JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 12945
МАНИФЕСТ ОД КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО СКОПЈЕ ,,Кон живеење во заедницата: актуелни состојби - идни предизвици“ Примено: 10.12.2010 Прифатено: 30.12.2010 UDK: 364.622-056.31(497.711)(063)(049-3) |
|
MANIFESTO “Towards living in the community: The actual conditions and future challenges” Received: 10.12.2010 Accepted: 30.12.2010 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
На 7-ми и 8-ми октомври 2010 година, на Конференцијата во Скопје учествуваа 220 претставници на меѓународни организации, обезбедувачи на сервисни служби за лица со попреченост, професионални лица, семејства на корисници на сервисни служби и лица со попреченост, како и претставници од научната заедница. Конференцијата ја отвори министерот за труд и социјална политика во владата на Република Македонија, а се наоѓаше и во календарот на главни настани во Македонското претседателство со Комитетот на министри на Советот на Европа. За првпат во историјата на ЕАСПД, на годишна конференција имаше истовремено учество на претставници од Европската унија, Советот на Европа и Обединетите нации. Сите учесници ја искористија оваа единствена можност да разговараат за понатамошната имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, особено откако темелно ги разгледаа ризичните прашања во овој сектор во Југо-источна Европа. Исто така, конференцијата им овозможи на клучните чинители да изградат мостови во знаењето и практиките, надминувајќи ги географските и културните граници. Делегатите ги споделија своите искуства од видливото влијание на економската и финансиската криза во социјалните сервисни служби и изразија силно несогласување за последователните мерки кои ги преземаа многу влади низ континентот, особено радикалните намалувања во јавното финансирање насочено кон секторот. |
|
On the 7th and 8th of October 2010, the Skopje Conference brought together 220 representatives of international organisations, public authorities, service providers for persons with disabilities, professionals from the sector, families of service users and persons with disabilities themselves, as well as the scientific community. The conference, opened by the Macedonian Minister of Labour and Social Policy, was placed on the calendar of major events of the Macedonian Chairmanship of the Committee of Ministers of the Council of Europe. For the first time in the EASPD history, an annual conference presented the simultaneous participation of representatives from the European Union, the Council of Europe and the United Nations. All participants took this unique opportunity to discuss the way forward in the implementation of the UN Convention on the Rights of the Persons with disabilities, especially by having a comprehensive look over the issues at stake in the region of South-Eastern Europe. It also enabled key stakeholders to build concrete bridges of knowledge and practices across geographical and cultural borders. Delegates shared their experience of the dramatic impact of the economic and financial crisis over the social services and expressed a strong disagreement towards follow up measures taken by many governments across the continent, especially the radical cuts of public funding targeted for the sector. |
|
|
|
ОД НАЧЕЛА И ВРЕДНОСТИ КОН АКЦИЈА Делегатите на Конференцијата во Скопје ,,Кон живеење во заедницата: актуелни состојби и идни предизвици“, одржана на 7-ми и 8-ми октомври, решително ја потврдија својата заложба за целите и вредностите изразени во: · Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, чија цел е ,,унапредување, заштита и обезбедување на целосното и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи на сите лица со попреченост, како и унапредување на почитувањето на нивното вродено достоинство“ (член 1). · Акциониот план за Советот на Европа 2006-2015. · Европската стратегија за попреченост 2010-2020 ,,Обновена обврска за Европа без бариери“. И објавуваат дека: · Во целост ја поддржуваат промената во парадигмата што се рефлектира во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, нагласувајќи ја потребата за пристап кон попреченоста заснован врз човековите права, насочен кон потребите, пристап кој осопособува наместо да сегрегира. · Сите бариери што ги спречуваат лицата со попреченост за целосно учество во општеството, на еднаква основа со другите граѓани, треба да се отстранат. · Лицата со попреченост треба да имаат корист од високо квалитетни сервисни служби во местото на живеење. · Чинителите во областа на попреченост од сите делови на Европа можат да учат едни од други, бидејќи се споделуваат многу предизвици. · Политичката обврска на владите за принципите на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост е широко објавена меѓу владите на Европа, но неисполнителноста е јасна кога станува збор за ратификација и соодветна имплементација на одредбите од документот. · Глобалната економска и финансиска криза во многу земји доведе до опаѓање на социјалните и здравствените сектори. Поради тоа, најранливите групи од населението треба да се соочат со с¡ потешки животни услови, додека системите за поддршка се доведени до критична точка. Со цел да се постигнат целите дадени во Конвенцијата на ОН, делегатите повикуваат за: · Итна ратификација на Конвенцијата и нејзиниот Опцијален протокол од страна на сите влади во Европа. Во таа насока, македонската влада треба да биде водечки пример откако ја одржа оваа мошне успешна конференција. · Партиципативна разработка на сеопфатни акциони планови од страна на националните влади насочени кон имплементирање на Конвенцијата во секоја европска земја, вклучително и мерливи цели, што ќе бидат поддржани од реални буџети и придружени со независни механизми за следење. · Јасен фокус на европските влади за одржливоста на сервисните служби за лицата со попреченост, кои можат да се постигнат само преку соодветни системи за регулативи и финансирање. · Вистински и урамнотежен дијалог помеѓу сите чинители во секторот за попреченост, од власти до обезбедувачи на сервисни служби и корисници, кои ги почитуваат нивните соодветни улоги и одговорности. · Континуирана соработка помеѓу обезбедувачите на сервисни служби од различни региони на Европа, бидејќи взаемното учење се покажало како клуч за успех. · Дополнителни напори од страна на обезбедувачите на сервисни служби за имплементирање на преминот кон сервисни служби во местото на живеење, преку постојана обука на професионалци и континуирана поддршка на лицата со попреченост, нивните семејства и неформалните згрижувачи. Овој процес ќе го следи начелото на докажана практика, под водство и координација на ЕАСПД. · Јасна обврска од Европската комисија за политичка и финансиска поддршка, потпомагање и следење на имплементацијата на Конвенцијата во рамките на Европската унија и сите земји кандидати, во согласност со целите на Европската стратегија за попреченост 2010-2020. |
|
FROM PRINCIPLES AND VALUES TO ACTION The delegates of the Skopje Conference “Towards community-living: current realities & future challenges”, held on the 7th and 8th of October strongly reaffirm their commitment to the aims and values conveyed by: · The UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities, which purpose is “to promote, protect and ensure the full and equal enjoyment of all human rights and fundamental freedoms of all people with disabilities and promote respect for their inherent dignity” (Article 1) . · The Council of · The European Disability Strategy 2010-2020 – “A Renewed Commitment to a Barrier-Free And declare that: · They fully support the paradigm shift reflected by the UN Convention on the Rights of Persons with disabilities, emphasizing the need for a Human Rights-based approach of disability, focused on the needs, empowering rather than segregating. · All barriers preventing persons with disabilities from enjoying full participation in the society on an equal basis with other citizens should be removed. · Persons with disabilities should benefit from high quality and community-based services. · Disability stakeholders from all parts of · Political commitment of governments to the principles of the UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities is widely announced amongst European governments, but gaps are persisting when it comes to the ratification and proper implementation of the provisions of the document. · The global economic and financial crisis has led to severe cuts in the social and health sectors in many countries. Therefore, the most disadvantaged groups in the population have to face increasingly difficult living conditions, while support systems are led to a breaking point. In order to achieve the objectives set by the UN Convention, delegates call for: · Immediate ratification of the Convention and its optional protocol by all governments in · Participative elaboration by National Governments of comprehensive action plans aimed at implementing the Convention in each European country, including measurable objectives, supported by realistic budgets and accompanied by independent monitoring mechanisms. · A clear focus of European governments on the sustainability of services for persons with disabilities, which can only be achieved through appropriate regulation and funding systems. · A real and balanced dialogue between all stakeholders in the disability sector, from authorities to service providers and users, respecting their respective roles and responsibilities. · A continued cooperation between service providers from different regions of · Additional efforts by service providers to implement the transition towards community-based services, through the ongoing training of professionals and a continued support of persons with disabilities, their families and informal carriers. This process will follow the principle of evidence-based practice, under the lead and coordination of the EASPD. · A clear commitment from the European Commission to politically and financially support, facilitate and monitor the implementation of the Convention within the European Union and all Candidate Countries, in accordance with the aims and objectives of the European Disability Strategy 2010-2020. |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE