JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 2333
Веле БЛАГИН
АПСОЛВЕНТСКА ВЕЧЕР НА ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА
СТУДЕНТИ ПО ДЕФЕКТОЛОГИЈА (1993/94-1996/97)
|
Хуманизмот-лице и опачина на дефектолошката професија |
Пред четири години за прв пат во Република Македонија започнаа дефектолошките студии при Филозофскиот факултет-Скопје. Тој чин ги стави пред најтешка енигма на животниот крстопат сегашните 20-тина млади луѓе-апсолвенти да го направат првиот чекор кон себенаоѓање во една не многу ценета, ни многу позната, ни достојно општествено промовирана професија.
Но четиригодишното нивно теориско образование и не многу скромното практично искуство кое програмски го стекнаа за време на студиите ја верифицираа определбата кон дефектолошката професија како епилог на дилемата за сопствените стремежи, искрени желби и чувства да се помага на оние на кои им е најпотребна помош и да се доживува вистинската радост од своето постоење.
Во оваа вечер блика спонтано нивната среќа, нежната насмевка и притаената тага на разделба со саканите колеги и професори. Но тоа не е само филантропска експонација, туку и изнијансирана визија за една совест распната помеѓу противречностите во животот и нивните вечни постулати на судреност (добрината и злото, здравјето и болеста, изобилството и немаштината, раѓањето и смртта, младоста и староста, радоста и болката, желбите и можностите, традиционалното и модерното, војната и мирот итн. што го нарушуваат совршенството оставајќи простор за постојана борба и чесна работа во животните предизвици.
Апсолвентска вечер. Лебди волшебност и мистериозност. Како да завршуваше една младост што вечно останува во спомените а се преточуваше во зрелост на нивното “ЈАС” со нови обврски: семејство, професионални амбиции и безброј непознаници што ги чекаат.
До совршенство организираната вечер и неопишлив амбиент на вистинско човечко величие, амбиент налик на најсреќно семејно збиднување кое никогаш не се заборава. А како може да се заборави кога целокупната комуникација помеѓу професорите и студентите беше присна и родителски искрена, исплетена со заеднички напори, почит и љубов за совладување на предвидениот материјал и за достојна афирмација на дефектологот кој неизбежно рамноправно треба да соработува со лекарите, психолозите, педагозите, социјалните работници и др.
Длабоко свесни за тоа, студентите ја искористија оваа можност од сî срце да им се заблагодарат на своите професори, а особено на човекот кој скоро пет децении се внесе себеси и целиот свој живот и животот на неговото семејство за доброто на хендикепираните и за развојот на дефектолошката теорија и практика проф. д-р Љупчо Ајдински на кого му го врачија следното писмо:
“Во една мала земја, живее и твори еден голем човек со отворено срце за љубов, разбирање, соработка, хуманост... И зар може со збор да се каже сé за “големината” на овој човек?!
Најдоброто за тоа зборуваат делата и целокупното негово творештво, што ќе останат засекогаш врежани во историјата на една хумана наука.
Во знак на долго сеќавање кон Вас професоре Ајдински, бескрајно Ви се заблагодаруваме.”
06.06.1997 |
Со почит, |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
Related Articles
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE