните врски на адо­­лесцентите со оштетен слух во редовните учи­­лишта, користејќи ја Скалата за со­ци­јал­на ак­тивност на 220 адолесценти со оштетен слух. Резултатите од ова истражување по­ка­жаа дека учениците со оштетен слух учес­тву­ваат во училишните активности и често се дру­жа­т со другите ученици. Таквиот по­зи­ти­вен развој може да е резултат на по­вол­на­та сре­ди­на.   

Во друг случај, Olubela, Alade и Adeniran (14) ги проучуваа психолошките диспозиции на студентите со оштетен слух во уни­вер­зи­тет­ско опкружување. Истражувањето по­ка­жа дека студентите со оштетен слух по­ка­жу­ва­ат агресија и сиромашни социјални од­но­си. Или, со други зборови, истражувањето по­ка­жа дека студентите со оштетен слух се пси­хо­лошки и социјално неприлагодени. Исто така, Andrea (15) забележа дека ош­те­ту­ва­ње­то на слухот, и покрај тоа што не е вооч­ливо, ги погодува лицата со такво ош­те­ту­ва­ње. Тие истакнале дека оштетувањето на слухот, како и секое друго нарушување, мо­же да им попречи на нормалните ак­тив­нос­ти што се очекуваат од „страдалниците“ во поглед на прилагодувањето, со­ци­ја­ли­за­ци­ја­та и со­ра­бот­ката. Во друго поврзано ис­тра­жу­вање, Wiley (16) соопшти дека ош­те­ту­ва­ње­то на слухот влијае на социјалното, ака­дем­ското и психолошкото ниво на младите со оштетен слух. Тој забележа дека лицето со оштетен слух може да биде повлечено, да ста­не помалку активно, да ги редуцира со­ци­ја­лните контакти, да има послаби академски пос­тигнувања и да избегнува конверзација со другите. Истражувањето спроведено од Mykleburst (17) исто така покажува дека глу­вите деца покажуваат поголема им­пул­сив­ност и несоодветна емоционална ре­гу­ла­ци­ја. Погоре се прикажани штетните вли­ја­ни­ја на оштетувањето на слухот на по­го­де­но­то лице. Ова понатаму беше потврдено од Leigh и др. (18), коишто соопштија дека ош­те­ту­вањето на слухот го намалува квалитетот на животот и кај повеќето адолесценти и воз­расни со оштетен слух има психолошки, фи­зички и социјални последици. Затоа е неоп­ходно да се испита психосоцијалното вли­ја­ние на оштетувањето на слухот на ин­тер­персоналните односи на младите со ош­те­тен слух во Нигерија, што е направено со ова истражување спроведено во државата Ојо, Нигерија.

 

Every class of children with hearing disability is a heterogeneous, comprising of diverse intra and interpersonal characteristics Lisben (1). The characteristics might be self-motivated or societal induced ones.

Studies have consistently been revealing that hearing disability has great consequences on individuals with such problem. Studies by Mba (2), Onyilofor (3) and Hallberg & Calsson (4) revealed that individuals with hearing impairment find it difficult to adjust socially and psychologically. This might be as a result of negative feelings and lack of acceptance from the society. Social stigma experienced by people with hearing impairment is a threat to social identity Mba (2) and lack of social identity might result into psychological breakdown which can thereafter lead to perverse behavior. Similarly, Hallberg & Calsson (4) noted that students with hearing disability do experience more ego distorting experience than their peers without hearing impairment Mba (2). This can lead to depression and withdrawal tendency. This is a result of the feeling of disadvantaged, due to their disabilities, as well as the abuse they suffer from the population without hearing impairment Hallahan&Kauffman (5). Furthermore, studies by Garnefski,Grol & Hamming (6) and Monzani et al. (7) have also confirmed that deafness increases the risk of developing emotional problems. This makes the adjustment very difficult for individuals with hearing impairement. There is also a significant level of anxiety and depressed mood among people with hearing loss, as reported by Tombs, (8). Eldredge & Davis (9) have also reported negative effect of hearing impairement on psychosocial well-being among youths with hearing loss.

Obviously, no man is an island, youths with hearing impairment must live in an environ­ment and interact with different categories of people in their everyday life. It is worthy to note that psychological and social disposition of individuals will eventually lead to success or failure of activities performed by individuals in the society.

Io youths with hearing impairment, there is obvious evidence of psycho-social problems precipitated by both self and societal induced dispositions. Studies by Garnefski, Grol&Hamming (6) and Monzani, et al. (7) have revealed that adolescents with hearing impair­ment often experience difficulty in social rela­tionship. It has been further revealed that hea­ring impairment leads to loneliness, rejection and social isolation Owolawi & Eleweke (10). This phenomenon of altered self-ima­ge could cause fatal behavior of criminal ten­­dencies Monzani, et al. (7). Studies have furt­her revealed that emotional problem could hamper social maturation of a person with hearing impairment Hallahan & Kauffman (11). This may limit communication and social interaction of persons with hearing loss. Obvious­ly, verbal communication is highly essen­tial in social interaction and when it is absent there is likelihood of disorganized social and emotional development. A child that is frequent­ly cut off from communicating with the hea­ring population lives and grows up in rela­tive isolation and this predisposes the individual to psychological trauma Kathlean & Michael (12).

However, Akinpelu (13) has conducted a research on self-perception and social relationship among adolescents with hearing impairment in mainstream school using a social activity scale on 220 adolescents with hearing impairment. The result of the study showed that students with hearing impairment participated in school activities and interacted with other students frequently. Such positive development might be result of conducive environment.

In another development, Olubela, Alade & Adeniran (14) studied psychological disposition of students with hearing impairment in a regular university setting. The study revealed that students with hearing impairment displayed aggression and poor social relationships. In other words, the study revealed that students with hearing impairment are psychologically and socially maladjusted. Andrea (15) also noted that hearing impairment, though inconspicious disability do affects individuals with such impairment overtly. They stressed that hearing impairment like any other disability can hinder the normal activities expected of the victims in terms of adjustment, socialisation and cooperation. In a related research, Wiley (16) reported that hearing impairment has social, academic and psychological effects on youths with hearing impairment. He noted that persons with hearing disability may be withdrawn, become less active, reduce social contact, have poor academic performances and avoid conversation with others. The study conducted by Mykleburst (17) has also revealed that deaf children exhibit greater impulsivity and inadequate emotional regulation. The above are adverse implications of hearing impairment on the affected individual. This was further corroborated by Leigh et al. (18) who reported that hearing loss lowers the quality of life and for most adolescents and adults with hearing impairment hearing loss has psychological, physical and social consequences. Therefore, it is imperative to examine psychosocial implication of hearing impairment on interpersonal relationship of youths with hearing impairement in Nigeria. This study therefore investigated psychosocial influence of hearing impairment on the interpersonal behavior of youths with hearing loss in Oyo State, Nigeria.

 

 

 

Истражувачки прашања

 

Research Questions

 

 

 

1. Дали оштетувањето на слухот ги инхи­би­ра социјалните интерперсонални од­но­си на младите со оштетен слух?

2. Дали губењето на слухот влијае на емо­цио­налната добросостојба на лицата со ош­тетен слух?

3. Дали младите со оштетен слух се чув­ству­ваат удобно во друштво на лица без ош­те­тување на слухот?

 

1. Does hearing difficulty inhibit the social interaction of youths with hear­ing loss?

2. Does hearing loss affect the emotional well-being of persons with hearing impairment?

3. Do youths with hearing difficulty feel more comfortable in company of persons without hearing impairment?

 

 

 

Методологија на истражувањето

 

Research Methodology

 

 

 

Ова истражување ја користи анкетата како ис­тражувачки модел. Тоа е екс пост-фактум, би­дејќи беа испитувани само постоечките ва­ри­јабли без манипулација.

 

This study employed a survey research design. It is an ex-post facto because only existing variables were investigated without manipulation.

 

 

 

Примерок

 

Population

 

 

 

Примерок за ова истражување беа младите со оштетен слух од Федералниот колеџ за еду­ка­ција (специјална), Ојо.

 

The population of the study was youths with hearing impairment at the Federal College of Education (Sp.), Oyo.

 

 

 

Техники

 

Sampling Technique

 

 

 

Учесници во ова истражување беа 211 млади со оштетен слух, одбрани врз основа на нив­на­та достапност и пристапност на Фе­де­рал­ни­от ­колеџ за едукација (специјална) во Ојо, Ни­ге­рија. Одбраното училиште е ин­тег­ри­ра­на средина на ученици со пречки во развојот и ученици без пречки во развојот. Просечна воз­раст на учесниците е 19,5 години, со сте­пен на оштетување од благо до потполно гу­бе­ње на слухот. Учениците без оштетување и со други пречки, не беа земени во предвид.

 

In this study, 211 youths with hearing impairments were purposively selected based on their availability and accessibility at the Federal College of Education (Special) Oyo, Nigeria. The school used is an integrated setting accomodating disabled and non disabled students. The average age of the participants was 19.5 years with degree of loss range from slight to profound hearing loss. Non disabled and students with other disabilities were not considered.

 

 

 

Инструменти

 

Instrument

 

 

 

За ова истражување беше употребен пра­шал­ни­кот за сопствениот развој поврзан со Ска­ла­та за психолошка компетенција. Ин­стру­мен­тот е поделен во две секции (А и Б). Сек­ци­ја­та А ги содржи биолошките податоци, а сек­цијата Б содржи 25 точки од струк­ту­ира­ни прашања со пет потсекции коишто се од­не­с­уваат на моделите на однесување на ли­ца­та со оштетен слух. Од 25-те точки со пра­ша­ња во скалата, 12 точки се однесуваат на упо­требата на психосоцијалните варијабли на истражувањето во согласност со пра­ша­ња­та од истражувањето. Инструментот им беше даден на експерти од областа пси­хо­ло­ги­ја за проверка на валидноста на со­др­жи­на­та, додека за доверливоста на инструментот се доби 0,75 преку пилот-тест со користење на Кронбаховата алфа-формула.

 

The instrument used for this study is a self-developed structured questionnaire titled Psychosocial Competence Scale. The instrument is divided into two sections (A & B). Section A is on the bio-data of the participants while Section B contained 25 items of structured questions with five subsections addressing behavioral patterns of a person with hearing loss. Out of  25 items of the question in the scale, 12 items addressing the psychosocial variables of the study were used in line with the research questions. For contents validity the instrument was given to experts in the field of psychology while the reliability of the instrument was obtained at 0.75 through a pilot test using Cronbach alpha formula.

 

 

 

Методи за прибирање

податоци и анализа

 

Methods of Data Collection

and Analysis

 

 

 

Скалата за психосоцијална компетенција бе­ше дадена на 211 учесници, одбрани од Фе­де­ра­лниот колеџ за едукација (специјална), Ојо, а одговорите потоа беа собрани од ис­тра­жу­вачите. Добиените податоци од ис­тра­жу­ва­њето беа споредени, кодирани и ана­ли­зи­ра­ни со употреба на броење на фрек­вент­нос­та и едноставен процент.

 

Psychosocial competency scale was distributed among 211 participants purposively selected at the Federal College of Education (Special), Oyo and the responses were thereafter collected by the researcher. The data collected from the study were collated, coded and analysed using frequency count and simple percentage.

 

 

 

Резултати

 

Results

 

 

 

Во овој дел се презентираат резултатите и дис­ку­сии­те за заклучоците од собраните податоци.

 

This section presents the results and the discussion of findings of the data collected.

 

 

 

Истражувачко прашање 1

 

Research Question 1

 

 

 

Дали оштетувањето на слухот ги инхибира со­ци­јалните интерперсонални односи на младите со оштетен слух?

 

Does hearing difficulty inhibit the extent of social interaction of youths with hearing loss?

 

 

 

Табела 1: Влијанието на губењето на слу­хот на социјалната интеракција на мла­ди­те со оштетен слух

 

Table 1: Effects of Hearing Loss on Social Interaction of Youths with Hearing Loss

 

 

Точка/Item

SD

D

A

SA

Вкупно/

Total

1

Не сум љубоморен /

I am not jealous

69

32.4%

36

16.7%

32

15.8%

74

35.1%

211

100%

2

Добро се вклопувам со луѓето /

I mix well with people

75

35.2%

42

19.6%

32

15.8%

62

29.4%

211

100%

3

Јас сум активен член на групата /

I am an active group member

95

44.7%

62

29.1%

7

3.9%

47

22.3%

211

100%

4

Добро се снаоѓам во социјалните собири /

I relate well in social gathering

56

26.5%

50

23.7%

34

16.1%

71

33.6%

211

100%

5

Не се впуштам лесно во интеракција со странци /

I don’t interact freely with strangers

26

12.3%

51

24.2%

64

30.1%

70

33.4%

211

100%

 

Во табелата 1, според одговорите на уче­ни­ци­те за точка еден од истражувачкото пра­ша­ње 1, 69 (34.4%) апсолутно не се со­гла­су­ва­ат, 36 (16.7%) не се согласуваат со твр­де­ње­то, додека 32 (15.8%) се согласуваат, а 74 (35.1%) апсолутно се согласуваат со твр­де­ње­то. Од кумулативниот процент се дојде до соз­на­ние дека голем процент од оние што ги да­доа одговорите чувствуваат љубомора. На вто­ра­та точка, 75 (35.2%) апсолутно не се сог­ласуваат со тврдењето, 42 (19.6%) не се сог­ласуваат, додека 32 (15.8%) се сог­ла­су­ва­ат, а 62 (29.4%) апсолутно се согласуваат со твр­де­њето. Импликацијата од збирот на про­цен­тите е дека учениците со оштетен слух не се вклопуваат многу добро во опкружување со колеги што слушаат. Во однос на точка три,  95 (44.7%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 62 (29.1) не се согласуваат, до­де­ка 7 (3.9%) се согласуваат, а 47 (22.3%) ап­с­о­лутно се согласуваат со тврдењето. Од про­це­нтите, очигледно е дека учениците со ош­тетен слух не се активни членови во гру­па­та во којашто припаѓаат. Во однос на точ­ка­та четири, 56 (26.5%) од оние што ги дадоа свои­те одговори апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 50 (23.7%) не се согласуваат, до­де­ка  34 (16.1%) се согласуваат, а 71 (33.6%) апсолутно се согласуваат со твр­де­ње­то. Од резултатите секој може да заклучи дека учесниците имаат потешкотии за ос­тва­ру­ва­ње врски со другите поради нивното ош­те­тување. За точка пет, 26 (12.3%) ап­со­лут­но не се согласуваат, 51 (24.2%) не се со­гла­су­ваат, додека 64 (30.1%) се согласуваат, а 70 (33.4%) апсолутно се согласуваат. Ова по­ка­жува, според одговорите на учесниците, де­ка учениците со оштетен слух не се сло­бод­ни во остварувањето контакти со луѓето од нивната заедница.

 

In table one, going by responses of students to item one under research question one, 69 (34.4%) strongly disagree with the statement, 36 (16.7%) disagree with the opinion, while 32 (15.8%) agree and 74 (35.1%) strongly agree with the statement. From cumulative percentages, it was revealed that high percentage of the respondents feel jealous. On item number two, 75 (35.2%) strongly disagree with the statement, 42 (19.6%) ordinarily disagree while 32 (15.8%) agree and 62 (29.4%) strongly agree with the statement. The implication from the cumulative percentages was that students with hearing loss don’t mix well with non-hearing impaired peers. In item number three 3, 95 (44.7%) strongly disagree with the statement, 62 (29.1) disagree while 7 (3.9%) agree and 47 (22.3%) strongly agree with the statement. From the percentages, it is obvious that students with hearing impairment are not active members of the group they belong to. On item number four, 56 (26.5%) of the respondents strongly disagree with the statement, 50 (23.7%) disagree while 34 (16.1%) agree and 71 (33.6%) strongly agree with the statement. From the result, one can deduce that the participants have difficulty relating with others as a result of their disability. On item number five, 26 (12.3%), strongly disagree, 51 (24.2%) disagree while 64 (30.1%) agree and 70 (33.4%) strongly agree. From the responses of the participants this implies that students with hearing impairment don’t interact freely with people in their community.

 

 

 

Истражувачко прашање 2

 

Research Question 2

 

 

 

Дали губењето на слухот влијае на емо­цио­нал­на­та добросостојба на лицата со оштетен слух?

 

Does hearing loss affect the emotional well-being of youths with hearing impairment?

 

 

 

Табела 2: Влијанието на губењето на слухот на емоционалната добросостојба на младите со оштетен слух

 

Table 2: Effects of Hearing Loss on Emotional Wellbeing of youths with Hearing Impairment

 

 

Точка/Item

SD

D

A

SA

Вкупно Total

1

Би сакал да остварувам значајни задоволувачки односи со другите и покрај мојата неспособност да слушам /

I love to have meaningful satisfying relationship with others despite my inability to hear

 

36

17.1%

38

(18.0%)

107

50.7

30

14.2%

211

100%

2

Уживам во пријателствата со луѓето што слушаат /

I enjoy friendship with hearing people

 

39

18.5%

52

24.6%

12

5.7%

108

51.2%

211

100%

3

Имам пријателски однос со моите наставници и со моите врсници /

I have cordial relationship with my teachers and peers

 

12

5.7%

85

40.3%

53

25.1%

61

28.9%

211

100%

 

Во табелата 2, 36 (17.1) апсолутно не се сог­ла­су­ваат со тврдењето број еден,  38 (18.0%) не се согласуваат, додека 107 (50.7%) се сог­ла­су­ваат, а 30 (14.2%) апсолутно се сог­ла­су­ва­ат со тврдењето. Процентот на учесниците што се согласуваат е повисок од оној на тие што се спротивставуваат на тврдењето. Тоа по­ка­жува дека младите со оштетен слух има­ат значајни односи и покрај нивниот ин­ва­ли­ди­тет. Во однос на точката два, 39 (18.5%) ап­солутно не се согласуваат со тврдењето, 52 (24.6%) обично не се согласуваат, додека 12 (5.7%) се согласуваат, а 108 (51.2%) ап­со­лут­но се согласуваат со тврдењето. Тоа по­ка­жу­ва дека младите со оштетен слух ужи­ва­ат во пријателствата со луѓето без ош­те­ту­ва­ње ­на слухот во нивното опкружување. Во од­нос на точка три, 12 (5.7%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 85 (40.3%) не се согласуваат, додека 53 (25.1%) се со­гла­су­ва­ат, а 61 (28.9%) апсолутно се согласуваат со тврдењето. Од резултатите, процентот на мла­ди со позитивни диспозиции кон твр­де­ње­то е повисок од оние што се спро­тив­ста­ву­ва­ат на тврдењето. Тоа покажува дека мла­ди­те со оштетен слух имаат искрен од­нос со нивните наставници и со нивните врс­ни­ци.

 

In Table 2, 36 (17.1) strongly disagree with statement number one, 38 (18.0%) disagree while 107 (50.7%) agree and 30 (14.2%) strongly agree with the statement. The percentage of participants that agree with the statement is more than those that oppose the statement. The implication is that youths with hearing impairment enjoy meaningful relationship with others despite their disabilities. On item number two, 39 (18.5%) strongly disagree with the statement, 52 (24.6%) ordinarily disagree while 12 (5.7%) agree 108 (51.2%) strongly agree with the statement. The implication is that youths with hearing impairment enjoy friendship with people without hearing impairment in their environment. On item number three, 12 (5.7%) strongly disagree with statement, 85 (40.3%) ordinarily disagree while 53 (25.1%) agree and 61 (28.9%) strongly agree with the statement. From the result, the percentage of youths that favorably agreed with the statement was higher than the percentage of youths that opposed the statement. The implication is that youths with hearing impairment have cordial relationship with their teachers and peers.

 

 

 

Истражувачко прашање 3

 

Research Questions

 

 

 

Дали младите со оштетен слух се чув­ству­ва­ат удобно во друштво на лица без ош­те­ту­ва­ње на слухот?

 

Do youths with hearing impairment feel more comfortable in company of other persons without hearing impairment?

 

 

 

Табела 3: Влијанието на губењето на слу­хот на социјалната интеракција на мла­ди­те со оштетен слух

 

Table 3: Effect of Hearing Loss on Social Interaction of Youths with Hearing Impairment

 

 

Точка/Item

SD

D

A

SA

Вкупно/ Total

1

Не паничам секогаш кога треба да комуницирам со пријателите што слушаат /

I don’t always panic anytime I need to communicate with hearing friends

 

-

109

51.7%

45

21.3%

57

27.3%

211

100%

2

Не сакам да се поврзувам само со глуви луѓе /

I dislike relating only with deaf people

 

58

27.5%

44

20.9%

42

19.9%

67

31.8%

211

100%

3

Јазичните проблеми не ја ограничуваат мојата интеракција со другите луѓе /

Language problem does not limit my interaction with people

 

14

6.6%

105

49.8%

33

15.6%

59

28.0%

211

100%

4

Не мислам дека мојата личност е таква што другите луѓе не би сакале да контактираат со мене /

I don’t always think that my personality is such that people do not like to interact with me

 

69

32.7%

45

21.3%

35

16.6%

62

24.4%

211

100%

 

Во табелата 3, одговорите по точка еден по­со­чу­ва­ат дека 109 (51.7%) не се согласуваат со твр­де­њето, додека 45 (21.3%) се согласуваат, а 57 (27.3%) апсолутно се согласуваат со твр­де­њето. Од одговорите дадени погоре, очи­гледно е дека е поголем процентот на мла­ди­те што не се согласуваат со тврдењето од оние што сметаат дека тоа е точно. Во од­нос на точката два, 58 (27.5%) апсолутно не се согласуваат со тврдењето, 44 (20.9%)  обич­но не се согласуваат со тврдењето, до­де­ка 42 (19.9%) се согласуваат, а 67 (31.8%) ап­со­лутно се согласуваат со тврдењето. Ре­зул­та­тот покажува дека висок процент се сог­ласуваат со тврдењето.  Тоа зна­чи дека мла­ди­те со оштетен слух не са­ка­ат­ да се по­вр­зу­ваат само со лица со оштетен слух. Во од­нос на точката три, 14 (6.6%) ап­со­лутно не се согласуваат со тврдењето, 105 (49.8%) не се согласуваат, додека 33 (15.6%) се со­гла­су­ва­ат, а 59 (28%) апсолутно се сог­ла­су­ваат. Од­говорите на учесниците по­со­чу­ва­ат дека ви­со­киот процент на не­со­г­ла­су­ва­ње со твр­де­ње­то покажува дека јазикот е чес­то ог­ра­ни­чу­вачки за нивото на меѓусебна ко­му­ни­ка­ци­ја на младите со оштетен слух со дру­ги­те луѓе. Во однос на точката четири, 69 (32.7%) апсолутно не се согласуваат со твр­де­ње­то, 45 (21.3%) не се согласуваат, додека 35 (16.6%) се согласуваат, а 62 (24.4%) ап­со­лут­но се согласуваат. Очигледно е дека про­цен­тот на младите со оштетен слух коишто не го поддржуваат тврдењето е повисок од оние што се согласуваат со него. Ова по­ка­жу­ва дека младите со оштетен слух по­не­ко­гаш се чувствуваат инфериорни во однос на лу­ѓе­то што слушаат.

 

In Table 3, responses to item number one indicated that 109 (51.7%) disagree with the statement while 45 (21.3%) agree and 57(27.3%) strongly agree with the statement. From the responses above, it is obvious that the percentage of youths with hearing impairment that disagree with the statements is higher than the percentage of youths that agree. The implication is that communication sometimes poses difficulty for youths with hearing impairment. On item number two, 58 (27.5%) strongly disagree with the statement, 44 (20.9%) ordinarily disagree while 42(19.9%) agree and 67(31.8%) strongly agree. The result indicated that high percentage agrees with the statement. This means that youths with hearing impairment don’t only want to relate mainly with people with hearing impairment.

  On item number three, 14 (6.6%) strongly disagree with the statement, 105 (49.8%) disagree while 33 (15.6% agree and 59 (28%) strongly agree. The responses of the participants indicated that high percentage disagree with the statement indicating that language often limits the level of interaction of youths with hearing impairment with other people. On item number four, 69 (32.7%) strongly disagree with the statement, 45 (21.3%) ordinarily disagree while 35 (16.6%) agree while 62 (24.4%) strongly agree. It is obvious that the percentage of youths with hearing impairment that did not support the statement is higher than those that agree with it. This indicates that youths with hearing impairment sometimes feel inferior to other people that can hear.

 

 

 

Дискусија

 

Discussion

 

 

 

Истражувањето го испитуваше пси­хо­со­ци­јал­но­то влијание на оштетувањето на слухот на интерперсоналните односи на младите со ош­те­тен слух. Резултатите од првото ис­тра­жу­ва­чко прашање покажаа дека ош­те­ту­ва­ње­то на слухот ги инхибира младите со ош­те­тен слух при социјална интеракција. Овие соз­нанија ги потврдуваат истражувањата на Mba (2), Onyilofor (3) и Hallberg и Calsson  (4), коишто велат дека луѓето со оштетување на слухот имаат тешкотии во социјалното и пси­холошкото прилагодување. Ова е при­чи­на зошто некои од нив се повлечени и по­ка­жу­ва­ат непожелно социјално однесување. Ре­зултатите се, исто така, и во согласност со ис­тра­жувањето на Wiley (16), којшто вели дека глувите деца се поимпулсивни и со ог­ра­ни­чена социјална интеракција како ре­зул­та­т на нивното неекспонирање.        

Резултатот од второто истражувачко пра­ша­ње исто така покажува дека губењето на слу­хот влијае на емоционалната добросостојба на младите со оштетен слух. Тоа е очи­глед­но од одговорите со коишто некои од нив би са­ка­ле да имаат значајни односи со другите и да остваруваат пријателства со луѓето што слу­ша­ат. Сепак, нивната неможност за сло­бод­но мешање со другите резултира со са­мо­ти­ја и депресивни чувства. Adrea  ги поддржува сознанијата дека ош­те­ту­ва­ње­то на слухот често резултира со изо­ла­ци­ја, а изолацијата доведува до нарушување на емо­ционалната добросостојба на човекот. Соз­на­нијата, исто така, ги поддржува  Akinpelu (13), којшто забележува дека ош­те­ту­в­ањето на слухот јасно влијае на пое­ди­не­цот. Горенаведеното е исто така потврдено и со Andrea (15), којшто забележува дека ош­те­ту­ва­њето на слухот го намалува ква­ли­тетот на животот на повеќето адолесценти и воз­­рас­ни со оштетен слух. Сознанијата се по­кло­пу­ваат и со Leigh и др. (18) и со Hallam, Ashton,  Sherbourne и Galey (19), коишто велат де­ка луѓето со оштетен слух се повеќе скло­ни кон депресија и проценето е дека појавата на депресија кај оваа група е за 4,8 пати по­ви­со­ка од општата популација. Сепак, ре­зул­та­ти­те се спротивни на Owolawi и Eleweke (10), кои велат дека учениците со оштетен слух учествуваат во училишните активности и често се интерактивни со другите ученици.   

Понатаму, резултатите од третото ис­тра­жу­вач­ко прашање покажуваат дека младите со ош­те­тен слух секогаш се чувствуваат пос­ми­ре­но во друштво на други луѓе со ош­те­ту­ва­ње на слухот отколку во друштво на луѓе без ош­те­тување на слухот. Овој став мора да е ре­зултат на некои од негативните од­не­су­ва­ња на младите со оштетен слух во обидите за поврзување со некои луѓе во општеството коиш­то се трауматизирани од нивната по­пре­ченост.  Сознанијата ги поткрепува Andrea  (15), којшто вели дека оштетувањето на слу­хот влијае на социјалното, психолошкото и на академското ниво на погодените лица. По­на­таму тврди дека луѓето со оштетен слух се склони на повлекување, стануваат по­мал­ку активни и ги избегнуваат социјалните кон­такти со другите луѓе во општеството. Тоа води кон комплекс на пониска вредност, што вообичаено е својствен за секој вид по­пре­ченост.

 

The study investigated the psychosocial influence of hearing impairment on the interpersonal behavior of youths with hearing loss. The result of the research question one revealed that hearing impairment inhibits the social interaction of youths with hearing loss. The result of this finding was corroborated in the studies by Mba (2), Onyilofor (3) and Hallberg&Calsson (4) and they all reported that people with hearing impairment find it difficult to adjust socially and psychologically. This might be the reason why some of them are withdrawn and exhibit some socially undesirable behaviors. The result is also in line with the study of Wiley (16) that reported that deaf children exhibit greater impulsivity  and limited social interaction as a result of the lack of exposure.

  The result from the second research question also revealed that hearing loss affects emotional well-being of youths with hearing impairment. This is obvious from their responses that though some of them want to have meaningful relationships with others and want to have friendship with hearing people. Nevertheless, their inability to mix freely with others results into loneliness and feeling of depression. Adrea (15) supported the finding and observed that hearing disability often results with isolation and that isolation can easily distort emotional well-being of a person. Akinpelu (13) has also corroborated the finding and observed that hearing impairment affects individuals overtly. The above expression confirms Andrea (15) that re­mar­ked that hearing loss lowers the quality of life of most adolescents and adults with hearing impairment. The finding was also in line with Leigh, et al(18) and Hallam, Ashton, Sher­bourne&Galey (19) who reported that people with hearing impairement were more vulnerable to depression and that the rate of incidence of depression among this group was 4.8 times higher than the general population. However, the result is contrary to the report of Owolawi & Eleweke (10) that found that students with hearing impairment participated actively in school activities and interacted with other students frequently.

Furthermore, the result of the third research question revealed that youths with hearing impairment always feel comfortable in company of other persons with hearing impairment than with those without hearing impairment. This attitude might be as a result of some negative behaviors that youths with hearing impairment experienced in the course of relating with some people in the society coupled with the trauma of their disabilities. Andrea (15) supported this finding and reported that hearing impairment has social, psychological and academic effects on the affected persons. He further stated that people with hearing impairment displayed withdrawal tendency, become less active and avoid social contact with other people in the society. This can lead to inferiority, complex that normally accompany every disability.

 

 

 

Заклучок

 

Conclusion

 

 

 

Ова истражување го испита пси­хо­со­ци­јал­но­то влијание на оштетувањето на слухот на ин­терперсоналните односи на младите во др­жа­вата Ојо, Нигерија. Очигледно, од ис­тра­жу­вањето ­произлегува дека ош­те­ту­ва­ње­то на слухот негативно влијае на ин­тер­пер­со­налните односи на младите со оштетен слух во Нигерија. Младите со оштетен слух се соочуваат со ограничена социјална ин­те­рак­ци­ја, страдаат од емоционална траума и од неможноста за прилагодување. Според им­пликациите, негативното влијание на по­пре­ченоста доведува до нарушување на лич­нос­та, како што е покажано и со прет­ход­ни­те истражувања. Од горенаведеното следува дека е неопходно сите страни да ги ин­тен­зи­ви­ра­ат напорите за подобрување на пси­хо­со­ци­јалната добросостојба на луѓето со ош­те­тен слух во Нигерија.

 

This study examined psychosocial influence of hearing impairment on the interpersonal behavior of youths in Oyo state, Nigeria. It is obvious from the study that, hearing impairment has negative impact on interpersonal relationship of youths with hearing disability in Nigeria. Youths with hearing impairment have restricted social interaction, suffer emotional trauma and have difficulties in adjustment. By implication, the negative impact of the disability account for disorganized personality as revealed by previous studies. In view of the above, it is imperative for all stakeholders to intensify effort in improving psychosocial well-being of people with hearing impairment in Nigeria.

 

 

 

Препораки

 

Recommendation

 

 

 

Според сознанијата од ова истражување, се пре­по­рачува:

  • домашната и училишната средина да би­дат пријателски; тоа може да се постигне со реориентација на општетството кон пра­ша­њето за попреченоста;
  • На родителите на младите со оштетен слух треба да им се овозможи соодветно со­ве­тување за култивирање во духот на љу­бовта и прифаќање;
  • Младите со оштетен слух исто така треба да се советуваат за прифаќање на нивната сос­тојба и да разберат дека попреченоста не е бариера за постигнување по­да­ле­ку­сеж­ни резултати;
  • Треба да се овозможи постојана реориен­тација за да се промени ставот и ве­ру­вањето на општеството за состојбата на оштетување на слухот.

 

Based on the findings in this study, it is therefore recommended that:

  • Home and school environment should be made friendly. This can be done through re-orientation of the society on the issue of disability.
  • Adequate counseling should be given to parents of youths with hearing impairment on how to cultivate spirit of acceptance and love.
  • Youths with hearing impairment should also be advised to accept their condition and to understand that their disability is not a barrier to achieving greater height.
  • Constant re-orientation should be done, so as to change the attitudes and beliefs of the society towards the condition of hearing impairment.

 

 

 

Citation: Ayo O, Olufemi SA, Gregory GU. Psychosocial Influence of Hearing Impairment on the Interpersonal Behavior of Youths with Hearing Impairment in Oyo State, Nigeria. J Spec Educ Rehab 2013; 14(1-2):33-44. doi: 10.2478/v10215-011-0031-5

   

Article Level Metrics

 
   

Литература/References

 

 

 

 

 

1.  Lisben LS. Deaf children: Developmental perspectives. New York: Academic Press; 1978.

2.  Mba PO. Fundamentals of special education and vocational rehabilitation. Ibadan: Codat Publication; 1995.

3.  Onyilofor F. The impact of family background on personality adjustment of visually impaired students. An unpublished Ph.D. thesis, University of Nigeria, Nsukka; 2002.

4.  Hallberg LR. and Carlsson, S.G. Hearing impairment, coping and perceived hearing handicap in middle aged subjects with acquired hearing loss. British Journal of Audiology. 1991; 25:323–330.

5.  Hallahan DP. and Kauffman JM. Exceptional children: Introduction to special education. Boston: Allyn and Bacon; 1994

6.  Garnefski N, Grol M. аnd Hamming J. Cognitive emotion regulation strategies and psychosocial adjustment in adolescents with chronic disease. Journal of adolescence. 2009; 32:449–454.

7.  Monzani D, Galeazzi GM, Genovaser E, Marrara A, and Martini A. Psychosocial profile and social behaviour of working adult with mild to moderate hearing loss. Acta. Otorhinolaryngological. 2008; 28:61–66.

8.  Tambs K. Moderate effect of hearing loss on mental health and subjective wellbeing: Results from the Nord-Trondelag Hearing loss study. Psychosonatic Medicine. 2004; 66:776–782.      

9.  Eldredge L, and Davis B. Integrating the handicapped into ordinary school. London: Croom Helm; 1996.

10. Owolawi WO, and Eleweke CJ. The role of communication scientists (Audiologists) in effective health career delivery system. Journal of Special Education, 2001, 9(1), 188–201.      

 

 

11. Hallahan DP. and Kauffman JM. Exceptional children: Introduction to special education. New Jersey, Englewood Cliffs, Prentice Hall; 1978.

12. Kathlean W. and Michael S. Self-perception of social relationships among hearing impaired adolescents. Journal of Educational Psychology. 1996; 88(2):12–16.

13. Akinpelu OF. Psychological disposition of students with hearing impairment in regular university setting. Journal of Nigeria Association of Specialist in Management of Hearing Impairment. 1999;1(2):30–36.  

14. Olubela OJ, Alade O, and Adeniran AO. Fostering self-concept and emotional development towards dynamic self-actualisation in the hearing impaired individuals. Journal of Nigeria Association of Specialists in Management of Hearing Impairment. 1999;1(2):5–9.

15. Andrea L. School counsellors in the mainstream setting. A tool for working with students with hearing impairment in the public school environment. Msc Dissertation, School of Medicine, Washington University; 2007.

16. Wiley P. Psychology of adolescents. New York: McGraw Hill Book Company; 2000.

17. Mykleburst HR. The psychology of deafness: Sensory deprivation, learning and adjustment. New York: Grunne and Stratton, Inc; 1960a.

18. Leigh IW, Maxwell-McCaw D, Batchava Y, and Christiansen JB. Correlate of Psychosocial Adjustment in Deaf Adolescents with and without Cochlea implants: A preliminary investigation. Journal of Deaf studies and deaf education. 2009; 14(2):249–259.

19. Hallam R, Ashton P, Sherbourne K, And Galey L, Acquired profound hearing loss: Mental health and other characteristics of large sample. International Journal of Audiology. 2006; 45:715–723.

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in