ПРВ МЕЃУНАРОДЕН СОБИР НА СТУДЕНТИ – ФАСПЕРИЈАДА

 

Ангелка ВЕЛКОСКА

 

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Филозофски факултет

Институт за дефектологија

 

Примено: 30.05.2011

Прифатено: 13.06.2011

UDK: 376-056.26/.36(497)(062)(049.3)

 

 

FIRST INTERNATIONAL STUDENT SYMPOSIUM-FASPERIJADA

 

Angelka VELKOSKA

 

Ss “Cyril and Methodius”

Faculty of Philosophy, Institute for Special Education and Rehabilitation

 

Received: 30.05.2011

Accepted: 13.06.2011

 

 

 

Во периодот од 15 до 18 април во Белград, се одржа првиот меѓународен научно-спорт­ски собир на студенти, наречен ФА­СПЕРИ­ЈА­ДА. На него беа поканети сту­ден­ти чии сту­дии се поврзани со проблематиката на спе­цијална едукација и рехабилитација и тоа од Македонија, Хрватска, Босна и Хер­це­го­ви­на, Словенија и Црна Гора. Целта на еду­ка­тивно-спортскиот собир беше евалуација на научно-истражувачката работа и тео­рис­ки­те знаења на студентите, но и нивно нат­пре­варување во спортските дисциплини: фуд­бал, одбојка и куглање.

Од Р. Македонија присуствуваше деканот на Фи­лозофскиот факултет проф. д-р Горан Ајдин­ски, раководителот на Институтот за де­фектологија доц. д-р Зоран Киткањ, а како чле­нови на научниот одбор беа поканети проф. д-р Владимир Трајковски и асс. м-р На­таша Станојковска-Трајковска. Од сту­ден­тите присуствуваа 6 студенти на до­дип­лом­ски студии и 7 студенти на пос­ле­ди­плом­ски студии на Институтот за де­фек­то­ло­гија.

На научниот собир беа презентирани вкуп­но 99 трудови, од кои 13 од студентите од Р. Ма­кедонија. Во завршниот дел од кон­фе­ре­н­ци­јата беа доделени признанија за нај­доб­­ри­те истражувачки трудови, меѓу кои беа на­гра­дените: „Социјални вештини на лицата со ши­зофренија“ од Маја Невчевска, „При­фа­­ќа­ње на децата со развојни оштетувања и по­­себ­ни образовни потреби во основното учи­лиш­те – Јан Амос Коменски“ од Хрис­ти­на Ива­носка, и „Предикциониот тест за диз­гра­­фи­ја кај слушно оштетните деца“ од Ма­ре Стој­меновска-Мицевска, сите студенти на Ин­­ститутот за дефектологија. Науч­но-спортскиот собир беше одличен на­чин за унапредување на знаењата и ис­кус­т­ва­та ме­ѓу студентите, како и за зго­ле­му­ва­ње на со­ра­бот­ката помеѓу идните специјални еду­­катори. До­колку се реализираат пла­но­ви­те, наредниот со­бир од ваков вид треба да се реа­­лизира во ско­ро време во Тузла, Босна и Хер­­це­говина.

 

In the period between 15th and 18th of April in Belgrade, the first international scientific-sport gathering of students was held, named FESPERIJADA. On this symposium an active participation took students that had a major subject in special education and rehabilitation from Macedonia, Croatia, Bosnia and Herzegovina, Slovenia and Montenegro. The aim of this educational-sport was to evaluate the scientific and research practice and theoretical knowledge of the students, as well as to compete in different sports: soccer, volleyball and bawling.   

Among the guests from the Republic of Macedonia were: the dean of the Faculty of Philosophy Prof. Dr. Goran Ajdinski, the manager of the Institute for Special Education and Rehabilitation Doc. Dr. Zoran Kitkanj and Prof. Dr. Vladimir Trajkovski and Ass. M-r Natasha Stanojkovska-Trajkovska as members from the scientific board. 6 under-graduate students and 7 post-graduate students from the Institute for Special Education and Rehabilitation took their place from the student body. 

At the scientific symposium a total of 99 research articles were presented, from which 13 were written by students from the Republic of Macedonia. In the completion of the symposium,  certificates  were  given  out to the most outstanding research articles among which   were: "Social skills of people with schizophrenia"  by Maja Nevchevska," Acceptance of children with developmental disorders and special edu­ca­tio­nal needs in the primary school system-Jan Amos Komenski" by Hristina Ivanoska and "The Predication test for disgraphy in the children with impai­red hearing" by Mare Stoj­me­nov­ska-Micev­ska, all student at the Institute for  Special Education and Rehabilitation. The scientific-sport symposium was an excellent way for promotion of the knowledge and experience of the students, as well as the development of the cooperation among future special educators. If the plans are fulfilled, the future symposium of such kind will be held in Tuzla, Bosnia and Herzegovina.

 

 

 

Адреса за кореспонденција:

Ангелка ВЕЛКОСКА

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Филозофски факултет

Институт за дефектологија

„Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје,

Р. Македонија

angelka_v@yahoo.com

 

Corresponding Address:

Angelka VELKOSKA

“Ss Cyril and Methodius” University

Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation

Krste Misirkov bb, 1000 Skopje

Republic of Macedonia

e-mail: angelka_v@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in