JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 51295
ЗАЧЕСТЕНОСТ НА ПЕЛТЕЧЕЊЕТО КАЈ ДЕЦАТА НА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ СО DOWN-ОВ СИНДРОМ
Невзета САЛИХОВИЌ1,
1Универзитет во Тузла, Факултет за образование и рехабилитација |
|
INCIDENCE OF STUTTERING IN SCHOOL-AGE CHILDREN WITH DOWN SYNDROME
Nevzeta SALIHOVIĆ1,
1University of Tuzla, Faculty of Еducation and Rehabilitation |
Вовед |
|
Introduction |
Пелтечењето е нарушување на флуентноста на говорот од непозната етиологија, кое претставува сериозно нарушување на комуникацијата на поединци и го отежнува нивното нормално живеење (1). |
|
Stuttering is a speech fluency disorder of an unknown etiology, which represents serious disturbance of the individuals' communication and it interferes with their normal functioning (1). |
Методологија |
|
Methodology |
Примерокот на испитаници се состоеше од машки и женски деца на училишна возраст со Down синдром. Примерокот беше поделен на два потпримерока во зависност од степенот на интелектуалната попреченост: потпримерок на деца со лесна интелектуална попреченост и потпримерок на деца со умерена интелектуална попреченост. Потоа, примерокот беше поделен на две групи врз основа на флуентноста на говорот: деца со Down синдром кои пелтечат и деца со Down синдром кои зборуваат течно. Примерокот беше исто така поделен на два потпримерока во зависност од возраста на испитаниците: потпримерок од деца на училишна возраст од 1-во до 4-то одделение и потпримерок од деца на училишна возраст од 5-то до 8-мо одделение. Испитаниците исто така беа поделени на два потпримерока и според нивната старост: помлада група (испитаници помеѓу 6 и 11-годишна возраст) и постара група (испитаници помеѓу 12 и 17-годишна возраст). |
|
The sample of subjects was consisted of both female and male school-age children with Down syndrome. The sample was divided into two subsamples depending on the degree of intellectual disability: subsample of children with mild intellectual disability and subsample of children with moderate intellectual disability. In addition to this, the sample was divided into two groups according to the speech fluency: stuttering children with Down syndrome and children with Down syndrome with fluent speech. The sample of subjects was also divided into two subsamples depending on their age: subsample of school-age children from 1st to 4th grade and subsample of school-age children from 5th to 8th grade. The children were further divided into two subsamples according to their calendar age: younger age group (subjects aged between 6 and 11) and older age group (subjects aged between 12 and 17). |
Варијабли |
|
Variables |
Возраст на деца (изразена во години)
Пол на детето (машки, женски) Возрасна група
Деца според училишната возраст
Флуентност на говорот Варијабли според:
|
|
Age of children (expressed in years)
Sex of the child (female, male) Age group
School-age children
Speech fluency Variables for measuring the severity of stuttering
|
Методи |
|
Methods |
Ова истражување беше спроведено во следните институции: Институт за посебно образование и рехабилитација на деца со интелектуална попреченост „Меденица“; Центар за образование, обука и вработување на деца со ментална ретардација, деца со аутизам и церебрална парализа „Владимир Назор“ во Сараево; Основно училиште за посебно образование „Зеница“; Основно училиште „Ковачиќи“ во Сараево; Здружение на обединетата граѓанска иницијатива ДУГА од Сараево и асоцијацијата „Биди мој пријател“ во Илијаш. Сите испитаници беа испитувани одделно. |
|
The study was conducted within the following institutions: Institute of Special Education and Rehabilitation of Children with Intellectual Disabilities "Mjedenica"; Centre of Education, Training and Employment of Mentally Retarded Children, Children with Autism and Cerebral Palsy "Vladimir Nazor" Sarajevo; Primary school for Special Education "Zenica"; Primary school "Kovačići" in Sarajevo; "Association of United Civic Actions – DUGA" in Sarajevo and the Association "Be my Friend" in Ilijaš. All of the subjects were individually examined. |
|
|
|
Статистичка анализа на податоците |
|
Statistical data analysis |
|
|
|
Основните статистички параметри беа пресметани за секоја варијабла одделно: средна вредност, стандардна девијација, минимален и максимален резултат и опсег на резултатите. T-тестот беше користен за испитување на разликите помеѓу потпримероците и примероците со Down синдром според нивните интелектуални пречки и училишна возраст. Анализа на корелација беше користена за определувањето на можната врска помеѓу променливите (Pearson-овиот коефициент на корелација). Потоа беше применета регресивна анализа за определување на можна корелација помеѓу променливите во латентниот простор. |
|
Basic statistical parameters were calculated for each variable: mean value, standard deviation, minimum and maximum result, and range of results. The T-test was used for examination of the differences in the analyzed variables between the subsamples with Down syndrome in regards to their intellectual disabilities and school-age. Correlation analysis was used for determining the probable correlation between the variables (Pearson correlation coefficient). Regression analysis was used for determining the possible correlation between the variables in the latent space. |
Резултати |
|
Results |
Оценување на зачестеноста и тежината на пелтечењето кај деца со Down-ов синдром наспроти нивната возраст, училишна возраст, пол и интелектуална попреченост |
|
Assessment of the stuttering frequency and its severity in children with Down syndrome in relation to their age, school-age, sex and intellectual disabilities |
Tабела 1. Основни статистички параметри на варијаблите поврзани со тежината на пелтечењето кај лицата со Down синдром кои пелтечат |
|
Table 1. Basic statistical parameters of the variables related to stuttering severity in stuttering subjects with Down syndrome |
Сликата 1 ги отсликува променливите тежина на пелтечењето и возраста на испитаниците. |
|
Figure 1 depicts single values of variables related to the stuttering severity and the subjects’ age. |
Оценување на разликите помеѓу варијабла тежина на пелтечењето и врската со возраста на испитаниците |
|
Assessment of the differences between the variables stuttering severity in relation to their age |
Со цел да се оценат варијаблите поврзани со тежината на пелтечењето, испитаниците беа поделени во две групи: помлада група составена од испитаници од 7 до 11-годишна возраст и постара група која беше составена од испитаници од 12 до 17-годишна возраст (табела 2). Т-тестот беше употребен за оценување на разликите помеѓу двете старосни групи. Резултатите покажаа статистички значајна разлика помеѓу двете анализирани групи според возраста и тежината на пелтечењето како варијаблите (ВРТП) . |
|
For the purpose of evaluation of the variables related to the severity of stuttering, the subjects were divided into two groups, younger group which was consisted of subjects aged between 7 and 11 and older group which was consisted of subjects aged between 12 and 17 (Table 2). The T-test was used for examination of the differences between those two age groups. The results showed statistically significant differences between the two groups for the variables age and stuttering severity (TRSS). |
Табела 2. Разлики помеѓу помладата и постарата старосна група и променливата тежина на пелтечењето |
|
Table 2. Differences between the younger and older age group for the variable stuttering severity |
Оценување на разликите помеѓу женските и машките испитаници според променливите поврзани со тежината на пелтечењето |
|
Assessment of the differences between the female and male subjects in the variables related to the stuttering severity |
Т-тестот беше користен за испитување на разликите помеѓу машките и женските деца според промеливата тежина на пелтечењето (табела 3). Резултатите покажаа статистички значајна разлика кај променливата тежина на пелтечењето кај двете испитани групи (ВРТП). |
|
We used the T-test for examination of the differences between the male and female children for the variable stuttering severity (Table 3). The results exhibited statistically significant differences in the variable stuttering severity between the two examined groups (TRSS). |
Табела 3. Разлики помеѓу машките и женските испитаници и варијаблата тежина на пелтечењето |
|
Table 3. Differences between female and male subjects for the variable stuttering severity |
Оценување на разликите помеѓу двете групи на училишна возраст кај варијаблата тежина на пелтечењето |
|
Assessment of the differences between the two school-age groups for the variables stuttering severity and school-age |
Т-тестот беше користен за испитување на разликите помеѓу децата на училишна возраст од пониските одделенија (од 1-во до 4-то одделение) и децата на училишна возраст од повисоките одделенија (од 5-то до 8-мо одделение) за варијаблата тежина на пелтечењето (табела 4). |
|
The T-test was used for examination of the differences between the school-age children from the lower grades (grades from 1 to 4) and the school-age children from the higher grades (grades from 5 to 8) for the variable stuttering severity (Table 4). |
Табела 4. Разлики помеѓу испитаниците од пониските и повисоките одделенија и варијаблата тежина на пелтечењето |
|
Table 4. Differences between the subjects in the lower and higher grades for the variable stuttering severity |
Оценување на разликите кај варијабла тежина на пелтечењето помеѓу испитаници со слаба и умерена интелектуална попреченост |
|
Assessment of the differences for the variable stuttering severity between the subjects with mild and moderate intellectual disabilities |
Т-тестот беше користен за испитување на разликите помеѓу испитаниците со лесна и умерена интелектуална попреченост за варијаблите возраст и тежина на пелтечењето (табела 5). Резултатите открија дека не постои статистички значајна разлика помеѓу двете анализирани групи за променливите возраст и тежина на пелтечењето (РПТП). |
|
The T-test was used for examination of the differences between the subjects with mild and moderate intellectual disabilities for the variables age and stuttering severity (Table 5). The results did not revealed statistically significant differences between the two analyzed groups for the variables age and stuttering severity (TRSS). |
Табела 5. Оценување на разликите помеѓу испитаниците со лесна и умерена интелектуална попреченост и варијаблата тежина на пелтечењето |
|
Table 5.Assessment of the differences between the subjects with mild and moderate intellectualdisabilities for the variable stuttering severity |
Оценување на разликите кај варијаблите тежина на пелтечењето, старост, училишна возраст и интелектуална попреченост |
|
Assessment of the correlation between the variables stuttering severity, age, school-age and intellectual disabilities |
Taбелата 6 ја прикажува матрицата на корелација помеѓу променливите тежина на пелтечењето, старост, училишна возраст и интелектуална попреченост кај децата со Down синдром. Статистичката значајност беше тестирана со вредност на p<0,05. |
|
Table 6 displays a correlation matrix between the variables stuttering severity, age, school-age and intellectual disabilities in children with Down syndrome. The statistical significance was tested with p<0,05. |
Табела 6. Матрица на корелација за варијаблите тежина на пелтечењето, старост, училишна возраст и интелектуална попреченост |
|
Table 6. Correlation matrix forthe variables stuttering severity, age, school-age and intellectual disabilities |
Дискусија |
|
Discussion |
||
Анализа на зачестеност на пелтечењето и неговата тежина кај децата со Down синдром |
|
Analysis of the stuttering frequency and its severity in children with Down syndrome |
||
Досега не беше спроведено никакво истражување за да се испита зачестеноста на пелтечењето кај децата на училишна возраст со Down синдром и интелектуални пречки од различен степен во Федерацијата на Босна и Херцеговина. |
|
No research has been so far conducted to measure the stuttering frequency in school-age children with Down syndrome and various degrees of intellectual disabilities within the Federation of Bosnia and Herzegovina. |
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
Фреквенцијата (зачестеноста) на пелтечењето во анализираниот примерок на деца со Down синдром беше 13,51%, што претставува значително повисок процент споредено со типичната популација на деца. Средната вредност на вкупниот резултат на тежината на пелтечењето (ВРТП) беше 26,00 кај 5 испитаници кои пелтечат, што претставува умерен степен на пелтечење.
|
|
The frequency (incidence) of stuttering in the analyzed sample of children with Down syndrome was 13,51%, which represents significantly higher percentage compared to the typical population of children. The mean value of the total result of stuttering severity (TRSS) was 26,00 for 5 stuttering subjects, which reflects a moderate degree of stuttering. |
||
Citation:Salihović N, Hasanbašić S, Begić L. Incidence of Stuttering in School-Age Children with Down Syndrome. J Spec Educ Rehab 2012; 13(1-2):31-45. doi: 10.2478/v10215-011-0017-3 |
||||
Article Level Metrics |
||||
Референци/ References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE