JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 12382
ПРВ МЕЃУНАРОДЕН СОБИР НА СТУДЕНТИ – ФАСПЕРИЈАДА Ангелка ВЕЛКОСКА Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски факултет Институт за дефектологија Примено: 30.05.2011 Прифатено: 13.06.2011 UDK: 376-056.26/.36(497)(062)(049.3) |
|
FIRST INTERNATIONAL STUDENT SYMPOSIUM-FASPERIJADA Angelka VELKOSKA Ss “Cyril and Methodius” Faculty of Philosophy, Institute for Special Education and Rehabilitation Received: 30.05.2011 Accepted: 13.06.2011 |
|
|
|
Во периодот од 15 до 18 април во Белград, се одржа првиот меѓународен научно-спортски собир на студенти, наречен ФАСПЕРИЈАДА. На него беа поканети студенти чии студии се поврзани со проблематиката на специјална едукација и рехабилитација и тоа од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора. Целта на едукативно-спортскиот собир беше евалуација на научно-истражувачката работа и теориските знаења на студентите, но и нивно натпреварување во спортските дисциплини: фудбал, одбојка и куглање. Од Р. Македонија присуствуваше деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Горан Ајдински, раководителот на Институтот за дефектологија доц. д-р Зоран Киткањ, а како членови на научниот одбор беа поканети проф. д-р Владимир Трајковски и асс. м-р Наташа Станојковска-Трајковска. Од студентите присуствуваа 6 студенти на додипломски студии и 7 студенти на последипломски студии на Институтот за дефектологија. На научниот собир беа презентирани вкупно 99 трудови, од кои 13 од студентите од Р. Македонија. Во завршниот дел од конференцијата беа доделени признанија за најдобрите истражувачки трудови, меѓу кои беа наградените: „Социјални вештини на лицата со шизофренија“ од Маја Невчевска, „Прифаќање на децата со развојни оштетувања и посебни образовни потреби во основното училиште – Јан Амос Коменски“ од Христина Иваноска, и „Предикциониот тест за дизграфија кај слушно оштетните деца“ од Маре Стојменовска-Мицевска, сите студенти на Институтот за дефектологија. Научно-спортскиот собир беше одличен начин за унапредување на знаењата и искуствата меѓу студентите, како и за зголемување на соработката помеѓу идните специјални едукатори. Доколку се реализираат плановите, наредниот собир од ваков вид треба да се реализира во скоро време во Тузла, Босна и Херцеговина. |
|
In the period between 15th and 18th of April in Belgrade, the first international scientific-sport gathering of students was held, named FESPERIJADA. On this symposium an active participation took students that had a major subject in special education and rehabilitation from Among the guests from the At the scientific symposium a total of 99 research articles were presented, from which 13 were written by students from the |
|
|
|
Адреса за кореспонденција: Ангелка ВЕЛКОСКА Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски факултет Институт за дефектологија „Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија |
|
Corresponding Address: Angelka VELKOSKA “Ss Cyril and Methodius” University Faculty of Philosophy Krste Misirkov bb, 1000 e-mail: angelka_v@yahoo.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE