80 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО И 65 ГОДИНИ ОД ХУМАНАТА ПЕДАГОШКА И НАУЧНА ДЕЈНОСТ НА ПРОФ. Д-Р ЉУПЧО АЈДИНСКИ

 

Ангелка ВЕЛКОСКА

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

80 YEARS OF BIRTH AND 65 YEARS OF HUMANITARIAN PEDAGOGICAL AND SCIENTIFIC ACTIVITY OF PROF. DR. LJUPCHO AJDINSKI

 

Angelka VELKOSKA

“Ss Cyril and Methodius” University         
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Примено: 29.06.2010
Прифатено: 13.07.2010
UDK: 929 Ајдински, Љ.

 

 

Recived: 29.06.2010
Accepted: 13.07.2010

На 28 април 2010 година во Домот на АРМ се одржа свечено чествување по повод 80 години од раѓањето и 65 години од хуманата педагошка и научна дејност на проф. д-р Љупчо Ајдински.
Во рамките на ова чествување за животот и делото на проф. д-р Љупчо Ајдински  говореа неговите колеги и пријатели, конкретно свое обраќање имаа доц. д-р Зоран Киткањ, проф. д-р Јован Пејковски,  г-дин Бранимир Јовановски и г-ѓа Грозда Данова. Во нивните излагања беше истакната хуманистичката дејност на проф. д-р Љ. Ајдински, неговата голема улога во развојот на дефектолошката наука, образување на дефектолошки кадри и секако неговите ангажирања за унапредување на третманот на лицата со пречки во развојот во Република Македонија.
Во рамките на свеченоста беше организирана и изложба на широкиот опус на објавени книги, монографии, учебници, награди и признанија.
Свечената прослава беше збогатена и со културно уметничка програма од страна на Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен вид „Димитар Влахов“, како и интерпретација на истакнатите музички вокали Виолета Томовска, Милка Ефтимова и Јасмина Чакар. Потеклото, животниот пат, неговите ангажирања, успеси, признанија се опишани во извонредната монографија „Професор Љупчо Ајдински“ напишана од страна на Проф. д-р Кирил Темков и г-дин Стојан Тренчевски. Крајот од оваа свеченост беше резервиран токму за промоција на оваа монографија, која од една страна во целост го заокружи ова свечено чествување, а од друга страна има особено значење бидејќи нуди овековечување на животот и делото на овој хуманист.

 

 

 

On April 28, 2010 in the Holl of ARM was held marking of the 80th anniversary of the birth and 65 years of humanitarian pedagogical and scientific activities of PhD Ljupco Ajdinski.
As part of this celebration of Ljupco Ajdinski PhD, his colleagues and people who know him best, spoke about his life and work, specifically had PhD Zoran Kitkanj, PhD Jovan Pejkovski Mr. Branimir Jovanovski and Mrs Grozda Danova. Their speeches highlighted the humanistic work of prof. Ajdinski, its major role in the development of special education and rehabilitation as a science,  teaching  special educators and certainly his commitments to enhance the treatment of people with disabilities in the country.
During the ceremony was organized and extensive exhibition of the work published books, monographs, books, awards and recognitions.
Official ceremony was enriched with cultural and artistic program of the secondary music school “Ilija Nikolovski-Louis”, The Institute for Rehabilitation of children with visual impairment “Dimitar Vlahov” and interpretation of the famous musical vocals Tomovska Violeta, Milka Eftimova and Jasmina Chakar. Origin, life time, his engagement, success, recognition described in the excellent monograph "Professor Ljupco Ajdinski" written by Cyril Temkov PhD and Mr. Stoyan Trenchevski. The end of this ceremony was reserved just for the promotion of this monograph, which on one hand fully completed this solemn celebration, on the other hand it is very important because it offers recognition of the life and work of this humanist.

 

Адреса за кореспонденција:

Ангелка ВЕЛКОСКА

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски Факултет
Институт за дефектологија
„Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје,
Р. Македонија   
angelka_v@yahoo.com

 

 

Corresponding Address:

Angelka VELKOSKA

“SS Cyril and Methodius” University
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
Krste Misirkov bb, 1000 Skopje
Republic of Macedonia
e-mail: angelka_v@yahoo.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in