СТАВОВИ, МИСЛЕЊА И ИСКУСТВА ВО ОДНОС НА ТРЕТМАНОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Јасмина ИВАНОВСКА-ТРОШАНСКА

ПОУ “Д-р Златан Сремац” - Скопје

 

VIEWS, OPINIONS, AND EXPERIENCES FOR TREATMENT OF PEOPLE WITH AUTISM IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA

 

Jasmina IVANOVSKA - TROSHANSKA

POU "D-r Zlatan Sremec" - Skopje

Јасмина Ивановска-Трошанска го одбрани овој магистерски труд на 02. 06. 2009 година на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиj” во Скопје,  пред комисијата во состав: проф. д-р Владимир Трајковски, проф. д-р Ристо Петров и доц.  д-р Наташа Чичевска-Јованова.

 

Jasmina Ivanovska - Troshanska defended her masters thesis at the Institute of Special Education and Rehabilitation at the Faculty of Philosophy, University "Ss. Cyril and Methodius" - Skopje, on 2 June 2009. The graduation commission consisted of the following members: Prof. Dr Vladimir Trajkovski, Prof. Dr Risto Petrov and Doc. Dr. Natasha Chichevska-Jovanova.

 

Примено: 21. 08. 2009
Прифатено: 21 09. 2009
UDK: 376.1-056.264-053.5

 

 

Received: 21. 08. 2009
Accepted: 21. 09. 2009
Abstract from master thesis

 

 

 

Резиме

 

Abstract

 

 

 

Како и сите луѓе и лицата со аутизам имаат законско право од најмала возраст да посетуваат одредени установи кои ќе им овозможат стекнување на знаења, способности и искуства кои би им овозможиле постигнување на одреден степен на независност. Поради специфичниот развој посетата на која било  установа директно би се поврзувала со терапевтското влијание кое би им помогнало во надминување на проблемите во областа на комуникацијата, интеракцијата, емоционалноста, однесувањето како и во флексибилноста на размислувањето.
Постојат голем број причини кои нè наведуваат на размислување и на загриженост за третманот на лицата со аутизам. Една од тие причини е постојаното зголемување на бројот на лицата со аутизам, појавата на голем број најразлични методи и третмани на децата со аутизам и нивната ефикасност, потребата од едукација на децата со аутизам во различни услови, ограниченоста на установите во кои доаѓаат децата со аутизам,  како материјална така и професионална, слаба координација на установите за детекција, дијагностика и третман на децата со аутизам итн.
Целта на ова истражување е проценка на ставовите и мислењата на родителите на децата со аутизам како и на дефектолозите кои работат со нивните деца во однос на третманот на децата со аутизам и приказ на искуства од третманот на децата и лицата со аутизам.
Во теоретскиот дел на овој труд детално се дефинира аутизмот, етиологијата, начинот на неговото дијагностицирање, се опишуваат карактеристиките на децата и лицата со аутизам, а најголемо внимание е посветено на различните видови третмани на деца и лица со аутизам, во различни животни периоди од животот и нивната примена во неколку држави.
Во истражувањето е опфатен пригоден примерок на 60 дефектолози од 7 установи кои директно учествуваат во третманот на децата и лицата со аутизам, 31 родител од семејства во кои има дете или лице со аутизам и 9 стручни лица кои исто така влијаат или учествуваат во третманот на децата и лицата со аутизам во Република Македонија.
Интерпретацијата и анализата на добиените резултати ни покажа дека првите почетоци за третман на аутизмот во Република Македонија започнале во седумдесеттите години на минатиот век и дека развојот на третманот течел бавно. Најголем дел од дефектолозите и родителите сметаат дека третманот на децата и лицата со аутизам треба да започне пред третата година од животот и треба да трае цел животен век. 90% од дефектолозите сметаат дека третманот треба да се случува истовремено и во установата и во домот, при што постои статистички значајна разлика помеѓу дефектолозите и родителите по ова прашање, односно голем дел од родителите одговорноста за работата со нивното дете сакаат да ја препуштат на установите. Искуствата на 87,1% од родителите зборуваат дека установите во кои доаѓаат нивните деца имаат недостатоци и тоа: голем број на деца во групите каде се воспитуваат или образуваат децата со аутизам, несоодветни програми за работа, недостаток на просторни и материјални услови како и нагледни средства за работа со децата со аутизам. Поголем број од родителите (77,41%) и дефектолозите (62,3 %) не се запознаени со новите третмани посебно адаптирани за работа со деца и лица со аутизам: Son-Rise, PECS, TEACCH, ABA, AIT, OT и други видови на третмани, а за семинарите, како еден вид дополнително образование, сметаат дека се ретко организирани при што мал дел и од дефектолозите и од родителите имаат посетено семинари во Македонија и надвор од неа. Исто така мал дел, околу една третина од дефектолозите и родителите, се запознаени со организации кои се занимаваат со проблемот на аутизам во Република Македонија. Бирото за развој на образованието и Министерството за труд и социјална политика се отворени за соработка при пронаоѓање на решенија за подобрување на условите за третман на децата и лицата со аутизам, додека Министерството за здравство не е запознаено со овој проблем.
Од овој труд можеме да заклучиме дека во Република Македонија е потребно изработка на национална стратегија за решавање на проблемот на децата и лицата со аутизам, односно овозможување на соодветно образование, социјална заштита и нивно вклучување во општеството.

 

According to law people with autism have equal rights as everyone else, from early age, to visit institutions which provide acquiring knowledge, skills, and experiences for enhancing their quality of life and reaching higher level of independence. Due to their specific development visiting any institution would mean treatment that should help them to sustain communication, interaction, emotional reaction, attitude and flexibility in thinking. There are many reasons which provoke deeper thinking and more careful approach about treatment of people with autism. One of those reasons is the constant increase in the number of people with autism, large number of new treatments and their efficiency, the need for education for children with autism in different environments, limited conditions in institutions which children with autism attend such as material as well as professional, poor  coordination of institutions for detection, diagnosis and treatment of children with autism.
The underlying aim of this study was to determine the views and opinions of parents of children with autism and special educators and rehabilitators who work with those children as well as to present experiences in treating children and adults with autism.
The theoretical part of the study defines autism, its etiology, the diagnostic methods, characteristics of children and adults with autism, and the main attention was given to different types of treatments of children and adults with autism in different periods of life and their application in several other countries.
The study included a group of 60 special educators and rehabilitators from 7 institutions which work directly with children and adults with autism, 31 parents from families which have a child or adult with autism and 9 specialists who influence or are part of the treatment of children and adults with autism in Republic of Macedonia.
The analysis and interpretation of the results show that the beginnings of treating autism in the Republic of Macedonia were in the seventies of the last century and the development of the treatment was too slow.
Most of the special educators and rehabilitators and parents consider that treatment of the children and adults with autism should start before the third year of life and should last throughout the whole life. 90 % of the special educators and rehabilitators think that treatment should be provided at the same time in the institution and at home. However, there is statistically significant difference between parents and professionals which shows that large number of parents prefer treatment in institutions rather than at home. Experience of 87, 1% parents showed that institutions which their children attend have deficiencies such as great number of children in groups, inappropriate curricula, maladapted environment, small number of didactic materials for working with children with autism. Parents (77, 41%) and special educators and rehabilitators (62, 3%) have not been informed about new methods specially adapted for work with children with autism such as Son-Rise, PECS, TEACCH, ABA, AIT, OT or others. Furthermore they think that seminars as a way of additional education are rarely organized and because of that a modest number of parents and professionals have visited seminars in the Republic of Macedonia and abroad. Also small part, one third of the parents and specialists meet non-government organizations which treat autism as a problem in the Republic of Macedonia. Bureau for Education Development and Ministry of Labour and Social Policy are open for cooperation in finding ways for improving conditions for treatment of children and adults with autism; however the Ministry of Health has not been familiarized with this problem yet.          
From the study we can conclude that in the Republic of Macedonia there is a need for national strategy for solving problem of children and adults with autism for providing appropriate education, social care and their inclusion in the society.

 

 

 

Клучни зборови: аутизам, третман, деца и лица со аутизам Son-Rise, PECS, TEACCH, ABA, AIT, OT.

 

Key words: Autism, children and adults with autism, treatment Son-Rise, PECS, TEACCH, ABA, AIT, OT.

Адреса за кореспонденција:

 

Corresponding Address:

Јасмина ИВАНОВСКА-ТРОШАНСКА

 

Jasmina IVANOVSKA-TROSHANSKA

ПОУ “Д-р Златан Сремац” - Скопје
ул: Емил Зола бр: 5, 1000 Скопје, РМ
e - mail: jasminaiva@gmail.com

 

POU "D-r Zlatan Sremec" - Skopje
5 Emil Zola str., 1000 Skopje, RM
e - mail: jasminaiva@gmail.com

 

Share

Follow Us



FacebookTwitterLinkedinWikiBlogger

Share Us

MySpaceTwitterStumbleuponGoogle BookmarksRedditLinkedInMixxRSS FeedPinterest
 

Journal metrics

Publish with JSER

Indexed in