УЧИЛИШТЕ ЗА СИТЕ: ПРОКЛАМАЦИЈА НА ИНКЛУЗИВНАТА ЕДУКАЦИЈА

Оливера РАШИЌ

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

SCHOOL FOR ALL:
MANIFESTO OF INCLUSIVE EDUCATION

Olivera RASHIKJ

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Примено: 05. 12. 2009
Прифатено: 30. 12. 2009
UDK: 376-056.26/.3(062)(4)

 

 

Received: 05. 12. 2009
Accepted: 30. 12. 2009

Во периодот од 12 до 13 ноември 2009 година, во Даблин беше одржана конференција од страна на ЕАСПД (European Association of Service Providers for Persons with Disabilities – Европска aсоцијација на сервисни провајдери за лица со инвалидност) по повод „Саламанка – 15 години на Инклузија – Училиште за сите“. Оваа конференција ЕАСПД ја искористи за усвојување на својата Прокламација за инклузивна едукација, водејќи се од основната идеја дека сите деца и возрасни имаат еднакво право на квалитетно и соодветно високо образование во инклузивна средина.
Во склад со една од основните цели на Прокламацијата, се промовираа позитивни ставови за инклузивното образование и се настојуваше да се одговори на загриженоста на 300-те учесници во однос на тоа „како да се инклудираат сите деца во редовни училишта, без да се изгубат стручните лица од посебните училишта“. ЕАСПД во својата Прокламација промовираше задолженија, правила и принципи за сите учесници кои придонесуваат за инклузивното образование:

  • Препораки за политичари и креатори на политиката (задолженија за властите на регионално, национално и интернационално ниво):
  • реафирмирање на задолженијата во склад со Декларацијата од Саламанка и Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност;
  • развој на акциони планови за реформирање на постоечкиот воспитно-образовен систем;
  • реформирање на обуката на наставници во редовните училишта;
  • помош за посебните училишта при нивно преминување во ресурсни центри и сл;
  • Препораки за индивидуални организации:
  • градење на заедничка визија и стратегија за инклузивно образование со посредство на дијалози помеѓу сите вклучени субјекти;
  • да се обезбеди тимски пристап кон зaедничкото школување и мултидисциплинарно учење и сл.

Претседателот на ЕАСПД Франц Волфмајер наведе дека покрај другото, Прокламацијата ја истакнува и важноста на пристапот со централно поставување на детето-ученик и семејството, како и обезбедувањето на мрежна поддршка за понатамошен развој, развивање на политичка и легална рамка за промоција на инклузивното образование и мултидисциплинарната соработка.

 

On November 12 and 13, 2009, a conference was held in Dublin by the EASPD (European Association of Service Providers for Persons with Disabilities) to mark the occasion of “Salamanca – 15 years of Inclusion – Schools For All.” This conference promoted the adoption of EASPD’s Manifesto for Inclusive Education, guided by the basic idea that all children and adults are entitled to equal rights and access to an appropriate and high quality education in an inclusive environment.  
One of the basic goals of the manifesto is to promote positive attitudes toward an inclusive education by pursuing the answer to concerns posed by the 300 participants. That is, “how to include all children in mainstream schools, without loosing the expertise in the special schools.” Therefore, EASPD promotes commitments, rules and principles for all stakeholders which contribute to inclusive education in their Manifesto:

  • EASPD recommends that politicians, policy makers, and all authorities on regional, national and international level to commit to:
  • Reaffirm their commitments to the rights of people with disabilities as stated in the Salamanca Declaration and Convention for the rights of persons with disabilities?
  • Develop action plans to reform the existing education system
  • Reformat teacher training in mainstream schools
  • Aid special schools in their transition by way of resource centers, etc.
  • EASPD recommends that individual organizations:
  • Build a common vision and strategy for an inclusive education by mediating dialogues between all parties involved
  • Provide a team approach toward common schooling and multidisciplinary learning, etc.

Aside from other pertinent points outlined in the Manifesto, President Franz Wolfmayr of EASPD notes the importance of a child and family-centered approach, geared toward providing a network of support for further development. This would foster policy development and legal framework for an inclusive education and seek to find multidisciplinary cooperation.

 

Адреса за кореспонденција:

 

Coresponding Address:

Оливера РАШИЌ

 

Olivera RASHIKJ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
„Крсте Мисирков“ бб, 1000 Скопје, Р. Македонија
e - mail: oliverarasic@yahoo.com

 

University "St. Cyril and Methodius"
Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation
"Krste Misirkov" bb, 1000 Skopje, Republic of Macedonia
e - mail: oliverarasic@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in