ПРЕДГОВОР НА РЕДАКЦИЈАТА    
     
Почитувани читатели,
     
Во последниот период ја засиливме контролата на плагијаторството. Покрај користењето на про­грамата TBLAST,со помош на нашиот електронски издавач DeGruyter ја воведовме и про­грамата iThenticate, програма за превенција од плагијаторство. Оваа програма секористивоцелиотсветодстрананаиздавачите на научни списанијаитаа јаобезбедува ори­ги­нал­нос­танатрудовитепредтие да бидат објавени.Со ова сметаме дека ќе биде оневозможена или све­дена на минимум нечесноста, измамата и дуплирањето на трудови. Од друга страна,стро­ги­те рецензенти ја зголемија стапката на одбивање на трудови и таа сега изнесува 60%. Како ре­дакција постојано се трудиме да го подигнеме нивото на квалитетот на објавените трудови. Се чини дека е неопходно одржување на семинар во кој авторите би стекнале нови сознанија за процесот на пишување, поднесување, објавување на научни трудови во рецензирани спи­са­ни­ја, како и за етика на публицирањето.
Што можете да очекувате од волуменот 15, број 1-2? Дефектолошко-стручната проблематика за­почнува со трудот во кој се прави компаративна студија за ставовите на израелските и сло­вач­ките студенти и наставници во однос на инклузијата на учениците со посебни потреби во ре­довното образование. Вториот труд од оваа рубрика, исто така, се однесува на ин­клу­зив­но­то образование и поддршката на децата со проблеми во однесувањето во основното об­ра­зо­ва­ние во Германија. Авторката SheffaliGulati од Индија прави литературен преглед на опциите за дијагноза и третман на аутистичниот спектар на нарушување. Босанските автори од Уни­вер­зитетот во Тузла пишуваат за развој на фонолошката свест кај деца што пелтечат и деца што зборуваат течно. Да се биде или не: информативна студија за обработка на не­сим­бо­лич­ка нумеричка магнитуда за малите наспроти големите броеви кај новороденчињата е нас­лов застапен во рубриката Психолошко-педагошки преглед. Колегите од практиката ќе можат да ги збогатат своите знаења читајќи го трудот Ефектот на обуката за теорија на умот за по­добрување на социјабилноста кај учениците со интелектуална попреченост. Група автори од САД н¢запознаваат со Врсничкото туторство како интервенција за ученици со ау­тис­ти­чен спектар на нарушување: метасинтеза.
Во рубриката Вести и информации читателите ќе можат да прочитаат информации за Чет­вр­та­та меѓународна конференција одржана во месец октомври 2013 година во нашиот Охрид. Потоа следуваат вести за Интернационалниот студентски семинар одржан во Златибор, Србија, на којшто учествуваа и наши студенти. На крајот можеме да се запознаеме со ак­тив­нос­тите по повод одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со ин­ва­лид­ност. Во овој број има и апстракт од еден одбранет магистерски труд од колешката Ирена Но­ва­ческа под наслов Факторина ризикза појава на нарушување во однесувањето и пот­ре­ба­та за превенција и рана интервенција.
Како и во сите изминати броеви, така и во овој ќе ги читате редовните рубрики: Биб­лио­гра­фи­ја, Листа на рецензенти иИндекс на автори.
Об­јавувањето на научни трудови во интернационални списанија претставува тешка задача, но во исто време и благодарна работа, затоа што со тоа си правите услуга на сопствената ка­рие­ра.
 
 
Со почит,
главен и одговорен уредник,
проф. д-р Владимир Трајковски
 

 

EDITORIAL OFFICE PREFACE    
     
Dear readers,
     
In the last period we have intensified thecontrol of plagiarism. In addition to using the program eTBLAST, through our electronic publisherDe Gruyter we haveintroduced the program iThenticate, a program for prevention of plagiarism. This program is being used worldwide by the publishers of scientific journals anditensures the originality of papers before publishing.We hope that with this dishonesty, fraud and duplication of papers will be disabled or minimized. On the other hand, the strict reviewers have increased the  rate of rejection of papers and now it is 60%. As editorial office, we are constantly trying to raise the level of quality of the published papers. It seems necessary to deliver a seminar where the authors will gain new knowledges about the process of writing, submitting, publishing scientific papers in reviewed journals, as well as the ethics of publishing.
What to expect in volume 15, edition 1-2? The Special Educationand Rehabilitation section begins with a paper which gives a comparative study of the attitudes of Israeli and Slovak students and teachers regarding the inclusion of students with disabilities in mainstream education. The second paper in this section also refers to the inclusive education and the support of children with behavioral problems in primary education in Germany. The author SheffaliGulati from India gives a literature review of options for diagnosis and treatment of autistic spectrum disorders. The Bosnian authors from the University of Tuzla write about the development of phonological awareness of stuttering children and children with fluent speech. To be or not to be: an informative non-symbolic numerical magnitude processing study about small versus large numbers in infants is presented in the section entitled Psychological and pedagogical review. The colleagues from the practice can broaden their knowledge by reading the paper The Effectiveness of theory of mind training on the adaptive behavior of students with intellectual disabilities. A group of authors from the USA introduced us to Peer tutoring intervention for students with Autism Spectrum Disorders: meta-synthesis.
In the section News and Information the readers can read information on the Fourth International Conference held in October 2013, in Ohrid. Then, there is news about the International Student Seminar in Zlatibor, Serbia, where our students have participated. At the end we can introduce the activities on the occasion of the celebration of 3th of December – the International Day of People with Disabilities. In this edition, there is also an abstract from a defended master thesis by our colleague Irena Novacheska, titled:Risk factors for the emergence of behavior disorders and the need for prevention and early intervention.
As in all previous editions, you will read theregular rubrics: Bibliography, List of reviewers and Author Index.
The publication of scientific papers in international journals is a difficult task, but at the same timeit is a  rewarding jobbecause you are doing a favor to your owncareers.
 
 
With respect,
Editor-in-Chief
Prof. Dr.Vladimir Trajkovski
 
Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Related Articles

Indexed in