JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 21082
АУТИЗАМ И ПЕРВАЗИВНИ РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА Владимир Е. Трајковски |
|
AUTISM AND PERVASIVE DEVELOPMENT DISORDERS Vladimir E. Trajkovski |
Ана ПЕТКОВСКА Студент на последипломски студии Институт за дефектологија Филозофски факултет |
|
Ana PETKOVSKA Master's degree student Faculty of Philosophy |
Примено:12.07.2011 Прифатено:26.07.2011 UDK: 616.896(075.8)(049.3) 615.851.4(075.8)(049.3) 376-056.26/.3(075.8)(049.3) |
|
Recived: 12.07.2011 Accepted: 26.07.2011 Book review |
|
||
|
|
|
Аутизмот во последните шест децении е во фокусот на значителен интерес кај лекарите и истражувачите. Големи достигнувања биле направени на оваа поле со цел да се разбере загадочното нарушување на аутизмот. Но, и покрај сите напори во подигнување на свеста кај населението за аутизмот и первазивните развојни нарушувања, денеска малку се зборува кај нас. Следејќи ги современите барања на општеството, по само неколку години, монографијата „АУТИЗАМ“ добива свое надополнување напишано од перото на проф. д-р Владимир Трајковски. |
|
In the last six decades, the autism has arisen significant interest among doctors and researchers. Great achievements have been made in this field of study, in order to help understand this intriguing disorder. However, despite all the efforts of raising the awareness among the population in our country regarding the autism and the pervasive development disorders, these topics are still little known about. After a couple of years following the demands of the modern society, the Monograph 'Autism' received addition written by Prof. Dr. Vladimir Trajkovski. |
Сеопфатната книга, Аутизам и первазивни развојни нарушувања, излезе од печат на 3 јуни 2011 година. Проширувањето во големина и софистицираност само го одразува значајниот напредок во текот на еден седумгодишен период. Книгата „Аутизам и первазивни развојни нарушувања“ е напишана на 412 страници поделени во 14 поглавја и тоа: историјат, дефиниција и класификација на аутизмот и ПРН; епидемиолошки карактеристики на аутизмот; етиологија и патогенеза на аутизмот; невропатологија и неврорадиолошки иследувања кај аутизмот; клинички карактеристики на аутизмот; дијагноза и диференцијална дијагноза на аутизмот; третман на аутизмот; исход и прогноза на аутизмот; медицински состојби кај аутизмот; аутизам и сексуалност; Asperger синдром; Rett синдром; детско дезинтегративно нарушување и первазивни развојни нарушувања неспецифирани на друг начин (ПРН-НДН). Поединечно секое поглавје претставува уникатна можност студентите полесно да дојдат до саканите информации и поуспешно да ја совладаат бараната материја. Проф. д-р Владимир Трајковски ни дава комплетен преглед на современите пристапи во класификација и дефиниција на аутизмот и первазивните развојни нарушувања со цел навремено идентификување на малите деца со ова нарушување. Тежината во делот, кај што се дадени епидемиолошките карактеристики на аутизмот, се гледа во користењето на точни и концизни емпириски податоци чии резултати даваат комплетна слика за зголемената зачестеност на појавување на оваа состојба во светот. Бидејќи кај аутизмот не постои единствена причина за настанување, авторот детално ни ја опишува етиологијата и патогенезата на аутизмот каде читателите можат да се запознаат со генетиката и имуногенетиката на аутизмот, потоа, со имунолошките нарушувања, биохемиски и метаболни нарушувања кај овој синдром, а особено значење ‹ се дава на живата како етиолошки фактор. Поврзаноста на аутизмот со функционалните и структурни промени во мозокот, авторот ја објаснува преку детална анализа на невропатолошки и неврорадиолошки студии. Многу луѓе се прашуваат што е аутизам и како овие деца да се препознаат, па затоа во петтото поглавје се прикажани основните карактеристиките кои се универзални и се користат во дијагнозата на аутизмот. Проф. Трајковски понатаму низ страниците на оваа книга ни ја нагласува потребата од рана дијагноза со цел навремено да се почне со соодветен третман. Авторот обезбедува тековна ревизија на фармаколошките третмани и ја сугерира важноста од потенцијалните придобивки на третманот со лекови во одредени случаи. Едно од прашањата кое го поставуваат сите инволвирани во оваа проблематика е и тоа каков е исходот и прогнозата кај аутизмот а тоа можете да го прочитате во осмото поглавје. Како новина во книгата се и поглавјата во кои е опишан аутизмот и сексуалноста, Asperger синдромот, Rett синдромот, детско дезинтегративно нарушување и первазивни развојни нарушувања неспецифирани на друг начин. Според наведеново, поглавјата во оваа книга се само сведоштво за напредокот како и за постојаната потреба за истражување. Авторот се користи со маестрално обемна и разновидна литература која е видно ажурирана и ревидирана. Книгата е пишувана на високо техничко и естетско ниво, но и покрај прецизната терминологија, таа е сепак разбирлива за секоја читателска публика. Особено забележителна е богато илустративната корица која е изработена по сите светски стандарди. Аутизам и первазивни развојни нарушувања е наменета за студентите од вториот и третиот циклус студии на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет, а исто така може да им послужи за продлабочување на знаењата на докторите по медицина, специјализантите по психијатрија, педијатрија, психолозите, логопедите, социјалните работници и секако на крај, но не и најмалку важно, секој родител на овие страници ќе најде совети, охрабрување и надеж во патувањето низ аутизмот кај нивното дете. Исто така секое училиште, големо или мало, кое има одговорност за образование и воспитание на децата со аутизам и други первазивни развојни нарушувања, препорачливо е да ја има оваа книга на своите полици. Книгата може да се набави во Студентскиот сервис на Филозофскиот факултет во Скопје по симболична цена од само 900 денари. |
|
The comprehensive book of 'Autism and pervasive development disorders' was published on 3rd of June, 2011. The improvements made in the content and the complexity of the book, reflect the significant progress during the period of seven years. The book “Autism and pervasive development disorders” is written in 412 pages, divided into 14 chapters: history, definition and classification of the autism and pervasive development disorders; epidemiological characteristics of the autism; etiology and pathogenesis of the autism; neuropathology and neuroradiological studies regarding the autism; clinical characteristics of autism; diagnosis and differential diagnosis of autism; treatment of autism; results and prognosis for the autism; medical conditions with the autism; autism and sexuality; Asperger's syndrome; Rett's syndrome; infantile disintegrated disorder and pervasive development disorders not specified in another way (PDD-NOS). Each chapter separately represents a unique possibility for students to easily get the desired information and master more successfully the essential material. Prof. Dr. Vladimir Trajkovski presents us with a complete overview of the modern approaches in classification and definition of the autism and the pervasive development disorders, in order to achieve on-time diagnosis of the disorders present among small children. The depth of information in the section with epidemiological characteristics of the autism can be seen from the use of correct and precise empirical data, which gives a complete idea for the increased incidence of this condition worldwide. Since there isn't only one reason for the origin of autism, the author describes in details the etiology and pathogenesis of the autism. The readers can learn about the genetics and immunogenetics of autism, the immunological disorders, the biochemical and metabolic disorders of this syndrome, with special emphasis placed on the mercury as an etiological factor. The author explains the connection of autism with the functional and structural changes in the brain, with detailed analysis of the neuropathological and neuroradiological studies. Many people have doubts of what the autism is and how can one recognize an autistic child, so for that reason in the fifth chapter are presented the basic characteristics which are universal and used for diagnosing the autism. Furthermore, Prof. Trajkovski emphasizes the need for early diagnosis of the disorder for on-time start with appropriate treatment. The author enables an overview of the contemporary pharmacological treatments and the importance of potential gains in certain cases from the treatment with medicines. One particular questions being asked by anyone involved in this problem; What are the results and prognosis of the autism; is elaborated in the eighth chapter. New addition to the book are the chapters in which are described the autism and the sexuality; Asperger's syndrome, Rett's syndrome, the infantile disintegrated disorder and pervasive development disorders not specified in another way. According to the above mentioned, the chapters in this book are a testimony of the progress as well as the constant need for researching. The author uses vast and comprehensive literature which is notably updated and revised. The book is written up to academic and aesthetically satisfactory level and despite the specialized terminology, it is still intelligible for any type of readers. Particularly outstanding is the rich and illustrative cover made up to world standards. 'Autism and pervasive development disorder' is intended for the students from the second and third cycle of studies at the The book can be purchased from the Student service at the Faculty of philosophy in Skopje for a symbolic price of only 900 denars. |
Адреса за коресподенција: Ана ПЕТКОВСКА ул. „Моша Пијаде“ бр.99, 1300 Куманово Р. Македонија |
|
Corresponding Address: Ana PETKOVSKA Mosha Pijade no.99, 1300 Kumanovo Repubilc of Macedonia ana.petkovska@defektologija.org |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE