JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 32133
КВАЛИТЕТ НА ЖИВЕЕЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА – УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ Дита ТОРТЕ-ЧИЧЕ Посебно основно училиште Иднина-Скопје Дита Торте Чиче го одбрани својот магистерски труд на 27. XII 2010 година на Институтот за дефектологија при Филозофски факултет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Ристо Петров, проф. д-р Горан Ајдински и проф. д-р Сунчица Димитријовска. |
|
THE QUALITY OF LIFE OF THE FAMILIES - SUCCESS AND BEHAVIOR OF THE STUDENTS WITH INTELLECTUAL DISABILITIES Dita TORTE- CHICHE Special elementary school Idnina-Skopje Dita Torte Chiche, MSc, defended her master thesis on 27.12.2010 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy, University "Ss Cyril and Methodius" in Skopje, in the presence of a committee consisted of Prof. Dr. Risto Petrov, Prof. Dr. Goran Ajdinski and Prof. Dr Sunchica Dimitrijovska. |
Примено: 22.06.2011 Прифатено: 04.07.2011 UDK: 159.922.2-056.26/.36(043.2)(049.3) |
|
Received: 22.06.2011 Accepted: 04.07.2011 |
Резиме |
|
Abstract |
|
|
|
Квалитетот на живеење, со години наназад е интерес на бројни истражувачи и научници, но и една од темите што го засега секој човек. Тоа е сложен поим што опфаќа значителен број објективни и субјективни причинители за задоволување на потребите и самоперцепцијата на поединецот. Исто така тој претставува резултат на непрекинати односи помеѓу личните карактеристики на поединецот и особеноста на неговата околина. Квалитетот на живеење на лицата со интелектуална попреченост е одреден со: психолошката состојба, социјалните односи, физичките и материјалните фактори, развојот на личната компетентност и можноста за реализирање на личните животни цели, степенот на лична |
|
The quality of life has been of interest for numerous researchers and scientists over the years, as well as a topic that affects every person. It is a complex term that covers significant number of objective and subjective factors necessary to meet the needs and self-perception of the individual. It is also a result of the long-term relationships between the personal characteristics and the uniqueness of the surrounding. The quality of living of the people with intellectual disability is determined by: their psychological state, social relations, physical and material factors, the development of the personal competence and the opportunity to accomplish personal goals, the degree of the |
aвтономија и носење одлуки, општествената вклученост и остварувањето на правата поврзани со вреднување на поединецот и неговото достоинство. Основната цел на магистерската теза презентирана на 137 страници е да се согледа и утврди квалитетот на живеење на семејствата како комплексно субјективно доживување на лицето, кој зависи од објективните околности во кои живее (материјални, егзистенцијални, социјални, здравствени) и од факторите што влијаат како причинители за послаб успех и поведение кај учениците со лесна интелектуална попреченост. Основна задача на истражувањето е да се изврши анализа на квалитетот на живеење кај семејствата на учениците со интелектуална попреченост. Една од целите исто така е и да се утврди успехот и поведението на оваа категорија ученици, како и да се согледа разликата помеѓу двете основни училишта во поглед на тие параметри. Трудот ги содржи следниве делови: вовед, теоретски пристап кон проблемот на истражување, методологија на истражувањето, дискусија, заклучок, предлог мерки, литература и прилози. Во воведниот дел се нагласува дека квалитетот на живеење на овие лица, односно на лицата со лесна интелектуална попреченост, зависи од: психолошката состојба, социјалните односи, физичките и материјалните фактори, развојот на личната компетентност како и можноста за реализирање на личните цели, а исто така од степенот на личната автономија. Понатаму во трудот, поточно во теоретскиот дел, на самиот почеток е дадена дефиниција со која се објаснува поимот квалитет на живеење и се опишува етиологијата на интелектуалната попреченост, се прави класификација и се потенцираат карактеристиките на децата со лесна интелектуална попреченост. Воедно во овој дел од трудот се презентирани најразлични теории и дефиниции поврзани со квалитетот на живеење на оваа категорија на деца. При поставување на методологијата дефинирани се предметот, целта и карактерот на истражувањето, потоа задачите, хипотезите, варијаблите, методите, техниките, инструментите, популацијата и примерокот, организацијата и текот на истражувањето како и статистичките техники потребни за обработка на податоците. Во истражувањето е опфатен пригоден примерок од 178 ученици од ПОУ „Иднина“ и ПОУ „д-р Златен Сремац“ исто така и 178 родители на учениците со интелектуална попреченост кои многу ни помогнаа да го дополниме ова истражување. За секое дете што е дел од примерокот, а е опфатено со воспитно-образовниот процес во некоја од наведените институции, се води индивидуално досие (портфолио) во кое систематски се бележи неговиот развој. Индивидуалното досие што беше предмет на анализа содржи: општи податоци за детето, анамнестички податоци, наод и мислење, мислења за детето што ги даваат членовите од стручниот тим (психологот, социјалниот работник, логопедот) на основа на нивната стручна процена и секој од сопствено професионално гледиште, како и дефектолошка процена на способностите и постигнатите знаења, умеења и навики. При анализа и интерпретација на резултатите најпрвин се анализирани одговорите на секоја група испитаници пооделно, а потоа направена компарација во групите на дефектолози, родители и ученици со лесна интелектуална попреченост. Сите податоци добиени во истражувањето се изразени квантитативно и обработени со следните статистички методи и постапки:, x2 и Fisher Exact-тест. За статистичките значајни разлики, беа земени разликите со ниво на значајност од p<0,05. Интерпретацијата и анализата на податоците ни покажа дека разните социо-економски причинители имаат влијание за послаб успех и полошо поведение. Исто така кај овие деца се јавуваат и проблеми во однесувањето на училиште во споредба со учениците кои немаат социо-економски проблеми и имаат по хармоничен и подобар живот. При анализа на податоците беше забележана силна статистичка значајна разлика помеѓу брачниот статус на родителите. Многу важен фактор во формирањето на една зрела личност претставува и брачниот статус на родителите. Како ќе се формира една личност во многу зависи од овој фактор кој директно влијае на личноста на детето, што посебно се забележува кај децата со интелектуална попреченост. На овие деца посебно, им е потребна голема љубов од страна на двата родитела. Врз послабиот успех и намалено поведение во нашето истражување влијаат: нивото на образование на родителите, вкупните приходи во семејството каде што 103 испитаници се корисници на социјална помош. Бројот на членови во семејството, здравствената состојба на родителите, присуство на социопатолошки појави, поддршката на социјалната мрежа се исто така релевантни фактори кои влијаат врз квалитетот на живеење кај категоријата на испитаници во нашето истражување. Заклучоците ја истакнуваат потребaта да се подобри квалитетот на живеење на семејствата кои се соочуваат со состојбата, и на нивните деца и да им се олесни колку што е можно повеќе социо-економска состојба со тоа што барем еден од родителите да е во работен однос, земајќи ја предвид нивната сериозна состојба која е проследена со разни епилептични напади, депресии каде што лекарствата се неопходни. |
|
persons' autonomy and the decision making ability, the social inclusion and fulfilling the rights related to dignifying the individual. The main purpose of the master thesis presented in 137 pages is to determine the quality of life of the families being a complex subjective experience for the person with disability, as he/she depends on the objective circumstances of living (material, existential, social, health) and the factors that are responsible for lower school success and poor conduct of the students with mild intellectual disability. The main task of the research is to analyze the quality of life of the families that have children with intellectual disabilities. Another aim is to determine the success and behavior of this category of students and to recognize the differences between the two examined primary schools in terms of those parameters. The paper contains the following sections: introduction, theoretical approach to the research problem, methodology of research, discussion, conclusion, proposed measures, references and appendix. The introduction emphasizes that the quality of life of the people with mild intellectual disability depends on: the psychological state, the social relationships, the physical and material factors, the development of personal competence and the ability to accomplish personal goals, as well as the degree of personal autonomy. Further, in the beginning of the theoretical section is given a definition that explains the concept of quality of life and describes the etiology of intellectual disability, builds a classification and highlights the characteristics of the children with mild intellectual disability. This section presents various theories and definitions related to the quality of life of this category of children, theories which are introduced. Along the methodology setup, the subject, the purpose and the character of the research are defined, then overall tasks, hypotheses, variables, methods, techniques, instruments, sample population, organization and mainstream of the research, as well as statistical techniques required for the data processing are determined. The survey covered a convenient sample of 178 students from the For every child being a part of the sample group and included in the educational process in one of these institutions, we made personal record (portfolio) in which was systematically recorded their development. The record that was later a subject for analysis included: general information about the child, anamnesis data, findings and opinions, opinions about the child provided by the expert members of the technical team (psychologist, social worker, speech therapist) based on their professional assessment and their own professional perspective, as well as the assessment by the special educators regarding their abilities, accumulated the knowledge, skills and habits. For the analysis and interpretation of the results, first the answers of each group of respondents were analyzed separately and after, a comparative analysis was made among the groups of special educators and rehabilitation therapists, parents and pupils with intellectual disabilities. All data obtained from the survey were expressed quantitatively and processed with the following statistical methods and procedures: Hi-square and Fisher Exact-test. For a statistically significant differences were considered only the results with a level of significance of p <0, 05. The interpretation and analysis of the data showed that various socio-economic factors influence the low success and bad conduct behavior of these children who also showed problems in the conduct at school compared to the students who do not have socio-economic problems and have better and more harmonious life. While analyzing the data, we recorded strong statistically significant difference among the marital status of the parents. The marital status of the parents represents very important factor in the process of the child transforming into mature individual. The way a personal character is established very much depends on this factor which also directly affects the child's personality. This is especially noticed in children with intellectual disabilities. These children need a great affection from both parents. The weak school success and bad conduct in the conducted research was influenced by: the level of the parents' education, the total family income since 103 of all examined families live from social income. The number of family members, the health status of the parents, the presence of socio-pathological phenomena and the social support network are also relevant factors affecting the quality of life among the category of respondents in our research. The conclusion highlighted the need to improve the quality of life of the families and their children who face this situation and to facilitate better socio-economic situation for them. That would include employment of at least one of the parents and consideration of their serious condition that is followed by various epileptic seizures where depression medication are a necessity. |
|
|
|
Клучни зборови: лесна интелектуална попреченост, квалитет на живеење, социоекономски статус, семејство, успех, поведение |
|
Key words: mild intellectual disability, quality of life, socioeconomic status, family, success, behavior |
Адреса за кореспонденција: Дита ТОРТЕ-ЧИЧЕ Посебно основно училиште Иднина – Скопје Ул: Казанџиска бр.35/15 1000 Скопје, Р. Македонија e-mail:dita_torte@hotmail.com |
|
Address for correspondence: Dita TORTE-CHICHE Special elementary school Idnina-Skopje St: Kazanciska 35/15 1000 email: dita_torte@hotmail.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE