JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 75141
СТАВОВИ И РАЗМИСЛУВАЊА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА И РОДИТЕЛИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Тања СТАНКОВА ¹
невработен дефектолог¹ |
|
ATTITUDES AND OPINIONS OF EMPLOYERS, EMPLOYEES AND PARENTS ABOUT THE EMPLOYMENT OF PEOPLE WITH AUTISM IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA
Tanja STANKOVA 1 Vladimir TRAJKOVSKI 2
unemployed special educator and rehabilitator¹ |
Примено: 28.06.2010 |
|
Recived: 28.06.2010 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Поимот аутизам потекнува од грчкиот збор „autos“, што значи „сам“, или може да се преведе и како „повлеченост во себе“ и „егоистично битисување“. Иако аутизмот како термин е создаден во XX век, за неговото постоење има податоци уште од многу порано (1). |
|
The term autism comes from the Greek word “autos”, which means “alone”, or it can be translated as a “withdrawal into itself” and “egotistical existence”. Although autism as a term was created in the 20th century, information of its existence was known much earlier (1). |
|
|
|
ВРАБОТУВАЊЕ |
|
EMPLOYMENT |
|
|
|
Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последната фаза од долгиот и сложен процес на нивната рехабилитација. |
|
Employment or the right to work of people with disabilities is the last phase of the long and complex process of their rehabilitation. |
ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА |
|
LEGISLATION |
|
|
|
Во 2000 година Република Македонија го донесе Законот за вработување на инвалидни лица. Законот за вработување на инвалиди обезбедува:
|
|
The Republic of Macedonia adopted the Law on Employment of people with disabilities in the year of 2000. The Law on Employment of people with disabilities provides:
|
|
|
|
ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И ОСПОСОБУВАЊЕ |
|
PROFESSIONAL ORIENTATION AND QUALIFICATION |
|
|
|
Професионалната ориентација го опфаќа професионалното просветување и информирање, индивидуално советување на кандидатот за училиштето или занимањето, при што укажува на подрачјата во кои инвалидното лице може да постигне максимален успех со оглед на неговите психофизички способности како и вработувањето и следењето на неговиот успех. Работното оспособување е составен дел на севкупниот процес на рехабилитацијата и социјалната интеграција на лицата со инвалидност. Тоа се врши врз основа на програма изработена од работодавецот, во соработка со центарот за вработување (1). |
|
Professional orientation includes: professional education and information, individual counselling of the candidate for schooling or occupational activities. This procedure indicates the areas in which the disabled person can achieve maximum success, considering his psychical abilities as well as the employment and the monitoring of its success. Work training is part of the overall process of rehabilitation and social integration of people with disabilities. It is implemented based on a program made by the employer, in cooperation with the Centre for Employment (1). |
|
|
|
ОБЛИЦИ НА ВРАБОТУВАЊЕ |
|
FORMS OF EMPLOYMENT |
|
|
|
Два основни облика на вработување на лицата со аутизам се: Вработување во заштитни услови Вработувањето во заштитни услови започна во педесетите години, за инвалидизирани лица, кои не можат да се вработат во редовните услови (1). Заштитните работилници генерално се фокусираат на преостанатите вештини и едноставни задачи кои понатаму нудат мала можност за развој на нови вештини. Вработувањето во заштитни работилници се спроведува по завршувањето на професионалното оспособување. Вработување со поддршка Вработувањето со поддршка е наменето за индивидуи кои имаат добри работни способности и мали проблеми во однесувањето, што сепак бара надзор и обука со цел да се постигне успех на работното место. Лицата со аутизам имаат работни инструктори кои им ги покажуваат потребните работни постапки, помош, доколку им е потребна, при транспорт од дома до работата, соодветно социјално однесување – пристигнување на време, одвојување на време за оброк, социјализација со колегите за време на паузите итн. (8). |
|
Two basic forms of employment of persons with autism: Employment in protective conditions The employment in protective conditions started in the fifties, including disabled people, who cannot be employed under regular conditions (1). Protective workshops generally are focused on the remaining skills and simple tasks, which further more offer small opportunities to develop new skills. Employment in protective workshops is conducted upon completion of professional training. Supported Employment Supported Employment is designed for individuals who have good job skills and low behaviour problems, which still require supervision and training to achieve success at the workplace. People with autism have a work-related instructor who shows them the necessary operating procedures, assistance, if they need one for the transport from home to work, appropriate social behaviour – arrival on time, using meal break, socializing with colleagues during the breaks etc (8). |
СТРАТЕГИИ НА ПОДДРШКА НА РАБОТНО МЕСТО |
|
STRATEGIES OF SUPPORT AT THE WORK PLACE |
|
|
|
Доколку персоналот на работното место ги познава стратегиите на поддршка, може многу да придонесе за прилагодувањето на лицето со аутизам на самото работно место, неговата социјализација и успех во работата.
|
|
If staff members at the workplace are familiar with the strategies of support, they can greatly contribute to the adjustment of person with autism at the very workplace, his socialization and work success.
|
|
|
|
БАРИЕРИ ПРИВРАБОТУВАЊЕ |
|
BARRIERS WITHIN THE EMPLOYMENT PROCEDURE |
|
|
|
Секоја личност со одреден вид на инвалидитет не е во предност, кога станува збор за барање на работа, без оглед на степенот на нивното функционирање. Важно е целосно да се биде искрен при пополнувањето на потребните формулари за работа или биографија. Некои лица со аутизам сметаат дека треба да го прикријат своето нарушување, посетувањето специјални училишта, долгиот период без работа или пак што биле отпуштени од предходното работно место. Присуството на интервју за работа е мошне стресно искуство за лицата со аутизам, кои имаат тешкотии при справување со стресни ситуации (5). За жал повеќето лица со аутизам не го поминуваат успешно интревјуто. Погрешните социјални чекори, како на пример појавувањето на интервју со обична маица или пак избегнувањето на контакт со очи со потенцијалниот раководител, не ги поврзуваат со квалификациите на лицето со аутизам за работата за која конкурира. Во поголем дел од случаите, работата ја добиваат самоуверени кандидати со широка насмевка на лицето и топол поздрав со рацете, иако тие ги немаат истите квалификации како кандидатот со аутизам (6). Истражувањата покажале дека со правилен тренинг и обука, лицата со аутизам можат да ги подобрат вештините потребни при аплицирање за работа. Симпатии кај лицето што го води интервјуто може да се јават и доколку лицето со аутизам е способно да објасни како неговото нарушување влијае на работата, како и напорите кои ги направил за надминување на истите и поради самиот факт што кандидатот ги препознава своите тешкотии и презема одредени чекори за нивно надминување (5). |
|
Any person with some kind of disability is at a disadvantage when it comes to seeking for work, whatever their level of functioning is. It is important to be completely honest in completing application forms or CV. Some people with autism consider that they should keep a secret that they have a disability, have attended special school, been out of work for prolonged periods or even dismissed from previous job. The presence of job interviews is very stressful experience for people with autism. Attending job interview is a quite stressful experience for people with autism, which have difficulties coping with stressful situations (5). Unfortunately most people with autism do not pass the interview successfully. Wrong social steps, like attending an interview with T-shirt or avoiding eye contact with the potential boss, don’t associated with the qualifications of the person with autism for the job that he/she is applying for. In most cases, the work is given to candidates with a broad confident smile and a warm shake-hand, although they do not have the same qualifications as candidates with autism (6). Studies showed that, appropriate training can help people with autism to improve the skills needed for applying for a job. The interviewer can have much more sympathy for a candidate who is able to explain how his disorder may have an impact on the job and what efforts have been made to overcome problems, because of the fact, that the candidate recognizes his/her difficulties and has taken active steps to deal with these (5). |
|
|
|
СООДВЕТНИ РАБОТНИ МЕСТА |
|
SUITABLE JOBS |
|
|
|
Работните места за лицата со аутизам треба да се избираат внимателно, притоа секогаш имајќи ја предвид намалената способност за извршување на повеќе задолженија во истиот момент (6).
Треба да се избегнуваат работни места кои бараат моментална обработка на барањето или наредбата: касиер, готвач, келнер, телефонски оператор, рецепционер. Од друга страна лицата со аутизам имаат многу добра долготрајна меморија, која е многу подобра и од повеќето нормални лица. Затоа тие се посоодветни за професии кои бараат визуелно размислување, како компјутерски програмери и аниматори. Други соодветни работни места се поправање и одржување на компјутери, потоа како заварувачи, водоводџии, столари итн. Лицата со високофункционален аутизам можат да најдат работа и на отворениот пазар, без поддршка и програма за работно оспособување, најчесто како компјутерски програмери, архитектонско проектирање, технички цртач, графика итн. Тие можат да работат и во угостителски објекти (ресторани), без да имаат директен контакт со потрошувачите: расчистување маси, миење садови, послужување храна. Потоа како помошници за складирање на производи во маркети, во салони за миење na автомобили, во библиотеки, во сметководство и книговодство, во хотелите како собна послуга, во индустриско и земјоделско производство. Поголемиот број лица со аутизам многу добро се справуваат со животните и знаат да воспостават посебен контакт со истите. Затоа тие можат да работат во стационарите за помош на животни и продавници за домашни миленичиња. |
|
Jobs for people with autism should be chosen carefully, always keeping in mind of their reduced ability of executing multiple tasks at the same time (6).
Jobs that require immediate processing of the request or demand should be avoid; a cashier, a cook, a waitress, a telephone operator, receptionist. On the other hand, autistic people have very good long term memory which is much better than that is with any normal person. That is why autistic people are more suited for jobs with requirement of visual thinking like that of a computer programmer and computer animation. Other suitable jobs are: reparator of computers, welder, plumber, carpenter etc. People with highly functional autism can find work on the open market, without support and work training program, usually as computer programmer, architectural design, technical draftsman, graphic etc. They also can work in catering facilities-restaurants, without having direct contact with the customers-clearing tables, washing dishes, serving food. These people can work like assistants for storage of products in markets, car washing, library, accounting and bookkeeping, in hotels as room service, industrial and agricultural production. Many people with autism cope very well with animals and know how to make a special contact with them. That’s why they can work in animal shelters and pet shops. |
|
|
|
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО |
|
ADJUSTMENT OF THE WORK |
|
|
|
Од суштинско значење е прилагодувањето на работното место според потребите на лицата со аутизам.
|
|
Adjusting the work place according to the needs of people with autism is essential.
|
|
|
|
ПРИДОБИВКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦЕ СО АУТИЗАМ |
|
BENEFITS OF EMPLOYING A PERSON WITH AUTISM |
|
|
|
При вработување на лицата со аутизам, следствено доаѓаат и придобивки од истото. Лицата со аутизам максимално се трудат да бидат ефикасни и исполнителни. Многумина од нив се среќни кога извршуваат рутински, предвидливи работи, кои на другите соработници не им се омилени, притоа демонстрирајќи подолга константност и истрајност во истата. Работат константно и продуктивно, без да одвојуваат време за кратки паузи и бесцелни разговори со колегите. Ретко отсуствуваат од работа наспроти останатите вработени од општата популација. Искреноста е една од вредностите важни за лицата со аутизам. Измамата и самата намера да се измами бара сериозна социјална мудрост и искуство, што е над можностите на овие лица. Во САД многу компании бараат аутистични работници, токму поради нивните квалитети, меѓу кои најмногу се издвојуваат: реткото отсуство од работа, веродостојноста на исказите и можноста претпоставените да се „потпрат“ на нив (5). |
|
With the employment of the people with autism, consequently benefits come from employment. People with autism are extremely trying to be efficient, competent and reliable workers. Many are happier doing routine, predictable jobs, which other workers may dislike, thus demonstrate a longer persistence and constancy. Because they do not tend to seek out social interactions with others, they are more likely to work steadily and consistently throughout the day, without taking time off to chat or gossip. They are rarely absent from work, which is not the case with the other employees of the general population. Honesty is another important value for people with autism. Deceit or the intent to deceive requires considerable social sophistication, which is usually beyond their competence. In the U.S.A many companies are looking for autistic workers, exactly because of their qualities: low absenteeism, trustworthiness and reliability (5). |
|
|
|
Материјали и методи |
|
Material and methods |
|
|
|
Цел на ова истражување е да се испитаат ставовите и мислењата на работодавачите, нивните вработени и родителите на децата со аутизам за процесот на вработување на лицата со аутизам.
Истражувањето е спроведено во 33 претпријатија во Скопје, преку телефонски разговори со родителите на децата со аутизам, во период од 5. X 2009 г. до 20. XI 2009 г., во кое се користени три типа на анкетни прашалници:
Дел од прашањата од анкетните листови за работодавачите, вработените и родителите на децата со аутизам се поклопуваат. |
|
The aim of this research is to present the attitudes and opinions of employers, employees and parents about the employment of people with autism in the Republic of Macedonia.
This research was conducted within 33 companies in Skopje through telephone conversations with parents of children with autism, over the period from 5.X.2009 until 20.XI.2009. Three types of survey questionnaires were used:
Some of the questions for the employers, employees and the parents are the same. |
|
|
|
Резултати |
|
Results |
|
|
|
Во ова истражување вклучени се вкупно 130 испитаници (33 работодавачи, 66 вработени лица и 31 родител на деца со аутизам). |
|
In this research 130 respondents were involved (33 employers, 66 employees and 31 parent of child with autism). |
Слика 1. Знаење за аутизам |
|
Figure 1. Knowledge of autism |
|
|
|
На прашањето „Доколку стручно лице предходно ве информирало за способностите и можностите на овие лица, дали досега би имале вработено лице со аутизам?“ 36% од работодавачите одговориле позитивно, 51% негативно, а 12% немаат формирано конкретен став за ова прашање (слика 2). |
|
To the question “If previously you were informed by Professional about the abilities and capabilities of these individuals, would you have employed person with autism till now?” 36% of the employers responded positively, 51% negatively, and 12% did not have specific opinion on this issue (Figure2). |
Слика 2. Став за вработување на лица со аутизам |
|
Figure 2. Attitude about the employment of people with autism |
|
|
|
Во табела 1 може да се види дека на прашањето „Според Ваше мислење, дали лицата со аутизам би можеле да ги исполнуваат своите работни должности?“, најголем дел од испитаниците сметаат дека овие лица можат делумно да ги исполнуваат работните должности, околу 16% и од работодавачите и од вработените лица мислат дека овие лица можат потполно да ги исполнуваат, 6% и од работодавачите и од вработените лица веруваат дека тие нема да ги исполнуваат своите должности, а 27% од работодавачите и 18% од вработените лица не знаат да одговорат. |
|
In Table 1 we can see that on the question “According to your opinion, could people with autism complete their job duties?” the biggest part of the respondents think that these people can partially complete their work obligations, around 16% of the employers and employees think that these people can complete their work obligations completely, 6% of employers and employees believe that they will not complete their duties, 27% of the employers and 18% of employees don’t know how to answer to this question. |
|
|
|
Табела 1. Исполнување на работни должности |
|
Table 1. Completing job duties |
Во втората табела може да се види дека 12% од работодавачите сметаат дека лицата со аутизам подобро би се приспособиле и напредувале на работно место кое бара повеќе ангажирање на психичките способности, а останатите 87% се одлучиле за работно место кое бара повеќе физички способности. Од вработените 18% се одлучиле за психички способности, а 81% сметаат дека посоодветно е работно место кое бара ангажирање на физичките способности. |
|
In the second table we can see that 12% of the employers thought that people with autism can adapt and progress better of the work place which requires psychical abilities and the remaining 87% thought that the work place that requires more physical abilities is better for them. 18% of employees considered that psychical abilities were better expressed within the people with autism and 81% considered the physical abilities as more rewarding. |
|
|
|
Табела2. Подобри психички или физички способности |
|
Table 2. Better psychic or physical |
На прашањето „Дали сте информирани за потребата од адаптација на работното место, според потребите на лицето со аутизам?“, 24% од работодавачите се запознаени со таа потреба, 39% не се информирани и 36% воопшто и не знаеле дека тоа е потребно. Од вработените 19% се информирани, 45% не се информирани, а 34% не знаеле дека има потреба од адаптација на работното место (Слика 3). |
|
In the response for the question “Are you informed about the necessity of adapting the workplace according to the needs of the person with autism?” 24% of employers were familiar with the need, 39% were not informed and 36% didn’t know at all that it is necessary. From the employee’s category, 19% were familiar with it, 45% weren’t informed and 34% did not know that it is necessary (Figure 3). |
Слика 3. Информираност за потребата од адаптација на работното место |
|
Figure3. Awareness about the need of adapting the workplace. |
Од сликата 4 може да забележиме дека најголем дел од родителите 74% сакаат нивното дете да стапи во работен однос, а дури 26% од родителите мислат дека вработувањето нема да им ја подобри состојбата, односно не сакаат нивното дете да се вработи. |
|
From figure 4 we can see that most of the parents 74% want their child to start working, even 26% of parents think that the employment will not improve their child’s situation, actually they don’t want their child to be employed. |
Слика 4. Воспоставување на работен однос |
|
Figure 4. Employment |
||
|
|
|
||
Дискусија |
|
Discussion |
||
|
|
|
||
Согласно поставените цели на истражувањето и врз основа на анализата на резултатите се утврди дека: работодавачите и нивните вработени не знаат што е тоа аутизам; од работодавачите дури 84,8% немаат сознанија за аутизмот, а од вработените лица 74,2% не знаат што е тоа аутизам. Од работодавачите и вработените кои се изјаснија дека знаат што е тоа аутизам, најголем дел од нивните претстави за аутизмот ги карактеризираа стереотипните движења, менталната ретардација и „живеењето во свој свет“; не постои статистички значајна разлика во одговорите на работодавачите и вработените; работодавачите не би вработиле лице со аутизам; со тоа и не постои позитивен став за вработување на лицата со аутизам, како резултат на 51.5% работодавачи кои сметаат дека овие лица не би биле продуктивни за нивната фирма; работодавачите и нивните вработени сметаат дека лицата со аутизам не би биле способни во целост да ги извршуваат своите работни должности; од работодавачите 51,2% сметаат дека работните должности лицата со аутизам би ги извршувале делумно, а истото мислење го делат и вработените со 59,1%. Од самите резултати се забележува дека нема значајна статистичка разлика во одговорите на работодавачите и вработените. Работодавачите и вработените лица сметаат дека лицата со аутизам подобро би ги извршувале работните должности кои бараат ангажирање повеќе на физичките способности, отколку на психичките. Од работодавачите 87,9% го застапуваат овој став, а од вработените за нијанса помалку 81,8%. Работодавачите и нивните вработени не се информирани за потребата од адаптирање на работното место според потребите на лицето со аутизам. Дел од нив и воопшто не знаеле дека тоа е потребно. Родителите на децата со аутизам сакаат нивните деца да стапат во работен однос. Изненадувачки е резултатот што дури 25,8% од родителите не сакаат нивните деца да се вработат, најчесто поради несоодветниот однос и третман кој ќе им го пружат колегите од работното место. |
|
According to the aims of this research and from the analysis of the results it was established that: The employers and their employees do not know what autism is. 84,8% of the employers did not have any knowledge about autism and 74,2% of the employees did not know what autism is. The biggest part of the employers and the employees, which knew what autism is, had imagination of autism with characterized stereotypic movements, mental retardation and “living of autists in their own world”. There is no statistically significant difference between the answers of employers and employees. Employers would not employ a person with autism. Thus, there is no positive attitude to the employment of people with autism and 51.5% employers believed that these people wouldn’t be productive for their company. Employers and their employees thought that people with autism would not be able to complete their job duties. 51.2% of the employers considered that these people would complete their job duties partially, and 59.1% of the employees were sharing the same opinion. |
||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusions |
||
|
|
|
||
Врз основа на анализата на резултатите од истражувањето можеме да заклучиме дека: |
|
Based on the analysis of the results of the research we can conclude: |
||
|
|
|
||
Citation:Stankova T, Trajkovski V. Attitudes and Opinions of Employers, Employees and Parents about the Employment of People with Autism in the Republic Of Macedonia. J Spec Educ Rehab 2010; 11(3-4):16-29. |
||||
|
||||
Литература / References: |
|
|
||
|
|
|
||
1. Трајковски В. Аутизам. Скопје: Филозофски факултет; 2004. |
|
7. Autisme Europe 2003. Autism end Employment. [online 2003], [cited 2009 Oktober 27] |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE