JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 15981
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗМОТ |
|
CELEBRATING THE WORLD AUTISM DAY |
Оливера РАШИЌ |
|
Olivera RASHIKJ |
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски Факултет Институт за дефектологија Примено: 27.02.2011 Прифатено: 17.03.2011 UDK: 616.89(100) |
|
University “St. Cyril and Methodius” Faculty of Philosophy Received: 27.02.2011 Accepted: 17.03.2011 |
Аутистичниот спектар е комплексен и се појавува со многу различни видови и манифестации, во зависност од тоа кои сензорни системи и области од мозокот се засегнати. Во склад со комплексноста на појавата, помагањето на децата, тинејџерите и возрасните со аутизам не е ни малку лесно, па затоа и симболот на аутизам е сложувалка составена од многу различни бои, при што сложувалката не ја посочува само индивидуалноста на аутизмот, туку и можноста за создавање на погрижлив свет преку заедничката работа. По промовирањето на 2 Април како меѓународен ден на аутизмот, од страна на Генералното собрание на ОН, секоја година во светски рамки се одбележува овој ден како ден посветен на лицата со аутизам. Основната цел на одбележувањето на светски ден на аутизам е да се придонесе кон подобрување на квалитетот на живеење, преку поисполнет и продуктивен живот на децата, тинејџерите и возрасните со аутизам, охрабрување и давање на надеж за родителите на лица со аутизам, овозможувајќи им повеќе средства и можности за работа и третман, надминување на негативните ставови и предрасуди на околината во однос на аутизмот, промоција и почитување на човековите права за сите, поддршка и поттик на понатамошни истражувања со цел унапредување на состојбата на аутизмот, создавање на поинклузивно општество, откривање на нови можности за терапија, рана дијагноза и интервенција и пред с¡ едуцирање на општата популација вклучувајќи ги стручните профили кои секојдневно се во контакт со лицата со аутизам, медицински персонал, наставници, воспитувачи и сл. Македонското научно здружение за аутизам оваа година за прв пат ќе го одбележи Светскиот ден за аутизам и во Република Македонија и тоа на втори април, во центарот на град Скопје на подрачјето на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, со тоа што ќе се одржи манифестација на која ќе бидат поделени над 300 балони и памфлети со основни информации за состојбата на аутизам и аутистичните спектрални нарушувања. Истовремено минувачите и посетителите ќе бидат пречекани со пријатна музика од наши познати изведувачи. Се очекува настанот да биде добро медиумски покриен со што ќе се придонесе кон поголема јавна свесност во општеството за овој горлив проблем, но и да прерасне во традиција која ќе се спроведува секоја година на различни начини и локации, со основна цел да продолжи со подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам. Целата манифестација ќе биде под генерално покровителство на првата дама на Р. Македонија, г-ѓа Маја Иванова и со поддршка на градоначалникот на општина Центар – господин Владимир Тодоровиќ. |
|
Autism spectrum is very complex disorder that appears in many different types and manifestations, depending on which sensory systems and areas of the brain are affected. According to the complexity of this phenomenon, helping autistic children, teenagers and adults is chalenging task. Therefore, the symbol of the autism is a puzzle that comes in many different colors. The puzzle not only represents the individuality of the autism, but also the possibility to create more careful world by working together. After promoting 2nd of April as an international autism day by the General Assembly of the UN, every year worldwide this date is celebrated as a day dedicated to the persons with autism. The main goal for having an world autism day is to help autistic children, teenagers and adults to improve their quality of living, trough better fulfilled and productive life. Also to encourage and give parents of autistic children hope; to enable them to use more autistic tools and methods of treatment; to overcome the negative attitudes and prejudices of the society regarding the autism; to promote and respect the human rights for all; to support and stimulate further researches in order to better promote the phenomenon of autism; to determine the new possibilities for therapy; to manage early diagnosis, intervention and primarily education of the general population, including special profiles which daily contact the persons with autism, such as the medical staff, teachers, pedagogues and else. This year, for the first time The Macedonian Scientific Society of Autism will denote the World autism day in the country. The event will take place on the second of April, at the The entire event will be sponsred and supported by the first lady of the Republic of Macedonia, Mrs Maja Ivanova and with support from the mayor of the municipality Center – Mr. Vladimir Todorovikj. |
|
||
Адреса за кореспонденција: Оливера РАШИЌ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Филозофски Факултет Институт за дефектологија „Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија oliverarasic@yahoo.com |
|
Corresponding Address: Olivera Rashikj University “St. Cyril and Methodius” Faculty of Philosophy Institute of Special Education and Rehabilitation “Krste Misirkov” bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia oliverarasic@yahoo.com |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE