РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА - ПРЕВЕНТИВА И ПРЕДИЗВИЦИ ВО РАНОТО ДЕТСТВО

 

Христина МИТРЕВА

Студент на постдипломски студии
Филозофски факултет,
Институт за дефектологија

Примено: 29.10.2011
Прифатено: 13.11.2011
UDK: 159.922.76(062)(049.3)

 

EARLY INTERVENTION: PREVENTION AND CHALLENGES IN THE EARLY CHILDHOOD

 

Hristina MITREVA

Postgraduate student
Faculty of Philosophy,
Institut of Special Education and Rehabilitation

Recived:29.10.2011
Accepted: 13.11.2011

 

 

 

На 29. 08. 2011 на Филозофскиот факултет се одржа успешен семинар на тема „Ра­на интервенција – превентива и пре­диз­ви­ци во раното детство, тема која денес при­вле­кува голем интерес со цел да се постигне по­добар квалитет во животот на едно се­меј­ство. Овој семинар беше проследен со огромно задоволство и вни­мание од голем број ли­ца кои директно или индиректно се ин­вол­ви­ра­ни во раната интервенција. Свои из­ло­жу­ва­ња презентираа врвни и искусни професионалци од Австрија, Гер­ма­ни­ја и Македонија, создавајќи простор за от­во­рена дискусија и дијалог преку кои се пре­не­соа искуства и мислења за по­доб­ру­ва­ње на оваа проблематика во нашата земја.
Вовед во семинарот даде проф. д-р Лена Да­мо­вска која е редовен професор на Ин­сти­ту­тот за педагогија. Веднаш по неа проф. д-р Ман­фред Претис се заблагодари на при­сут­ни­те и го потенцира своето задоволство за реа­лизацијата на овој стручен собир и ажур­нос­та на присутните кон оваа тема. На кра­јот од воведниот дел проф. д-р Владимир Трај­ковски, кој беше воедно и главниот ор­га­ни­затор, ги поздрави присутните и им се за­бла­го­дари на сите предавачи за нивната бес­пре­корна мотивација и желба во не­се­бич­но­то ширење на своите знаења кон научниот ау­ди­ториум. Првото предавање беше реализирано од проф. д-р Манфред Претис кој работи како про­фесор по трансдисциплинарна рана дет­ска интервенција на Медицинскиот факултет во Хамбург, Германија. Неговото излагање бе­ше со наслов „Семејствата пред се: заед­нич­ка соработка со родителите“ преку која се потенцира круцијалната потреба од вклу­ченоста на родителите во развојот на своето дете.  Оваа ангажираност доведува до креи­рање на средина која ќе претставува „про­зорец на можности“, поле каде ќе до­ми­ни­ра­ат практичните стимулации како нај­ва­жен елемент во раната интервенција. Се ста­ви акцент и на потребата од формирање на до­верителна комуникација и интеракција по­ме­ѓу родителите и професионалниот тим, со цел да се создаде партнерство на соработка кое доведува до позитивни резултати. Од свое­то искуство тој пренесе дека во добро раз­виените земји постојат мноштво раз­лич­ни програми за рана интервенција, а со тоа родителите имаат и приложени опции да из­берат која е најсоодветна, додека ова во Ма­ке­донија за жал сè уште претставува само нео­стварена потреба.    
Понатаму свое излагање имаше проф. д-р Зонс Армин кој е професор по специјална еду­кација на Универзитетот за применети нау­ки во Хортхаузен. Своите излагања ги пре­несе низ темата „Легални основи на рана дет­ска интервенција: Каква соработка ни е потребна“. Тој даде еден опис на законите во Германија и некои исходи кои биле до­бие­ни од истражувањето на Кигс. Исто така даде и информации за Законот за из­вр­шу­ва­ње на рехабилитацијата како и за центрите кои се одговорни за имплементирање на про­цесот за рана интервенција. Тој истакна дека постојат центри за рана помош кои се во центарот на интересот на семејството со цел подобро согледување и работење со де­те­то, со вклучен интердисциплинарен тим и нај­често се педагошки фокусирани. 
На крајот од првиот дел од семинарот своето из­лагање го имаше проф.  Хартунг Анет која работи како професор по рана детска ин­тервенција. Таа зборуваше на тема „Семеен фокус во практиката во која пре­зен­ти­ра реални практични примери од се­кој­днев­ниот живот со која таа се сретнала во сво­јата работа во текот на аплицирањето на ра­ната интервенција. Таа потенцира дека се­меј­ството како  единка секогаш треба да се гле­да како една целина каде што ќе постои по­големо стимулирање за користење на раз­лич­ни услуги кои ќе бидат најсоодветни за по­добро нивно функционирање. 
Во вториот дел од овој научен собир прва пре­зентираше проф. д-р Лена Дамовска на тема „Колку се инклузивни ЕЦИ-услугите во Македонијa. Со оваа тема уште еднаш се по­сочи денешната потреба во Македонија од овие услуги кои сепак претставуваат важен до­мен во раната интервенција и превентива на децата во текот на училишната едукација. Ра­ната интервенција во нашата земја сè уште е на почетно, донекаде и незадоволително ниво, бидејќи родителите како обезбедувачи на примарната грижа не признаваат дека има­ат проблем, што доведува до соочување со посериозни тешкотии кога самата ин­тер­вен­ција се аплицира во подоцнежниот пе­ри­од на развој. Користејќи го своето искуство се потврдија ставовите на присутните дека им­плементацијата на инклузивните услуги во нашата земја се на ниво на „бебешки че­ко­ри“, потенцирајќи уште еднаш дека Р. Ма­ке­до­ни­ја има потреба од стручни лица-де­фектолози во полето на образованието. Овој де­фицит како и недоволната информираност на родителите од двете страни доведува до тоа да нашата земја има уште многу да ра­бо­ти за да се постигнат реални и за­до­во­ли­тел­ни резултати.
Понатаму свое излагање имаше д-р сци. Алек­сандра Димова која има спе­ци­ја­ли­зи­ра­но во раната превентивна интервенција кај ран­ли­вите деца во контекст на ментални на­ру­шу­вања кај родителите, а во моментов ра­бо­ти како психијатар во Австрија. Нејзиното из­ла­гање беше на тема „Нови целни групи во ЕЦИ: деца на ментално ранливи ро­ди­те­ли низ која нагласува дека децата кои жи­ве­ат со родител/и кои имаат одредено пси­хи­јат­риско нарушување се ризични и целни гру­пи за започнување на ран интервентен про­цес. Таа ја изнесе оваа загрижувачка со­стој­ба на која мора да се делува со цел да се соз­даде место и време за порана превентива. Се потенцира потребата од тим кој треба се­риоз­но да работи на оваа сè поризична група на млади лица нагласувајќи ја неопходноста од формирање и одржување на една здрава и но­рмална средина за развој. Се прикажаа реа­лните бариери со кои професионалците се соочуваат со оваа група родители, имајќи предвид дека  признавањето на потребата од по­мош тешко се реализира. Со цел  да се ре­ду­цираат овие пречки  треба посовремено да се делува за да се превенира.
На крајот својата презентација ја изнесе проф. д-р Владимир Трајковски кој е вон­ре­ден професор и доктор по медицина на Ин­ститутот за дефектологија во Скопје. Тој збо­руваше на тема „Рана детска ин­тер­вен­ци­ја на аутизмот“ и даде еден поинаков осврт во раната интервенција насочувајќи се кон децата со первазивното развојно рас­трој­ство аутизам кое, за жал, има сè по­го­ле­ма застапеност во Р. Македонија. Тој пре­зен­ти­раше за услугите на раната интервенција кои се значајни за лицата со аутистичниот спек­тар на нарушувања кои доведуваат до олес­нување на финансиските притисоци на се­мејствата, како и постигнување на некој по­доб­ар квалитет. Низ своето презентирање ги потенцира сеопфатните програми како TEACCH-програмата која има за цел да ја оп­фати комуникацијата, перцепцијата, ими­та­цијата, социјалните и моторните вештини. Потоа беше спомнат моделот на Денвер кој е раз­воен пристап базиран на игра, како и АБА-програмата која е сеопфатна и содржи про­цедури за идентификување на причините кои влијаат на однесувањето. Раната ин­тер­вен­ција е изведена од тим со константна  ро­ди­телска соработка, стратегии за решавање на проблемите во однесувањето и ин­тен­зив­на работа со детето.     
На крајот од овој семинар се остави простор за мали дискусии од страна на присутните, кои бараа мислења и примери за процесот на ра­на интервенција, како е во другите др­жа­ви или нивни сугестии како би можело не­кои работи да се подобрат во кое било про­фе­сионално поле кое се занимава со оваа про­блематика. Навистина овој стручен со­бир беше во интерес на многу лица кои за­зе­маа активни улоги стремејќи се кон пос­тиг­ну­ва­ње на резултати кои не би биле само вер­бална констатација, туку основа за прак­тич­на примена во својата работа. Уште ед­наш се докажа дека постои интерес за до­пол­ну­ва­ње на своето знаење и дури и сло­бо­дни­те празнични денови не претставуваа пречка за да се направи професионално на­дг­ра­ду­ва­ње.

 

On the 29.08.2011, at the Faculty of Philosophy was held a successful seminar with the topic "Early intervention: prevention and challenges in the early childhood", a subject that nowadays attracts great interest. The seminar had a goal to achieve better life quality for families. It was followed with great pleasure and attention by a large number of participants, who were directly or indirectly involved in the early intervention. Leading and experienced professionals from Austria, Germany and Macedonia held presentations which created atmosphere for open discussion and dialog. This resulted with many shared experiences and opinions for improvement of this issue in our country.   
The introduction was brought by Prof. Dr. Lena Damovska, a full time professor at the Institute of Pedagogy. Afterwards, Prof. Dr. Manfred Pretis showed gratitude to the guests for their attendance and emphasized his great pleasure for the realization of this scientific gathering and the diligence of the participants to this subject. At the end of introductory part the main organizer of the seminar, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, welcomed the audience and thanked the guest speakers for their impeccable motivation and desire in their unselfish expansion of knowledge among the attendees. The first lecture was presented by Prof. Dr. Manfred Pretis, a professor for trans-disciplinary early childhood intervention at the Faculty of Medicine in Hamburg, Germany. In his presentation, “Family before everything else: common collaboration with parents”, he emphasized the crucial need for parents involvement in their child’s development. This engagement leads to creation of environment that will represent “window of opportunity”, filed were practical stimulation will dominate as most important element in the early intervention. Accent was placed on the need of creating confidential interaction and communication between the parents and the professional team, in order to form a collaborative partnership that results with positive outcomes. By his own experience he explained that in the developed countries there are many different programs for early intervention from which parents can choose the most appropriate one. While in Macedonia unfortunately this is still an unfulfilled need.      
The following presentation was given by Prof. Dr. Zons Armin, a professor for special education at the University for Applied Sciences in Harthausen. His lecture was titled as “Legal basis for early child intervention: What kind of collaboration is necessary for us”. He gave a description of the legislations in Germany and some outcomes from Kiggs’s research. He also presented the laws for performance of rehabilitation and the centers that are responsible for the implementation of early intervention. He noted that there are centers for early help that are family centered aiming for better insight and work with the child, involved interdisciplinary team and manly pedagogical focus.
At the end of the first part in this seminar, a presentation was given by Prof. Dr. Annette Hartung, a professor for early childhood intervention. She discussed the “Family focus in practice”, presenting a real practical examples from the everyday life, which she experienced during the application of early intervention. She emphasized that the family as one unit always needs to be seen as a whole, where higher stimulations need to be present for the use of different services, using the ones that are most relevant for their better function.
The first presentation in the second part of the scientific gathering was given by Prof. Dr. Lena Damovska on the topic “To what extend are being inclusive the EIC services in Macedonia”. This subject once more expressed the need of these services in Macedonia, very important domain in the early prevention and intervention during the education. The early intervention in our country is still at the beginning or on unsatisfactory level. First of all, the parents as primary care givers deny they have problem causing difficulties when the intervention is applied in the letter developmental period. Her experience agreed with the views of the attendees, meaning that the implementation of the inclusive services in our county is still on a level of “baby steps”. This means that Macedonia has the need of professionals-special educators in the field of education. The deficiency of staff, as well as the insufficient knowledge of the parents indicates that our country has a lot to do in order to reach realistic and sufficient results. 
Further statement was given by Dr. Aleksandra Dimova, expert in early intervention for vulnerable children in the context of mental disorders among their parents, who at the moment works as a psychiatrist in Austria. Her presentation had the topic “New target groups in the EIC: children of mentally vulnerable parents”.  She emphasized that children who live with parent/s that have some psychiatric disorder are at a risk and are target groups for initiation of early interventional process. She presented this alarming condition which needs immediate resolution in order to create place and time for early prevention.  The need for a team to work seriously with this riskier by the day group of young individuals and the need of creation and the maintenance of healthy and normal developmental environment was emphasized. Real barriers that professionals are facing with this group of parents were shown, taking into consideration that the necessary help is achieved with great difficulty. In order to reduce these obstacles, an earlier preventive action is important to be started.
Prof. Dr.Vladimir Trajkovski, M.D., Ph.D., associate professor at the Institute of Special Education and Rehabilitation in Skopje gave the final presentation. He discussed the topic “Early childhood intervention of children with Autism”, giving various reviews of early intervention of children with pervasive developmental disorder Autism, a disorder that has unfortunately increase in Macedonia. He presented the services of early intervention that are important for the children with autistic spectrum disorders which are responsible for additional financial pressure within the family, as well as the achievement of some better quality. Trough his presentation, he emphasized the comprehensive programs such as the TEACCH program that aims to obtain communication, perception, imitation, social and motor skills. The Denver model was mentioned as a developmental approach based on the comprehensive ABA program which contains procedures for identification of the reasons that influence the behavioral swings. The early intervention is provided by a team obtaining continuous parental collaboration and strategies for solving problems in the behavior and intensive work with the child.
At the very end of this seminar, discussion was initiated, where the attendees were asked to share opinions and examples for early intervention and the principles in other countries, or their suggestions for improvement in any professional field that handles this issue. Indeed, this scientific gathering attracted the attention of many visitors that took active parts aiming to achieve some results that will not stay only verbal, but create basis for practical use in their work. One more time was proven that there is an interest for knowledge improvement and even the public holidays were not an obstacle for professional upgrading.

Адреса за сепаратите:
Христина МИТРЕВА
Домовица бр. 7
1430 Кавадарци Р. Македонија
E-mail- kikamitreva@yahoo.com

 

Address for correspondence:
Hristina MITREVA
Domovica 7
1430 Kavadarci R. Macedonia
E-mail- kikamitreva@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in