ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА
3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

Маја ФИЛИПОВСКА

Магистер по специјална едукација и рехабилитација
Скопје, Р. Македонија

 

CELEBRATION OF 3 DECEMBER - INTERNATIONAL DAY OF PEOPLE WITH DISABILITIES

Maja FILIPOVSKA

Master of Arts in Special Needs Education and Rehabilitation
Skopje, R. Macedonia

 

Примено: 07. 12. 2013
Прифатено: 09. 12. 2013
УДК 376-056.26/.3(497.711)(062)

 

 

Recived: 07.12.2013
Accepted: 09.12.2013

 

 

 

По повод Mеѓународниот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември, и оваа година беше одржана свеченост на Филозофскиот факултет во организација на Институтот за дефектологија. Главниот акцент беше ставен на креирањето на инклузивното општество, согласно одредената тема од страна на Обединетите нации за одбележувањето на 3 Декември оваа година, која гласи: Надминување на бариерите, отворање на вратите за инклузивно општество и развој на сите!
Во официјалниот дел од програмата свое обраќање имаа раководителот на Институтот за дефектологија проф. д-р Зора Јачова, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје проф. д-р Велимир Стојковски, министерот за образование и наука г. Спиро Ристовски и министерот за труд и социјална политика г. Диме Спасов. Обраќањата на говорниците го посочија досега сработеното во ракмите на својата област, но укажаа и на плановите за понатамошна работа во однос на воспитно-образовниот процес, социјалната заштита и вклучувањето на лицата со инвалидност во сите сфери на општествениот живот. Дел од програмата беше предвиден за доделување награди од Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински“. Оваа година, покрај наградата за студент на генерацијата, која ѝ припадна на Мартина Наумовска за генерацијата запишана во 2008/2009 година, се додели и награда за највисоко рангиран студент при уписот  во академската 2013/2014 година. Наградата ѝ беше доделена на студентката Ивана Брческа. Во забавниот дел од програмата учествуваа учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје и учениците од Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ од Скопје – модел училиште за инклузивна пракса. Учениците од „Партенија Зографски“ имаа два музички настапа проследени со превод на знаковен јазик, а преку музичко-сценски настап пренесоа порака за еднаквост и рушење на комуникациските бариери меѓу луѓето. Учениците од ОУ „Димо Хаџи Димов“, дополнително придонесоа за збогатување на програмата со рецитација и сценска изведба на хумористичен авторски драмски текст.
На крајот гостите ги забавуваше Ѓоко Танески, кој изведе три од своите песни. По неговиот настап, манифестацијата беше затворена сo повик за заеднички придонес во унапредувањето на инклузивната култура во Република Македонија.

 

On the occasion of 3rd December – International day of persons with disabilities, this year as well, a ceremony was held at the Faculty of Philosophy, which was organized by the Institute of Special Education and Rehabilitation. The main focus was the creation of inclusive society, in accordance with this year’s theme of the day, set by the United Nations: Break Barriers, Open Doors for an inclusive society and development for all.
In the official part of the program speeches were given by the Head of the Institute of Special Education and Rehabilitation, Zora Jachova, PhD, the Rector of the University “Ss. Cyril and Methodius” – Skopje, Velimir Stojkovski, Phd, the Minister for Education and Science, Mr. Spiro Ristovski and the Minister for Labor and Social Politics, Mr. Dime Spasov. Their speeches stressed the activities done so far in their own field of work and also addressed the further plans in the area of education, social care and involvement of the persons with disabilities in all aspects of social life. One part of the program was intended for award, which was received by Martina Naumovska this year for the generation awarding by The Foundation Prof. Dr Ljupco Ajdinski. This year, beside the Best student 2008/2009, there was an award for the highest ranked student at the university admission in 2013/2014. This award was given to the student Ivana Brcheska. In the entertaining part of the ceremony, the students from DUCOR “Partenija Zografski” from Skopje and the students from OU “Dimo Hadzi Dimov” from Skopje – model school for inclusive practice participated. The students from “Partenija Zografski” performed two musical appearances accompanied with the  sign language translation, by their musical-stage performance they shared the message of equality and breaking communication barriers between people. The students from “Dimo Hadzi Dimov” additionally enriched the program by performing a recitation and humorous play script.
At the end, the guests were entertained by Gjoko Taneski, who performed 3 of his songs. After his performance, the ceremony was closed with the call for mutual contribution in promoting the inclusive culture in Republic of Macedonia.

 

 

 

 

Адреса за кореспонденција:
Маја Филиповска
Бул. Јане Сандански 77 1/9
1000 Скопје
Е-пошта: m_filipovska@hotmail.com

 

Corresponding Address:
Maja FILIPOVSKA
Jane Sandanski 77 1/9
1000 Skopje
E-mail: m_filipovska@hotmail.com

 

 

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in