АСФИКСИЈАТА И РАЗВОЈНИТЕ ПОСТИГНУВАЊА
КАЈ ВИСОКО РИЗИЧНИТЕ НОВОРОДЕНИ

 

Валентина ДУКОВСКА1,
Аспазија СОФИЈАНОВА1,
Филип ДУМА2,
Живко ЈУЗЕВСКИ3

Одделение за интензивна нега, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје1
Одделение за неврологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје2
Асоцијација за Когнитивна Бихејвиорална Психотерапија на Р. Македонија – Скопје3

 

ASPHYXIA AND DEVELOPMENTAL OUTCOME
IN HIGH RISK INFANTS

 

Valentina DUKOVSKA1,
Aspazija SOFIJANOVA1,
Filip DUMA2,
Zhivko JUZEVSKI3

 

Department of Intensive Care, 
PHI University Children’s Hospital –Skopje1
Department of Neurology,
PHI University Children’s Hospital –Skopje2
Association for Cognitive Behavioral Psychotherapy of R. of Macedonia – Skopje3

 

Примено: 13. 01. 2010
Прифатено: 28. 01. 2010
UDK: 616.24-008.4-053.31

 

 

Received: 13. 01. 2010
Accepted: 28. 01. 2010
Original article

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

Асфиксијата е фактор на ризик кој многу често се поврзува со невроразвојните проблеми кај високоризичните новородени и подеднакво се јавува и кај недоносените и кај доносените. Меѓутоа ефектите кои ги има врз мозокот се различни кај зрелиот мозок споредено со ефектите кај прематурниот мозок.
Кај недоносените, асфиксијата најчесто предизвикува хеморагија или исхемија и појава на перивентикуларна леукомалација.
Кај терминските новородени, асфиксијата доведува до церебрален едем и до атрофија на мозокот, што подоцна доведува до хипоксично-исхемична енцефалопатија (HIE).
Бројот на преживеани термински новородени со HIE е понизок во споредба со преживеаните недоносени, додека процентот на деца со невроразвојни проблеми кај терминските новородени со  HIE  е поголем. Кај недоносените како резултат на оштетувањето на мозокот се јавуваат повеќе проблеми во моторниот развој, а кај доносените доаѓа до појава на енцефалопатија и нешто поголемо засегање на когнитивните способности.
Спроведовме истражување со цел да го докажеме влијанието на асфиксијата врз развојните постигнувања кај децата родени со висок фактор на ризик. Во нашето истражување врз 30 новородени со висок фактор на ризик спроведовме лонгитудинално развојно следење и проценка на развојните постигнувања со примена на Грифитс развојни скали, од 4-от месец до крајот на 36-от месец. Прво увидовме дека децата родени со висок фактор на ризик навистина покажуваат пониски развојни постигнувања во текот на целиот период на следење во однос на контролната група. Понатаму истражувањето покажа дека асфиксијата прави разлика во развојните  постигнувања помеѓу недоносените со многу ниска родилна тежина без асфиксија, недоносените со асфиксија и доносените со HIE-II.

 

Asphyxia is a risk factor that is very often related to neuro-developmental issues in high risk infants and equally affects preterm and term infants, however its outcome on the developed brain differs from the outcome on the preterm brain.
In preterm infants, asphyxia usually exerts a hemorrhagic or ischaemic event and periventricular leukomalacia.
In term infants, asphyxia leads to cerebral edema and atrophy of the brain, which may later lead to hypoxic ischaemic encephalopathy (HIE).
The number of term infants with HIE who have survived is lower than those of preterm infants, while the percentage of term infants with HIE who have neuro-developmental issues is higher. Preemies face more problems in their motor development as a result of the brain damage, while term infants suffer from encephalopathy and their cognitive abilities are more affected.
We have conducted a study about the effects that asphyxia has on the developmental outcomes in high risk infants. In our study, we did a longitudinal developmental follow-up of 30 high risk infants and an evaluation of their developmental outcome using the Griffiths Mental Development Scales, from the 4th month of life until the end of the 36th month. First, we found that high risk infants had a much lower developmental outcome than the control group during the trial. Finally, we found that asphyxia makes a difference in the developmental outcome of preterm infants without asphyxia who have a very low birth weight, the preterm infants with asphyxia, and the term infants with HIE-II.

 

 

 

 

Citation:Dukovska V, Sofijanova A, Duma F, Juzevski Zh. Asphyxia and Developmental Outcome in High Risk Infants. J Spec Educ Rehab 2010; 11(1-2):25-38.

   

 

   

Клучни зборови: асфиксија, HIE, деца родени со висок фактор на ризик, Грифитс развојни скали, развојнo постигнувањe

 

Key words: asphyxia, HIE, high risk infants, Griffiths Developmental Scales, developmental outcome

 

 

Адреса за кореспонденција:

 

 

Corresponding Address:

Валентина ДУКОВСКА

 

Valentina DUKOVSKA

Одделение за Интензивна Нега
Ј.З.У. Универзитетска клиника
за детски болести – Скопје
ул. Водњанска бр. 17, 1000 Скопје, Р. Македонија
email: drvalentinadukovska@yahoo.com

 

Department of Intensive Care
PHI University Children’s
Hospital –Skopje
17 Vodnjanska Str., 1000 Skopje, R. of Macedonia
email: drvalentinadukovska@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in