JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 44277
ФОНОЛОШКИ ВЕШТИНИ КАЈ ДЕЦАТА СО ПРЕЧКИ ВО ЧИТАЊЕТО
Маринела ДУРАНОВИЌ
Невзета САЛИХОВИЌ
Амела ИБРАХИМАГИЌ
Емина ТИЊИЌ
Факултет за едукација и рехабилитација, Тузла, Босна и Херцеговина |
|
PHONOLOGICAL SKILLS AMONG CHILDREN WITH READING DISABILITIES
Mirela DURANOVIC
Nevzeta SALIHOVIC
Amela IBRAHIMAGIC
Emina TINJIC
Faculty of Education and Rehabilitation,
|
1. Вовед
|
|
1. Introduction |
|
|
|
Фонологијата се занимава со проучување на системот на звуци кој постои во одреден јазик, а фонетиката се занимава со проучување на физичката карактеристика на говорните звуци, независно од нивното значење и функција (1). Фонолошките вештини вклучуваат манипулација на фонолошките состојки на изговорените зборови, како што се мешање, сегментирање и римување. Различни истражувачи открија дека децата кои научиле добро да читаат, можат да римуваат на четиригодишна возраст и можат да мешаат и сегментираат орално презентирани зборови и звуци до крајот на прво одделение (2). Голем број на лонгитудинални истражувања открија дека децата со сиромашна фонолошка свест се соочуваат со ризикот да развијат пречки при читањето пред да започнат да учат читање (3). Точноста на читањето е предодредена од страна на рани фонолошки и јазични вештини (4).
Врската меѓу фонолошката свест и учењето читање е двострано: фонолошката свест е предуслов за учење читање и од друга страна учењето читање овозможува понатамошен развој на фонолошка свест (5).
Резултатите од различните истражувања покажаа дека фонолошката свест не се развива спонтано сама по себе, таа зависи делумно од писменоста (6). Кога детето учи да чита тоа мора да биде способно да ги распознава фонемите кои ги составуваат изговорените зборови со цел да разбере дека тие одделни звучни единки можат да бидат претставени со букви или група на букви, такви се графемите во правописот. Доколку детето не успее да го совлада фонемското сегментирање, ќе му биде тешко течно да чита и пишува (7). Во последните 15 години беше сметано дека дефицитарното фонолошко процесирање претставува главна причина за потешкотиите при читањето и пишувањето (8). Повеќето случаи на пречки при читање се појавуваат поради потешкотии во процесот на препознавање на зборот. Овие тешкотии се јавуваат поради дефицит во процесот на фонолошко кодирање, каде шемите на зборови се трансформирани во фонолошките кодови (9).
Дислексијата вклучува дефицит во јазичниот систем, посебно на нивото на фонолошки модул. На децата со дислексија им треба повеќе време да прочитаат соодветна фонема, дури и понекогаш додека зборуваат, овие деца изговорат фонема многу слична на онаа која имале намера да ја изговорат. Кај децата со дислексија има недостаток од фонолошка свест, така што тие се соочуваат со тешкотија да забележат дека основните звуци-фонеми ги сочинуваат сите говорни и пишани зборови (10).
Поголемиот дел од студиите поврзани со фонолошките вештини кај децата со дислексија се спроведени во земји каде што се зборува англискиот јазик како мајчин јазик. Босанскиот јазик е карактеризиран со фонетска азбука, во која секоја буква одговара на еден глас, а во англискиот јазик има помалку доследни врски помеѓу гласовите и буквите за разлика од многу други јазици; на пример пишаната секвенца ough може да биде изговорена на десет различни начини (11). На студентите им треба повеќе време да го читаат течно англискиот јазик отколку било кој друг јазик (12). Главната цел на оваа студија беше да се испитаат фонолошките способности кај децата со потешкотии во читањето на јазик каде секоја фонема е претставена со графема по определен фонолошки принцип; каде фонемите и графемите се дефинирани како најмали единки кои овозможуваат разликување на значења помеѓу писмен и говорен јазик; и каде фонетските принципи доминираат, а зборовите се напишани на истиот начин на кој се изговорени. |
|
Phonology deals with the system of sounds that exist within a specific language, whereas phonetics deals with the physical reality of the speech sounds, independently of their meaning and function (1). Phonological skills involve the manipulation of phonological constituents of the spoken words in tasks such as blending, segmenting and rhyming. Different researchers reported that children who learn to read well can rhyme at the age of four and they can blend and segment orally presented words and sounds by the end of first grade (2). A number of longitudinal studies found that children who show poor phonological awareness before they have learned to read are at risk of developing a reading disability (3). Reading accuracy is well predicted by early phonological and language skills (4). The relationship between phonemic awareness and learning to read is a two-way process: phonemic awareness is a precondition for learning to read and learning to read facilitates further progress of phonemic awareness (5). Results of different studies showed that phonemic awareness does not develop itself spontaneously, but it partly depends on the literacy (6). When the child learns to read, he/she must be able to detect phonemes that make up spoken words in order to understand that these separate sound units can be represented by letters or group of letters, that is, graphemes in the written language. If the child has not mastered phoneme segmenting, it will be very difficult for him/her to achieve reading and writing fluency (7). In the past 15 years, it has been considered that deficient phonological processing represents the main cause of reading and writing difficulties (8). Most cases of reading disabilities arise because of difficulties in the process of word recognition. These difficulties occur due to deficiencies in the processes of phonological coding, where letter patterns are transformed into phonological codes (9).
Dyslexia involves deficiency within the language system, especially at the level of a phonological module. Children with dyslexia need more time to retrieve appropriate phonemes and sometimes while speaking these children retrieve a phoneme that sounds similar to the one they intended to pronounce. The children with dyslexia lack phonemic awareness and they experience difficulty noticing basic sounds – phonemes that make up all spoken and written words (10).
The majority of studies about phonological skills among children with dyslexia have been conducted in English speaking countries. The Bosnian language is characterized with a phonemic alphabet, where each letter corresponds to one sound. The English language has fewer consistent relationships between sounds and letters than many other languages; for example, the letter sequence ough can be pronounced in 10 different ways (11). It takes longer for students to become completely fluent readers of English than of many other languages (12). The main purpose of this study was to examine phonological abilities among children with reading difficulties in a language where each phoneme is represented by grapheme following a phonemic principle. The phonemes and graphemes are defined as the smallest units that enable differentiation of meaning between written and spoken language; and phonemic principle dominates and words are written in the way they sound.
|
|
|
|
2. Методи |
|
2. Methods |
|
|
|
2.1. Примерок
Примерокот за истражување е составен од ученици од трето и четврто одделение од основните училишта во општините Тузла и Живинице, помеѓу 9 и 10 годишна возраст. Децата со пречки во читањето беа избрани според следните критериуми: логопедско испитување, применување на соодветен инструмент и мислење на учителите. Идентификувањето на деца со пречки во читањето беше спроведено со материјали за потврдување на способноста на читање (едно-минутен испит на гласно читање, Листа на зборови за потврдување на читачките способности и разбирање на материјалот за читање. Примерок за контрола на испитаници беше добиен со метод на еквивалентни парови- еквивалентност по пол, хронолошки редослед на возраст (+/- 3 месеци) и образование на родителите на групата деца со дислексија и дисграфија. Испитаниците од контролната група беа испитани со исти говорни дијагностички процедури како и децата со тешкотии во читањето и пишувањето. Примерокот за испитување е составен од 15 деца со пречки во читањето и 15 деца без пречки во читањето. Сите деца имаа средна интелектуална способност. |
|
2.1. Subject sample
The subject sample is consisted of 3rd and 4th grade pupils in primary schools from the Municipalities of Tuzla and Živinice, between 9 and10 years old. The children with reading difficulties were identified according to the following criteria: speech examination, application of appropriate instruments and their teacher’s opinion. Identification of children with reading difficulties was conducted with the following materials for verification of reading skills: One-minute exam of loud reading, List of words for verification of reading skills and comprehension of the read material. The sample of control subjects was obtained using the method of equivalent pairs – equality by sex, chronological age (+/- 3 months) and education of the parents of the group of children with dyslexia and disgraphy. The control subjects were examined by the same speech diagnostic procedure as the children with reading and writing disabilities. The examined sample consisted of 15 children with reading disabilities and 15 children without reading disabilities. All children had average intellectual abilities. |
|
|
|
2.2.Варијабили за оценување на
фонолошките вештини
Во текот на оценувањето на способностите ние ги испитавме само оние специфични компоненти кои директно влијаат на доброто читање и пишување. Групата од четири задачи овозможи преопознавање на постоечки фонолошки способности кај децата со пречки во читањето:
а) Аудитивна дискриминација на звуци во зборови
1. АД_ЗВУК − аудитивна дискриминација на звуци во даден збор
б)Аудитивна перцепција на јазични единки во низа на други единки
1. ПОВРЗАН_З – перцепција на даден збор во низа на семантички поврзани зборови;
2. НЕПОВРЗАН_З – перцепција на даден збор во низата на семантички неповрзани зборови;
3. АЦ_ТЕКСТ – перцепција на даден збор во низа на семантички неповрзани зборови;
в) Фонолошка синтеза на звуци во зборови
1. ДВОСЛОГ – фонолошка синтеза на звуци во двосложен збор;
2. ЕНДОСЛОГ – фонолошка синтеза на звуци во едносложен збор;
3. ПОВЕЌЕСЛОГ – фонолошка синтеза на звуци во повеќесложен збор;
г) Фонолошка анализа и синтеза
1. ПОЧЕ_ГЛАС – извлекување на почетниот глас од зборот
2. СРЕ_ГЛАС – извлекување на средниот глас од зборот
3. КРА_ГЛАС – извлекување на крајниот глас од зборот
4. БР_ГЛАС – идентификација на неколку гласови во даден збор;
5. ИРПГГГ – идентификација на ред и позиција на гласови во зборовите во однос на други зборови |
|
2.2. Variables for evaluation of the
phonological skills
During the evaluation of phonological abilities, we examined only those specific components which directly influence the success in mastering reading and writing. A set of four tasks enabled the identification of present phonological abilities among children with reading disabilities:
a) Auditory discrimination of sounds within words
1. AD_SOUND – Auditory discrimination of sounds within words
b) Auditory perception of language units in the string of other units
1. CONNECT_W – perception of given word in the string of semantically connected words;
2. UNCONNECT_W – perception of given word in the string of semantically unconnected words;
3. AC_TEXT – perception of given word in the text.
c) Phonemic synthesis of sounds within words
1. TWOSYLL – phonemic synthesis of sounds within two-syllable word;
2. ONESYLL – phonemic synthesis of sounds within one-syllable word;
3. MULTISYLL – phonemic synthesis of sounds within multi-syllable word;
d) Phonemic analysis and synthesis
1. INIT_SO - extraction of initial sound in the word
2. MED_SO - extraction of medial sound in the word
3. FIN_SO - extraction of final sound in the word
4. NR_SOUND - identification of number of sounds within given word;
5. IOAPSWW - identification of order and position of sound within words in relation to other sounds |
|
|
|
2.3. Метод на истражување и инструменти за мерење кои беа користени во испитувањето
„Дијагностички сет за испитување на способностите за говорење, употреба на јазикот, читање и пишување кај децата“ беше користен за испитување на фонолошките способности, дел кој е поврзан со испитувањето на условот на јазичниот систем кај учениците кои имаат пречки при читањето и пишувањето – фонолошки процес.
|
|
2.3. Method of the study and measuring instruments used for assessment
We used "The diagnostic set for examination of speech, language, reading and writing abilities of the children", for examination of their phonological abilities, part related to examination of the conditions of a language system of students with reading and writing disabilities - Phonemic processes.
|
|
|
|
2.4. Аудитивна дискриминација на звуци во состав на зборови
Состојбата на фонолошката дискриминација на акустично поврзаните фонеми кои ја одредуваат семантиката на зборот, беше испитана на следниот начин: ние баравме од детето внимателно да ги слуша речениците кои вклучуваа еден неточен збор и да ја најде грешката, на пример да се замени неточниот збор со семантички точен збор. Секоја од речениците вклучија еден збор кој семантички не беше соодветен за таа реченица, но беше автоматски поврзан со семантички точен збор. Детето ја дослуша целата реченица, го сегрегира семантички неточниот збор и го замени со точниот збор, преку промена на еден акустички поврзан глас. Испитувачот го забележуваше испуштениот глас и за секој испуштен глас беше даден еден поен. |
|
2.4. Auditory discrimination of sounds
within words
The condition of phonemic discrimination of acoustically related phonemes which determine the word semantics was examined in the following way: we requested that the child listen attentively to the sentences which included one incorrect word and then correct the errors; i.e. to replace the incorrect word with a semantically correct one. Each of the sentences included one word which semantically did not correspond to this sentence, but it was acoustically related to a semantically appropriate word. The child listened to the whole sentence, segregated the semantically incorrect word and replaced it with the correct one by changing one acoustically related sound. The examiner noted the sound that the child omitted, and for each omitted sound one point was assigned. |
|
|
|
2.5 Аудитивна перцепција на јазичната единка во низа на други единки
Аудитивното внимание (перцепцијата) беше испитана на следниот начин: испитаникот бараше од детето внимателно да ги слуша низата на зборови изговорена од испитувачот и да плесне со рацете при препознавање на дадениот збор. Испитувањето беше спроведено преку восприемање на специфичниот збор во низата на семантички поврзани зборови и во низата на семантички неповрзаните зборови.
Потоа се бараше од детето внимателно да го слуша дадениот текст и да плесне со рацете при слушање на даден збор. Ако детето плесне со рацете веднаш по слушањето на дадениот збор, му беа доделени три поени, доколку детето плесне со рацете со закаснување – два поени, а доколку детето не го забележеше дадениот збор, не му се доделуваа поени. |
|
2.5 Auditory perception of language unit in the sequence of other units
Auditory attention (perception) was examined in the following way: the examiner requested that the child carefully listen to the word sequence pronounced by the examiner and clap his/her hands upon hearing the given word. The examination was performed by perceiving the specific word in the string of semantically related words and in the string of semantically unrelated words. Afterward, we requested that the child carefully listen to the given text and to clap hands upon hearing the given word. If the child clapped his/her hands immediately after hearing the given word, 3 points were assigned. If the child clapped his/her hands with a delay, 2 points were assigned and if the child did not perceive the given word, no points were assigned. |
|
|
|
2.6 Фонетска синтеза на звуци во
зборови
Способноста да се синтезираат одделни звуци во еден збор беше испитана на следниот начин: испитувачот ги изговори изолираните звуци еден по еден и беше побарано од детето да го погоди зборот и да го изговори истиот. Во едноличен ритам, испитувачот ги изговори јасно звуците еден по еден. Започна со двосложни зборови, а потоа премина на едносложни и повеќесложни зборови. За секој точен одговор беше даден еден поен. |
|
2.6 Phonemic synthesis of the sounds
within words
The ability to synthesize separated sounds into one word unit was examined in the following way: the examiner pronounced isolated sounds one by one and requested from the child to guess the word and to pronounce it. In uniform rhythm, the examiner clearly pronounced sounds one by one. We started with two-syllable words, then went on to one-syllable and multi-syllable words. One point was assigned for each correct answer. |
|
|
|
2.7 Фонолошка анализа и синтеза
Испитувањето на сите фази на фонолошка анализа на зборови продолжи на следниот начин:
а) Сепарација на почетни, медијални и крајни звуци во зборот
Испитувачот му ги читаше зборовите на детето и бараше од детето да крене карта со знакот + или – во зависност од ситуацијата дали дадениот звук е на почетокот, на средина или на крајот на зборот или не е. Испитувачот најпрво вежбаше со детето со цел да провери дали детето ја разбрало задачата или не. За секоја точно извршена задача беше доделен еден поен.
б) Идентификација на број на звуци во даден збор
Испитувачот ги постави картите на масата обележани од 1 до 9. После тоа, испитувачот му објасни на детето дека тоа треба да ја извлече картата со бројот на звуци во дадениот збор. Ако детето не можеше да го определи бројот на звуци во зборот, испитувачот се обиде да ја олесни задачата читајќи му на глас на детето кое во истовреме треба да го помести својот прст на редниот број. За секоја точно изведена задача беше даден еден поен.
в) Идентификација на редот и позицијата на звукот во зборовите поврзан со други звуци
Испитувачот му ја демонстрираше на детето сликата и шемата на зборот и бараше од детето да обележи (да ја обои) во шемата позицијата на дадениот глас. Ако детето не беше способно ментално да ја определи позицијата на бараниот глас, испитувачот ја олеснуваше задачата преку силно изговарање на гласовите и во исто време да го помести прстот на кругот на шемата. За секоја точно изведена задача беше даден еден поен. |
|
2.7 Phonemic analysis and synthesis
The examination of all stages of phonemic word analysis was conducted in the following way:
a) Separation of initial, medial and final sound in the word
The examiner was reading the words to the child and requested that the child raise cards with the signs + or –, depending on the situation, whether the given sound is at the beginning, in the middle or at the end of the word or not. The examiner first practiced with the child in order to check whether the child understood the task or not. One point was assigned for each correctly performed task.
b) Identification of number of sounds within a given word
The examiner placed the cards on the table numbered from 1 to 9. After that, the examiner explained to the child that he/she is supposed to pull out the card with the number of sounds in a given word. If the child was not able to determine the number of sounds in the word, the examiner tried to facilitate the task by offering the child to read aloud and at the same time to move his/her finger on the ordinal numbers. For each correctly performed task, one point was assigned.
c) Identification of order and position of the sound within words in relation to other sounds
The examiner demonstrated to the child the picture and scheme of the word and requested from the child to mark (colour) in the scheme the position of a given sound. If the child was not able to mentally determine the position of the requested sound, the examiner facilitated the task by offering the child to pronounce the sounds aloud and at the same time to move his/her finger on the circles of the scheme. For each correctly performed task, one point was assigned. |
|
|
|
2.8 Метод и анализа на податоците
SPSS за MS WINDOWS 10.0 и STATISTICA за WINDOWS 4.5 беа користени за процесирање на податоците. Основната статистика беше пресметана за сите варијабли по групи. Разликата помеѓу групите беше одредена преку т-тест и дискриминативна анализа. |
|
2.8 Methods of data analysis
SPSS for MS WINDOWS Release 10.0 and Statistica for Windows Release 4.5. were used for data processing. Basic statistics were calculated for all variables by groups. The differences between the groups were determined by t-test and discriminate analysis. |
|
|
|
3. Резултати |
|
3. Results |
|
|
|
Анализата на резултатите во Табела 1 покажува дека средна вредност на варијаблите кои се однесуваат на аудитивна дискриминација на звуците во зборовите кај децата со пречки во читањето беше 16,13, а кај децата без пречки беше 1,33. Оценувањето на аудитивното внимание го вклучи восприемањето на даден збор во низата на семантички поврзани и неповрзани зборови и зборови во текст. Средната вредност на варијаблите кои се однесуваат на восприемање на даден збор во секвенцата од семантички поврзани зборови кај децата со пречки во читањето беше 2,40, во низата на семантички неповрзани зборови беше 1,93, а во текстот средната вредност беше 2,00. Средната вредност за сите варијабили поврзани со оценување на аудитивното внимание кај децата без пречки беше 3,00, затоа може да се заклучи дека тие деца имаат силно аудитивно внимание. Средната вредност на варијабилите поврзани со синтеза на звуци во двосложни зборови беше 3,80, за синтеза на едносложни и повеќесложни зборови беше 3,53. Може да се заклучи дека децата со пречки имаа најдобар резултат за синтезирање на звуци во двосложни зборови. Во споменатите задачи, децата без пречки во читањето постигнаа максимални резултати. Средна вредност за децата со пречки во читањето, кај варијаблите поврзани со сепарација на почетните гласови, во склоп со дадениот збор беше 37,13, за сепарација на медијалните звуци во склоп на дадениот збор беше 33,40 и за сепарација на крајниот звук во склоп на зборот, средната вредност беше 42,60. Најдобри резултати беа добиени за варијаблите поврзани со сепарирање на крајниот звук во склоп на зборот. Децата без пречки во читањето исто така постигнаа најдобри резултати за варијаблата поврзана со сепарација на крајниот звук во склоп на зборот. Средна вредност за децата со пречки во читањето за варијаблите поврзани со идентификација на број на звуци во составот на даден збор беше 7,20. Оценувањето на способностите детето да ги поврзе сликите соодветно со предметите и да ја обележи позицијата на даден звук во шемата покажа средна вредност на оваа варијабила кај децата со пречка во читањето од 6,47. Средната вредност на варијаблата поврзана со идентификација на број на звуци во состав на даден збор кај децата без пречки во читањето беше 8,00, а средната вредност на варијаблата поврзана со идентификација на редот и позицијата на звукот во склоп на зборот поврзан со други звуци беше 7,00. Стандардната девијација за двете варијабили беше 0,00. Може да се заклучи дека сите субјекти без некои потешкотии постигнаа максимални резултати за две споменати варијабли.
|
|
The analysis of the results displayed in Table 1 indicate that the mean value of the variable pertaining to auditory discrimination of sounds within words in children with reading disabilities was 16,13, whereas in children without disabilities it was 1,33. The assessment of auditory attention involved in the perceiving of given word in the string of semantically connected and unconnected words and words within a text. The mean value of variables pertaining to the perceiving of a given word in the sequence of semantically connected words among children with reading disabilities was 2,40. The mean value in the string of semantically unconnected words was 1,93 and within the text the mean value was 2,00. The mean value for all variables related to assessment of auditory attention for children without disabilities was 3,00, therefore it can be concluded that those children had strong auditory attention. The mean value for the variable related to synthesis of sounds within two-syllable words was 3,80, for synthesis of one-syllable and multi-syllable words was 3,53. It can be concluded that the children with reading disabilities had the best scores for synthesis of sounds within two-syllable words. In the mentioned tasks, children without reading difficulties achieved maximum results. The mean value of the variable related to separation of initial sound within the word, obtained from the children with reading disabilities was 37,13. The value of the variable for separation of medial sound within the word was 33,40 and the variable for separation of final sound within a word had a mean value of 42,60. The best results were obtained from the variables related to separation of final sound within a word. The children without reading difficulties also achieved the best results for the variable related to the separation of a final sound within a word. The mean value for the children with reading difficulties for the variable related to identification of number of sounds within a given word was 7,20. The assessment of the abilities related to the identification of order and position of the sound within a word was performed by demonstrating seven pictures for the subject. It was then requested from him/her to mark in the scheme the position of the given sound. The mean value of that variable among children with reading difficulties was 6,47. The mean value for variables related to identification of number of sounds within a given word among children without reading difficulties was 8,00. The mean value for the variable regarding the identification of order and position of the sound within a word in relation to other sounds was 7,00. The standard deviation for both variables was 0,00. It can be concluded that all the subjects without any difficulty achieved maximum results for the two mentioned variables. |
Табела 1. Основни статистички параметри за оценување на фонолошките вештини |
|
Table 1. Basic statistical parameters for assessment of the phonological skills |
|
|
|
|
Деца со пречки во читањето/
Children with reading disabilities |
Деца без пречки во читањето/
Children without reading disabilities |
||
Променлива / Variable |
Средна вредност / Mean |
СД / SD |
Средна вредност /
Mean |
СД / SD |
АД_ЗВУК / AD_SOUND |
16,13 |
9,13 |
1,33 |
1,76 |
ПОВРЗАН_З / ONNECT_W |
2,40 |
0,91 |
3,00 |
0,00 |
НЕПОВРЗАН_З / UNNCONNECT_W |
1,93 |
1,28 |
3,00 |
0,00 |
AЦ_TEКT / AC_TEXT |
2,00 |
1,20 |
3,00 |
0,00 |
ДВОСЛОГ / TWOSYLL |
3,80 |
0,56 |
4,00 |
0,00 |
ЕДНОСЛОГ / ONESYLL |
3,53 |
0,74 |
4,00 |
0,00 |
ПОВЕЌЕСЛОГ / MULTISYLL |
3,53 |
0,64 |
4,00 |
0,00 |
ПОЧЕ_ЗВУК / INIT_SO |
37,13 |
6,74 |
41,60 |
0,74 |
СРЕ_ЗВУК / MED_SO |
33,40 |
3,91 |
36,73 |
0,59 |
КРА_ЗВУК / FIN_SO |
42,60 |
3,44 |
45,87 |
0,35 |
БР_ЗВУК / NR_SOUND |
7,20 |
0,86 |
8,00 |
0,00 |
ИРПЗЗЗ / IOAPSWW |
6,47 |
0,64 |
7,00 |
0,00 |
|
||
Дискриминантната анализа и т-тест беа употребени да се испитаат разликите помеѓу две испитани групи во простор на две променливи групи поврзани со оценувањето на фонолошките вештини. Една дискриминантна функција беше добиена преку дискриминативна анализа. Дискриминантната фунција беше статистички значајна земајќи ја предвид Вилксовата ламда за првата функција од 0,13 со 12 степени слобода и χ2 тестот со вредност од 44,84, кои беа статистички значајни на ниво од 0,00 (Табела 2). Анализа на дискриминантните коефициенти откријаа дека дискриминантната функција е создадена од следните варијабили: аудитивна дискриминанта на звуци во склоп на зборови (AД_ ГЛАС), фонолошки синтези на звуци во склоп на двосложен збор (ДВОСЛОГ), и варијабила со негативен знак: идентификација на звуци во склоп на зборови (БР_ ГЛАС).
Вредноста на центроидите за примерокот на деца со дислексија беше 2,50 и за деца без дислексија беше -2,50, што покажува дека дискриминантната функција беше ротирана на начин така што највисоките негативни вредности покажуваа повисока можност субјектот да припаѓа на групата деца без дислексија и дизграфија, а повисока позитивна вредност покажува дека субјектот припаѓа на групата на деца со дислексија. |
|
The discriminative analysis and the t-test were used to examine the differences between the two examined groups by measuring variables related to the assessment of phonological skills. One discriminative function was obtained by the discriminative analysis. The discriminative function, considering the Wilks lambda for the first function of 0,13 with a 12 degree of freedom and the χ2 test with a value of 44,84 were statistically significant at a 0,00 level (Table 2). The analysis of the discriminative coefficients revealed that the discriminative function was created by the following variables: auditory discrimination of sounds within words (AD_SOUND), phonemic synthesis of sounds within a two-syllable word (TWOSYLL) and a variable with negative sign: identification of sounds within words (NR_SOUND).
The value of centroids for the sample of children with dyslexia was 2,50 and for children without dyslexia was -2,50. This indicates that the discriminative function was rotated in such a way that higher negative values signify higher possibility that the subject belongs to a group of children without dyslexia and disgraphy, and higher positive values signify that a subject belongs to the group of children with dyslexia. |
|
|
|
Табела 2. Дискриминантна анализа |
|
Table 2. Discriminative analysis |
|
|
|
Функција/
Function |
Вредност
на Eigen/
Eigen Value
|
% Варијанса/
Variance |
Cum. % |
Канонска
орелација/
Cannonical
correlation |
Вилксова
ламбда/
Wilks'
Lambda |
χ2 |
Разлика/
Df
|
Значајност/
Sig. |
1 |
6,68 |
100,0 |
100,0 |
0,93 |
0,13 |
44,84 |
12 |
0,00 |
Разликите помеѓу двете групи беа испитани преку т-тест. Резултатите на т-тестот покажаа статистичка разлика помеѓу двете групи на субјекти во сите испитани променливи. |
|
The differences between both groups were examined with the t-test. The results of the t-test showed statistically significant difference between the two subject groups in all examined variables. |
|
|
|
Табела 3. Идентификација на разликите помеѓу децата со пречки во читањето и децата без пречки во читањето во средните вредности на променливите кои ги оценуваат фонолошките вештини |
|
Table 3. Identification of the differences between children with reading disabilities and children without reading disabilities in mean values of variables assessing phonological skills |
|
|
|
|
Левенсов
тест за еквивалентност на варијансите/
Levene's Test for Equality of Variances |
Значајност/
Sig.
|
Т-тест за еднаквост на средните вредност/
t-test for Equality of Means |
Разлика/
df |
Значајност
(двострана)/
Sig. (2-tailed) |
Средна разлика/
Mean
Difference |
Стандардна
грешка
разлика/
Std. Error
Difference |
95% Интервал
на доверба на
разликата/
95% Confidence
Interval of the
Difference |
|
|
F |
t |
|||||||||
Пониско/
Lower |
Повисоко/
Upper |
|||||||||
АД_ГЛАС/ AD_SOUND |
23,072 |
0,000 |
6,163 |
28 |
0,000 |
14,80 |
2,40 |
9,88 |
19,72 |
|
|
|
6,163 |
15,038 |
0,000 |
14,80 |
2,40 |
9,68 |
19,92 |
||
ПОВРЗАН_Г/ CONNECT_W |
28,469 |
0,000 |
-2,553 |
28 |
0,016 |
-0,60 |
0,24 |
-1,08 |
-0,12 |
|
|
|
-2,553 |
14,000 |
0,023 |
-0,60 |
0,24 |
-1,10 |
-0,10 |
||
НЕПОВРЗАН_Г/ UNNCONNECT_W |
31,962 |
0,000 |
-3,228 |
28 |
0,003 |
-1,07 |
0,33 |
-1,74 |
-0,39 |
|
|
|
-3,228 |
14,000 |
0,006 |
-1,07 |
0,33 |
-1,78 |
-0,36 |
||
AЦ_TEКСT/ AC_TEXT |
26,385 |
0,000 |
-3,240 |
28 |
0,003 |
-1,00 |
0,31 |
-1,63 |
-0,37 |
|
|
|
-3,240 |
14,000 |
0,006 |
-1,00 |
0,31 |
-1,66 |
-0,34 |
||
ДВОСЛОГ/ TWOSYLL |
9,717 |
0,004 |
-1,382 |
28 |
0,178 |
-0,20 |
0,14 |
-0,50 |
0,10 |
|
|
|
-1,382 |
14,000 |
0,189 |
-0,20 |
0,14 |
-0,51 |
0,11 |
||
ЕДНОСЛОГ/ ONESYLL |
42,215 |
0,000 |
-2,432 |
28 |
0,022 |
-0,47 |
0,19 |
-0,86 |
-0,07 |
|
|
|
-2,432 |
14,000 |
0,029 |
-0,47 |
0,19 |
-0,88 |
-0,06 |
||
ПОВЕЌЕСЛОГ/ MULTISYLL |
63,979 |
0,000 |
-2,824 |
28 |
0,009 |
-0,47 |
0,17 |
-0,81 |
-0,13 |
|
|
|
-2,824 |
14,000 |
0,014 |
-0,47 |
0,17 |
-0,82 |
-0,11 |
||
ПОЧЕ_ГЛАС/ INIT_SO |
17,618 |
0,000 |
-2,552 |
28 |
0,016 |
-4,47 |
1,75 |
-8,05 |
-0,88 |
|
|
|
-2,552 |
14,335 |
0,023 |
-4,47 |
1,75 |
-8,21 |
-0,72 |
||
СРЕ_ГЛАС/ MED_SO |
23,093 |
0,000 |
-3,268 |
28 |
0,003 |
-3,33 |
1,02 |
-5,42 |
-1,24 |
|
|
|
-3,268 |
14,646 |
0,005 |
-3,33 |
1,02 |
-5,51 |
-1,15 |
||
КРА_ГЛАС/ FIN_SO |
20,808 |
0,000 |
-3,660 |
28 |
0,001 |
-3,27 |
0,89 |
-5,10 |
-1,44 |
|
|
|
-3,660 |
14,293 |
0,002 |
-3,27 |
0,89 |
-5,18 |
-1,36 |
||
БР_ГЛАС/ NR_SOUND |
57,466 |
0,000 |
-3,595 |
28 |
0,001 |
-0,80 |
0,22 |
-1,26 |
-0,34 |
|
|
|
-3,595 |
14,000 |
0,003 |
-0,80 |
0,22 |
-1,28 |
-0,32 |
||
ИРПГГГ/ IOAPSWW |
77,335 |
0,000 |
-3,228 |
28 |
0,003 |
-0,53 |
0,17 |
-0,87 |
-0,19 |
|
|
|
-3,228 |
14,000 |
0,006 |
-0,53 |
0,17 |
-0,89 |
-0,18 |
|
||||
4. Дискусија |
|
4. Discussion |
||
|
|
|
||
Фонолошката свест се однесува на знаењето на индивидуата за звучната структура на говорниот јазик. Децата кои разбираат дека гласовите во јазикот ги претставуваат буквите користени при читањето и пишувањето, вообичаено учат да читаат полесно од децата кои не разбираат (13). Синтеза на фонеми претставува знаење за сегментацијата кое е поврзано со декодирање. Успешното декодирање на нови зборови зависи од способноста на децата да синтетизираат фонеми (6). Во нашето истражување синтезата на фонемите во звуци беше користена како инструмент со цел да се определи способноста на детето да состави посебни звуци, во една зборовна единка. Ние добивме разлики во синтезата на звуци помеѓу групите кои ги испитавме. Децата со пречки во читањето постигнаа најдобри резултати во синтезата на звуци со двослоговен збор.
Фонолошкото оценување беше корисно во идентификување на тешкотиите при читањето (14). Недостатокот на фонолошката свест и автоматско брзо именување многу често претходат и се тесно поврзани со тешкотиите во процесот на препознавање на говорниот збор (8). Основното растројство во дислексијата е дефицитот на фонолошка свест (15).
Во говорниот јазик, иако нема акустични мерни инструменти кои покажуваат каде слоговите се разделуваат, не постои мерка која би покажувала каде фонемите се разделени (16).
До второ одделение, децата треба да имаат развиено способност да ги разделуваат зборовите во фонеми (17). Во нашето истражување, од испитаните групи во сите задачи кои ги оценуваа фонетските аналитички и синтетички вештини, најдобрите резултати беа добиени за препознавање на крајниот глас во состав на зборот, и кај двете групи. Слично истражување беше спроведено во босанскиот јазик и од аудитивната дискриминација на почетниот и крајниот глас во состав на зборот, резултатите покажаа статистички значајни разлики помеѓу децата со и без пречки во читањето. (18) Истражувачите од англиското говорно подрачје исто така докажаа дека субјектите со дислексија имаа пониски резултати во задачите кои ја оценуваат фонолошката свест, споредено со контролните субјекти (19). И други истражувања открија корелација помеѓу резултатите од тестот за читање и резултатите од тестот за фонолошка свест (20). Децата со дислексија покажаа помалку поврзани одговори и спонтани сеќавања отколку контролната група составена од типични читатели во развој (21).
Неколку истражувања резултираа со хипотезата за фонолошки дефицит кај индивидуите со дислексија, заснована врз темелите на долгогодишни истражувања на експерти од лабораторијата во Хаскинс (22), повторени и од други истражувачи (23). Различни истражувачи сметаат дека дефицитот во фонолошкото процесирање води до посиромашни вештини во читањето (24).
Во нашето истражување добивме резултати со значително висока вредност кај децата со пречки во читањето, споредено со децата без пречки во читањето, при извршување на задачи поврзани со аудитивно дискриминирање на звуци во состав на зборови.
Децата со пречки во читањето имаа најдобра перцепција на зборови во низата од семантички неповрзани зборови, која може да се објасни со претпоставката дека аудитивно внимание на децата беше најсилно на почетокот на оценувањето.
Дислексијата вклучува потешкотии во фонолошкото процесирање (25). Способноста да се препознаат фонеми во склоп на зборови, е тесно поврзано со способноста за читање кај децата со тешкотии при читањето и пишувањето (23). Слични резултати беа добиени и од други истражувања кои ги оценуваа децата кај кои има ризик од развивање потешкотии при читањето. Покрај тоа, врска помеѓу проблеми во читањето и специфичните фонолошки грешки беше забележана кај повеќесложните зборови и фонетски комплексните фрази (26).
Разлика помеѓу испитаните групи беше исто така добиена во способноста да се одреди редоследот и позицијата на звукот во состав на збор. На пример: да се определи бројот на гласови во склоп на зборот и да се определи редот и позицијата на гласови во однос на другите звуци. Резултатите на дискриминативната анализа покажаа дека двете испитани групи беа дискриминирани според варијаблите: аудитивна дискриминација на гласови во состав на зборови, фонолошка синтеза на гласови во составот на повеќесложен збор и идентификација на бројот на гласови во состав на даден збор. Други истражувачи ја открија разликата во способноста за броење фонеми, мерена помеѓу субјекти со дислексија и контролна група (27). |
|
Phonological awareness refers to one’s knowledge of the sound structure of a spoken language. Children who understand that the sounds in a language represent the letters used for reading and writing typically learn to read more easily than children who do not (13). Phonetic synthesis represents knowledge of segmentation which is related to decoding. Successful decoding of a new word depends on the child's ability to synthesize phonemes (6). In our study, the phonetic synthesis of sounds into words was used as an instrument in order to determine the child's ability to synthesize separated sounds into one word unit. We obtained differences between the two examined groups in relation to sound synthesis. The children with reading disabilities achieved the best results in the sound synthesis within the two-syllable words.
Phonological assessment battery was useful in identifying reading difficulties (14). The deficient phonological awareness and automatic rapid naming very often precede and are closely related to the difficulties in the process of spoken word recognition (8). The basic disorder in dyslexia is the deficiency of phonemic awareness (15).
Although there are acoustic measuring instruments which indicate where the syllables are divided, in the spoken language no measurement exists which would indicate where the phonemes are divided (16). By second grade, children should have developed the ability to segment words into phonemes (17). In our study, we obtained differences between the two examined groups in all tasks assessing the phonemic analysis and the synthesis skills. The best results for both groups were obtained for recognition of the final sound within the word. A similar study was conducted for the Bosnian language and the results showed statistically significant differences between the children with and without reading disabilities in auditory discrimination of initial and final sound within the word (18). Research from the English speaking world also showed that subjects with dyslexia exhibited lower scores in tasks assessing phonemic awareness compared to the control subjects (19). Other studies have found correlations between the performance on the reading test and the performance on the phonological awareness test (20). The children with dyslexia showed fewer correct responses and spontaneous recalls than the control group assembled of typically developing readers (21).
Several studies resulted with the hypothesis of phonological deficit among individuals with dyslexia, proposed on the basis of long term research done by the experts from Haskins laboratory (22) and repeated by other researchers (23). Different researchers consider that the deficiency in phonological processing leads to poor reading skills (24).
In our study, we obtained significantly higher values for children with reading disabilities compared to the children without disabilities in the task related to auditory discrimination of sounds within words. The children with reading disabilities had the best perception of the word in a string of semantically unconnected words, which could be explained by the assumption that their auditory attention was strongest at the beginning of the assessment.
Dyslexia involves difficulties in the phonological processing (25). Ability to recognize phonemes within words is closely related to reading success in children with speech and language difficulties (23). Similar results were obtained in other studies assessing children who are at a risk of reading difficulties. In addition, the correlation between the reading problems and the specific phonological errors was noted within multi-syllable words and phonetically complex phrases (26).
The differences between the two examined groups were also obtained by measuring the ability to determine order and position of sound within a given word, i.e. to determine the number of sounds within the word and to determine the order and position of a sound in relation to other sounds. The results of the discriminative analysis revealed that the two examined groups were discriminated by the variables: auditory discrimination of sounds within words, phonemic synthesis of sounds within a multi-syllable word and identification of number of sounds within a given word. Other researchers have found a difference between subjects with dyslexia and control group in the ability to count phonemes (27). |
||
|
|
|
||
5. Заклучок |
|
5. Conclusion |
||
|
|
|
||
Фонолошките вештини кај децата се многу важни за учењето читање и пишување. Спроведеното истражување потврди дека децата со пречки во читањето постигнаа посиромашни резултати во сите задачи кои ги испитуваа фонолошките вештини, споредно со децата без пречки во читањето. Добиените резултати се усогласија со резултатите добиени во други јазици. Тие ја покажуваат значајноста на споменатите вештини за учењето читање и пишување на босански јазик, а исто така ја покажуваат и значајноста на дефицитот на фонолошките вештини во етиологијата на пречки во читањето. |
|
Phonological skills among children are very important for reading and writing acquisition. The conducted study determined that children with reading disabilities achieved poorer results in all tasks examining the phonological skills, compared to the children without reading disabilities. The obtained results comply with the results of other studies conducted for other languages. They indicate the significance of the mentioned skills for reading and writing acquisition of the Bosnian language. They also indicate the significance of the deficient phonological abilities in the etiology of reading disabilities. |
||
|
|
|
||
Citation:Duranovikj M, Salihovikj N, Ibrahimagikj A, Tinjikj E. Phonological Skills Among Children with Reading Disabilities. J Spec Educ Rehab 2011; 12(1-2):86-99. doi: 10.2478/v10215-011-0007-5 |
||||
Article Level Metrics |
||||
6. Литература / Literature |
|
|
||
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE