JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 12526
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ – 2 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Студент на последипломски студии
Примено: 06.06.2012 |
|
ACKNOWLEDGING THE WORLD DAY OF AUTISM – APRIL THE 2ND SKOPJE, REPUBLIC OF MACEDONIA
Ana PETKOVSKA
A Master’s degree student
Recived:06.06.2012 |
|
|
|
Продолжувајќи ја традицијата на одбележување на Меѓународниот ден на аутизмот и оваа година Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) организираше манифестација која имаше спортско-забавен карактер. Настанот се одржа на 1 април во салата Македонско сонце на ОУ 11 Октомври - Скопје, со почеток во 11 часот. Манифестацијата ја отвори дете со аутизам, Фариз Селмановиќ, кое рецитираше две песни. Воведен говор одржаа секретарот на град Скопје, г-ѓа Гордана Клинчарова, директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски и претседателот на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), проф. д-р Владимир Трајковски. Водител на настанот беше Ребека, естраден уметник, а воедно и мајка на дете со пречки во развојот. Турнирот во мал фудбал беше од ревијален карактер, а учествуваа следниве екипи: родители на деца со аутизам, поранешните ѕвезди на ФК Вардар, екипа на Агенцијата за спорт и млади на РМ, професорите од МНЗА и Филозофскиот факултет, Спортско радио, здружението Во мојот свет, студенти од Институтот за социјална работа и политика и Град Скопје. Во полуфиналето играа екипите на Агенцијата за млади и спорт на РМ, здружението Во мојот свет, Спортско радио и Град Скопје. Во финалниот дел, како победник на натпреварот беше екипата на Агенцијата за млади и спорт на РМ која играше со екипата на Спортско радио. Натпреварите се играа по 40 минути, а по секој одигран натпревар следуваше настап со две песни на македонски естрадни уметници. Во овој дел учествуваа Јоце Панов, Ристе Тевдовски и групата ДНК кои на присутните дечиња им поделија ЦД-иња со нивни песни. Настанот го посетија повеќе од 350 гости, на кои волонтерите на МНЗА им поделија памфлети со основните информации за аутизмот. Покровител на настанот беше Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, а поддржувач општина Центар. Медиумски покровител на настанот беше Спортско радио. Два дена пред целата манифестација се одржа прес конференција, во просториите на Агенцијата за млади и спорт на РМ, на која беа извлечени двојките за натпреварите. |
|
Following the tradition of acknowledging the International Day of Autism, the Macedonian Scientific Association for Autism this year also organized sports and entertainment gathering. The event was held on April the 1st at 11 o’clock, in the hall “Macedonian Sun”, a part of the Elementary school “11-ti Oktomvri” in Skopje. The gathering was opened by Fariz Selmanovikj, child with autism who for the occasion recited two poems. The introductory speeches were given by the secretary of the City of Skopje, Mrs. Gordana Klincharova, the Director of the Agency for Youth and Sport, m-r Lazar Popovski and the President of the Macedonian Scientific Association for Autism (MSAA), Prof. d-r Vladimir Trajkovski. The event was hosted by Rebeka, an artist and a mother of a child with developmental disability. The tournament in indoor football had a revue character and the following teams participated: parents of children with autism; the former stars of FC Vardar; the Agency for Youth and Sport of the Republic of Macedonia; the professors of MSSA and the Faculty of Philosophy; Sportsko Radio; the association “In my world”; students from the Institute for Social Work and Politics and the City of Skopje. In the semi-finals played the teams of the Agency for Youth and Sport, the Association “In my world”, Sportsko Radio and the City of Skopje. The final match was plaid by the team of the Agency for Youth and Sport against the team of Sportsko Radio. The competitions had duration of 40 minutes and after each competition a performance with two songs by Macedonian musicians was inserted. In the entertaining intervals performed Joce Panov, Riste Tevdoski and DNK, who gave CD-s albums of their music to the children that were present at the event. The event was visited by over than 350 visitors who received pamphlets from the volunteers of MSSA, containing basic information regarding autism. Main organizer of the event was the Agency for Youth and Sport of the Republic of Macedonia and the Municipality Centar as a general sponsor. The media coverage of the event was done by Sportsko Radio. Two days prior to the manifestation a press-conference in the premises of the Agency for Youth and Sport of R.M. was held, at which the pairs for the competition were drawn. |
|
|
|
|
|
|
Адреса за коресподенција: |
|
Corresponding Address: |
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE