На 29. 08. 2011 на Филозофскиот факултет се одржа успешен семинар на тема „Рана интервенција – превентива и предизвици во раното детство“, тема која денес привлекува голем интерес со цел да се постигне подобар квалитет во животот на едно семејство. Овој семинар беше проследен со огромно задоволство и внимание од голем број лица кои директно или индиректно се инволвирани во раната интервенција. Свои изложувања презентираа врвни и искусни професионалци од Австрија, Германија и Македонија, создавајќи простор за отворена дискусија и дијалог преку кои се пренесоа искуства и мислења за подобрување на оваа проблематика во нашата земја.
Вовед во семинарот даде проф. д-р Лена Дамовска која е редовен професор на Институтот за педагогија. Веднаш по неа проф. д-р Манфред Претис се заблагодари на присутните и го потенцира своето задоволство за реализацијата на овој стручен собир и ажурноста на присутните кон оваа тема. На крајот од воведниот дел проф. д-р Владимир Трајковски, кој беше воедно и главниот организатор, ги поздрави присутните и им се заблагодари на сите предавачи за нивната беспрекорна мотивација и желба во несебичното ширење на своите знаења кон научниот аудиториум. Првото предавање беше реализирано од проф. д-р Манфред Претис кој работи како професор по трансдисциплинарна рана детска интервенција на Медицинскиот факултет во Хамбург, Германија. Неговото излагање беше со наслов „Семејствата пред се: заедничка соработка со родителите“ преку која се потенцира круцијалната потреба од вклученоста на родителите во развојот на своето дете. Оваа ангажираност доведува до креирање на средина која ќе претставува „прозорец на можности“, поле каде ќе доминираат практичните стимулации како најважен елемент во раната интервенција. Се стави акцент и на потребата од формирање на доверителна комуникација и интеракција помеѓу родителите и професионалниот тим, со цел да се создаде партнерство на соработка кое доведува до позитивни резултати. Од своето искуство тој пренесе дека во добро развиените земји постојат мноштво различни програми за рана интервенција, а со тоа родителите имаат и приложени опции да изберат која е најсоодветна, додека ова во Македонија за жал сè уште претставува само неостварена потреба.
Понатаму свое излагање имаше проф. д-р Зонс Армин кој е професор по специјална едукација на Универзитетот за применети науки во Хортхаузен. Своите излагања ги пренесе низ темата „Легални основи на рана детска интервенција: Каква соработка ни е потребна“. Тој даде еден опис на законите во Германија и некои исходи кои биле добиени од истражувањето на Кигс. Исто така даде и информации за Законот за извршување на рехабилитацијата како и за центрите кои се одговорни за имплементирање на процесот за рана интервенција. Тој истакна дека постојат центри за рана помош кои се во центарот на интересот на семејството со цел подобро согледување и работење со детето, со вклучен интердисциплинарен тим и најчесто се педагошки фокусирани.
На крајот од првиот дел од семинарот своето излагање го имаше проф. Хартунг Анет која работи како професор по рана детска интервенција. Таа зборуваше на тема „Семеен фокус во практиката“ во која презентира реални практични примери од секојдневниот живот со која таа се сретнала во својата работа во текот на аплицирањето на раната интервенција. Таа потенцира дека семејството како единка секогаш треба да се гледа како една целина каде што ќе постои поголемо стимулирање за користење на различни услуги кои ќе бидат најсоодветни за подобро нивно функционирање.
Во вториот дел од овој научен собир прва презентираше проф. д-р Лена Дамовска на тема „Колку се инклузивни ЕЦИ-услугите во Македонијa“. Со оваа тема уште еднаш се посочи денешната потреба во Македонија од овие услуги кои сепак претставуваат важен домен во раната интервенција и превентива на децата во текот на училишната едукација. Раната интервенција во нашата земја сè уште е на почетно, донекаде и незадоволително ниво, бидејќи родителите како обезбедувачи на примарната грижа не признаваат дека имаат проблем, што доведува до соочување со посериозни тешкотии кога самата интервенција се аплицира во подоцнежниот период на развој. Користејќи го своето искуство се потврдија ставовите на присутните дека имплементацијата на инклузивните услуги во нашата земја се на ниво на „бебешки чекори“, потенцирајќи уште еднаш дека Р. Македонија има потреба од стручни лица-дефектолози во полето на образованието. Овој дефицит како и недоволната информираност на родителите од двете страни доведува до тоа да нашата земја има уште многу да работи за да се постигнат реални и задоволителни резултати.
Понатаму свое излагање имаше д-р сци. Александра Димова која има специјализирано во раната превентивна интервенција кај ранливите деца во контекст на ментални нарушувања кај родителите, а во моментов работи како психијатар во Австрија. Нејзиното излагање беше на тема „Нови целни групи во ЕЦИ: деца на ментално ранливи родители“ низ која нагласува дека децата кои живеат со родител/и кои имаат одредено психијатриско нарушување се ризични и целни групи за започнување на ран интервентен процес. Таа ја изнесе оваа загрижувачка состојба на која мора да се делува со цел да се создаде место и време за порана превентива. Се потенцира потребата од тим кој треба сериозно да работи на оваа сè поризична група на млади лица нагласувајќи ја неопходноста од формирање и одржување на една здрава и нормална средина за развој. Се прикажаа реалните бариери со кои професионалците се соочуваат со оваа група родители, имајќи предвид дека признавањето на потребата од помош тешко се реализира. Со цел да се редуцираат овие пречки треба посовремено да се делува за да се превенира.
На крајот својата презентација ја изнесе проф. д-р Владимир Трајковски кој е вонреден професор и доктор по медицина на Институтот за дефектологија во Скопје. Тој зборуваше на тема „Рана детска интервенција на аутизмот“ и даде еден поинаков осврт во раната интервенција насочувајќи се кон децата со первазивното развојно растројство аутизам кое, за жал, има сè поголема застапеност во Р. Македонија. Тој презентираше за услугите на раната интервенција кои се значајни за лицата со аутистичниот спектар на нарушувања кои доведуваат до олеснување на финансиските притисоци на семејствата, како и постигнување на некој подобар квалитет. Низ своето презентирање ги потенцира сеопфатните програми како TEACCH-програмата која има за цел да ја опфати комуникацијата, перцепцијата, имитацијата, социјалните и моторните вештини. Потоа беше спомнат моделот на Денвер кој е развоен пристап базиран на игра, како и АБА-програмата која е сеопфатна и содржи процедури за идентификување на причините кои влијаат на однесувањето. Раната интервенција е изведена од тим со константна родителска соработка, стратегии за решавање на проблемите во однесувањето и интензивна работа со детето.
На крајот од овој семинар се остави простор за мали дискусии од страна на присутните, кои бараа мислења и примери за процесот на рана интервенција, како е во другите држави или нивни сугестии како би можело некои работи да се подобрат во кое било професионално поле кое се занимава со оваа проблематика. Навистина овој стручен собир беше во интерес на многу лица кои заземаа активни улоги стремејќи се кон постигнување на резултати кои не би биле само вербална констатација, туку основа за практична примена во својата работа. Уште еднаш се докажа дека постои интерес за дополнување на своето знаење и дури и слободните празнични денови не претставуваа пречка за да се направи професионално надградување.
|
|
On the 29.08.2011, at the Faculty of Philosophy was held a successful seminar with the topic "Early intervention: prevention and challenges in the early childhood", a subject that nowadays attracts great interest. The seminar had a goal to achieve better life quality for families. It was followed with great pleasure and attention by a large number of participants, who were directly or indirectly involved in the early intervention. Leading and experienced professionals from Austria, Germany and Macedonia held presentations which created atmosphere for open discussion and dialog. This resulted with many shared experiences and opinions for improvement of this issue in our country.
The introduction was brought by Prof. Dr. Lena Damovska, a full time professor at the Institute of Pedagogy. Afterwards, Prof. Dr. Manfred Pretis showed gratitude to the guests for their attendance and emphasized his great pleasure for the realization of this scientific gathering and the diligence of the participants to this subject. At the end of introductory part the main organizer of the seminar, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, welcomed the audience and thanked the guest speakers for their impeccable motivation and desire in their unselfish expansion of knowledge among the attendees. The first lecture was presented by Prof. Dr. Manfred Pretis, a professor for trans-disciplinary early childhood intervention at the Faculty of Medicine in Hamburg, Germany. In his presentation, “Family before everything else: common collaboration with parents”, he emphasized the crucial need for parents involvement in their child’s development. This engagement leads to creation of environment that will represent “window of opportunity”, filed were practical stimulation will dominate as most important element in the early intervention. Accent was placed on the need of creating confidential interaction and communication between the parents and the professional team, in order to form a collaborative partnership that results with positive outcomes. By his own experience he explained that in the developed countries there are many different programs for early intervention from which parents can choose the most appropriate one. While in Macedonia unfortunately this is still an unfulfilled need.
The following presentation was given by Prof. Dr. Zons Armin, a professor for special education at the University for Applied Sciences in Harthausen. His lecture was titled as “Legal basis for early child intervention: What kind of collaboration is necessary for us”. He gave a description of the legislations in Germany and some outcomes from Kiggs’s research. He also presented the laws for performance of rehabilitation and the centers that are responsible for the implementation of early intervention. He noted that there are centers for early help that are family centered aiming for better insight and work with the child, involved interdisciplinary team and manly pedagogical focus.
At the end of the first part in this seminar, a presentation was given by Prof. Dr. Annette Hartung, a professor for early childhood intervention. She discussed the “Family focus in practice”, presenting a real practical examples from the everyday life, which she experienced during the application of early intervention. She emphasized that the family as one unit always needs to be seen as a whole, where higher stimulations need to be present for the use of different services, using the ones that are most relevant for their better function.
The first presentation in the second part of the scientific gathering was given by Prof. Dr. Lena Damovska on the topic “To what extend are being inclusive the EIC services in Macedonia”. This subject once more expressed the need of these services in Macedonia, very important domain in the early prevention and intervention during the education. The early intervention in our country is still at the beginning or on unsatisfactory level. First of all, the parents as primary care givers deny they have problem causing difficulties when the intervention is applied in the letter developmental period. Her experience agreed with the views of the attendees, meaning that the implementation of the inclusive services in our county is still on a level of “baby steps”. This means that Macedonia has the need of professionals-special educators in the field of education. The deficiency of staff, as well as the insufficient knowledge of the parents indicates that our country has a lot to do in order to reach realistic and sufficient results.
Further statement was given by Dr. Aleksandra Dimova, expert in early intervention for vulnerable children in the context of mental disorders among their parents, who at the moment works as a psychiatrist in Austria. Her presentation had the topic “New target groups in the EIC: children of mentally vulnerable parents”. She emphasized that children who live with parent/s that have some psychiatric disorder are at a risk and are target groups for initiation of early interventional process. She presented this alarming condition which needs immediate resolution in order to create place and time for early prevention. The need for a team to work seriously with this riskier by the day group of young individuals and the need of creation and the maintenance of healthy and normal developmental environment was emphasized. Real barriers that professionals are facing with this group of parents were shown, taking into consideration that the necessary help is achieved with great difficulty. In order to reduce these obstacles, an earlier preventive action is important to be started.
Prof. Dr.Vladimir Trajkovski, M.D., Ph.D., associate professor at the Institute of Special Education and Rehabilitation in Skopje gave the final presentation. He discussed the topic “Early childhood intervention of children with Autism”, giving various reviews of early intervention of children with pervasive developmental disorder Autism, a disorder that has unfortunately increase in Macedonia. He presented the services of early intervention that are important for the children with autistic spectrum disorders which are responsible for additional financial pressure within the family, as well as the achievement of some better quality. Trough his presentation, he emphasized the comprehensive programs such as the TEACCH program that aims to obtain communication, perception, imitation, social and motor skills. The Denver model was mentioned as a developmental approach based on the comprehensive ABA program which contains procedures for identification of the reasons that influence the behavioral swings. The early intervention is provided by a team obtaining continuous parental collaboration and strategies for solving problems in the behavior and intensive work with the child.
At the very end of this seminar, discussion was initiated, where the attendees were asked to share opinions and examples for early intervention and the principles in other countries, or their suggestions for improvement in any professional field that handles this issue. Indeed, this scientific gathering attracted the attention of many visitors that took active parts aiming to achieve some results that will not stay only verbal, but create basis for practical use in their work. One more time was proven that there is an interest for knowledge improvement and even the public holidays were not an obstacle for professional upgrading.
|