JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 31029
ИСПИТУВАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИТЕ СПОСОБНОСТИ КАЈ ПРВАЧИЊАТА СО ЛЕСНА ПСИХИЧКА ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ПОСЕБНИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА |
|
EVALUATION OF EDUCATIONAL ABILITIES IN CHILDREN WITH MILD INTELLECTUAL DISABILITIES, FIRST GRADE STUDENTS, FROM SPECIAL PRIMARY SCHOLS
Vesna KOSTIKJ-IVANOVIKJ
Special elementary school |
Примено: 24. 08. 2009 |
|
Received: 24. 08. 2009 |
Резиме |
|
Abstract |
|
|
|
Едукативниот процес за децата со лесна психичка попреченост во посебните основни училишта во Р. Македонија се реализира според посебни наставни програми за ученици со пречки во психичкиот развој, изготвени од страна на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука. Тоа се развојни програми, посебно адаптирани на способностите и можностите на учениците со психичка попреченост. Наставникот опсервирајќи ги индивидуалните карактеристики на своите ученици треба максимално да одговори на нивните специфични потреби и афинитети. Целта на истражувањето беше утврдување на едукативните способности на учениците - првачиња со лесна психичка попреченост за следење на наставните содржини од предметите Македонски јазик, Математика и Запознавање на околината, предвидени со наставните програми. Едукативните способности на испитаниците се особено слаби во областа на Математика, во областа на Запознавање на околината имаат просечни способности, а малку подобри способности покажуваат од областа на Македонски јазик. Во однос на варијаблите пол и возраст, едукативните способности на испитаниците не се разликуваат, додека во однос на варијаблата ниво на општи способности, постои значајна разлика во нивните едукативни способности. Наставниците истакнуваат дека повеќето од испитаниците се потполно или делумно во можност за следење на наставните програми. Наставните програми за I одделение за учениците со пречки во психичкиот развој генерално соодветствуваат на едукативните способности на децата. |
|
Educational process for children with mild intellectual disability in special primary schools in the Republic of Macedonia is realized by special Curriculum for students with difficulties in psychological development, prepared by the Bureau for Development of Education from the Ministry of Education and Science. These programs are developmental, and specially adapted to the abilities and capabilities of students with intellectual disabilities. The special educator observing the individual characteristics of his students should maximally respond to their specific needs and aspirations. The aim of the research was to determine the educational abilities of first-grade students with mild intellectual disability for following the teaching contents of the subjects Macedonian language, Math and Introduction to environment, provided by the Curriculum. Educational abilities of the examinees were especially weak in Math, while in the Introduction to environment they had average abilities and a little better ability they showed in the area of the Macedonian language. Regarding the variables gender and age, educational abilities of the examinees did not differ, while regarding the variable level of general abilities there were significant differences in their educational abilities. Special educators said that most of the examinees were completely or partially able to follow the Curriculum. Curriculum for the first grade students with intellectual disabilities generally corresponds to the educational abilities of these children. |
|
|
|
||
|
|
|
||
Citation:Kostikj-Ivanovikj V. Evaluation of Educational Abilities in Children with Mild Intellectual Disabilities, First Grade Students, from Special Primary Schools. J Spec Educ Rehab 2009; 10(3-4):89-101. |
||||
|
||||
Клучни зборови: едукативни способности, деца со лесна психичка попреченост, првачиња, посебни основни училишта. |
|
Key words: educational abilities, children with mild intellectual disability, first grade students, special primary schools.
|
Адреса за кореспонденција: |
|
Corresponding Address: |
Весна КОСТИЌ-ИВАНОВИЌ |
|
Vesna KOSTIKJ-IVANOVIKJ |
ПОУ „Д-р Златан Сремац“ |
|
Special elementary school |
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE