ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ СМЕСТЕНИ ВО ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Наташа СТАНОЈКОВСКА-ТРАЈКОВСКА

 

Филозофски факултет,

Институт за дефектологија Скопје

 

 

Наташа Станојковска-Трајковска го одбрани сво­јот магистерски труд на 20. X. 2010 го­ди­на на Институт за дефектологија при Фило­зоф­ски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Ме­тодиј“ Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Ристо Петров, проф. д-р Зора Јачова и проф. д-р Сунчица Димитријоска.

 

Примено: 28.12.2010

Прифатено: 27.01.2011

UDK: 364.4-053-26/.36(043.2)(049-3)

 

CHILDREN WITH SPECIAL EDUCATIONAL NEEDS ACCOMODATED IN FOSTER FAMILIES IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

 

Natasha STANOJKOVSKA-TRAJKOVSKA

 

Faculty of Philosophy,

Institute of Special Education and Rehabilitation - Skopje

 

Natasha Stanojkovska-Trajkovska defended her master thesis on the 20th of October 2010 at the Institute of Special Education and Rehabilitation, Faculty of  Philosophy, University of  “Ss Cyril and Methodius” –Skopje in the presence of a commission  consisted of: Prof. Dr. Risto Petrov,  Prof. Dr. Zora Jachova, and Prof. Dr. Sunchica Dimitrijoska.

 

Received: 28.12.2010

Accepted: 27.01.2011

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

Република Македонија во Законот за соци­јална заштита предвидува помош на децата без родители и родителска грижа, без разлика дали станува збор за деца од поши­роката популација или пак за деца со по­себни образовни потреби, преку една од фор­мите за вонинституционална заштита, смес­тување во згрижувачко семејство. Кога ста­нува збор за деца со посебни образовни потреби не би можеле проучувањето да го бази­раме само врз нивно индивидуално сле­дење, туку неизбежно е црпење на инфор­ма­ции непосредно од самите згрижувачи и цент­рите за социјална работа. Токму затоа пред­мет  на  магистерската  теза се децата со посе­бни образовни потреби сместени во згри­­жувачки семејства на територијата на Репу­блика Македонија и згрижувачките се­меј­­ства. Магистерскиот труд е презентиран на 156 стра­ници. Трудот се состои од пет де­ло­ви:

теоре­тски основи, методологија на истра­жу­ва­њето, резултати од истражувањето со дис­ку­си­ја, заклучоци и предлог мерки. Во про­дол­жение е наведена користената лите­ра­ту­рата и на самиот крај се дадени при­ло­зите.

Во првиот дел од трудот насловен како тео­рет­ски основи, даден е осврт на неколку гру­пи прашања. Дефиниран е проблемот на ис­тра­­жување, дадена е дефиниција на поимот лица со инвалидност и е даден осврт на се­која група одделно. Во понатамошниот дел од теоретските основи се укажува на раз­во­јот на заштитата и рехабилитацијата, нај­пр­во на институционалната заштита, а осо­бено е даден акцент на процесот деинс­ти­ту­цио­на­ли­зација и на развојот на вони­н­сти­ту­цио­нал­на­та заштита во Република Маке­до­нија. Како резултат на овие процеси се поја­вија и згри­жувачките семејства, на кои е даден осо­бен осврт и на самиот крај од овој дел се пре­зентирани искуства од други држа­ви, пред се во нашето опкружување.

Во истражувачкиот дел е дадена мето­до­ло­ги­­јата на истражувањето и притоа се дефи­ни­­рани предметот, целите, задачите, хипо­те­зите, варијаблите, методите, техниките и ин­стру­­ментите, популацијата и примерокот, ста­­тистичката обработка на податоците и ор­га­ни­зацијата и текот на самото истра­жу­вање.

При­мерокот го сочинуваат претставници на ти­мовите кои директно работат на формата смес­тување во згрижувачки семејства од цен­т­рите за социјална работа од Кочани, Кри­ва Паланка, Скопје, Прилеп, Крушево, Ма­кедонски Брод, Охрид и Велес, како и згри­­жувачките семејства од истите овие оп­шти­ни. Анкетирани се 18 стручни лица од го­ре­­наведените центри за социјална работа и тоа од различни стручни профили (соци­јал­ни работници, педагози и психолози). Исто се анкетирани 71 згрижувач од кои се до­бие­ни информации за 107 деца со посебни обра­зо­вни потреби сместени во овие згри­жу­вач­ки семејства.

 

Основна цел на истражувањето е да се на­пра­­ви анализа на актуелната состојба на овој об­лик на згрижување, развиеноста на мре­жа­та на згрижувачки семејства за деца со по­себ­ни образовни потреби на територијата на Ре­публика Македонија и согледување на мож­­ностите за нејзин развој и унапредување кои треба да овозможат нејзина афирмација и поголема примена и подобрување на ква­ли­­тетот на живот на децата опфатени со неа.

Во текот на истражувањето се собрани по­да­тоци со помош на анкетни листови наменети и за стручните лица од центрите за соци­јал­на работа и за згрижувачите во чии семеј­ства се сместени деца со посебни обра­зовни по­треби. Во истовреме, на средбите со стру­чни­те лица и згрижувачите се снимени и нив­ни коментари кои се однесуваат на пра­ша­­њата кои даваат одговор на поставените хи­по­тези, но и помогнаа подобро да се при­ка­же состојбата со сместување деца со по­себ­ни образовни потреби во згрижувачки се­меј­­ства. Најкарактеристичните коментари се да­дени во делот на презентација на резул­та­тите. По прибирањето податоците се гру­пи­ра­ни и претставени табеларно. Состојбата со згри­жување деца со посебни образовни по­тре­би во Република Македонија е при­ка­жана дес­криптивно и е дадена фрек­венцијата на од­говорите на поставените пра­ша­ња од ан­ке­тните листови.

Во третиот дел се презентираат резултатите од истражувањето, со опширен коментар, во кој до­ми­нираат сите табели и графикони. Во овој дел е даден приказ на општите пода­тоци за испитаниците. Во продолжение се пре­зентирани ставовите на стручните лица од центрите за социјална работа од опш­ти­ни­те во кои е извршено истражувањето, како и ставовите на згрижувачките семејства. Во овој дел е направена анализа на резултатите од згрижувачките семејства, како и за децата кои се прифатени во овие семејства, па е кон­­статиран позитивен однос кон децата и ин­те­рес за прифаќање на уште деца. Дадени се забелешки кај одделни центри за соц­ијал­на работа во смисла дека нивниот интерес за де­цата не е на потребното ниво и дека тре­ба по­веќе да бидат заинтересирани за по­тре­би­те на децата.

 

Во четвртиот дел од магистерскиот труд е да­дена верификација на поставените хипо­тези и се донесени заклучоците, врз основа на кои се понудени предлог мерките.

Неоспорно е дека сместувањето на деца со по­себни образовни потреби во згрижувачки семејства е далеку подобра форма на згри­жу­вање на децата во однос на инсти­ту­цио­нал­ната заштита, па токму затоа и треба да се развива оваа форма. Оваа форма на заш­тита ја поздравуваат и стручните лица од цен­­трите за социјална работа и згри­жу­вач­ките. Центрите за социјална работа ука­жу­ваат на потребата од вклучување на дефек­то­лог како стручен профил и како најкомпе­тен­тен во тимовите кои работат на смес­ту­ва­ње деца со посебни образовни по­треби, како и на потребата од изготвување мате­ријали и ор­ганизирање на подобри обуки. На те­ри­то­ри­јата на цела Република Маке­донија по­треб­но е да се организира кампања за ин­фор­мирање на населението за формата смес­ту­вање во згрижувачко семеј­ство преку три­би­ни и преку медиумско инфор­мирање за да се придонесе за разви­вање на мрежата на згри­жувачки семејства на целата територија на државата. Најголем про­цент од згри­жу­вач­ките семејства се со ни­зок образовен и ма­теријален статус па потребно е да се по­диг­не јавната свест и да се анимира на­се­ле­ние­то со повисок мате­ри­ја­л­ен и образовен ста­тус за згрижување деца без родители и ро­дителска грижа. Високиот про­цент деца со по­себни образовни потреби кои не се оп­фа­те­ни со третман укажува на потребата за от­во­ра­ње повеќе дневни центри за дневно згри­жување. Во моментов има опш­тини каде днев­ниот центар функционира со полн ка­па­ци­тет и не е дозволен прием на нови деца, а има деца, без разлика дали се во згри­жу­вач­ки семејства или во нивните биолошки кои тре­ба да бидат прифатени во дневни центри.

 

 

 

The Macedonian Law of Social Protection provides assistance for children without parents and parental care through non-institutional care by offering accommodation in foster families, whether it is for children belonging to the wider population or for children with special educational needs. When it comes to children with special educational needs, we would not be able to base the research only on individual moni­toring, but inevitably extract  information direc­tly from the caregivers and the centres for social work. That is why the subject of this master thesis is children with special educational needs placed in foster families in the Republic of Macedonia and the foster families as well. The master thesis is presented in 156 pages. It consists of five parts: theoretical foundations, research methodology, results of the research and discussion, conclusions and proposed measures. In the proceedings, the used literature is listed and at the very end the articles are given.

The first part of the thesis, named “theoretical base,” is an overview of several groups of issues. The research problem is defined, a definition of the term “persons with disabilities” is given as well the attention to each group separately. Furthermore, on a theoretical basis, the development of protection and rehabilitation is illustrated, primarily in regards to institutional care, with an emphasis on the process of deinstitutionalization and the development of non-institutional protection in Macedonia. As a result of these two processes, foster families have emerged whom are given special attention in this research. At the very end of this section experiences of other countries are presented, mainly neighbouring ones.

The research section presents the methodology and defines the subject, goals, objectives, hypothesis, variables, methods, techniques and instruments, population and sample, statistical data processing and organization and the course of the research. The sample was composed of representatives from teams  who work directly on the process of accommodation in foster families in the centres for social work in Kochani, Kriva Palanka, Skopje, Prilep, Krushevo, Makedonski Brod, Ohrid, Veles, as well as foster families from these communities. Respondents are 18 experts from the above centres for social work with different profiles of expertise (social workers, pedagogues and psychologists). Seventy-one care providers are surveyed  who gave information on 107 children with special educational needs placed in foster families.

 

The main goal of this research is to analyze the current state of this form of care, the development of a network of foster families for children with special educational needs in the territory of Macedonia. The opportunities for the development and improvement of foster care should receive recognition and facilitate greater use, improving the quality of life for children under its protection.

The data was collected using questionnaires designed for professionals from centres for social work and caregivers belonging to foster families who accommodate children with special educational needs. Meetings with the professionals and caregivers were recorded as well as their comments regarding the issues that answer the question in the hypotheses. The interviews also helped to better display the state of accommodations  for children with special educational needs in foster families’ homes. The most relevant comments are given in the part presenting the results. The collected data  is grouped and presented in tables. The situation of caregiving for children with special educational needs in the Republic of Macedonia is presented descriptively and accompanied by frequent responses to the questionnaires.

The third part presents the results of the research, with extensive commentary dominated by tables and graphs. This section shows the general data about the respondents. In the proceeding, views of the experts from the centres for social work  in the included municipalities, as well as the views of the foster families were presented. This section is an analysis of the results of the foster families and the children accommodated in these families, and a positive relation toward children and an interest to accept more children is discovered. Remarks are given to some of the centres for social work, criticising their low level of interest in the children and the recommendation for more attention  to the needs of the children.

In the fourth part of the thesis, verification of the hypotheses and conclusions are made.

 

Based on this proposal measures are offered. There are no reservations that the accommodation of children with special educational needs in foster care is a far better form of childcare compared to institutional care and therefore it needs to develop further. This form of protection is welcomed by both professionals from the centres for social work and foster caregivers. The centres for social work suggest the need for including a special educator, being an expert most competent to work in teams accommodating the children with special educational needs, as well as fulfilling the requirements for developing materials and organizing better training.  In the entire territory of the Republic of Macedonia, it is necessary to organize a campaign to inform the population on the procedure of placement  for this group of children in foster care institutions. The dissemination of information can be achieved through public discussions and information via media, in order for the wider public to realize how they can contribute in developing a network of foster families throughout the state. The largest percentage of current foster families  have low educational and socio-economic statuses, so it is necessary to raise public awareness and to activate those with higher levels of educations and material wealth to accommodate children without parents and parental care. A large  percentage of children with special educational needs  who are not covered by treatment show the need for opening more day care centres. Currently, municipalities exist where the day care centres operate at full capacity and admission of new children is not allowed, but there are children whether in foster families or biological families who need to be accepted in these day care centres.

 

Клучни зборови: деца со посебни образовни потреби, згрижувачки семејства, вонинсти­туционална заштита

 

 

Keywords: children with special educational needs, foster families, non-institutional protection

 

 

 

 

 

 

 

Адреса за кореспонденција:

Наташа СТАНОЈКОВСКА-ТРАЈКОВСКА

Филозофски факултет-Скопје

Бул. Крсте Мисирков бб.

1000 Скопје, Р Македонија

e-mail: natasa.stanojkovska@fzf.ukim.edu.mk

 

Corresponding Address:

Natasha STANOJKOVSKA-TRAJKOVSKA

Faculty of Philosophy-Skopje

Blu. Krste Misirkov bb

1000 Skopje R Macedonia

e-mail: natasa.stanojkovska@fzf.ukim.edu.mk

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in