EDITORIAL PREFACE

 

 

 

 

 

Dear readers,

 

 

 

Writing the preface for a scientific journal is quite a challenging task, requiring a level of authenticity so as not to publish repetitive content from previous editions, while maintaining a high quality of text that intrigues our dearest readers to enjoy our publication from cover to cover. 

This year our publisher, The Faculty of Philosophy at Skopje, is celebrating its 90th anniversary. For this reason, this edition as well as any other represents the Faculty’s tendency toward improving our publishing services.

The writer of this letter has in the past two to three months faced a series of resignations from the Editorial Office’s crew on the basis of various grounds. To all who were involved in the four previously published editions and had to leave our team, I would like to use this opportunity to thank you for your unselfish contributions. Furthermore, it is likely that your resignation has for you been a great loss, namely because the Journal is constantly growing in publicity. Meanwhile, I would like to express my deepest gratitude to Ratko Duev, M.Sc., Angelka Velkoska, and Katie Bachmeyer, people who instantly and without reservation filled the vacated positions and have achieved great success in completing this edition.

While in this difficult period, I accomplished the goal to strengthen the international recognition of our journal and index in five large databases: the Directory of Open Access Journals (DOAJ), Scientific Commons, NEW JOUR, York University Libraries andNew Electronic Journals. These databases are powerful research sources and include a vast amount of scientific articles and other publications. At the moment, the journal has been indexed in 18 databases, making it more accessible to a larger amount of readers around the globe. It remains for us the task to work hard and gain the impact we have long been waiting for patiently.

For the remainder, I have the chance to introduce you to the interesting content of this new edition, and to some of the world’s most recognized authors who have decided to publish their work with us. In this issue, you will find topics on sexual evolution, namely, the behavior and sexual identification present among the people with autism.  You will also be able to read more interesting facts about collective institutional treatment ofstuttering in Serbia. The section on speech therapy is enriched with national authors’ article entitled, “Comparative analysis of phonetic-articulating disorders in the function of differential diagnosis.” “The asphyxia and the developing achievements among highly-risk newborns” is the title of a piece from a group of domestic authors. The author Spasovski is currently working on the subject of mainstreaming in Macedonia called, “The assumptions of the inclusive education and the role of teachers and experts.” Our Italian colleagues are developing further the problems with de-institutionalization of psychiatric patients via psycho-social rehabilitation. The featured Slovakian authors present a very intriguing piece on DNA polymorphism present in adults diagnosed with Down syndrome. Aging in adults with intellectual interruption is the main area of study for the American scientist, Janicki. Along with these articles you will find the summary of a book and several resumes of defended master’s dissertations. You will also have the chance to read the latest news from our area of expertise and a full bibliography of the journal’s previously published issues from 2004 to 2009.

We patiently await your comments and suggestions which will encourage the improvement in the quality of our journal.

 

 

With deep respect,
Editor-In-Chief
Prof. Dr. Vladimir Trajkovski

ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА

 

 

 

 

 

Почитувани читатели,

 

 

 

 

Пишувањето предговор на редакцијата понекогаш преставува тешка задача, бидејќи треба да внимавате да не се повторите со претходните броеви на списанието, а во исто време треба да напишете текст кој треба да ги заинтригира читателите да го прочитаат целото списание од првата до последната страница.

Годинава главниот издавач на списанието Филозофскиот факултет од Скопје го прославува својот 90 годишен јубилеј од своето постоење. Овој број и секако наредниот број ќе бидат скромен прилог и придонес кон поголем растеж на факултетот во смисол на подобрување на издавачката дејност.

Пишувачот на овие редови во изминатите два до три месеци се соочуваше со проблеми како што беа оставките на половина од луѓето во издавачка канцеларија, кои од разни причини ја напуштија работата во списанието. На сите нив во оваа пригода им благодарам за придонесот што го дадоа во изработката на изминатите четири броја. Тие со тој потег секако дека повеќе изгубија, отколку што добија, особено заради постојаниот растеж кој го бележи списанието. Во меѓувреме без двоумење и безрезервно нивното место го пополнија м-р Ратко Дуев, Ангелка Велкоска и Кети Бачмејер на кои особено им благодарам за нивното брзо вклучување и адаптирање во редакцијата и одлично завршената работа во овој број.

Работејќи на меѓународната препознатливост на списанието во овој тежок период успеав да го индексирам списанието во пет огромни бази на податоци, а тоа се: DirectoryofOpenAccessJournals(DOAJ), ScientificCommons, NEW JOUR, York University Libraries и New Electronic Journals. Овие бази се моќен извор за пребарување на цели трудови и во нив се содржат милиони публикации. Во моментот списанието е индексирано во 18 бази на податоци. Секако дека со ова, нашето списание станува подостапно за голем број на читатели ширум светот. Останува неуморно и упорно да работиме на добивањето на импакт фактор кој што подолго време го очекуваме.

Конечно, да ви ги претставам содржините на новиот број кој изобилува со интересни трудови и светски познати автори кои решија да објават кај нас. Во бројот ќе најдете труд за сексуалниот развој, однесување и полов идентитет кај лицата со аутизам, ќе дознаете за групниот ста­цио­на­рен третман на пелтечењето во соседна Србија. Логопедскиот дел е надополнет со труд од наши автори наречен: „Компаративна анализа на фонолошко - артикулативните рас­трој­ства во функ­ци­ја на диференцијална дијагноза“. „Асфиксијата и развојните постигнувања кај високо ри­зич­ни­те новородени“ е наслов на труд на група домашни автори. Авторот О. Спа­сов­ски се за­ни­ма­ва со „Претпоставките на инклузивното образование и улогата на нас­тав­ни­ци­те и стручните служ­би“. Италијанските колешки го обработуваат проблемот на де­инс­ти­ту­ци­о­на­лизација на пси­хијатриските пациенти преку психо-социјална рехабилитација. Авторите од Словачка ни при­кажуваат мошне интересен труд за ДНК полиморфизам кај возрасните лица со Даунов синдром. Стареење на возрасните лица со интелектуална попреченост е преокупација на американскиот колега Џеники. Покрај овие наслови ќе можете да најдете приказ на книга, неколку резимеа од одбранети магистерски трудови, да ги прочитате најновите вести од нашата струка и да ја видите богатата библиографија на поранешни броеви на списанието од 2004 до 2009.

Ги очекуваме вашите забелешки и сугестии кои би придонеле кон подобрување на квалитетот на списанието.

Со должна почит,
Главен и одговорен уредник
Проф. д-р Владимир Трајковски

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in