КВАЛИТЕТ НА ЖИВЕЕЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА – УСПЕХОТ И ПОВЕДЕНИЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

 

Дита ТОРТЕ-ЧИЧЕ

 

Посебно основно училиште Иднина-Скопје

 

 

Дита Торте Чиче го одбрани својот ма­гис­тер­ски труд на 27. XII 2010 година на Ин­сти­ту­тот за дефектологија при Филозофски фа­кул­тет, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, пред комисија во состав: проф. д-р Рис­то Петров, проф. д-р Горан Ајдински и проф. д-р Сунчица Димитријовска.

 

THE QUALITY OF LIFE OF THE FAMILIES - SUCCESS AND BEHAVIOR OF THE STUDENTS WITH INTELLECTUAL DISABILITIES

 

Dita TORTE- CHICHE

 

Special elementary school Idnina-Skopje

 

 

Dita Torte Chiche, MSc, defended her master thesis on 27.12.2010 at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy, University "Ss Cyril and Methodius" in Skopje, in the presence of a committee consisted of Prof. Dr. Risto Petrov, Prof. Dr. Goran Ajdinski and Prof. Dr Sunchica Dimitrijovska.

 

Примено: 22.06.2011

Прифатено: 04.07.2011

UDK: 159.922.2-056.26/.36(043.2)(049.3)

 

 

Received: 22.06.2011

Accepted: 04.07.2011

 

Резиме

 

 

Abstract

 

 

 

Квалитетот на живеење, со години наназад е ин­терес на бројни истражувачи и научници, но и една од темите што го засега секој чо­век. Тоа е сложен поим што опфаќа зна­чи­те­лен број објективни и субјективни при­чи­ни­те­ли за задоволување на потребите и са­мо­пер­цепцијата на поединецот. Исто така тој прет­ставува резултат на непрекинати односи по­меѓу личните карактеристики на пое­ди­не­цот и особеноста на неговата околина.

Ква­литетот на живеење на лицата со ин­те­лек­туална попреченост е одреден со: пси­хо­лош­ката состојба, социјалните односи, фи­зич­ките и материјалните фактори, развојот на личната компетентност и можноста за реа­лизирање на личните  животни  цели,  сте­пе­нот   на   лична

 

The quality of life has been of interest for numerous researchers and scientists over the years, as well as a topic that affects every person. It is a complex term that covers significant number of objective and subjective factors necessary to meet the needs and self-perception of the individual. It is also a result of the long-term relationships between the personal characteristics and the uniqueness of the surrounding.

The quality of living of the people with intellectual disability is determined by: their psychological state, social relations, physical and material factors, the development of the personal competence and the opportunity to accomplish  personal  goals,  the  degree  of  the

aвтономија и носење одлуки, оп­штествената вклученост и остварувањето на правата поврзани со вреднување на пое­ди­нецот и неговото достоинство.

Ос­новната цел на магистерската теза пре­зен­ти­ра­на на 137 страници е да се согледа и ут­вр­ди квалитетот на живеење на семејствата ка­ко комплексно субјективно доживување на ли­цето, кој зависи од објективните окол­нос­ти во кои живее (материјални, ег­зи­стен­ци­јал­ни, социјални, здравствени) и од фак­то­ри­те што влијаат како причинители за послаб ус­пех и поведение кај учениците со лесна ин­телектуална попреченост.

Основна задача на истражувањето е да се из­вр­ши анализа на квалитетот на живеење кај се­мејствата на учениците со интелектуална по­преченост. Една од целите исто така е и да се утврди успехот и поведението на оваа ка­те­го­рија ученици, како и да се согледа раз­ли­ка­та помеѓу двете основни училишта во по­глед на тие параметри.

Трудот ги содржи следниве делови: вовед, тео­ретски пристап кон проблемот на ис­тра­жу­ва­ње, методологија на истражувањето, дис­кусија, заклучок, предлог мерки, ли­те­ра­ту­ра и прилози.

Во воведниот дел се нагласува дека ква­ли­те­тот на живеење на овие лица, односно на ли­ца­та со лесна интелектуална попреченост, за­виси од: психолошката состојба, со­ци­јал­ни­те односи, физичките и материјалните фак­­тори, развојот на личната компетентност ка­ко и можноста за реализирање на личните це­ли, а исто така од степенот на личната ав­то­­но­мија.

Понатаму во трудот, поточно во теоретскиот дел, на самиот почеток е дадена дефиниција со која се објаснува поимот квалитет на жи­ве­ење и се опишува етиологијата на ин­те­лек­туалната попреченост, се прави кла­си­фи­ка­ција и се потенцираат карактеристиките на де­цата со лесна интелектуална попреченост. Воед­но во овој дел од трудот се пре­зен­ти­ра­ни најразлични теории и дефиниции по­вр­за­ни со квалитетот на живеење на оваа ка­те­го­ри­­ја на деца.

При поставување на методологијата де­фи­ни­ра­ни се предметот, целта и карактерот на ис­тра­жу­ва­њето, потоа задачите, хипотезите, ва­ри­јаб­ли­те, методите, техниките, инструментите, по­пу­ла­цијата и примерокот, организацијата и те­кот на истражувањето како и статистичките тех­­ники потребни за обработка на податоците.

Во истражувањето е опфатен пригоден при­ме­рок од 178 ученици од ПОУ „Иднина“ и ПОУ „д-р Златен Сремац“ исто така и 178 родители на учениците со интелектуална попреченост кои многу ни помогнаа да го дополниме ова ис­тра­жу­вање.

За секое дете што е дел од примерокот, а е оп­фатено со воспитно-образовниот процес во некоја од наведените институции, се води ин­­дивидуално досие (портфолио) во кое сис­те­­матски се бележи неговиот развој. Ин­ди­ви­дуалното досие што беше предмет на ана­ли­за содржи: општи податоци за детето, анам­нес­тички податоци, наод и мислење, мис­­­лења за детето што ги даваат членовите од стручниот тим (психологот, социјалниот ра­ботник, логопедот) на основа на нивната струч­на процена и секој од сопствено про­фе­сио­нално гледиште, како и дефектолошка про­цена на способностите и постигнатите знае­­ња, умеења и навики.

При анализа и интерпретација на ре­зул­та­ти­те најпрвин се анализирани одговорите на се­­која група испитаници пооделно, а потоа на­­правена компарација во групите на де­фек­то­­лози, родители и ученици со лесна ин­те­лек­­туална попреченост.

Сите податоци добиени во истражувањето се из­разени квантитативно и обработени со след­ни­те статистички методи и постапки:, x2  и Fisher Exact-тест. За статистичките зна­чај­ни разлики, беа земени разликите со ниво на зна­чајност од p<0,05.

Интерпретацијата и анализата на податоците ни покажа дека разните социо-економски при­­чинители имаат влијание за послаб успех и по­лошо поведение. Исто така кај овие деца се јавуваат и проблеми во однесувањето на учи­­лиште во споредба со учениците кои не­маат социо-економски проблеми и имаат по хармоничен и подобар живот.

При анализа на податоците беше забележана сил­на статистичка значајна разлика помеѓу брач­ниот статус на родителите.

Многу важен фактор во формирањето на една зре­­ла личност претставува и брачниот статус на ро­­дителите. Како ќе се формира една личност во многу зависи од овој фактор кој директно вли­јае на личноста на детето, што посебно се за­бележува кај децата со интелектуална по­пре­че­ност. На овие деца посебно, им е потребна го­лема љубов од страна на двата родитела.

Врз послабиот успех и намалено поведение во на­шето истражување влијаат: нивото на обра­зо­ва­ние на родителите, вкупните приходи во се­меј­ството каде што 103 испитаници се ко­рис­ни­ци на социјална помош.

Бројот на членови во семејството, здрав­стве­на­та состојба на родителите, присуство на со­цио­па­толошки појави, поддршката на социјалната мре­жа се исто така релевантни фактори кои вли­јаат врз квалитетот на живеење кај ка­те­го­ри­јата на испитаници во нашето истражување.

За­клучоците ја истакнуваат потребaта да се по­­доб­ри квалитетот на живеење на се­меј­ства­та кои се соочуваат со состојбата, и на нив­ните де­ца и да им се олесни колку што е мож­но повеќе со­цио-економска состојба со тоа што барем еден од родителите да е во ра­бо­тен однос, зе­мај­ќи ја предвид нивната се­риозна состојба која е проследена со разни епи­лептични на­па­ди, депресии каде што ле­кар­ствата се неоп­ход­ни.

 

persons' autonomy and the decision making ability, the social inclusion and fulfilling the  rights related to dignifying the individual.

The main purpose of the master thesis presented in 137 pages is to determine the quality of life of the families being a complex subjective experience for the person with disability, as he/she depends on the objective circumstances of living (material, existential, social, health) and the factors that are responsible for lower school success and poor conduct of the students with mild intellectual disability.

The main task of the research is to analyze the quality of life of the families that have children with intellectual disabilities. Another aim is to determine the success and behavior of this category of students and to recognize the differences between the two examined primary schools in terms of those parameters.

The paper contains the following sections: introduction, theoretical approach to the research problem, methodology of research, discussion, conclusion, proposed measures, references and appendix.

The introduction emphasizes that the quality of life of the people with mild intellectual disability depends on: the psychological state, the social relationships, the physical and material factors, the development of personal competence and the ability to accomplish personal goals, as well as the degree of personal autonomy.

Further, in the beginning of the theoretical section is given a definition that explains the concept of quality of life and describes the etiology of intellectual disability, builds a  classification and highlights the characteristics of the children with mild intellectual disability. This section presents various theories and definitions related to the quality of life of this category of children, theories which are introduced.

Along the methodology setup, the subject, the purpose and the character of the research are defined, then overall tasks, hypotheses, variables, methods, techniques, instruments, sample population, organization and mainstream of the research, as well as statistical techniques required for the data processing are determined.

The survey covered a convenient sample of 178 students from the Special Elementary School “Idnina” and the Special Elementary School  D-r “Zlaten Sremac”, and 178 parents of the children with intellectual disability who have helped us to complete this research.

For every child being a part of the sample group and included in the educational process in one of  these institutions, we made personal record (portfolio) in which was systematically recorded their development. The record that was later a subject for analysis included: general information about the child, anamnesis data, findings and opinions, opinions about the child provided by the expert members of the technical team (psychologist, social worker, speech therapist) based on their professional assessment and their own professional perspective, as well as the assessment by the special educators regarding their abilities, accumulated the knowledge, skills and habits.

For the analysis and interpretation of the results, first the answers of each group of respondents were analyzed separately and after, a comparative analysis was made among the groups of special educators and rehabilitation therapists, parents and pupils with intellectual disabilities.

All data obtained from the survey were expressed quantitatively and processed with the following statistical methods and procedures: Hi-square and Fisher Exact-test. For a statistically significant differences were considered only the results with a level of significance of p <0, 05.

The interpretation and analysis of the data showed that various socio-economic factors influence the low success and bad conduct behavior of these children who also showed problems in the conduct at school compared to the students who do not have socio-economic problems and have better and more harmonious life.

While analyzing the data, we recorded strong statistically significant difference among the marital status of the parents.

The marital status of the parents represents very important factor in the process of the child transforming into mature individual. The way a personal character is established very much depends on this factor which also directly affects the child's personality. This is especially noticed in children with intellectual disabilities. These children need a great affection from both parents.

The weak school success and bad conduct in the conducted research was influenced by: the level of the parents' education, the total family income since 103 of all examined families live from social income.

The number of family members, the health status of the parents, the presence of socio-pathological phenomena and the social support network are also relevant factors affecting the quality of life among the category of respondents in our research. The conclusion highlighted the need to improve the quality of life of the families and their children who face this situation and to facilitate better socio-economic situation for them. That would include employment of at least one of the parents and consideration of their serious condition that is followed by various epileptic seizures where depression medication are a necessity.

 

 

 

Клучни зборови: лесна ин­те­лек­туал­на по­пре­­че­ност, квалитет на живеење, со­цио­е­ко­но­м­ски статус, семејство, успех, по­ве­дение

 

Key words: mild intellectual disability, quality of life, socioeconomic status, family, success, behavior

 

Адреса за кореспонденција:

Дита ТОРТЕ-ЧИЧЕ

Посебно основно училиште Иднина – Скопје

Ул: Казанџиска бр.35/15

1000 Скопје, Р. Македонија

e-mail:dita_torte@hotmail.com

 

 

Address for correspondence:

Dita TORTE-CHICHE

Special elementary school Idnina-Skopje

St: Kazanciska 35/15

1000 Skopje, R. Macedonia

email: dita_torte@hotmail.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in