АУТИЗАМ И ПЕРВАЗИВНИ РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА

Владимир Е. Трајковски

 

AUTISM AND PERVASIVE DEVELOPMENT DISORDERS

Vladimir E. Trajkovski

 

Ана ПЕТКОВСКА

 

Студент на последипломски студии

Институт за дефектологија

Филозофски факултет

 

 

Ana PETKOVSKA

 

Master's degree student

Institute of Special Education and Rehabilitation

Faculty of Philosophy

 

Примено:12.07.2011

Прифатено:26.07.2011

UDK: 616.896(075.8)(049.3)

           615.851.4(075.8)(049.3)

           376-056.26/.3(075.8)(049.3)

 

 

 

Recived: 12.07.2011

Accepted: 26.07.2011

Book review

 

 

 

Аутизмот во последните шест децении е во фо­кусот на значителен интерес кај лекарите и истражувачите. Големи достигнувања биле на­правени на оваа поле со цел да се разбере за­гадочното нарушување на аутизмот. Но, и по­крај сите напори во подигнување на свес­та кај населението за аутизмот и пер­ва­зив­ни­те развојни нарушувања, денеска малку се збо­рува кај нас.

Следејќи ги современите барања на оп­ште­ство­то, по само неколку години, мо­но­гра­фи­ја­та „АУТИЗАМ“ добива свое на­до­пол­ну­ва­ње на­пишано од перото на проф. д-р Вла­ди­мир Трај­ковски.

 

In the last six decades, the autism has arisen significant interest among doctors and researchers. Great achievements have been made in this field of study, in order to help understand this intriguing disorder. However, despite all the efforts of raising the awareness among the population in our country regarding the autism and the pervasive development disorders, these topics are still little known about.

After a couple of years following the demands of the modern society, the Monograph 'Autism' received addition written by Prof. Dr. Vladimir Trajkovski.

 

Сеопфатната книга, Аутизам и первазивни раз­војни нарушувања, излезе од печат на 3 јуни 2011 година. Проширувањето во го­ле­ми­на и софистицираност само го одразува зна­чај­ниот напредок во текот на еден седумго­ди­шен период.

Книгата „Аутизам и первазивни развојни на­ру­шу­вања“ е напишана на 412 страници по­де­ле­ни во 14 поглавја и тоа: историјат, де­фи­ни­ција и класификација на аутизмот и ПРН; епи­демиолошки карактеристики на ау­тиз­­мот; етиологија и патогенеза на ау­тиз­мот; нев­ро­па­то­логија и неврорадиолошки ис­­ле­ду­ва­ња кај ау­тизмот; клинички ка­ракт­ер­ис­тики на ау­тиз­мот; дијагноза и ди­фе­рен­ци­јал­на ди­јаг­ноза на аутизмот; третман на аутизмот; ис­ход и про­гноза на аутизмот; ме­ди­цински сос­тој­би кај аутизмот; аутизам и сек­су­ал­ност; Asperger син­дром; Rett син­дром; дет­ско дезин­те­­гра­тив­но нарушување и пер­­ва­зив­ни раз­вој­ни на­ру­шу­ва­ња нес­пе­ци­фи­рани на друг начин (ПРН-НДН). Поеди­неч­но се­кое поглавје прет­ста­вува уни­катна мож­ност сту­дентите полесно да дој­дат до са­ка­ни­те ин­формации и поус­пеш­но да ја сов­ла­даат ба­раната материја.

Проф. д-р Владимир Трајковски ни дава ком­­пле­тен преглед на современите пристапи во кла­си­фикација и дефиниција на аутизмот и пер­вазивните развојни нарушувања со цел на­­вре­мено идентификување на малите деца со ова нарушување. Тежината во делот, кај што се дадени епидемиолошките ка­рак­те­рис­­тики на аутизмот, се гледа во ко­рис­те­ње­то на точни и концизни емпириски податоци чии ре­зул­та­ти даваат комплетна слика за зго­ле­ме­на­та за­чес­­те­ност на појавување на оваа сос­тој­ба во све­тот. Бидејќи кај ау­тиз­мот не постои един­стве­на причина за на­ста­ну­­вање, авторот де­тал­но ни ја опишува етио­ло­­гијата и па­то­ге­не­за­та на аутизмот каде чи­та­те­лите можат да се за­поз­на­ат со ге­не­ти­ка­та и имуногенетиката на ау­тизмот, потоа, со иму­­нолошките на­ру­шу­ва­ња, биохемиски и ме­­таболни нарушувања кај овој синдром, а осо­бено значење се дава на жи­вата како етио­­лошки фактор. По­вр­за­но­с­та на аутизмот со функционалните и струк­тур­ни про­мени во мозокот, авторот ја објаснува пре­ку де­тал­на анализа на невропатолошки и не­в­ро­­ра­дио­лошки студии.

Многу луѓе се прашуваат што е аутизам и како овие деца да се препознаат, па затоа во пе­т­тото поглавје се прикажани основните ка­ра­ктеристиките кои се универзални и се ко­рис­тат во дијагнозата на аутизмот. Проф. Трај­ков­ски понатаму низ страниците на оваа кни­га ни ја нагласува потребата од рана ди­јаг­ноза со цел навремено да се почне со соод­ветен трет­ман.

Авторот обезбедува тековна ревизија на фар­маколошките третмани и ја сугерира важ­носта од потенцијалните придобивки на трет­манот со лекови во одредени случаи. Едно од пра­ша­ња­та кое го поставуваат сите инвол­вирани во оваа проблематика е и тоа ка­ков е исходот и про­гнозата кај аутизмот а тоа можете да го про­читате во осмото по­глав­је.

Како новина во книгата се и поглавјата во кои е опишан аутизмот и сексуалноста, Asper­ger син­­дромот, Rett синдромот, детско де­зин­те­гра­тивно нарушување и первазивни раз­војни на­рушувања неспецифирани на друг начин. Спо­ред наведеново, поглавјата во оваа книга се само сведоштво за на­пре­до­кот како и за пос­тојаната потреба за ис­тра­жу­ва­ње.

Ав­торот се користи со маестрално обемна и раз­­новидна литература која е видно ажу­ри­ра­на и ревидирана.  Книгата е пишувана на ви­соко техничко и естетско ниво, но и пок­рај пре­цизната терминологија, таа е сепак раз­бир­ли­ва за секоја читателска публика. Осо­бено за­бе­ле­жи­телна е  богато илус­тра­тив­на­та ко­ри­ца која е изработена по сите свет­ски стан­дар­ди.

Аутизам и первазивни развојни на­ру­шу­ва­ња е наменета за студентите од вториот и тре­тиот циклус студии на Институтот за де­фек­то­ло­гија при Филозофскиот факултет, а исто така може да им послужи за про­дла­бо­чу­ва­ње на знаењата на докторите по ме­ди­ци­на, спе­ци­ја­лизантите по психијатрија, пе­ди­јат­рија, пси­хо­ло­зите, логопедите, со­ци­јал­ни­те работници и секако на крај, но не и нај­мал­ку важно, секој ро­дител на овие стра­ни­ци ќе најде совети, охра­брување и надеж во па­ту­вањето низ ау­тиз­мот кај нивното дете. Исто така секое учи­лиш­те, големо или мало, кое има одговорност за образование и вос­пи­та­ние на децата со ау­ти­зам и други пер­ва­зив­ни развојни на­ру­шу­ва­ња, препорачливо е да ја има оваа книга на свои­те полици.

Кни­гата може да се набави во Студентскиот сер­­вис на Филозофскиот факултет во Скопје по симболична цена од само 900 денари.

 

The comprehensive book of 'Autism and pervasive development disorders' was pub­lished on 3rd of June, 2011. The improvements made in the content and the complexity of the book, reflect the significant progress during the period of seven years.

The book “Autism and pervasive development disorders” is written in 412 pages, divided into 14 chapters: history, definition and classification of the autism and pervasive development disorders; epidemiological characteristics of the autism; etiology and pathogenesis of the autism; neuropathology and neuroradiological studies regarding the autism; clinical characteristics of autism; diagnosis and differential diagnosis of autism; treatment of autism; results and prognosis for the autism; medical conditions with the autism; autism and sexuality; Asperger's syndrome; Rett's syndrome; infantile disin­tegrated disorder and pervasive development disorders not specified in another way (PDD-NOS). Each chapter separately re­pre­sents a unique possibility for students to easily get the desired information and master more successfully the essential material.

Prof. Dr. Vladimir Trajkovski presents us with a complete overview of the modern approaches in classification and definition of the autism and the pervasive development disorders, in order to achieve on-time diagnosis of the disorders present among small children. The depth of information in the section with epidemiological characteristics of the autism can be seen from the use of correct and precise empirical data, which gives a complete idea for the increased incidence of this condition worldwide. Since there isn't only one reason for the origin of autism, the author describes in details the etiology and pathogenesis of the autism. The rea­ders can learn about the genetics and immunogenetics of autism, the immunological disorders, the biochemical and metabolic disorders of this syndrome, with special emphasis placed on the mercury as an etiological factor. The author explains the connection of autism with the functional and structural changes in the brain, with detailed analysis of the neuropathological and neuro­ra­dio­logical studies.  

Many people have doubts of what the autism is and how can one recognize an autistic child, so for that reason in the fifth chapter are presented the basic characteristics which are universal and used for diagnosing the autism. Furthermore, Prof. Trajkovski emphasizes the need for early diagnosis of the disorder for on-time start with appropriate treatment.

The author enables an overview of the contemporary pharmacological treatments and  the importance of potential gains in certain cases from the treatment with medicines. One particular questions being asked by anyone involved in this problem; What are the results and prognosis of the autism; is elaborated in the eighth chapter.

New addition to the book are the chapters in which are described the autism and the sexuality; Asperger's syndrome, Rett's syndrome, the infantile disintegrated disorder and pervasive development disorders not specified in another way. According to the above mentioned, the chapters in this book are a testimony of the progress as well as the constant need for researching.

The author uses vast and comprehensive literature which is notably updated and revised. The book is written up to academic and aesthetically satisfactory level and despite the specialized terminology, it is still intelligible for any type of readers. Particularly outstanding is the rich and illustrative cover made up to world standards.

'Autism and pervasive development disorder' is intended for the students from the second and third cycle of studies at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy. However, it can also be of use to medical doctors, residents on psychiatry, pediatricians, psychologists, speech therapist, social workers, so they can extend their knowledge and at last but not least significant, in this book each parent to an autistic child can find advices, encouragement and hope trough their journey with their child. It is recommendable for every school regardless of size, that has a responsibility for education and upbringing of children with autism and other pervasive development disorders, to have this book on the library bookshelves. 

The book can be purchased from the Student service at the Faculty of philosophy in Skopje for a symbolic price of only 900 denars.


Адреса за коресподенција:

Ана ПЕТКОВСКА

ул. „Моша Пијаде“ бр.99, 1300 Куманово

Р. Македонија

ana.petkovska@defektologija.org

 

Corresponding Address:

Ana PETKOVSKA

Mosha Pijade no.99, 1300 Kumanovo

Repubilc of Macedonia

ana.petkovska@defektologija.org

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in