DOWN-СИНДРОМ ПРЕДИЗВИК ЗА РОДИТЕЛОТ, ПОДДРШКА ЗА ЗРЕЛОСТ НА ОПШТЕСТВОТО ТРИБИНА

 

Розалија ДАВКОВСКА

 

Студент на постдипломски студии,
Филозофски факултет
Институт за дефектологија

Примено:06.11.2011
Прифатено: 11.12.2011
UDK: 364-787:616.899(049.3)

 

 

DOWN SYNDROME - A CHALLENGE FOR THE PARENTS, SUPPORT FOR MATURITY OF THE SOCIETY- A TRIBUNE

 

Rozalija DAVKOVSKA

 

Postgraduate student
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

Received: 06.11.2011
Accepted: 11.12.2011

На 15.10.2011, на Филозофскиот факултет во Скопје, во големиот амфитеатар се одржа три­бина под наслов „Down-синдром пре­диз­­вик за родителот, поддршка за зрелост на оп­штеството“. Трибината беше во ор­га­ни­­за­ци­ја на Македонското научно здру­же­ние за ау­тизам и Здружението „Трисомија 21“ од За­греб, Р. Хрватска.
Целта на трибината беше да се поттикне заед­ницата на една сеопшта сен­зи­би­ли­зи­ра­ност со отворени ставови, како и да се прет­ста­ват потребите на лицата со Down-син­дром како рамноправни членови на оп­штес­тво­то, а во прилог на поголеми придобивки од државните институции за што по­ква­ли­те­тен начин на живеење како за нив, така и за чле­новите на нивните семејства.
Овој настан беше медиумски покриен, а при­сут­ни беа преку 300 лица. Во аудиториумот мо­жеше да се забележат родители, студенти, струч­њаци и лица со Down-синдром.
Меѓу присутните беше амбасадорот на Р. Хр­­ватска, а поздравен и воведен говор има­ше продеканот за меѓународна соработка на Фи­ло­зофскиот факултет, проф. д-р Лена Да­мо­вска. Според програмата, госпоѓа Хелена Ме­лов­ник Зрињски, родител и извршен директор на „Трисомија 21“ од Загреб, пред при­сут­ни­те ги презентираше своите искуства како ро­ди­тел на дете со Down-синдром низ трудот со наслов „И моето дете има Down-синд­ром“.
Росица Колева, постдипломец на Уни­вер­зи­те­тот во Кембриџ, сподели искуства во од­нос на инклузијата на лицата со Down-синд­ром во редовните  училишта во Англија.
Прим. м-р на медицински науки Миливој Кра­мариќ, психијатар во „КБЦ Ребро“, Заг­реб, Хрватска, говореше за грижата за мен­тал­ното здравје на лица со интелектуални на­рушувања во Р. Хрватска.
За значењето на фенокопиите во клиничката прак­тика, говореше д-р Елизабета Зисовска, пе­дијатар-неонатолог од Клиниката за ги­не­ко­логија и акушерство во Скопје.
Д-р Ацка Тушевска, специјализант по пси­хи­јатрија при „КБЦ Ребро“ Загреб, РХ/ПК Скоп­је, со своето предавање ги опиша пост­пар­талните депресивни состојби кои се сре­ќа­ваат кај жени кои родиле дете со Down-синд­ром.
На крајот со свое предавање се претстави прет­седателот на Македонското научно здру­жение за аутизам, проф. д-р Владимир Трај­ковски кој говореше за новините во ге­не­тиката на Down-синдромот.
По сите излагања на предавачите, се отвори ед­ночасовна плодна дискусија во која учес­тву­ваа студенти од повеќе факултети, ро­ди­те­ли, стручни лица од повеќе области.

 

On the 15.10.2011, in the large amphitheatre at the Faculty of Philosophy in Skopje, was held a tribune with the title "Down Syndrome, a challenge for the parents, support for maturity of the society". The tribune was organized by the Macedonian Scientific Society for Autism and “Trisomy 21” Association from Zagreb, Croatia.
The goal of the tribune was to encourage opinions and to support general sensibility in the community, as well as to present the needs of the people with Down Syndrome as an equal members of the society. This is proposed together with greater benefits from the state institutions in order to improve the quality of the lifestyle of these category of people, as well as the members of their families.
This event was covered by the media  and  had more than 300 visitors. Parents, students, experts and persons with Down Syndrome could be seen among the audience in the auditorium.
Among the present was also the ambassador of the Republic of Croatia, while the opening keynote speech was presented by the Dean for International Cooperation at Faculty of Philosophy, Prof. Dr. Lena Damovska. Within the program schedule, Mrs. Helena Melovnik Zrinjski, a parent and an executive director at “Trisomy 21”, gave a speech titled “My child also has a Down Syndrome”, explaining her experience as a parent of a child with Down Syndrome.
Rosica Koleva, a postgraduate student at the University of Cambridge, shared her experience in terms of inclusion of the persons with Down Syndrome in the mainstream primary schools in England.
Prim. M.A. Milivoj Kramarikj, a psychiatrist at "KBC Rebro" from Zagreb, Croatia, talked about the mental healthcare of people with intellectual impairments in Croatia.
Dr. Elizabeth Zisovska, a pediatrician-neonatologist at the Clinic for Gynecology and Obstetrics in Skopje, elaborated around the meaning of the phenocopies in the clinical practice. Dr. Acka Tushevska, a specialist in psychiatry at the "Rebro KBC" institute from Zagreb, RH / PC Skopje, held a presentation describing the postpartum depressive conditions found in women who gave a birth to a child with Down Syndrome.
The President of the Macedonian Scientific Society for Autism, Prof. Dr. Vladimir Trajkovski, at the end of his lecture spoke about the news in the genetics of the Down Syndrome.
At the completion of the planned presentations, an open discussion in a duration of one hour took place among the present students from several faculties, the parents and the experts from many areas of practice.

Адреса за кореспонденција:
Розалија ДАВКОВСКА
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет,
Инситут за дефектологија
„Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија
e-mail: rozaly23_d@yahoo.com

 

Corresponding Address:
Rozalija DAVKOVSKA
University “ Ss Cyril and Methodius”
Faculty of Philosophy,
Institute of Special Education and Rehabilitation
“Krste Misirkov” bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
e-mail: rozaly23_d@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in