JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 34210
СИМПОЗИУМ: РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И РАЗВОЈНИ НАРУШУВАЊА |
|
SYMPOSIUM: EARLY INTERVENTION AND DEVELOPMENTAL DISORDERS |
Валентина ДУКОВСКА |
|
Valentina DUKOVSKA |
ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести – Скопје |
|
PHO University Children’s Hospital, |
Примено:29.05.2011 Прифатено: 13.06.2011 UDK: 159.922.76(062)(049.3) 376-056.26/.3(062)(049.3) |
|
Received: 13.12.2010 Accepted:13.06.2011 |
Во периодот 19–21. V 2011 г. во Охрид се одржа симпозиумот „Рана интервенција и развојни нарушувања“. Симпозиумот беше во организација на Сојузот на дефектолози на Р. Македонија и Здружението на педијатри, со поддршка на Филозофскиот факултет и Институт за дефектологија и Медицинскиот факултет и Клиниката за детски болести. Тема на симпозиумот беше раната интервенција, која од аспект на децата со посебни потреби има исклучително значење од стручен и од пошироко општествен карактер. Симпозиумот имаше за цел да ја претстави состојбата на раната интервенција во Р. Македонија, да се согледаат странските искуства и да се донесе стратегија за понатамошно делување и унапредување на истата. Симпозиумот беше со меѓународно учество. Беа одржани 45 предавања од кои 10 од странски експерти во областа и тоа од Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија , Бугарија и Косово. Имаше претставник и од Министерството за труд и социјална политика. На симпозиумот заедничко учество земаа дефектолози, педијатри, психолози, оториноларинголози, офталмолози, логопеди и физијатри. Беа обработени теми од раниот скрининг, раната детекција и дијагностика, раната интервенција кај високо ризичните новородени и кај децата со развојни нарушувања, оштетување на слух, оштетување на вид, нарушувања на говор, проблемите на семејствата на деца со посебни потреби. По одржаните предавања беa донесени одредени предлог мерки и заклучоци. За подобрување на состојбата на раната интервенција потребно е заедничко работење на стручњаци и експерти од повеќе области преку формирање на мултидисциплинарни тимови, вработување на дефектолози во сите три области-здравство, образование, труд и социјала. Раната интервенција има потреба од поврзување и координирано функционирање на трите министерства – здравство, образование, труд и социјална политика. Се јави неопходна потреба од координација и вмрежување на сите институции кои работат со ризични новородени и со деца со посебни потреби. Потребно е воведување на аудитивен скрининг, рана интервенција во Единиците за интензивна нега и терапија, рана интервенција кај децата со оштетување на вид. Целта на раната интервенција е пред с¢ превентивна. Раната интервенција е право на секое дете и неговото семејство. Раната интервенција е предуслов за успешна инклузија. |
|
In the period between the 19th and 21th of May 2011, in Ohrid was held a symposium: early intervention and developmental disorders. The symposium was organized by the Association of special educators and rehabilitators of the Republic of Macedonia and the Pediatric association of Macedonia, supported by the Faculty of Philosophy and Institute of special education and rehabilitation, the University hospital and the Pediatric clinic. The theme of the symposium was the early intervention, which in terms of the children with special needs has an extremely important professional and vast social significance. The aim of the symposium was to present situation with the early intervention in The symposium was with international participation.45 lectures were held of which 10 by foreign experts. Among the participants were foreign also guests from The symposium was with the active participation of special educators and rehabilitators, pediatricians, psychologists, ophtalmologists, otorinolaringologists, speech therapists and physiatrists. On the symposium were processed topics such as early screening, early detection and diagnosis, early intervention in high risk newborns and in children with developmental disorders, hearing impairment, vision impairments, speech disorders, and the problems of the families of children with special needs. After the lectures, certain proposed measures and conclusions were adopted. For the improvement of the situation of early intervention, it is necessary to joint the work of the specialists and the experts from many areas through the creation of multidisciplinary teams, and employment of special educators and rehabilitators in all three areas; health, education, labor and social policy. The early intervention requires connecting and coordinated functioning of the three ministries; health, education, labor and social policy. It is necessary to network and coordinate all institutions that work with risky infants and children with special needs. It is also necessary the implementation of auditory screening, early intervention in NICU, early intervention in children with vision impairments. The goal of the early intervention is primarily preventative. The early intervention is the right of every child and its family. It is a prerequisite for successful inclusion. |
Адреса за кореспонденција: Валентина ДУКОВСКА ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести – Скопје drvalentinadukovska@yahoo.com |
|
Corresponding Address: Valentina DUKOVSKA PHO University Children’s Hospital, drvalentinadukovska@yahoo.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE