JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 55224
СТАРЕЕЊЕ НА ВОЗРАСНИТЕ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ: ПЕРСПЕКТИВИ НА ПРОЈАВЕНИТЕ СЕРВИСНИ ГРИЖИ
Оддел за инвалидност |
|
AGING ADULTS WITH INTELLECTUAL DISABILITIES:
Matthew P. JANICKI
Department of Disability |
Примено: 15. 01. 2010 |
|
Received: 15. 01. 2010 |
|
|
|
Вовед |
|
Introduction |
|
|
|
Светската здравствена организација (СЗО) пресметала дека денес живеат околу 600 милиони постари лица, од кои седум до 10 проценти се постари возрасни со инвалидност. СЗО исто така пресметала дека глобалната популација на луѓе од 60+ години или постари до 2025 ќе биде 1.2 милијарди и 2 милијарди до 2050 и дека пропорцијата на глобалната популација на возраст од 60 години ќе се удвои од 11% во 2006 година до 22% за 2050 година. Голем број од овие возрасни имаат интелектуална попреченост (ИП), која може да им ја ограничи нивната способност за егзистенција и генерално независно функционирање во склоп на нивното општество. Како и да е, примената на новите истражувања и употребата на технолошките подобрувања за обезбедување на помош и тренинг покажуваат дека многу возрасни со ваква попреченост достигнуваат до постара возраст и успешно можат да живеат независно и да имаат продуктивни животи. |
|
The World Health Organization (WHO) has estimated that there are currently 600 million older persons alive today, of which seven to 10 percent are older adults with disabilities. The WHO also estimates that the global population of people aged 60+ and over will be 1.2 billion by 2025 and 2 billion by 2050 and that the proportion of the global population aged 60 will double from 11% in 2006 to 22% by 2050. A number of these adults have an intellectual disability (ID), which may limit their ability to sustain a livelihood and generally function independently within their society. However, the application of new research and use of technological improvements for providing assistance and training is showing that many adults with such disabilities do reach old age and can successfully live independently and have productive lives. |
Стареење на возрасните со интелектуална попреченост |
|
Aging adults with intellectual disabilities |
Интелектуалните попречености се карактеризираат со пониско интелектуално функционирање, присутно од раѓањето или доенечкиот период и се приемчиви за компензација добиена со тренинг, едукација, рехабилитација, хабилитација и поддршка за сите животни активности. Генералните очекувања се дека постарите возрасни со интелектуална попреченост претставуваат околу 0,004% од постарата популација, што значи на секои 1000 постари лица се очекува 4 да бидат со ИП (2). Нормално околу 75% од сите постари возрасни со интелектуална попреченост се во групата на возраст од 40 до 59 години, но сè уште има очекувања дека групата на возраст 60+ ќе се зголеми во наредните 20 години. Генерално, социјалните дефиниции на постарата возраст почнуваат од 60 или 65 години, но со почит кон луѓето со ИП, повеќето социјални дефиниции почнуваат на помлада возраст, како резултат на појавата на прераното стареење помеѓу лицата со ИП. Со осврт кон Македонија, беше пресметано дека има околу 20,000 лица со ИП од сите возрасти (8); ако овие пресметки се реални, очекувањата би биле дека околу 1,240 возрасни се на возраст од 60 години и постари (околу 6%) и приближно 3,720 возрасни се на возраст помеѓу 40 и 59 години (околу 18,6%), или 25% од општата популација со ИП. Во споредба, некои 15% од 2,06 милиони луѓе во Македонија се на возраст од 60 години или постари (а околу 1,34 милиони се на возраст од 15 до 59 години). Дури и со помала мерка на долговечност, но со подобро здравје и снага на преживеаните, 6% возрасни со ИП во Македонија, кои стареат, се очекува да го зголемат бројот во наредните дваесет години. Повеќето возрасни во оваа старосна категорија ќе имаат лесна или умерена интелектуална попреченост, но има очекувања и дека некои возрасни со тешка интелектуална попреченост подолго ќе преживеат. |
|
Intellectual disabilities are characterized by below normative intellectual functioning present since birth or infancy and receptive to compensation derived from training, education, remediation, habilitation, and supports for life activities. General expectations are that older adults with ID represent about .004% of the older age population – that is, for every 1000 older persons about four would be expected to be an older adult with ID (2). Normally about 75% of all older adults with intellectual disabilities are in the 40-to-59 age group, yet expectations are that the 60+ age group will increase threefold over the next 20 years. Generally, social definitions of older age begin with age 60 or 65, but with respect to people with ID, most social definitions start with an earlier age, due to the occurrence of precocious aging among some persons with ID. With respect to Macedonia, it has been estimated that there are some 20,000 persons of all ages with ID (8); if this estimate is reliable, the expectation would be that there should be approximately 1,240 adults age 60 and older (about 6%) and approximately 3,720 adults between ages 40 and 59 (about 18.6%) – amounting to about 25% of the overall ID population. In comparison, some 15% of Macedonia’s 2.06 million people are age 60 and older (and some 1.34 million are age 15-59). Even with a lower overall longevity rate, but with survivors being more robust and in better health, the 6% of Macedonia’s adults with ID who are aging would be expected to increase in number considerably over the next twenty years. Most adults in these age categories would have mild to moderate ID, but expectations would be that some adults with severe ID will also be among the old-age survivors. |
Сервисните потреби на постарите возрасни со интелектуална попреченост |
|
The service needs of older adults with intellectual disabilities |
Во 2001, Светската здравствена организација (СЗО) издаде серија на извештаи кои произлегуваат од резултатите на интернационалните работни групи, координирани од Интернационалната асоцијација за научни истражувања на интелектуалната попреченост (ИАНИИП- IASSID). Главниот извештај на СЗО (1) посочи дека некои постари возрасни со интелектуална попреченост може да искусат одредени проблеми бидејќи нивните животни физички и/или ментални здравствени состојби не се соодветно одржани. Многу возрасни, исто така може да се соочат со несоодветна помош во нивниот секојдневен живот, и страдаат од дополнителни стресови на секојдневниот живот произлезени од поседувањето на доживотна инвалидност – која за возврат може да влијае врз животниот век. Некои може да доживеат лични и социјални бариери, кои ги попречуваат нивните секојдневни активности и функции. Извештајот донесува заклучок дека главните клучеви за промоција на здравото стареење, се националните политики кои почнуваат со детектирање на децата со забавен развој и попреченост во доенечкиот период и детството, а потоа и обезбедување на доживотна поддршка за адолесцентите, возрасните и нивните семејства, со цел да обезбедат адекватна здравствена грижа, домување, окупациони можности и потполна инклузија во дневниот живот. |
|
In 2001, the World Health Organization (WHO) issued a series of reports stemming from an international working group effort coordinated by the International Association for the Scientific Study of Intellectual Disabilities (IASSID). The main WHO report (1) noted that some older adults with intellectual disabilities may experience particular problems because their compound lifelong physical and/or mental health conditions are not adequately addressed. Many adults may also face inadequate help in their daily lives, and suffer from the extraordinary stressors of everyday life compounded by having a lifelong disability – which in turn may compromise their longevity. Some may experience personal and social barriers which impede their day-to-day activities and function. The report concludes that keys to the promotion of healthy aging are national policies that begin with targeting children with developmental delays and disabilities in infancy and childhood, and then providing lifelong supports for adolescents and adults, and their families with a goal to ensuring adequate health care, housing, occupational opportunities, and full inclusion in daily life. |
|
|
|
Сервиси и фактори за поддршка |
|
Service and support factors |
Постојат голем број на фактори кои влијаат врз квалитетот на живот и процесот на стареење на луѓето со инвалидност. Едните ги вклучуваат нивните негуватели – вообичаено родителите или други роднини. Според тоа, кога се уште живеат во семејните домови, може да се појават недоверби поврзани со стареењето на родителите и нивно заморување како негуватели, намалување на подвижноста, разболување или смрт. Интересен е феноменот на замена на улоги кај возрасните кои живеат со семејството (ова се случува кога возрасните со ИП добиваат поголема одговорност како примарни негуватели на нивните постари родители). Алтернативно, ако постар возрасен со ИП живее сам, проблемите на финансиска поддршка и поддршката за независно живеење може да бидат значителни фактори како што тие стареат и го зголемуваат искусувањето на проблеми поврзани со нивното стареење. Исто така може да постои нефункционална зависност, бидејќи некои возрасни со ИП имаат неприродна презависност од други (во некои случаи родителите може да ја предизвикаат оваа прекумерна зависност). Исто така може да се појават проблеми како резултат на недостаток на поддршка обезбедена од владини извори, како што може да е случај во Македонија. ПОРАКА (13) забележа дека се уште постојат домашни ситуации со неадеквaтности за деца и возрасни и веројатно повеќе за постари возрасни. Други фактори кои може да влијаат врз квалитетот на живот, вклучуваат „предизвикувачки однесувања“. Ова се однесувања кои може да ги иритираат другите и кои може да се развиваат од различни причини, како што се физички (пр. органски, болка или дисфункција) или психолошко потекло (пр. недостаток на внимание или социјална изолација), или од манифестирање на когнитивни пречки или влошувања (пр. прерана деменција) кои може да ја ограничат способноста за водење грижа за себе или да останат сами. Овие фактори имаат последици врз здравствените и врз социјалните аспекти на стареење (Табела 1). |
|
There are a number of factors that affect quality of life and the aging process of people with disabilities. One involves their natural carers – usually parents or other relatives. Thus, when still living at the family home uncertainties may arise related to the aging of parents as the parent carers may retire, move, become ill or infirm, or die. Interestingly, an emerging phenomenon among adults living at home is one of role-reversal (this happens when adults with ID assume greater responsibilities as the primary carers for their elderly parents). Alternatively, if an older adult with ID is living on his or her own, problems of financial support and advocacy for independent living may be significant factors as they age and increasingly experience problems related to their own aging. There may also be dysfunctional dependency because some adults with ID have an unnatural over-dependency on others (in some cases parents may foster this over-dependency). Problems can also occur due to a lack of support resources provided from governmental sources, as may be the case in Macedonia. PORAKA (13) has noted that there are still many home situations with inadequacies for children and adults – and probably more so for older adults. Other factors that may affect quality of life include ‘challenging behaviors’. These are behaviors that may irritate others and which may evolve for varying reasons, such as physical (e.g., organicity, pain, or dysfunction) or psychological derivations (e.g., lack of attention, or social isolation), or from expressions of cognitive impairment or decline (e.g., pre-dementia) which may compromise the capability to be able to take care of oneself or to be left alone. These factors have consequences for both health and social aspects of aging (Table 1). |
|
|
|
Табела 1. Здравствена и социјално поврзана зависност |
|
Table 1. Health and Societal-related |
Сервисни размислувања |
|
Service Considerations |
Генерално, постарите луѓе со ИП имаат придобивка од истите видови на сервиси кои се достапни на другите луѓе на нивна возраст. Тие имаат потреба и корист од постојана здравствена и социјална грижа, место на живеење и значително вклучување во склоп на нивното општество. Ваквите потреби ќе варираат во степен и интензитет, како што луѓето стареат и преминуваат од трето во четврто доба, со осврт кон нивната здравствена и физичка состојба. |
|
Generally speaking, older people with ID benefit from the same types of services as are available to other persons their age. They need and can benefit from continual health and social care, a place to live, and meaningful involvement within their community. Such needs will vary in degree and intensity, however, as people age and transition from the third to the fourth age with respect to their health and physical condition. |
Слика 1.Премини и животни фокусни пресврти кај луѓето со ИП |
|
Figure 1. Transitions and Life Focal Points in people with ID about here |
||
|
|
|
||
Секако, оваа дискусија го поставува прашањето за тоа како доживотните активности можат да помогнат во создавање на поздрава старост и намалена зависност. Иницијативите кои може да се преземат опфаќаат вклучување во програми за вежбање и фитнес, подобра исхрана и диета, превенција на заболувања, поголемо социјално вклучување, рано медицинско внимание и периодични испитувања и имунизации. Поздравата постара возраст исто така зависи од обезбедување на автономија и зголемување на квалитетот на живот, вклучувајќи поседување на мрежа на пријатели и поголема вклученост во општеството и вреднување од општеството (19). |
|
Of course, this discourse begs the question of what lifelong actions can help to produce a healthier old age and reduce dependency. Initiatives that can be undertaken include engaging in exercise and fitness programs, better nutrition and diet, disease prevention, greater social involvement, early medical attention, and periodic screenings and immunizations. A healthier old age is also dependent on promoting autonomy and enhan- |
||
|
|
|
||
Планирања за старата популација и намалување на зависноста |
|
Planning for an aging population and minimizing dependency |
||
Главните социјални и физички иницијативи на здравствените сервиси, дизајнирани за да им помогнат на старите луѓе со ИП, треба да се осигурени дека се ефикасни и пристапни здравствени сервиси, дека заболувањата и состојбите навремено се откриваат и дека постојат правилна исхрана и вежби. Исто така треба да има јавни здравствени залагања, дизајнирани за да ја спречат дебелината, слабата кондиција и слабоста, да спречат секундарни состојби (избегнување на појава на дополнителни оштетувања), создавање на геријатриски проценки за да им се помогне во дијагностицирањето на болеста или физичките проблеми на постарата возраст и спроведување на интервенции за ментално здравје, со цел спречување на депресии и други заболувања. |
|
The main social and physical health service initiatives designed to help aging people with ID should include ensuring that there are effective and accessible health services, that diseases and conditions are caught early, and that there are sound nutrition and exercise efforts. The also should public health efforts that are designed to prevent obesity, deconditioning and malaise, prevent secondary conditions (that is, avoiding additional impairments from occurring), create geriatric assessments to help with diagnosing ills and physical problems of older age, and provide mental health interventions to prevent depression and other ills. |
||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
|
|
|
||
Зголемувањето на бројот на стари луѓе е реалност. Како и да е, за нациите со развој на пазарната економија, стареењето исто така поседува нови предизвици. Во многу случаи, животното планирање и сервисниот развој не се јавуваат како што се повеќето подобрувања на едукативните услуги и семејна поддршка за младите родители и професионална и окупациона поддршка за младите возрасни со ИП. Според тоа, недостатоци вообичаено постојат во однос на развој на сервиси за возрасни и постари возрасни и многу постари семејни негуватели главно се без поддршка. Државите сега експериментираат со можностите за адресирање на овие предизвици, преку употреба на технологии кои можат да бидат инструмент во успешното стареење „стареење на место“ и се фокусираат на „општество подготвено за постари“, иницијативи од кои придонес ќе имаат и постарите возрасни и возрасните со ИП. |
|
The growing number of aging people is a reality. However, for nations with developing market economies, aging also poses new |
||
|
|
|
||
Citation:Janicki PM. Aging Adults with Intellectual Disabilities: Perspectives on Emerging Service Concerns. J Spec Educ Rehab 2010; 11(1-2):114-129. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE