ДОМСКА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНА РАБОТА
Ристо Петров
Лаура П. Ѓурчиновска
Наташа Станојковска - Трајковска
Нергис Рамо                     

Александра КАРОВСКА

Филозофски факултет
Институт за дефектологија

 

EDUCATIONAL WORK IN BOARDING SCHOOLS
Risto Petrov
Laura P. Gjurchinovska
Natasa Stanojkovska - Trajkovska
Nergis Ramo

Aleksandra KAROVSKA

Faculty of Philosophy
Institute of Special Education and Rehabilitation

 

Примено: 05. 01. 2010
Прифатено: 31. 01. 2010
UDK: 37.018.32.09(049.3)

 

 

Received: 05. 01. 2010
Accepted: 31. 01. 2010
Review of a book

Книгата „Домска воспитно-образовна работа“ според својата форма и начин на обработка претставува универзитетски учебник за студентите по дефектологија. Авторите на книгата, проф. д-р Ристо Петров, м-р Лаура П. Ѓурчиновска, асс. Наташа Станојковска Трајковска и м-р Нергис Рамо се истакнати професионалци во дефектологијата. Во рамките на својата академска кариера, авторите обрнуваат посебен акцент на подрачјето на домската воспитно-образовна работа.
Книгата преставува ризница на информации поврзани со оваа проблематика и е соодветно конципирана да ги задоволи потребите на секој читател со афинитет кон оваа област.
Проф. д-р Ристо Петров, своето долгогодишно практично искуство во областа на домската воспитно-образовна работа во специјалниот завод „Демир Капија“ и теоретско искуство како наставник на Институтот за дефектологија на предметот Домска воспитно-образовна работа со лица со пречки во развојот, од неговото основање, го олицетворува во оваа книга. Овој учебник го зголемува квантумот на знаења во дефектолошката наука, која е млада наука со голем простор за научно делување и секако за добивање информации кои подоцна се преточуваат во квалитетни изданија.
Книгата „Домска воспитно-образовна работа“ претставува продолжение на учебното помагало со ист наслов издадено во 2002 година и служи како основна литература за студентите кои го слушаат овој предмет.
Книгата „Домска воспитно-образовна работа“ е структурирана на 177 страни, поделени во три поглавја: Местото и улогата на ученичките домови во системот на образованието и воспитанието; Воспитно образовната работа во домови и интернати за ученици со посебни образовни потреби и воспитно-образовна работа со ученици со посебни образовни потреби во продолжен дневен престој во училиштата. Првиот дел е посветен на објаснувањето за значењето и функцијата на ученичките домови како и карактеристиките  на животот и работата во домовите. Вниманието е насочено кон важноста на целите и задачите на воспитно-образовната работа во ученичките домови. Принципите, методите, средствата и облиците на воспитно-образовна работа во ученичките домови се изворно објаснети во продолжението од ова поглавје. Авторите се задржуваат и на важноста на социјалната интеграција на личноста на ученикот како и нормативите за организација на воспитно-образовната работа во ученичките домови.
Во вториот дел од книгата авторите за задржуваат на основните програмски подрачја и содржини на воспитно-образовната работа како и воспитната функција на слободното време.
Содржините од третото поглавје се поврзани со целите, задачите и организацијата на продолжениот дневен престој во училиштата како и програмата за работа на дефектологот воспитувач во продолжениот дневен престој. 
Книгата е со несомнен квалитет не само од содржински туку и од технички аспект. Книгата изобилува со голем број високо квалитетни фотографии кои се од непроценливо значење за читателите. Фотографиите даваат приказ на сите ученички домови за децата со посебни образовни потреби во Република Македонија. Материјалот е прилагоден за едуцирање на младите дефектолошки кадри и преставува учебно помагало за студентите на Институтот за дефектологија како и за сите стручни лица кои работат на оваа проблематика.
Книгата „Домска воспитно-образовна работа“ има огромна апликативна вредност како прирачник со основни податоци за развојот на домската воспитно-образовна дејност во нашата земја. Во книгата мошне умешно се воспоставува баланс меѓу теоретските сознанија и практичните искуства и претставува учебник кој ќе поттикне понатамошни истражувања на ова поле. Токму поради сите позитивни аспекти на овој учебник, истиот им го препорачувам на сите студенти на Институтот за дефектологија, дефектолозите како и сите професионалци кои се занимаваат со оваа проблематика.  

 

The book “Educational Work In Boarding Schools” acts as a university teaching aid for students at the Institute of Special Education and Rehabilitation according to its form and manner of processing. The authors of this book, Professor Risto Petrov PhD, M.A. Laura P. Gjurchinovska, assistant Natasha Stanojkovska Trajkovska, and M.A. Nergis Ramo, are prominent experts in the field of Special Education and Rehabilitation. In the frame of their academic carrier, the authors have paid special attention to the area of educational work in boarding schools.
The book is a treasure trove of information related to this area and is appropriately designed to satisfy the needs of every reader with an affinity for this subject.  
Professor Risto Petrov implements his long-term practical experience in the area of boarding school educational work with the special institution “Demir Kapija” in this book, as well as his theoretical experience as a professor at the Institute of Special Education and Rehabilitation. From its founding, Professor Petrov has worked at the Institute of Special Education and Rehabilitation on the subject of boarding school educational work for persons with disabilities. This book increases the quantum of knowledge in the area of special needs, a young science with large room for scientific action and information gathering.
This book is a rerelease, the first being issued in 2002, and represents basic literature for students studying this subject.
The book Educational Work in Boarding Schools is 177 pages long, divided into three chapters: Position and role of the boarding schools in the system of education, Educational work in homes and boarding schools for the students with special needs, and Education of pupils with special needs in the continuous living accommodation in the schools. The first part is dedicated to the explanation of the meaning and function of the boarding schools as well as the characteristics of the life and work in the boarding schools. Attention is also paid to the goals and tasks of the educational work in the boarding schools. The principles, methods, means and shapes of educational work in the boarding schools are well explained in the reissue of this book. The authors also accentuate the importance of social integration of the students’ personality and also the normative for organization of the educational work in the boarding schools.
In the second part of the book, the authors explain the basic program areas and contents of educational work as well as the educational function of free time.
The contents of the third chapter are connected with the goals, tasks and organization of the continued living stay in the schools as well as the program work for the special educator in the extended daily residency.
This book is of undoubted quality, not only from a contextual standpoint but from the technical side as well. The book has a large number of high quality photographs, greatly significant for the individuals that use this book. The photography gives an insight of all the boarding schools for children with special educational needs in the Republic of Macedonia. The material is accommodated toward educating the young special needs education students and is a teaching aid for the students at the Institute for Special Education and Rehabilitation, along with all professionals that work in this field.
The book Educational Work in Boarding Schools is highly applicative as a compendium for basic data in the development of educational work in boarding schools in our country. The book manages a perfect balance between theoretical knowledge and practical experiences and represents a teaching book that will encourage further research in this field. Because of all these positive aspects, I recommend this book to all the students at the Institute of Special Education and Rehabilitation, all special educators, and all professionals interested in this field.

 

Адреса за кореспонденција:

 

Corresponding Address:

Александра КАРОВСКА

 

Aleksandra KAROVSKA

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Филозофски факултет
Институт за дефектологија
Крсте Мисирков бб, 1000 Скопје
Република Македонија
e-mail: karo2604@yahoo.com

 

“Ss Cyril and Methodius” University
Faculty of Philosophy

Institute of Special Education and Rehabilitation
Krste Misirkov bb, 1000 Skopje
Republic of Macedonia
e-mail: karo2604@yahoo.com

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in