JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 18944
КОН ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА: Актуелни состојби и идни предизвици Оливера РАШИЌ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски факултет Институт за дефектологија Примено: 08.12.2010 Прифатено: 30.12.2010 UDK: 364-622-056.31(497.711)(063) |
|
TOWARDS LIVING IN THE COMMUNITY: The actual conditions and future challenges Olivera RASHIKJ Ss Cyril and Faculty of Philosophy Received: 08.12.2010 Accepted: 30.12.2010 |
|
|
|
Во периодот од 7 до 9 октомври 2010 година, во просториите на хотел „Континентал“ се одржа конференција со наслов: „Кон живеење во заедницата: актуелни состојби и идни предизвици“, организирана од ЕАСПД, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА“, „Отворете ги прозорците“, Македонското научно здружение за аутизам и канцеларијата на аташето за социјални политики (BMASK) на Австриската амбасада во Скопје. Основната цел на конференцијата беше „Градење на мостови од знаења и добри практики за подобрување на социјалните услови на лицата со инвалидност“, односно преку дискусии и размена на искуства за различни актуелни состојби во сите региони од Европа, а во духот на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност, да се овозможи и олесни целосното вклучување на лицата со инвалидност во општеството. Конференцијата беше организирана во шест пленарни сесии и две сесии на работилници со вкупно 10 работилници. На конференцијата присуствуваа околу 200 гости од различни земји во Европа: Велика Британија, Франција, Австрија, Германија, Италија, Белгија, Ирска, Малта, Холандија, Бугарија, Чешка, Украина, Романија, Хрватска, Србија, Албанија итн., од кои 51 гостин имаа активно учество со свои презентации. Особена чест беше што на конференцијата присуствуваа, г-дин Франц Волфмаер, претседател на ЕАСПД, г-дин Јан Јараб, регионален претставник за Европа од Високиот комесаријат за човекови права на ОН, г-дин Торстен Афлербак, раководител на Одделението за интеграција на лицата со инвалидност, Оддел за социјална политика, Генерален директоријат за социјална кохезија, г-дин Геро Штулер, аташе за социјални политики и ополномоштен претставник на Сојузното министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачите во амбасадите на Австрија во Загреб и во Скопје, г-дин Лук Зелдерло, генерален секретар на Европската асоцијација на сервисни служби за лица со инвалидност. Меѓу претставниците од Македонија, како поистакнати беа: г-дин Џељаљ Бајрами, министер за труд и социјална политика, г-ѓа Слободанка Лазова Здравковска, раководител на Одделението за интеграција на лицата со инвалидност на македонското Министерство за труд и социјална политика. Активен претставник од Филозофскиот факултет - Институт за дефектологија, а воедно и претседател на Македонското научно здружение за Аутизам, беше проф. д-р Владимир Трајковски. Самата конференција изобилуваше со голем вид различни актуелни теми и проблеми: системите за квалитет ги зајакнуваат специјализираните социјални и сервисни служби, деинституционализација, системи за квалитет, обука за вработените, вклученост на корисниците и проценка на потребите, вмрежување, достапност и служби за поддршка на лицата со инвалидност во Европа, обезбедување пристапност и е-пристапност во општеството, пристапност на информациите и на општеството, образование, вработување, дизајн за сите и е-вклученост. Конференцијата заврши одбележана со одржување на Генерално собрание на ЕАСПД.
|
|
Between the 7th and 9th of October 2010, in the conference hall of Hotel Continental, a conference on the topic “Towards living in the community: Actual conditions and future challenges,” was conducted. The conference was organized by the following organizations: EASPD, “PORAKA” - the state center for support of people with intellectual disabilities, “Open the Windows,” the Macedonian Scientific Society for Autism and the desk office of the attaché for social political affairs (BAMSK) of the Austrian embassy in The conference was organized in six sessions and two sessions of workshops assembled by 10 sub-workshops. The conference was graced by the presence of 200 guests from different countries around Europe: A special honor were the presences of Mr. Franz Wolfmayr, president of the EASPD; Mr. Jan Jarab, regional represent for Europe, High commissariat for human rights of the UN; Mr. Thorsten Afflerbach, mayor of the Department for integration of people with disabilities, the Department for social politics, the General directorate for social cohesion; Mr. Gero Stuller, attaché for social politics and accredited representative of the Federal ministry for labor, social work and protection of consumers of the embassy of Austria in Zagreb and Skopje and Mr. Luk Zelderlo, general secretary of the European association of service agencies for people with disabilities. More eminent representatives from the The conference was abound with numerous existing issues such as systems for quality enforced special social and service agencies, deinstitutionalization, systems for quality, training of the employees, involvement of the users and assessment of the needs, networking, availability and services for support of people with disabilities in Europe, providing availability and e-availability in the society, availability of information and the society, education, employment, design for all and e-involvement. The conference was enclosed with the General Assembly of the EASPD. |
Адреса за кореспонденција: Оливера РАШИЌ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски факултет Институт за дефектологија „Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија oliverarasic@yahoo.com |
|
Corresponding Address: Olivera Rashikj Ss Cyril and Methodius University Faculty of Philosophy Institute of Special Education and Rehabilitation “Krste Misirkov” bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia oliverarasic@yahoo.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE