СИМПОЗИУМ НА ТЕМА:

„РАСТРОЈСТВА ОД АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР – ДИЈАГНОСТИКА, РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА“

 

Ангела ЧИНГОСКА

 

Филозофски факултет

Институт за дефектологија  

студент од IV година

 

Примено:30.04.2011

Прифатено: 15.05.2011

UDK: 616.89-053.4(062)(049.3)

 

 

Symposium with the topic:

“AUTISM SPECTRUM DISORDERS – DIAGNOSTICS, EARLY INTERVENTION AND PREVENTION”

 

Angela CHINGOSKA

 

Faculty of Philosophy

Institute of Special Education

student of fourth year

 

Received: 30.04.2011

Accepted: 15.06.2011

За прв пат оваа година на 13 aприл 2011 го­ди­на, во амфитеатарот на Медицинскиот фа­кул­тет, во организација на Универзитетската кли­ника за психијатрија во Скопје, во со­ра­бот­ка со Здружението на психијатри на Ре­пуб­лика Македонија, Македонското научно здру­жение за аутизам – МНЗА и Ме­ди­цин­ски­от факултет во Скопје, беше одржан сим­по­зиум на тема „Растројства од ау­тис­тич­ни­от спектар – дијагностика, рана ин­тер­вен­ци­ја и превенција“ кој се надоврзува на од­бе­ле­жу­вањето ­на Светскиот ден на аутизмот.

Симпозиумот беше отворен од страна на проф. д-р Марија Ралева која ги поздрави при­сутните и даде краток осврт за рас­трој­ства­та од аутистичен спектар, што воедно бе­ше и повод за организирањето на Сим­по­зиу­мот. Покрај тоа проф. д-р Ралева на при­сут­ните им го презентираше својот труд со нас­лов „Растројства од аутистичниот спек­тар – дијагностички можности“, по што сле­деше пре­зентациjaта од страна на д-р Кам­ка Па­кет­чие­ва под наслов „Растројства од аутистичен спек­тар наспроти рани детски пси­хози“. Свој труд со наслов „Иден­ти­фи­ка­ци­ја, дијагностика и рани интервенции кај ау­тизмот во Р. Ма­ке­до­ни­ја“ изнесе и прим. д-р Мери Бошковска. Осо­бен придонес за збо­гатување на знаењата за  аутизмот  даде  и  рефератот  на  проф.  д-р Владимир Трајковски под наслов „Пре­венција на аутизмот“, по што следеше ви­део презентација на „Интервју за дијаг­нос­тика на аутизмот“ – ADI-R. На крај овој сим­позиум заврши со дискусија на која и ау­ди­ториумот го даде своето мислење, пос­та­ву­вајќи прашања и искажувајќи бла­го­дар­ност за поканата и новостекнатите знаења за раз­војните растројства кои беа изнесени на сим­позиумот. Симпозиумот беше сертифициран од страна на Лекарската комора на Република Ма­ке­до­ни­ја, така што присутните доктори, про­фе­со­ри, магистри, дефектолози и другите струч­ни лица, имаа чест да добијат сертификат за при­суство на овој симпозиум, кој придонесе за збогатување на нивните знаења и ис­кус­тва.

 

This year for the first time on 13 of аpril 2011 in the amphitheatre of the Medical Faculty, in organization by the University Clinic for Psychiatry in Skopje and in collaboration with the Association of Psychiatrists of the Republic of Macedonia, the Macedonian Scientific Association for Autism – MSAA and the Medical Faculty of Skopje, it was held a symposium with the topic “Autism spectrum disorders – diagnostics, early intervention and prevention”. This symposium followed the celebration of the Word Day of Autism.

The symposium was officially opened by Prof. Dr. Marija Raleva, who saluted the guests and briefly explained the nature of the autistic disorders which were the major motivation for organizing a conference of this kind. Along, Prof. Dr. Raleva also presented her work with the title “Autism Spectrum Disorders – diagnostic possibilities”, followed by another presentation from Dr. Kamka Paketchieva with the title “Autism Spectrum Disorders against Early Child Psychosis”. After, the article “Autism Identification, Diagnostics and Early Interventions in the Republic of Macedonia” was presented by Prim. Dr. Meri Boshkovska. Exceptional contribution to enrichment of the knowledge  made  the  article titled “Prevention from Autism” written by Prof. Dr. Vladimir Trajkovski. Further, followed a video  presentation of the “Interview for Autism Diagnostics” – ADI-R. The symposium ended with a discussion, during which the audience had an opportunity to make statements, to ask questions and express appreciation for the new knowledge gained regarding the developmental disorders discussed. The symposium was certificated by the Doctor's Chamber of the Republic of Macedonia and the doctors, professors, masters, special educators and other experts who have participated had a chance to receive a certificate for their presence at the symposium that contributed for enrich­ment of their knowledge and experience.

 

 

 

Адреса за кореспонденција:

Ангела ЧИНГОСКА

Ул. „Кеј 13 Ноември“ 5/15,

1000 Скопје, Република Македонија

E-mail: cingo_angela@yahoo.com

 

Corresponding Address:

Angela CHINGOSKA

Kay 13 Noemvri  5/15,

1000 Skopje, Republic of Macedonia

E-mail: cingo_angela@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in