JSER Policies
JSER Online
JSER Data
Frequency: quarterly
ISSN: 1409-6099 (Print)
ISSN: 1857-663X (Online)
Authors Info
- Read: 40749
ПСИХОЛОШКА ЕВАЛУАЦИЈА И ТРЕТМАН НА ДЕТЕ СО ХИПЕРКИНЕТИЧКО НАРУШУВАЊЕ – ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ
Институт за здравствена заштита на децата и младите на Војводина, Нови Сад, Србија |
|
PSYCHOLOGICAL EVALUATION AND TREATMENT OF A CHILD WITH HYPERKINETIC DISORDER – CASE REPORT
Tatjana KRSTIKJ1
Institute for Child and Youth Health Care |
||
Примено: 12. 09. 2009 |
|
Received: 12. 09. 2009 |
||
Вовед |
|
Introduction |
||
|
|
|
||
Хиперкинетичките нарушувања се дел од групата развојни нарушувања чии главни карактеристики се нарушено внимание и хиперактивност кои се очигледни во барем две различни средини (на пример, училишна и домашна). Нарушеното внимание се манифестира со дисконтинуитет во задачите и незавршување на проектите. Хиперактивноста опфаќа претеран немир, посебно во ситуации кои бараат смиреност, како и вклучување во активности кои се дезорганизирани и немаат никаква цел. Отсуството на резервираност во општествените средини со импулсивно кршење на општествените правила, исто така е често (1), како и емотивната нестабилност (ниска толеранција на фрустрираност, често менување на расположението) (2). Хиперкинетичките нарушувања секогаш се јавуваат рано во развојот, но ретко се признаени пред третата година. Со започнувањето на училиштето, овие проблеми стануваат поочигледни, бидејќи училишната средина бара релативен мир и високо ниво на самоконтрола, што ним им недостасува. Иако нарушувањето е концептуализирано како примарно биолошко (3), третманот само со лекови не се покажа како корисен (4). Нарушувањето треба да биде третирано исто така и психотерапевтски, посебно во однос на неговите второстепени последици како ниски академски достигнувања, проблеми со врсниците и фамилијата, антисоцијално однесување (5) |
|
Hyperkinetic disorders are a part of a group of developmental disorders whose key features are disturbed attention and hyperactivity which are evident in at least two different settings (for example, school and home). Attention disturbances are manifested in discontinuation of tasks and leaving projects unfinished. Hyperactivity involves excessive restlessness, especially in situations which call for serenity, as well as engaging in activities which are disorganized and serve no purpose. Lack of inhibition in social settings with impulsive violation of social rules is also common (1), as well as emotional instability (low frustration tolerance, frequent mood swings) (2). Hyperkinetic disorders always occur early in development, but are rarely recognized before the age of three. Starting school, these problems become more evident since the school setting calls for a relative calmness and a higher level of self-control, which they lack. Although the disorder is conceptualized as primarily biological (3), drug treatment alone did not prove itself useful (4). The disorder needs to be tackled psychotherapeutically as well, especially with regard to its secondary consequences like low academic achievement, peer and family problems, antisocial behavior (5). |
||
|
|
|
||
Приказ на случај |
|
Case report |
||
|
|
|
||
Момче на возраст од 8 години и 2 месеци, второ одделение, беше упатено на специјалистичка проценка од страна на училишниот психолог. Причините за упатувањето беа наведени како „опсервирани потешкотии споредено со неговата возрасна група, очигледни дури и во предучилишното образование и манифестирани преку агресија и хиперактивност на детето“. Детето живее со неговата мајка. Родителите се развеле пред 3 години, таткото е алкохоличар. Бременоста и породувањето биле нормални, како и раниот психомоторен развој на детето, според неговата мајка. |
|
A boy aged 8 years and 2 months, a second grade student, was referred to specialist assessment by the school psychologist. Referral grounds were stated as “observed difficulties when compared to his age group, evident even in pre-school and manifested in aggression and hyperactivity of the child”. The boy lives with his mother. Parents were divorced three years ago, father is an alcoholic. Pregnancy and child birth were normal, as was the child's early psychomotor development, according to his mother. |
||
|
|
|
||
Третман |
|
Treatment |
||
|
|
|
||
Преку анализа на сите резултати и анамнестични податоци кои беа достапни, главните проблеми на детето беа идентификувани. Тие се однесуваа на тешкотии во одржување на вниманието и упорност во активностите, хипермобилност, зголемена импулсивност и проблеми во општествените односи. Психотерапевтската работа со детето беше заснована на принципите на когнитивно-бихејвиористичката психотерапија. Акцентот беше ставен на модификацијата на однесувањето, како и на планирањето, организацијата и контролата на когнитивните активности. На почетокот, дневниот распоред на активностите беше јасно структуриран со детето. Потребата да ја препознае сопствената одговорност за акциите беше нагласена. Беше потребно да се научи детето да ги идентификува начините на размислување што може да му помогне во проблематичните ситуации и исто да му овозможи да креира едноставни инструкции за него за да се зголеми самоконтролата и да го обучат да ги комплетира задачите (од поставување на цели, размислување за решението како и делување и проверување што било направено). Посебен акцент е ставен на подобрување на неговите социјални вештини, на пример преку играње на улоги. Вежби од програмата за психомоторна реедукација беа исто така применети. Приоритет беше даден на вежби за контрола на импулсивноста за да се зголеми способноста на детето за совладување на неговите движења и здобивање на подобра координација. |
|
Upon analysis of all results and anamnestic data available, child’s key problems were identified. They referred to difficulties in sustaining attention and being persistent in activities, hyper mobility, increased impulsiveness and social relation problems. Psychotherapeutic work with the boy was based on principles of cognitive-behavioral psychotherapy. Accent was placed on behavioral modification, as well as on planning, organizing and control of cognitive activities. At the beginning, a daily schedule of activities was clearly structured with the boy. A need to recognize his own responsibility for actions was emphasized. It was necessary to teach the child to identify ways of thinking that can help him in problem situations, and also enable him to create simple instructions for himself in order to enhance self-control and to train him to complete tasks (from goals setting, thinking about the solution to acting and checking what has been done). Special emphasis is put on improving his social skills, for example by role playing. Exercises from the program of psychomotor reeducation were also included. Priority was given to impulsiveness control drills in order to enhance the child’s capability of mastering his movements and gaining better coordination. |
||
|
|
|
||
Дискусија |
|
Discussion |
||
|
|
|
||
Иако потеклото на хиперкинетичкото нарушување целосно не е познато, истражувањето посочува на негова мултифакторна етиологија (2, 5, 8). Ова, релативно често развојно нарушување покажува дека детето кое има биолошки предиспозиции е лесна мета на неповолните психосоцијални фактори (2). Во текот на развојот кај многу деца со хиперкинетичко нарушување се развиваат дополнителни проблеми како потешкотии со врските и ниска самопочит, што може понатаму да влијае на подоцнежните академски достигнувања и подобрување на општествените вештини. Психотерапијата го заменува фокусот од континуирано забележување на слабостите на детето на признавање на неговите јаки страни за тоа да функционира подобро и да постигне поуспешна општествена интеракција. |
|
Although the origin of hyperkinetic disorder has not been fully understood, research points to its multifactor etiology (2, 5, 8). This, relatively frequent, developmental disorder shows that a child having a biological predisposition is easily influenced by unfavorable psychosocial factors (2). Throughout development, many children with hyperkinetic disorder develop additional problems such as relationship difficulties and low self-esteem, which can in turn further influence later academic achievement and social skills improvement. Psychotherapy shifts the focus from continuous noticing of the child’s weaknesses to acknowledging his strengths in order for him to function better and attain a more successful social interaction. |
||
|
|
|
||
Заклучок |
|
Conclusion |
||
|
|
|
||
Бидејќи има значителни индивидуални варијации во една група деца со хиперкинетичко нарушување, точната проценка обезбедува услови за индивидуален пристап за секое дете, што ќе осигура најдобри терапевтски резултати. Ако проблемот е занемарен или погрешно се лекува (т.е. со константно казнување на детето), после бројни негативни засилувања хиперкинетичките деца почнуваат да покажуваат дисфункционални шаблони на однесување, што ќе води до нови и покомплексни проблеми. Затоа раното препознавање на проблемите, нивното систематско разрешување и стекнувањето соработка со родителите и други важни возрасни лица, функционира како најдобра превенција на бројни други психопатолошки и социјално патолошки однесувања кои во основа имаат хиперкинетички проблеми. Имплементацијата на мултимодален план за третман на хиперкинетичките деца за време на училишните години може да ги подготви за поуспешна адолесценција. |
|
Since there are substantial individual variations in a group of children with hyperkinetic disorder, an accurate assessment provides conditions for an individualized approach to each child, which will ensure the best therapeutic results. If the problem is neglected |
||
|
|
|
||
Citation:Krstikj T, Dukikj O. Psychological Evaluation and Treatment of a Child With Hyperkinetic Disorder – Case Report. J Spec Educ Rehab 2009; 10(3-4):122-128. |
||||
|
||||
Литература / References |
|
|
||
|
|
|
Share Us
Journal metrics
- SNIP 0.059
- IPP 0.07
- SJR 0.13
- h5-index 7
- Google-based impact factor: 0.68
10 Most Read Articles
- PARENTAL ACCEPTANCE / REJECTION AND EMOTIONAL INTELLIGENCE AMONG ADOLESCENTS WITH AND WITHOUT DELINQUENT BEHAVIOR
- RELATIONSHIP BETWEEN LIFE BUILDING SKILLS AND SOCIAL ADJUSTMENT OF STUDENTS WITH HEARING IMPAIRMENT: IMPLICATIONS FOR COUNSELING
- EXPERIENCES FROM THE EDUCATIONAL SYSTEM – NARRATIVES OF PARENTS WITH CHILDREN WITH DISABILITIES IN CROATIA
- INOVATIONS IN THERAPY OF AUTISM
- THE DURATION AND PHASES OF QUALITATIVE RESEARCH
- REHABILITATION OF PERSONS WITH CEREBRAL PALSY
- HYPERACTIVE CHILD`S DISTURBED ATTENTION AS THE MOST COMMON CAUSE FOR LIGHT FORMS OF MENTAL DEFICIENCY
- DISORDERED ATTENTION AS NEUROPSYCHOLOGICAL COGNITIVE DISFUNCTION
- AUTISM AND TUBEROUS SCLEROSIS
- PEDAGOGICAL DIMENSIONS OF THE LEISURE