JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 36652
ИНКЛУЗИВНАТА КУЛТУРА ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ
Ирена НОВАЧЕВСКА1
Илинка ДИМЧЕВСКА1
Сашка ПАВЛОВСКА1
Наташа ЧИЧЕВСКА-ЈОВАНОВА2
Даниела ДИМИТРОВА-РАДОЈИЧИЌ2
Невработен дефектолог 1
Филозофски факултет – Институт за дефектологија 2 |
|
INCLUSIVE CULTURE IN PRE-SCHOOL INSTITUTIONS
Irena NOVACHEVSKA1
Ilinka DIMCHEVSKA1
Sashka PAVLOVSKA1
Natasha CHICHEVSKA-JOVANOVA2
Daniela DIMITROVA-RADOJICHIKJ2
Unemployed special educator and rehabilitator 1
Faculty of philosophy – |
Вовед
|
|
Introduction |
|
|
|
Досегашните искуства во нашата земја покажуваат дека многу мал број на деца со пречки во развојот се опфатени во системот на предучилишно воспитание и образование. Имајќи го предвид фактот дека предучилишното воспитание на децата со пречки во развојот претставува прва алка во системот на воспитание и образование и во исто време значаен сегмент на системот на интегралната рехабилитација, потребно е на истото да му се посвети поголемо внимание. За да биде успешно вклучувањето на децата со пречки во развојот во предучилишното воспитание важни се три фактори: инклузивна култура, инклузивна политика и инклузивна практика. Постојат многу аргументи дека инклузивната култура е највлијателниот аспект во инклузијата на децата со пречки во развојот (1).
Според Booth и Ainscow индикатори за подобрување на инклузивната култура се: секој е добредојден; учениците си помагаат еден на друг; персоналот соработува еден со друг; вработените и учениците се почитуваат взаемно; постои соработка помеѓу персоналот и родителите/старателите; сите расположливи ресурси се вклучени во воспитно-образовната установа. Сметаме дека доколку истите станат реалност во нашиот воспитно-образовен систем, ќе дојде до подобрување на инклузивната култура (2).
Целта на ова истражување е утврдување инклузивната култура во предучилишните установи преку т.н. „Индекс на инклузија“.
Резултатите од истражувањето ќе придонесат за унапредување на општите знаења за самиот проблем, како и за хуманизација на условите за предучилишно образование на децата со пречки во развојот, а од друга страна ќе дадат придонос во понатамошното креирање на инклузијата во предучилишните установи. |
|
Previous experiences in our country show that a very low number of children with disabilities are included in the preschool education system. Considering the fact that preschool education of children with disabilities represents the primary link to the education system and is a very important aspect of the integral rehabilitation system, paying more attention to this issue is necessary. There are three important factors for successful inclusion of children with disabilities in preschool education: inclusive culture, inclusive politics and inclusive practices. There are numerous arguments which show that inclusive culture is the most influential aspect in the process of inclusion of children with disabilities (1).
According to Booth and Ainscow, the indicators for inclusive culture’s development are: everyone is welcome, pupils help each other, the staff collaborates with each other, the employees and pupils have a mutual respect, there is a close collaboration between the staff and the parents/carers, all available resources are included in the educational institution. We consider that if these become part of our educational system, improvements in an inclusive culture will follow (2).
The goal of this research is to determine the presence of inclusive culture in the preschool institutions by using the “Index of Inclusion.”
The results of the research will contribute to the promotion of the general knowledge of the problem, as well as to the humanization of the conditions that are present in the preschool education for children with disabilities. They will also give support for further implementation of the inclusion process in other preschool institutions. |
Материјали и методи |
|
Materials and methods |
|
|
|
Цел на истражувањето е да се утврди ставот на предучилишниот персонал кон инклузијата односно вклучувањето на децата со пречки во развојот. Истражувањето е спроведено во 3 предучилишни установи од различни општини, и тоа: ,,Бели Мугри“ – Скопје (3), „Детска Радост“ – Гостивар (4) и „Младост“ – Тетово (5). Вкупно беа вклучени 78 испитаници, односно целокупниот воспитно-образовен кадар во овие предучилишни установи, распоредени на следниов начин:
· 23 испитаници од предучилишната установа ,,Бели Мугри“ – Скопје, од кои 21 воспитувачки, 1 психолог и 1 педагог.
· 25 испитаници од предучилишната установа „Детска Радост“ – Гостивар од кои 23 воспитувачки, 1 психолог и 1 педагог.
· 30 испитаници од предучилишната установа „Младост“ – Тетово, од кои 26 воспитувачи, 2 социјални работници и 1 педагог и 1 психолог.
Истражувањето е спроведено во периодот jуни – jули 2010 година. |
|
The goal of the research is to determine the attitude of preschool staff toward the process of inclusion of children with disabilities. The research was conducted in 3 preschool institutions in different municipalities: “Beli Mugri” –
· 23 examinees from the preschool institution “Beli Mugri” –
· 25 examinees from the preschool institution “Detska radost” – Gostivar, of which 23 teachers, 1 psychologist and 1 pedagogic.
· 30 examinees from the preschool institution “Mladost” – Tetovo, among which 26 were teachers, 2 were social workers, 1 was pedagogic and 1 was psychologist.
The research was conducted in the period between June and July, 2010. |
|
|
|
Методи: Квантитативна обработка на податоците со помош на нумеричко и процентуално претставување, како и методот на анализа на добиените резултати од истражувањето. |
|
Methods: A quantitative data processing method was used with the help of numeric and percenttage type, as well as the method of analysis of the results obtained from the research. |
Техники: Анкетирање
|
|
Techniques: Survey |
Инструменти: Користен е анкетен лист ,,Создавање на инклузивна култура“, кој е интегрална компонента на Индексот на инклузија и прилагоден за предучилишниот персонал (6). Истиот е составен од 13 показатели, поделени во 2 области, и тоа:
· изградба на заедница (А.1.1-А.1.8.) и
· воспоставување на инклузивни вредности (А.2.1-А.2.5.) (7).
Имајќи го предвид фактот дека секоја образовна установа може сама да го одреди начинот на користење на Индексот за инклузија, и фактот дека досега истиот во нашата држава не е применуван, во оваа фаза се одлучивме Индексот да го употребиме само за утврдување колку предучилишната установа содржи елементи на „инклузивна култура“.
Во трудот се презентирани само дел од резултати за кои сметаме дека се во тесна корелација со вклучувањето на децата со посебни образовни потреби во редовните предучилишни установи. Имено, од областа Изградба на заедница се презентирани показателите: секој чувствува дека е добредојден (А.1.1.) и персоналот во предучилишната установа го поврзува она што се случува во установата со животот на децата во домот (А.1.6). Од областа Воспоставување на инклузивни вредности показателите: Посветеноста на инклузијата е заедничка за сите кои имаат врска со предучилишната установа (А.2.1.), од сите деца се очекуваат постигнувања (А.2.2.) и сите деца се подеднакво вреднувани (А.2.3.).
Податоците се групирани, табелирани, обработени и графички прикажани со програмот Microsoft Office Excel 2003. |
|
Instruments: The research was conducted with the use of the questionnaire named, “Creating of the inclusive culture,” which is an integral component of the Inclusion Index and the same is adapted for the preschool staff (6). It is composed of 13 indicators, divided in 2 areas:
· Building a community (А.1.1-А.1.8.) and
· Establishing inclusive values (А.2.1-А.2.5.) (7).
In this phase of the research we decided to use the Index only to determine how much the preschool institution contains elements of the “Inclusive culture,” considering that every educational institution can determine a way of using of the Inclusion Index on its own and the fact that to date it has not been used in Macedonia.
In this paper, the authors present only one segment of the results which are considered to be in close correlation to the process of inclusion of children with special needs in the mainstream preschool institutions. Namely, the area of Building a community presents the following indicators: Everyone feels welcome (A.1.1) and the staff of the preschool institution relates the occurrences in the institution with the children’s private lives (A.1.6). The area Establishing inclusive values present the following indicators: dedication to inclusion is a combined effort of any individual who is related to the preschool institution (A.2.1), аll children are expected to achieve (A.2.2) and all children are equally valued (A.2.3).
The data are grouped, tabled, processed and graphically presented with the Microsoft Office Excel 2003 program.
|
|
|
|
Резултати и дискусија |
|
Results and discussion |
|
|
|
Во табела 1 се презентирани резултатите од првиот показател Секој во предучилишната установа се чувствува добредојден. Од истата може да се забележи дека најголем процент од испитаниците (85%) сметаат дека неопходните информации за активностите се достапни за родителите на сите деца. |
|
In Table 1 we present the results obtained from the first indicator, Everyone in the preschool institution feels welcome. It can be noted that the highest percentage of examinees (85%), consider that necessary information concerning the activities of every child are available to the parents. |
|
|
|
Табела 1. Презентирани резултатите од првиот показател: Секој во предучилишната установа се чувствува добредојден |
|
Table 1. Results from the first indicator: Everyone in preschool institution feels welcomed |
А.1.1. Секој чувствува дека е добредојден / Everyone in preschool institution feels welcomed |
|||
|
|
N |
% |
а) Првиот контакт кој го имавте со предучилишната установа беше пријателски и ви даде чувство на добредојденост /
The first contact you had with the preschool institution was friendly and gave you an overwhelming feeling |
Потполно се согласувам / I fully agree |
53 |
67 |
Делумно се согласувам / I agree partially |
20 |
27 |
|
Не се согласувам / I do not agree |
5 |
6 |
|
Потребни ми се повеќе информации / I need more information |
0 |
0 |
|
Вкупно / Total |
78 |
100 |
|
б) Просторот во предучилишната установа е пријатно уреден и дава чувство на добредојденост / The place in the preschool institution is pleasantly arranged and gives feeling |
Потполно се согласувам / I fully agree |
59 |
77 |
Делумно се согласувам / I agree partially |
16 |
20 |
|
Не се согласувам / I do not agree |
2 |
2 |
|
Потребни ми се повеќе информации / I need more information |
1 |
1 |
|
Вкупно / Total |
78 |
100 |
|
в) Предучилишната установа дава чувство на добредојденост на сите деца, вклучувајќи ги и децата со ПОП /
The preschool institution gives an overwhelming feeling for all children, including the children with special needs |
Потполно се согласувам / I fully agree |
63 |
82 |
Делумно се согласувам / I agree partially |
10 |
13 |
|
Не се согласувам / I do not agree |
1 |
1 |
|
Потребни ми се повеќе информации / I need more information |
4 |
4 |
|
Вкупно / Total |
78 |
100 |
|
г) Неопходните информации за активностите се достапни за родителите на сите деца / Necessary information about the activities is available for every the parent |
Потполно се согласувам / I fully agree |
66 |
85 |
Делумно се согласувам / I agree partially |
10 |
13 |
|
Не се согласувам / I do not agree |
1 |
1 |
|
Потребни ми се повеќе информации / I need more information |
1 |
1 |
|
Вкупно / Total |
78 |
100 |
Од табела 2 се гледа дека на показателот Персоналот во предучилишната установа го поврзува она што се случува во установата со животот на децата во домот, според резултатите добиени на четирите тврдења, најголемиот процент од анкетираниот предучилишен персонал (87%) одговориле дека користат песни, гатанки, бројанки на мајчиниот јазик на детето.
|
|
In Table 2, the results from the indicator, The staff of the preschool institution relates the occurrences in the institution with the children’s private lives are shown. According to those results obtained from four separate statements, the highest percentage of examined staff (87%) confirmed the use of songs, riddles and puzzles in the child’s native language. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Табела 2. Презентирани резултатите од показателот: Персоналот во предучилишната установа го поврзува она што се случува во установата со животот на децата во домот |
|
Table 2. Results from the indicator: The staff in the preschool institution relates the occurrences in the institution with the children’s private lives |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На табела 3 се прикажани резултатите од показателот Посветеноста на инклузијата е заедничка за сите кои имаат врска со предучилишната установа. Од истата може да се види дека најголем процент (97%) сметаат дека давањето на поддршка е исто така важно како и напредокот во учењето.
|
|
In Table 3, the results from the indicator, The dedication to the inclusion is a combined effort of any individual which is related to the preschool institution, are shown. In this table, it is shown that the highest percentage (97%) of examinees consider that giving a support has the same importance as their progress in the learning process. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Табела 3. Презентирани резултатите од показателот: Посветеноста на инклузијата е заедничка за сите кои имаат врска со предучилишната установа |
|
Table 3. Results from the indicator: Dedication to inclusion is a shared effort of every individual that is related to the preschool institution |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според добиените одговори на показателот Од сите деца се очекуваат постигнувања, со тврдењето „ги поттикнувате сите деца да се гордеат со постигнатиот успех“ се согласуваат сите испитаници (100%).
|
|
According to the answers obtained from the indicator, All children are expected to establish achievements, all examinees agreed with the statement: “We encourage every child to feel proud of achieved success (100%).”
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Табела 4. Презентирани резултатите од показателот: Од сите деца се очекуваат постигнувања: |
|
Table 4. Results from the indicator: Achievements are expected from all children: |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Од табела 5 може да се види дека најголем процент од испитаниците (94%) се согласуваат со тврдењето „Сите деца изработуват и имаат работи кои се изложуваат во установата“. |
|
Table 5 shows that the highest percentage of the examinees (94%) agree with the statement that “Every child has molded and presented artifacts in the institution’s showroom.” |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Табела 5. Презентирани резултатите од показателот: Сите деца се подеднакво вреднувани |
|
Table 5. Results from the indicator: All children are equally valued |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Во табелата 6 се сумирани резултатите од сите 5 анализирани показатели. Имено, од вкупно 78 испитаници, потполно се согласуваат: 77% дека секој чувствува дека е добредојден, 72% дека персоналот во предучилишната установа го поврзува она што се случува во установата со животот на децата во домот, 80% дека посветеноста на инклузијата е заедничка за сите кои имаат врска со предучилишната установа, 90% дека од сите деца се очекуваат постигнувања и 88.5% дека сите деца се подеднакво вреднувани.
|
|
Table 6 summarizes the data from all indicators analyzed. Namely, from the sum of 78 examinees, 77% completely agreed that everyone feels welcome, 72% agreed that the staff in the preschool institution correlates the occurrences in the institution with the children’s private lives, 80% considered dedication to inclusion a combined effort of all whom are related to the preschool institution, 90% agreed that all children are expected to establish a form of achievement and 88.5% agree that all children are equally valued. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Табела 6. Сумирање на резултатите од сите 5 анализирани показатели |
|
Table 6. Summary of the results obtained from the five analyzed indicators |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Заклучоци со предлог- мерки |
|
Conclusions and proposed measures |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Како резултат на севкупната анализа и обработката на добиените резултати генерално можеме да заклучиме дека:
· Создавање на инклузивна култура, на чија основа ќе се креира инклузивната политика и ќе се развива инклузивната практика.
· Создавање на амбиент во предучилишната установа кој е пријатен за сите деца, предучилишниот персонал, родителите, како и за сите членови на општествената заедница;
· Примена на различните и ефективни стратегии за организирање на занимална во која се почитуваат разликите помеѓу децата, што подразбира правилна организација на просторот, дидактичките материјали и средства, негово креативно уредување, како и уредување на просторот надвор од објектот на предучилишната установа (двор, парк, базен);
· Обезбедување на простор за секое дете посебно;
· Запознавање на културата, навиките, јазикот и активностите кои децата ги извршуваат во домот, со цел нивно успешно поврзување со она што се случува во предучилишната установа;
· Уважување на различностите помеѓу децата и нивно користење како богат извор на можности за учење, игра и учество.
· Треба да се создаде информациски систем кој ќе им овозможи достапност на информации за родителите кои имаат дете со пречки во развојот, како и на здруженијата на родители, с¡ со цел нивно зајакнување и застапување на правата на своите деца;
· Да се информираат и поттикнат родителите на децата врсници, со типичен развој, да ги променат ставовите за децата со пречки во развојот за нивно вклучување во редовното образование, како би можеле самите да ги воспитуваат ставовите на своите деца во однос на прифаќањето на децата со пречки во развојот и другарувањето со нив;
· Треба да се подигне нивото на свест во општеството за инклузивниот процес и иклузивната култура преку разни медиуми, кампањи и отворени предавања, во што ќе бидат вклучени сите релевантни фактори;
· Спроведување на веќе донесените, како и развој на нова законска регулатива, законски и подзаконски акти кои ќе ги регулираат правата и обврските во доменот на инклузивното образование;
· Да се формира критериум и да се регулира преку законски акти давањето на финансиска поддршка на училиштата и предучилишните установи за поддршка и едукација на наставниците кои имаат вклучено дете со пречки во развојот, како и вработување на стручњаци, односно дефектолози;
· Да се формираат инклузивни тимови и да се зацврсти меѓусебната соработката на членовите на тимот, како и нивна соработка со сите надворешни лица, институции и ресурси на локалната заедница, с¡ со цел подобрување на инклузивниот процес;
· Спроведување на реформи во редовниот образовен систем во кои ќе се земаат како пример позитивните страни на моделите на инклузијата од земјите каде таа веќе е развиена и успешно се спроведува;
· Спроведување на реформи во специјализираните установи за дијагностицирање и категоризација на децата со пречки во развојот и нивна непрекината соработка со редовното образование;
· Активно учество на лицата со пречки во развојот во процесот на донесување на законите и одлуките во врска со самите нив. |
|
As a result of the complete analysis and the processing of the obtained results we can conclude that it is important to:
· Create an inclusive culture which will be based on creating inclusive politics and developing inclusive practices;
· Create a pleasant ambience in preschool institutions for every child, preschool staff, parents, as well as every member of the society;
· Use different and effective strategies to establish a playrooms where there is respect and tolerance for the differences among the children, which means appropriate organization of the place, didactic materials and funds, creative regulation, as well as arranging an enjoyable play area outside the preschool institution (yard, park, pool);
· Secure the area for every child separately;
· Introduce the culture, habits, language and activities which the children practice at home, in order to successfully share with them the events occurring in the preschool facility;
· Respect the differences among children and using them as a rich source for learning, playing and participation;
· Create an information system which will enable access for the parent to any information related to his/her child with special needs. The system will also enable the assembly of parents in associations to enforce and transfer the rights of their children;
· Inform and encourage the parents to change the attitudes of their peers who have able bodied children toward the children with disabilities in general, promoting inclusion in the regular education. The parents of able bodied children can then raise their children to accept children with disabilities and build friendships with them;
· Increase the level of awareness in the society regarding the inclusive process and the inclusive culture through various media, campaigns and open lectures, which will consider all relevant factors;
· Implement the already adopted and develop new legislation, laws and bylaws that will govern the rights and obligations in the field of inclusive education;
· Establish criteria and regulate the same via legislations providing financial support to schools and preschool institutions that support and educate teachers who have already included a child with disabilities on their own, as well as employment of specialists or special educators and rehabilitators;
· Create inclusive teams and to strengthen mutual cooperation of team members and their collaboration with external persons, institutions and resources from the local communities, in order to improve the process of inclusion;
· Implement reforms in the regular educational system in which the positive sides of the successfully established inclusion processes in other countries will be considered;
· Implement reforms in the specialized institutions for diagnosis and categorization of children with disabilities and their continuous cooperation with the regular education;
· Allow active participation of persons with disabilities in the process of formulation of laws and decisions of their interest. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Citation:Novachevska I, Dimchevska I, Pavlovska S, Chichevska-Jovanova N, Dimitrova-Radojichikj D. Inclusive Culture in Pre-School Institutions. J Spec Educ Rehab 2011; 12(1-2):7-16. doi: 10.2478/v10215-011-0001-y |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Article Level Metrics |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Користена литература / References |
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
1. Dimitrova R D, Chichevska J N. Inkluzivnata kultura vo redovnite uchilishta. Godishen zbornik 2009;62:171-181; Skopje: Filozofski fakultet; 2009. |
|
5. Dimchevska I. Inkluzivnata kultura vo preduchilishnata ustanova “Mladost”-Tetovo (diplomska rabota). Skopje: Filozofski fakultet; 2010. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2. Booth T, Ainscow М. Index on Inclusion. |
|
6. Booth Т, Kingston D. INDEKS ZA INKLUZIJU, Prilagodeno za predškolske ustanove [online]. 2010 [Cited 2010 Dec]; Available from URL: http://www.eenet. org.uk/ resources/docs/Index%20EY%20 Serbian.pdf |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
3. Novachevska I. Inkluzivnata kultura vo preduchilishnata ustanova “Beli Mugri”-Skopje (diplomska rabota). Skopje: Filozofski fakultet; 2010. |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
4. Pavlovska S. Inkluzivnata kultura vo preduchilishnata ustanova “Detska radost”-Gostivar (diplomska rabota). Skopje: Filozofski fakultet; 2010. |
|
7. Booth T, Ainscow M. Index for Inclusion [online]. 2002 [Cited 2010 Jul]; Available from URL:http://www.csie.org.uk/.../inclusion-index-explained.shtml |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE